Ова е тоа што го слушам од повеќе луѓе отколку што други го фалат парното. И никој не го фали од економски аспект, се разбира. Инаку касно навечер е сега. Тие што се на централно парно, подобро нека легнуваат или нека ги спремаат ќебињата....радијаторите во 15 до 11 се веќе ладни. ... кога стануваш во 8, кочан е парното, додека да загрее, ти не си дома. По цел ден излезен, парно грее, се враќам дома после 23 часот, МРАЗ... Така да дека е најдобро, не е, сѐ зависи од индивидуалните можности и потреби.
Прво моја грешка за ладењето, лапсус - се помешав со подното греење.Што ќе се ''заебат'' луѓето ако постават таков систем??
Второ, ај за атер на муабетов направи една брза произволна пресметка, првично чинење за просечен стан од 70 м2, за твојов предлог: Топлинска пумпа воздух-вода во комбинација со фен којлери. Комплет опрема.
Се може да се направи, прашањето е колку чини и колку се исплати - во однос на поисплатливте решенија.Па подно постави и на централното градско парно ќе имаш топол под, ако ти студи на нозете и сега дома постави подно електрично парно ака ''Данфос'' или сл.
Поготово ноџињата на женски дел од фамилија.