Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

bxxxn

user
11 март 2011
1.659
1.812
Всушност секоја клима има упатство за инсталација каде што се наведени одредени специфики за климата, како на пример, минимална и максимална должина на бакарните цевки, пресекот, висина на внатрешната единица, максимална разлика во висина помеѓу надворешната и внатрешната единица, пресек на кабелот за струја, начин на приклучување и слично.

Од останати непознаници за обични корисници (меѓу кои и мене) би додал:

- ако бакарните цевки се помали од одредена должина, треба да се испушти ххх фреон (некој може ќе дебатира, но така прочитав во упатството)
- ако се подолги од одредена должина, треба да се додаде yyy фреон за секој метар
- голема заблуда е дека надворешната единица мора да е секогаш пониска од внатрешната единица, т.е. може да е поставена и повисоко, се додека конденз цревото (ПВЦ) што излегува од внатрешната единица има пад
- само вакумирање на цевки овозможува долг век на компресорот, местење со фрискинг (издувување со фреон) всушност не го издувува сиот воздух и води до неповратна загуби на дел од фреонот
- струја може да се води од внатрешната единица кон надворешната и обратно. Некои клими, особено посилните >= 5,5 KW бараат струја исклучиво на надворешната единица
- елементите во снопот помеѓу внатрешната и надворешната единица, две бакарни цевки, конденз црево, кабел за напон, кабел за податоци не треба да се умотуваат, т.е. бакарот се води по горната страна, конденз цревото по долната. Истото важи уште повеќе за кабелот за напон кој ако се умотува станува намотка што теоретски може да зрачи електромагнетни бранови. Кабелот за комуникација (податоци) е пожелно да биде посебен од тој за струја.
- посебната изолација што ја спомнаа погоре е 5/4 со должина од 2 метри и ја има да се купи во Бриколаж, Електрометал за 70-80 денари парче
- имај и електрогипс при рака, мајсторите имаат 2-3 монтажи на ден и можно е да брзаат и/или да немаат гипс
- ако си во стан, подобро намонтирај ја надворешната единица на фасада отколку на тераса, гледам комшиите ја имаат направено таа грешка и летоска не можат да седнат на тераса без да ја исклучат климата.

Ако нешто згрешив, слободно поправете ме. Не сум експерт, само читам упатства :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150

Супер појаснување. Благодарам. Не знаев дека има до толку финти и детали.
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579
За греење (моќност на клима 3.5 KW) која е подобра - Gree Lomo LCLH или Haier Tundra (гледам доста е фалена)?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
5.5кв моделот од Тундра наводно бил многу подобар од 3.5 моделот. Антропос има Тундра 3.5кв и задоволен од неа (можеш една страница поназад да го прочиташ), грее 20-тина м2 во стан. На Кајгана мислам уште еден лик дека има Тундра.
Gree Lomo LCLH има поголема корисничка база. Јас само имам две, греат секоја по 30тина м2 во куќа. Едната е ставена зимава, а претходната лани без проблеми ја одработи најладната зима во последниве 30 години. Генерално фален модел е Lomo LCLH, помеѓу Gree моделите. Штета што не го искористи попустов зимава, солиден попуст беше. Ама договарај се, често знаат да дадат попуст на договарање (посебно ако понудиш кеш).

Споредба е секогаш дискутабилно прашање, пошто различни луѓе различни работи можат да кажат. За објективна споредба потребни се резултати од мерачи на потрошувачка. Малку незгодно е кога некој ќе покаже сметки за струја, пошто не се баш меродавни. Некој можеби секојдневно готви 3 оброци дома, а некој купува готова храна. Некој има големо семејство и бојлерот за вода е главен потрошач, некој можеби е самец, или соларен бојлер. Тој со поголемата сметка за струја може да испадне дека осетно помалку троши на греење.
За споредба добар извор на информации ќе биде темата линкана во уводниот пост на оваа дискусија, еднаш кога ќе направиме поголема база од лични искуства.
 
Последна промена:

elenka

read-only
21 август 2017
29
50
Стигна нова сметка за струја.
Петта од ко ја наместивме климата. Амбер 12ка.
Првата 1300
втората 3000
третата 3620.
четврта 3260
Петта 3800

Покрај основните домашни апарати, се пушта и панел за греење на спална.

