1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ова е тоа што го слушам од повеќе луѓе отколку што други го фалат парното. И никој не го фали од економски аспект, се разбира. Инаку касно навечер е сега. Тие што се на централно парно, подобро нека легнуваат или нека ги спремаат ќебињата. ;)


    Прво моја грешка за ладењето, лапсус - се помешав со подното греење.
    Второ, ај за атер на муабетов направи една брза произволна пресметка, првично чинење за просечен стан од 70 м2, за твојов предлог: Топлинска пумпа воздух-вода во комбинација со фен којлери. Комплет опрема.
    Се може да се направи, прашањето е колку чини и колку се исплати - во однос на поисплатливте решенија.
     
  2. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Значи испаѓа дека јас и ти плаќаме 3 пати повеќе најмалку, од Локван и МДени, за исти квадратури, со според нив исто загревање. Плус лето ладење нас ни е плус. Хмммм. Па ако е ова баш како кажуваат, за колку годининсе вадат нивните клими? Еве @Lokvan колку е таа ФХ35 или Тоа Грее. Башмда видам. Сезона ви е 200еур струја. Колку се климиве?

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  3. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    566
    719
    25 Февруари 2016
    Машко
    Ново Лисиче се гасеше во 22 се палеше во 05 часот ( муабетов е пред 20 години) таму увидов што е парно и инсталирав дома во куќата.
    Другарчето имаше стан 92квадрати на втори спрат зградите Пелагонија ги градела прозори и врати дрвени Шик Јелак , зимно време по прерамки седеа отвараа врати и прозори да ''влезе'' воздух, температура од 24-27 степени.
    Го продаде станот, направи куќа, да го цитирам: Единствено по што жалам е централното градско парно!
     
    olikomerc, CBB_6 и на marv им се допаѓа ова.
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Централното градско парно е hands down решение со најмалку замарање. Никој не го спори тоа, но цената и исклучувањето навечер остава многу за посакување. И многумина луѓе имаат проблеми со достава на енергија, посебно тие од повисоките станови. Многу луѓе.

    Инаку пази само да не те чуе Флегма дека 17с ти е внатрешна температура наутро, ќе се шлогира веднаш. ;)


    Мицито не се сеќавам, збореа нешто накај 1к во евра?
    Гри Хансол беше 30 и нешто илјади подолг период на акција, сега не знам дали е иста цена. Гри Ломо стотина и нешто евра поевтино од Хансол? ...Нека ме поправи некој ако грешам за цениве.

    Инаку мене едната клима ми е Тошиба Сузуми+, мислам дека иде 50 и нешто илјади денари сега... По некои груби пресметки, во однос на претходните сметки што ги плаќав со панелни грејаки и електрично подно греење - климите ги скоро извадив за овие 3 години. Со сметкиве од централно парно, отприлика дупло или нешто пократко време - ама тоа со моите топлотни загуби. Со вашите станови во зграда, јас би рекол дека реално за 3-4 години би ја извадиле инвестицијата (зависно од изборот на клима, поскапа клима поспоро се исплаќа).
     
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    И ако издржи 10год со истите спецификации, онда догодина и јас идам на клими. Ама ако не ми е топло ко сега со парно насекаде, ве заклав Поготово ноџињата на женски дел од фамилија.
    Ме ставивте у мислење.
    БТВ. 23часот, 25Ц. Не гледајте загадување играме карти 4ца пушачи.
    [​IMG]

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На ante1 и crash им се допаѓа ова.
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Женски ноџиња имаат субјективни потреби, направи убав детален муабет и објасни ги предностите ама и негативностите. :)
     
  7. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Чекај сега. Има и негативности? Нели исто беше топлењето?

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Кај мене е трособен стан, клими во дневна и во спална. Во работна соба е 2-3 степени поладно, во тоалет/бања е 2-3 степени поладно. Го кажавме ова, нели?

