1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    Ај ти дечки направи подвиг па ако ништо друго наведи дали седиш во стан или куќа, дали имаш добра изолација или не за да знаеме што да ти препорачаме.

    Се испокла пола форум овдека за тоа. Ако имаш лоша изолација заборави на клима како единствено средство за топлење. Батали!
    Можеби во блага зима ќе успееш ама како оваа ни приближно.
     
    На Vinter108 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Подотвори го повеќе новчаникот и Гри Хансол би требало да ти заврши работа. Не кажуваш ништо какви топлотни загуби имаш, ако се големи (слаба изолација, итн) тогаш за тие неколку денови кога овде ќе има -15с ќе треба да догреваш со некоја греалка. Но како и да е, нека не те плашат горачите на дрва и пелети. Најдобро ти кажаа поназад дека ако во Јануари таа просторија можеш да ја загрееш со панелна греалка од 3 киловати, тогаш нема да имаш проблеми со греење со клима - тоа е најдобар тест кој лаик може да го направи.
     
    На Vinter108 и mdeni им се допаѓа ова.
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    За 40к ќе завршиш работа.

    Хаиер Тундра 5.5кв би било одлично ако можеш да најдеш.

    Или ете Грее Хансол 3.5 ако е добро монтирана.

    Или Вивакс Аери 5.5кв би требало да е супер.

    Ама околу 40000 фаќа со монтажа. За до 30к мислам дека се наоѓа ама кнап. Само ако си во стан со Пвц и стан под тебе и над тебе. Тогаш нешто како Грее Ломо лцлх 3.5 моделите може да заврши работа. Или тие другите лцлх модели на грее.
     
    На Vinter108 и CBB_6 им се допаѓа ова.
  4. Vinter108

    Vinter108
    Intern

    38
    9
    12 Август 2015
    Машко
    Значи вака, просторијата како што кажав е 30м2, цела куќа е околу 110м2 (спрат и поткровје), преградните ѕидови се со 12ка цигла така да нема никаква топлотна изолација меѓу собите. Фасадата ќе биде со 8ца стиропор, имам ПВЦ џамови со 4К емисионо стакло, на плафонот во собите немам стиропор, само изглетувано и измалтарено, така да цела топлина ќе бега накај покривот каде што има тервол 10ка изолација а понатаму планирам да ставам и 3ка стиропор па да го изглетувам и да го напраам за живеење. Исто така поткровјето нема ни кошулица ништо, планирам да ставам за брзо 3ка стиропор исто, така да не би требало топлината од првиот спрат да бега нагоре, ке ја одбива кошулицата, во случај да оди пак ќе биде во ќуќата бидејќи поткровјето е добро изолирано.
     
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    Значи 40к ти требаат...
     
    На Vinter108 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ќе бега нагоре топлината, физика. 3см Стиропор не е некоја изолација, плус столбовите сметај ги за топлотни мостови... Фасадата ќе направи голема разлика, а види и 10ка стирпор треба да не е многу поскапо. Пази кога ќе ја ставаат фасадата, мајсторите на плочите стирпор да го нанесуваат лепакот по ивиците, никако само точкасто во средина. Ова е критично! Ѕирни ги видеата на ЈУБ за фасади на јутјуб.

    И да, дигни буџет за климата на 40+ илјади. Не бива да се зезнеш за 10к.
    едит: стави ги носачите за сите клими што би ги ставал пред да ставиш фасада, и обавезно побарај подолги носачи за климите - урачунај ја дебелината на фасадата.
     
    Последна промена: 2 Февруари 2019
    На Vinter108 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vinter108

    Vinter108
    Intern

    38
    9
    12 Август 2015
    Машко
    Иначе влегов во објекти каде што работеле фасадериве претходно и бев зачуден, со 8ца стиропор без никакво греење имаше 20 степени температура во влезот додека надвор беше некаде од 2-5 степени отприлика. Фала на помошта, сепак ќе одам со малце појак буџет и ќе земам од Хаиер Тундрава, сепак еднаш се купуваат вакви работи.

    Ги најдов овие, има ли голема разлика или?