Од женски агол. Не ми е важна ни марка, ни јачина на климата.
Ни ЅСОР или како и да ги пишите во натпреварите која марка е појака. Ни BTU. Не ни разбирам што е. Не ме интересира тоа, само сакам топол дом.
Сама си ја бирав заради можност за работа на ниски температури. Се водев по тоа -30. Планирав Хансол, ама Амбер понова, демек нова технологија е подобра, се одлучивме за неа.
И сум презадоволна. На -22 си работеше без проблем, исто како на 0 степени, на дожд на 5 степени надвор. И на снег.

За секој нов што планира да се грее на клима. Одличен избор, било која да изберете. Какви пелети какви дрва. Не изиграваш оџачар, ни пепел чистиш, ни вреќи од по 15кг влечеш.
Чиста работа, долга љубов.
 
hnnaumoski

read-only
28 март 2018
3
0
Здраво луѓе! Гледам на доста страници се дискутира во врска со избор на клима уред, голем број од вас ја разбираат оваа проблематика, па би сакал ваше мислење околу изборот на клима уред, марка и јачина. Имено, во фаза на средување сум на карабина ( дел од куќа ) и нешто ме зајаде уште порано да се информирам околу инвертериве клими. Се надевам од сликата може да се види нешто ( без замерки, набрзина направена заради други потреби слика :) ), дневен престој со трпезарија и кујна со површина околу 38м2, има изолација на фасадата, од таа постарата, хераклит, висина има околу 2.4м. Дограма нова саламандер, двојно стакло 4сезонско.
Изолација на таван би требало да ставам 10ка тервол. Долниот спрат се грее и лади веќе 4та година со тошиба авант 5кв, ( распоредот е ист, има само дополнително 3 квадрати во делот кај кујната ). Искрено, задоволни сме од уредот ( онолку колку што се разбираме ), иако мислам дека може да биди поефикасно, дали со друга марка или различна поставеност, тоа незнам. Додуша, под тој спрат има гаража, прозорите се 16 годишни дрвени ( термопан ).
Е сега, во врска со поставеноста, мое мислење е дека поставеноста на надворешниот уред треба да е на јужниот дел ( на терасата ) со оглед на тоа што на југоисточниот дел и североистошниот дел се јавува доста голем провев ( негативно е тоа што е на терасата ). Исто така, најбезболно е да се постави и внатрешната единица на истиот тој дел. Ваше мислење?
И сега би прашал за мислење околу изборот на клима, дали да одам повторно со тошиба ( кој модел ) или да не се напрчувам толкава сума туку да одам со овие марки кои залажуваат со гаранција и сл. пример Грее, Вивакс?
Гледав некои понуди и застанав кај:
GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G - 31к денари
GREE LOMO ECO GWH18QD-K3DNC4E - 40к
TOSHIBA MIRAI RAS-16BKV-E/RAS-16BAV-E - 52к
TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E1 - 50к
VIVAX ACP-18CH50AEZI - 34к
некои други?

Поздрав plan slika.jpg
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Од спомнатите си испомешал ствари. Гледај ги овие:
GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G - 31к денари
TOSHIBA MIRAI RAS-16BKV-E/RAS-16BAV-E - 52к
TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E1 - 50к
VIVAX ACP-18CH50AERI -39к
AEZI - Ne za glavna klima
Lomo Eco - Ne za glavna klima

Секако и други има.
 
Последна промена:

Juve_fanatic

hello world
4 март 2018
171
130

ПоздравПогледнете го атачментот 63296
Najdobro bi bilo ako mozes klimata da ja stavis na desniot zid za da bi duvala klimata dolz celata soba. E sega ne znam kako ti se rasporedeni mestata za sedenje i dali klimata bi duvala direktno vo mestata kade shto se sedi, ama ako ne, togas najdobro na desniot zid, jas tuka imam klima zakaceno, raspored ist kako tvojava soba so toa shto mojata e 12,5 metri dolga.
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403

Се согласувам со фанатикот, на ѕидот десно ти е најдобра позиција, бидејќи си во фаза карабина ќе можеш да го смислиш распоредот пред климата во линија да немаш ништо од мебел. Тоа што има провев е добро за климата.
 
milet

read-only
26 септември 2017
6
2

За жал субвенцијата не важи за фрижидери и клими воздух-воздух. Само за топлински пумпи воздух-вода.