    Исто ако не ја погодиш јачината, ако се послаби климите одошто ти е потребно - ќе работат побучно, и тоа е негативност. Така да има и позитиви има и негативности, мораш сам за себе да видиш твојата вага накаде иде потешка.
     
  9. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    62
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    @ARMac
    @marv
    Gream povrsina skoro kolku tvojata vkupno 70 m2 plus 5m2 toalet vo kukja so izilacija.Imam edna klima za dneven prestoj 40 m2 koja gi gree preku den spalnite 13m2 i 16m2 na 19stepeni i dneven prestoj 23 stepeni non stop 24h.Navecer ednata spalna ja dogrevam so druga klima zs preku den sinot e na skolo na 22 stepeni a dr spalna do 0 stepeni ne gream pod nula ima panel ,vo kupatilo panel raboti min 10h dnevno.
    Smetka dekemvri 6200den , za januari okolu 7200den .Min struja za dr potrebi e 2200 den mesecno peralna sushara boljer mal golem .
    Grejna sezona me cini od 20000 do 25000 den.
     
  10. crash

    crash
    Gaining Experience

    68
    118
    6 Декември 2013
    Машко
    Абе кирилица е беспари ама...
     
    На bakigvg и Alekso1981 им се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    Во стан без греење и вака и така е 17 степени. Нема да падне под 15 степени па ако сакаш и еден месец не греј со ништо.
     
  12. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    62
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    @crash
    Баш
     
    На crash му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова го тролаш Локван или навистина ова го тврдиш?

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    Да. Имам стан во Аеродром (нова градба, 2016)
    Еден месец не бев појден и внатре температурата беше 15 степени. Ова го зборувам за оваа година
    Не бев од 20 дек. до кај 17 јан.


    [edit]
    Очекував крш во водоводната инсталација и радијатори. (не е на централно)
    Внатре има клима. Абе стан е стан, куќа е куќа. Не е споредливо
    Освен во случај да е градена по сите современи стандарди за термо изолација.
     
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Колкав стан, колку надворешни ѕидови. Колку комшии те греат уствари. Повели одма у понеделник кај мене у канцеларија, стан на 1ви, 48м2, 2015та, ќе ја изгасам климата у петок. Ако биде у понеделник над 15 частам што сакаш. Устваринвикаат нештонвикендов топло ќе биде 10-12 па може и ќе биде. Ама после божик неделата немаше никој една недела. Се исклучено, освен 2-3 компјутера. На 13ти на стара нова, отидов вечерта да пуштам греење за сабајлето. Беше 7Ц.
    Така да ако така се греело само по себе на 15-17, ќе си седи пола Скопје у џемперче по дома и никој нема да грее

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  16. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,809
    6,363
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Е видиш не кажав, кај мене е 24 степени од 6 сабајле до 12 вечер. 22 од 12 до 6.

    Секаде освен на тераса. Што е поентата не сфаќам? Скапо ви изгледа парното? А мали деца имате дома? За мене лесно е можам и по монтка да седам.
     
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    @marv минатиот месец бев во новоградба со централно парно греење кај пријател во нов невселен стан, уште се нема вселени и греењето не е пуштено. Немав термометар, ама барем 18-20с беше внатре.

    Генерално становите се потопли пошто многу станови имаат греење а немаат многу надворешни ѕидови. Но има разлика од зграда до зграда, како што има разлика од куќа до куќа. На пример, јас имам сендвич ѕидови со тервол измеѓу и однадвор термо фасада со 10см стиропор, словенски материјали од ЈУБ. Добра изолација имам, и ниски сметки за греење, но немам шанси со станов на пријалов пошто кај него сите комшии се на парно и само од една има надворешен ѕид, него практично комшиите го греат.