    [Производ 1](Haier Tundra AS12TA2HRA/1U12BE8ERA ЗА САМО 25990 ден)
    [Производ 2](Haier Tundra AS18TD2HRA/1U18EE)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    12-ката (3.5кв) не ја бива, таа 18-ката (5кв)е единствениот Хајер за кој сум слушнал дека го фалат. Ако ставаш термо фасада тогаш 3.5-ка ти е доволна... И ако веќе правиш смена на парадигма, земи си јапонска клима. Тошиба или Мицибуши. А ако баш никако не можеш да идеш на поскапо, тогаш Gree Hansol. И тој појакиот Хајер ќе ти заврши работа, но јас лично во таа ценовна класа преферирам Gree. Ти секако за себе сам ќе си одлучиш.

    Уште еднаш, ова ти е многу важно пошто после ќе имаш големи заебанции ако мора да ги ставаш носачите на направена фасада, или ако се кратки носачите/држачите:
     
    На Vinter108 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    За 18ката 5.5кв зборуваме! За кај тебе е таа или некоја појака. Не послаба!
     
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,162
    3,451
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    @FLEGMA да, висока е потрошувачката согласно квадратурата. Не би имал осет, но споредувам со Мицубишито, кое грее 45 квадрати одтоврен простор кој е канцеларија. Коментирам во однос на другата тема...

    Инаку потполно се согласувам за она што го пиша за греењето со куќа, неспоредливо е со стан доколку сакаш навистина да грееш насекаде како да си на парно. Климата има придобивка, и може да покрие и да згрее, но чувството и греењето не е исто, особено во споредни соби/купатила и слично.
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Чекај малку другар, 459квч за еден месец од една клима и тоа за само 15 м2?
    Аман бе, во шатор да не ти е ставена климата. Дури и за Мидеа е многу ова. Јас лани цела сезона од Октомври до Април двете клими ми потрошија 2340 kWh а грејам ~70м2. Едино што ти ставаш на еден степен целзиусов повисоко.

    Мислам дека си нешто јанлаш, и те молам припази на правилата на темата со резултати. Правилата велат дека требаат фотографии од мерење со мерач за потрошувачка.
    едит: @Necromancer баче исто и за тебе, апликацијата ти мери ама би било фино ако имаш и мерач да споредиме дали е верна проценката од апликацијата.
     
    Последна промена: 3 Февруари 2019
    На ante1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    @Lokvan
    Баце не комплицирај. Она е Sonoff Pow R2 и врти кругови околу Energenie. Не те лажиме, не се секирај.
     
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Пер не е за лажење, туку за поставување и следење стандарди не само за нас туку и за сите останати. Бар да си напишел што изолација имаш, каква градба, и другото што е опишано во правилата на темата.

    И никако не коментираш за тоа како е можно да имаш толку висока потрошувачка? За еден месец за 15м2 трошиш четвртина од тоа што јас го трошам за цела грејна сезона за цели 70м2. Нешто не ми иде дека ти се точни мерењата.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    42
    18
    2 Септември 2016
    Машко
    Изолацијата си го прави своето читав неков пост имал не баш уба изолација или ако грешам нека ме поправи + ако има оставано вратата за други простории да затоплува то е друго .. чекам и од @caki да се пофали месецов колку му потрошила него
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gr-er

    Gr-er
    Intern

    1
    0
    19 Јануари 2019
    Машко
    Ne te sfakam,sto mesas skopjni,bitolcani.. koja e celta ?
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    Nese sekiraj nisto ozbilno batali nem4 cel
    Pozzzzzzzzzzz
     
    На barneymk и Majestic им се допаѓа ова.
  17. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    93
    11 Јануари 2017
    Машко
    Од мерењата на другата тема може да се заклучи дека нема да има никој просек од 500в/ч за јануари без разлика за кој бренд го има дома јапонски или кинески? Баш би сакал да видам некој да се јави со 500в/ч... @Necromancer може да биде репер само на затоплување на канцелариски простор со зададени временски интервали но не и домашен инаку во домашни услови таа клима за толкав простор би потрошила многу многу...Грее од 05-18 часот со различна зададена после 18ч ја остава на 16ц (и за време на викенд исто)не ни вклучува тогаш освен во најладното на 5и6 јанури се вклучилаи потрошила 5кв дневно.
    @Juve_fanatic исто има висока потрошувачка,но не ми е јасно вика дека има потреба од 4-4.5 кв за просторот а климата дава 2.4кв и тој вклучува доплнителна греалка само два пати и тоа 1кв?!
    На @Alekso1981 ми изгледа ок потрошувачката..
     
