bxxxn
user
- 11 март 2011
- 1.659
- 1.812
Всушност секоја клима има упатство за инсталација каде што се наведени одредени специфики за климата, како на пример, минимална и максимална должина на бакарните цевки, пресекот, висина на внатрешната единица, максимална разлика во висина помеѓу надворешната и внатрешната единица, пресек на кабелот за струја, начин на приклучување и слично.
Од останати непознаници за обични корисници (меѓу кои и мене) би додал:
- ако бакарните цевки се помали од одредена должина, треба да се испушти ххх фреон (некој може ќе дебатира, но така прочитав во упатството)
- ако се подолги од одредена должина, треба да се додаде yyy фреон за секој метар
- голема заблуда е дека надворешната единица мора да е секогаш пониска од внатрешната единица, т.е. може да е поставена и повисоко, се додека конденз цревото (ПВЦ) што излегува од внатрешната единица има пад
- само вакумирање на цевки овозможува долг век на компресорот, местење со фрискинг (издувување со фреон) всушност не го издувува сиот воздух и води до неповратна загуби на дел од фреонот
- струја може да се води од внатрешната единица кон надворешната и обратно. Некои клими, особено посилните >= 5,5 KW бараат струја исклучиво на надворешната единица
- елементите во снопот помеѓу внатрешната и надворешната единица, две бакарни цевки, конденз црево, кабел за напон, кабел за податоци не треба да се умотуваат, т.е. бакарот се води по горната страна, конденз цревото по долната. Истото важи уште повеќе за кабелот за напон кој ако се умотува станува намотка што теоретски може да зрачи електромагнетни бранови. Кабелот за комуникација (податоци) е пожелно да биде посебен од тој за струја.
- посебната изолација што ја спомнаа погоре е 5/4 со должина од 2 метри и ја има да се купи во Бриколаж, Електрометал за 70-80 денари парче
- имај и електрогипс при рака, мајсторите имаат 2-3 монтажи на ден и можно е да брзаат и/или да немаат гипс
- ако си во стан, подобро намонтирај ја надворешната единица на фасада отколку на тераса, гледам комшиите ја имаат направено таа грешка и летоска не можат да седнат на тераса без да ја исклучат климата.
Ако нешто згрешив, слободно поправете ме. Не сум експерт, само читам упатства