15% поврат е ако се земе само еден продукт а за 20% мора комбинација од две. На пример, да се земе топлинска пумпа (воздух-вода) и плус сончеви колектори.

http://technology-mk.ebrdgeff.com
 
hnnaumoski

read-only
28 март 2018
3
0
Во ред надворешната единица да биди на провев,но што кога надвор се минусни т и тој северен провев мрзне се пред себе?
А со изборов на клима, која јачина би препорачале
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Во ред надворешната единица да биди на провев,но што кога надвор се минусни т и тој северен провев мрзне се пред себе?
А со изборов на клима, која јачина би препорачале
Што повеќе провев тоа подобро за климата. На било која температура. Таа и самата има огромен вентилатор за да прави што поголем провев. Уште подобро ако и помогне ветрот.

Кога надвор е -15, изменувачот е на -25 и тој -15Ц ветрец му доаѓа како најголем благодет.

Само да му носи снег.
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Во ред надворешната единица да биди на провев,но што кога надвор се минусни т и тој северен провев мрзне се пред себе?
А со изборов на клима, која јачина би препорачале

Види вака батка. Ако клима уред е наменет да работи на температури под нулата ич не му чуе за северниот провев. Многу полошо е ако ја затвориш на балкон или ако сакаш да и биде потопло па да ја ставиш во подрум и да си го најдеш подрумот во мраз. Според моето скромно искуство клима уредите имаат најмногу мака при температури од 0 до 4 степени над нулата при преголема влажност на воздухот. Инаку јас загревам слична квадратура со клима од 5.5 KW популарно позната како 18ка. Не ми се ризикуваше ни пред 4 години кога ја купував, а и понатаму кога ќе треба да купувам нова нема да ризикувам со помала. Со просечна потрошувачка од 550W сум сосема задоволен.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Во ред надворешната единица да биди на провев,но што кога надвор се минусни т и тој северен провев мрзне се пред себе?
А со изборов на клима, која јачина би препорачале
38m2 беа кај тебе?
3.5кв модел би бил на сама ивица на задоволување на потребите, освен ако немаш многу многу добра изолација. А ако немаш добра изолација тогаш автоматски 5.5кв модел.

И за тебе како и за сите други истиот совет: Најди колку киловати топлина ти треба. Тоа се прави кога е (нај)ладно во зимно време, преку греење неколку денови со обични греалки. Кај таквите греалки нема варијации во моќноста и така точно можеш да знаеш колку киловати топлина ти требаат. Вака сега, останува на претпоставки. Дури и да калкулираш топлински загуби со онлајн калкулатори, пак ќе се сведе на нешто поедуцирани претпоставки (со големи маргини за грешка).
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Значи не ни мора да има субвенции. Потребен а само мал труд од владата, да го разработи мозокот кој го има резервирано само за крадење. Еден проект за увоз на 1 милион клими од Кина, со минимум А++ ефикасност. Мидеа,Грее, Хаиер, 3.5ки. Ќе ги добие по набавна цена од 150 евра, ќе ни ги продаде по истата. Се ќе биде платено, нема да има субвенции и дупка во буџетот, а ќе добиеме клима за 30% од цената. Само треба некој тоа да го смисли и и организира.

П.С
Кога ќе им текне колку се 3% од 1 милион клими, може и ќе поработат на идејава.
 
Со други зборови владата да ги пропадне фирмиве за климатизација?

Си има клими. Само субвенциичка си фали во вредност од 30% или максимум 8000 денари.

Со тоа ќе се ојачаат фирмите за климатизација наместо да пропаднат.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Значи не ни мора да има субвенции. Потребен а само мал труд од владата, да го разработи мозокот кој го има резервирано само за крадење. Еден проект за увоз на 1 милион клими од Кина, со минимум А++ ефикасност. Мидеа,Грее, Хаиер, 3.5ки. Ќе ги добие по набавна цена од 150 евра, ќе ни ги продаде по истата. Се ќе биде платено, нема да има субвенции и дупка во буџетот, а ќе добиеме клима за 30% од цената. Само треба некој тоа да го смисли и и организира.

П.С
Кога ќе им текне колку се 3% од 1 милион клими, може и ќе поработат на идејава.