    Necromancer, GGTT1 и на Lokvan им се допаѓа ова.
  18. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    100
    79
    4 Март 2018
    Машко
    @ante1 Preizmachena beshe klimava. Mozda ne 4,5, ama 4kw sigurnoo nekade potreba ima sobata, a klimava mashki sraboti, ama 2 dena koga beshe bash najladnoto, morav da uklucham pomoshno grejno telo. Vo drugite denovi, se macheshe, ne krevashe mnogu temperatura vo sobata ama se izdrzveshe.
     
    На ante1 и mdeni им се допаѓа ова.
  19. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    62
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    @ante1 jas kazuvam realno kako e prosek potrosuvacka za
    Januari okolu 885w/h
    Dekevmvri bese nekade 750w/h
    I toa imam pomala smetka za 01/2019 7500 den od
    01/2017 10000 den poradi podobra izolacija na plafon .
     
    На ante1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Juve_fanatic

    Juve_fanatic
    Gaining Experience

    100
    79
    4 Март 2018
    Машко
    @Lokvan Znam, ama samo da ti napomenam deka ne e ova od EVN citanje shto go postirav vo drugata tema, nego imam na mojot sprat kontrolen sat staveno koj meri skapa i evtina i toxhno sam znam kolku sum potroshil za eden period. A smetkata za struja od EVN doagja za cela kukja, ama jas nikogas ne ja gledam, gledam kolku sum potroshil samo na mojot sprat i taka im davam pari na moite :)
     
    На mdeni и Lokvan им се допаѓа ова.
  21. moni moni

    moni moni
    Intern

    29
    24
    27 Септември 2017
    Еве со коментар за оваа зима
    Лани сметка 4500 оваа година 7600
    Се исто вклучено +во поладните денови еден уљен радијатор 2.5 кв и он оф клима
    Грее ломо лцлх
    Еден период останав да греам само дневна кујна и ходник 35 квадрати со греето ама стенкаше бучно работеше и дефрост на секои 2-3 саати
    Еден дф трае 7-10мин
    Изгледа има нешто заглавено во цревото и на плус 9 направи дф и водата изтече надвор не во цревото
     
  22. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,162
    3,451
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    @ante1 Анте, не ги гледај подесувањата по часови, жена ми скоро цело време си тера на 31 и 5ка вентилатор (максимум), не и пречело да дува и и' било многу убаво :)

    Така да освен викенди, преку недела потрошувачката е доста висока од она што би можело да биде.

    @Lokvan во ред е забелешката, но не ми е дома климата за да ја следам на мерач. Инаку потрошувачката се поклопува со фактурирано од ЕВН така тука некаде сме.
     
    Последна промена: 4 Февруари 2019
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,162
    3,451
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Double post, бриши модератор!
     
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Како ви иде заштедата со греењето, а ложачи на дрва и на пелети? ;)
    За нас што се грееме со клима уредие веќе дузина денови потрошувачката на струја ни е намалена за 2-3 пати... А богами и уште ќе паѓа. Ќе го докажам ова со прилог на мерења на потрошувачка наскоро.

    На жалост вие ложачите сега мора да го намалувате согрувањето (намалувате доток на воздух/кислород) и сега ЗАГАДУВАТЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ НА НАЈЛАДНОТО. Среќа ветер дува. :-/
     
  25. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    Иста потрошувачката како за Декември ми излегува. Ама и температурите беа топли овој Јануари со температури околу нулата. Затоа и потрошувачката е толку ниска.
     

Сподели

Вчитување...