    едит: Од спротивната страна на равенката имаш и куќи со слаба изолација, пробале со клими не идело пошто им требало 3х повеќе топлина, купиле печка на пелети од (на пример) 18 киловати и сега на форумов паѓаат во несвест како 18 киловати се подобри од 3.5 или два пати по 3.5 киловати. Проста математика, ама... ;)
     
    Последна промена: 31 Јануари 2019
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Мене стварно не ми е јасно одбшто тој стан ќе се стопли до 15-20 С, ако надвор е 0 или 5. Никако не ми е јасно. Или ебхерметички затворен при градба или нешто геотермален извор у вц школка има.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Од комшиите, се разбира. Ѕидовите меѓу становите се еден ред цигла и малку малку малтер со боја. Башка парната инсталација направена без многу изолација на цевките внатре во зградата (штедел изведувачот), во ходниците изгледаше како да има 18с - I kid you not.
     
  20. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,901
    1,135
    5 oктомври 2007
    Машко
    Види тоа се се додадени вредности. А што ако си у зграда која нема парно ич. Нема комшии кои греат саглам. Стан кој има 2 или и 3 наворешни страни.
    Мубетот на Флегма што ме дирна беше генерлен закључок дека стан анблок ќе е мин. 15с м по себе.
    Еве ве викам ситену канцеларија, на ладен ден, на 1ви спрат, добра изолација, каде сите се греме на струја, пошто скоро се се канцеарии и сите гледаме да потшпарме индустриска струја. Кога беше -5 жими мајка дека ако ја остаев канцеларијна нгреена дека сама ќе беше 15-20.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На crash му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,313
    3,138
    12 Јануари 2016
    Машко
    Во ред, затоа работите се различни од зграда до зграда, од ситуација до ситуација. Треба разгледување на ситуацијата и носење информирани едуцирани одлуки... Флегма не е лош лик ама е еднодимензионален, гледа во црно и бело, кажува паушални работи. Демек не го знаеш каков е. :)

    Тоа е тоа, секој за себе носи одлука според околностите - без разлика што сум кажал јас, или Флегма, или некој друг. Пошто одоговорноста секогаш е на носачот на одлуката... Ајде лека ноќ. :zzz:
     
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    Е како да не бе..
    Паушален сум бил пошто ти зборува човек кој има искуство со разни типови на греење и тоа во стан и куќа.
    Флегма кога кажува дека не е исто да грееш куќа и стан не му верувате. Како успевате да загреете цел стан од 80 и кусур квадрати со една клима мене навистина не ми е јасно.

    Флегма уште еднаш ти кажвит дека во ладно едноставно не му се исплати да користи клими затоа што трошат еднакво со парното. Уште еднаш! Нека читаат сите: Збирот на потрошувачката од сите клими по собите ми е еднаков на потрошувачката на пелети. При што овој пат тоа „еднаков“ значи дека се греат ходникот, WC, купатилото и како бонус добиваш топла вода.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,809
    6,363
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер



    Во старите згради вертикалите од парно поминуваат во собите. Тие цевки се врели без разлика дали си исклучил парно или не. За тоа исклучените плаќаат 10% или колку беше.
     
  24. Vinter108

    Vinter108
    Intern

    38
    9
    12 Август 2015
    Машко
    Дечки, ај препорачајте клима до 30,000 денари со монтажа со се. Ми треба за ладење и греење, економична и издржлива до -15 па ако може и повеќе.

    EDIT: Просторијата за греење е околу 30м2.
     
  25. ante1

    ante1
    Gaining Experience

    49
    93
    11 Јануари 2017
    Машко
    Нема такво нешто..Во продавница можи и ќе ти препорачаат,пошто кажуваш колку пари имаш да не се грижиш одма ќе ти најдат! Овде тешко дека некој ќе ти препорача..Друго е дали ќе се грееш на -15 со таа клима..Кога веќе си дошол на темата да бараш помош читни малку па сам ќе увидиш што ти треба..
    ПС Ако тие 30 метри квадраатни,си успеал да ги затоплиш со панел или греалка од 2-2.5 кв на -15ц можи и да се најде нешто :)
     
    На mdeni и GGTT1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...