Па кога ќе им текне колку е еден автомобил од фабричка лента па онлајн секој ќе си порача кај министерот за транспорт какво возило сака па владата трап 300.000 возила по фабричка цена и нема загадување сите со нови возила. Па после кондурчиња по набавна цена, па маички, па чорапогашти...... Па на ред компјутери и монитори од лента директ, мобилни (пуф ајвани или самдунди или да го зезнеме мејкер шајми мајми). Па бела техника за секого иста онаа А++++++ да не троши. АБЕЕЕ личи на комунизам, сомунизам.
Па ќе рипнат оние у опозиција а фабрика да напраеше владава ЕЈ па само за нас ќе работеше и ќе живееше. Се извинувам за ОФ топиков ама морав :p:D.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Кои фирми да ги пропаднеме и зошто да ги пропаднеме? Заради еднократно набавка на клими кои имаат просечен рок на траење 5 години? Кои ни се приоритетите, да обезбедиме еколошко и ефикасно (COP4) греење и да го решавама проблемот со загадувањето или да мислиме дали 3те фирми за увоз на клими кои ќе имаат тешки 3 години пред себе? Што ни е битно?

Субвенциите се штетни, видовме до кај не донесоа, секоја година се изливаат по 300-400 милиони евра за субвенции, кои ги земаме директно преку кредити. И едната и другата власт ги користат субвнециите за купување на гласови. Тоа е штетна политика. Со оваа идеја нема да биде државата во дупка неколку стотини милиони евра, кои мора да ги враќаме со камата.

А за трите фирми увозници не се секирај, ако сакаш да и помогнеме може многу лесно. Наместо 150 евра од клима нека бидат 151 евро од клима, 1 евро нека оди во фонд за поткрепа на фирмиве ‘страдалници’. 1 милион клими, 1 милион евра фонд за 3 фирми кои треба да издржат 3 години потешки услови за работа. Може да си поделат по 300.000 евра или малце е, да собереме повеќе, по 2 евра од клима па да им дадеме по 600.000евра?

Или па да дадеме 500 милиони евра сувбенции од странски кредити со 10% камата, сеедно е, кај биле 9 милијарди долг, таму и 10 и така државата нема да тера уште долго? :)
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Од спомнатите си испомешал ствари. Гледај ги овие:
GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G - 31к денари
TOSHIBA MIRAI RAS-16BKV-E/RAS-16BAV-E - 52к
TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E1 - 50к
VIVAX ACP-18CH50AERI -39к
AEZI - Ne za glavna klima
Lomo Eco - Ne za glavna klima

Секако и други има.
колку што имам информација има попуст до сабота LomoLCLH18 e 42k, конзолната18 e 47k, Amber12 43k, LomoLclh12 e 25k

29216409_901093120071980_7497265466385346418_n.jpg
 
hnnaumoski

read-only
28 март 2018
3
0
Фала на советите! По муабетов испаѓа дека најверојатно ќе ми треба 18ка, е сега останува да одлучам кој модел, па ќе видиме како ќе излези
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
За жал субвенцијата не важи за фрижидери и клими воздух-воздух. Само за топлински пумпи воздух-вода.

15% поврат е ако се земе само еден продукт а за 20% мора комбинација од две. На пример, да се земе топлинска пумпа (воздух-вода) и плус сончеви колектори.

http://technology-mk.ebrdgeff.com
Јас прашував за инвертер клима уред, вака ми одговорија на мејл:
Почитувани,

Условите за исполнување на субвенциите се да се подигне кредит од Sparkasse или Охридска банка во вредност на целата сума од инвестицијата и потоа Европска банка враќа 20 %.

Поздрав,
Филип
А на линкот што го сподели, исто така има и клима уреди, така да би требало и за нив да важи.
 
Последна промена:

milet

read-only
26 септември 2017
6
2
Јас прашував за инвертер клима уред, вака ми одговорија на мејл:

А на линкот што го сподели, исто така има и клима уреди, така да би требало и за нив да важи.

Кога го читав сајтот ова го немаше, што значи уште менуваат. Ама супер е што ги вклучиле и климите:
  • Клима уреди: енергетска етикета A++ или повисока

Критериуми за техничка прифатливост

Сега неможам да го најдам тој линк каде што стоеше за што следува 15 а за што 20%.

Ако можеш подпрашај ги за сигурно.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно