1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Гејмерски столици во мк?

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од TheDimiskov, 17 Мај 2016.

  1. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,976
    4,207
    28 oктомври 2008
    Исто вакво, само комплетно црно. Супер си е за тие пари, има подесување по висина на држачите за раце, три позиции на наслонот, лифтот му е пристоен. Си бара повремено презатегнување, но тоа е како резултат на секојдневно интезивно користење од страна на џуниор. Сега за сега не појавило некој проблем...:)
     
  2. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,606
    2,426
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Баш за оваа столица и мислев. Земавме една за во офис од Анхоч, и после 2-3 месеци еве го колегата почна да се жали на седењето, сега сака и перница за неа.
    Дете и возрасен човек немаат иста килажа.

    Sent from my ONEPLUS A6010 using Tapatalk
     
  3. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,976
    4,207
    28 oктомври 2008
    Зависи. Јас сум 40+ години, моето дете е големо како возресен човек...:D
     
  4. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    92
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Абе океј, јасно ми е тоа, да не седнуваат колку да седнат или од досада, или со „запотени газови“ хахах :D Ама смешнен ми беше моментот - без пробување освен ако ептен не си спремен да купиш :D
     
  5. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,976
    4,207
    28 oктомври 2008
    И ште една продавница (кај Југодрво) со понуда на столчиња. Ми рекоа дека биле од Бугарија:
    unioffice.com.mk
     
    На Sylvester му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    337
    242
    9 Февруари 2012
    Машко
    Дечки што мислите за Aercool столициве? Има некој искуство? Од сите брендови во Анхоч за овие најдов највеќе инфо.
    Ги гледам овие 2 модела:

    Anhoch PC Market Online - Gaming Chair Aerocool AC40C AIR Black/Red
    AC40C AIR

    Pros: поефтин, го најдов во Техномаркет за 7.500
    Cons: Еко кожа, може да поти + се лупи по некое време

    или

    Anhoch PC Market Online - Gaming Chair Aerocool AERO 2 Alpha Black/Red
    AERO 2 Alpha

    Евентуално ова малце над буџет, меѓутоа нуди многу повеќе според спецификација:

    Anhoch PC Market Online - Gaming Chair Aerocool AERO 1 Alpha Black/Red
    AERO 1 Alpha

    Слободно предложете нешто друго по можност од Анхоч во тој ценовен ранг.

    Имам 177цм и 85кг, седам 3-4 саати на неа дневно.
     
    Последна промена: 4 oктомври 2019
  7. Crash_Bandcoot

    Crash_Bandcoot
    Intern

    11
    36
    1 Декември 2015
    Машко
    Јас ја имам AERO 1 Alpha столицата неколку месеци. За парите не е лоша столица ама не е ни којзнае што. Столицата делува "eвтино" - се слуша крцкање при станување/седнување/мрдање, перницата што оди со столицата е полнета со некои хммм синтетички влакна кои знаат да излезат од перничето и ако си алергичен на синтетички работи може да ти прави проблеми ( чешање / кивање ). Пред да ја користам перницата отиде дирекно на перење да се исчисти од влакната што беа на неа. Крцкање се слушаше повеќе првата недела, сега најверојатно "легнала" столицата ( си направила жлеб каде што крцкало ) па помалку крцка, ама има крцкање. Механизмот за обарање на задниот дел е малку груб/тврд, може да се нарече "нерафиниран" ама си ја врши функцијата. Потпирачите за раце се доволно големи, меки, удобни, но дел од нивната конструкција е направен од пластика - па имаат малце слободен од лево десно.

    Накратко - столицата е удобна, има многу опции за подесување но се е тоа некако фушерај изведено - со евтини материјали и по некоја луфта / груб механизам ваму таму. Колку пари толку музика.
     
    ТАТА_МАТА, tupacan, shifty и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    592
    558
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    без искуство со brand-от, ама по сликиве .. третата, првите две не дека се чкарт (незнам) туку пошто наслонот со седлото е споен со рачките, значи кога ќе се навалуваш идеш комплет со седло. Плус те ограничуваат рачките странично нозете, имав проблем со еден стол (ваљда потесен) ама не осетно цело време притисок на нога странично .. и така

    за тие пари Икеа Маркус :) имаш и групи на фб што можеш да нарачаш за 500-600 ден плус со курир до дома што ќе ти донесат ако не си во можност да идеш сам
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    264
    201
    13 Март 2017
    Машко
  10. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,190
    764
    8 Мај 2010
    Машко
    Друштво треба да земам столица каде што ќе поминувам поголем дел од денот.

    Ова го гледав:
    Gesture - Канцелариски столици - Delight Office Solution

    Знаете колку е цена или предложете нешто што сметате дека има добар квалитет за човек над 100кг.



    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
  11. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,027
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
    62.000 MKD, би ја препорачал за >100kg
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dino

    dino
    Gaining Experience

    409
    101
    5 Јули 2009
    Јас имам Leap и прилично широка е, мислам дека за 100кг ќе биде ок, ма да најубаво да одиш да седнеш да провериш. Gesture ми беше премногу голема.
    Квалитетот на секој дел од столицата на допир а и при оперирање е на високо ниво. Ергономија одлична, после долгочасовно седење 6-10 саати нема болки/вкочанетост, и е многу удобно столчето.


    Цена за Gesture мислам дека беше околу 1000еу почетна, плус можеш разни додатоци да купиш.
    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
    На JasSum и pipelin им се допаѓа ова.
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,774
    1,884
    8 Мај 2007
    Машко
    Ако си повисок, ти треба подвижен наслон по висина.
    Ја користам Please и мене ми е екстра.
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    92
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Мислење за некоја од столициве? Не ми е за цело-дневно седење, ама 2-3 саати во просек, некогаш помалце, некогаш повеќе, ама ништо екстремно :D И дали има некоја голема разлика помеѓу 440-ката и 550-ката, или не?

    Nitro 440:
    Anhoch PC Market Online - Gaming Chair Natec Genesis NITRO440 Black-Grey

    Nitro 550:
    Anhoch PC Market Online - Gaming Chair Natec Genesis NITRO550 Black-Red
     
  15. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,976
    4,207
    28 oктомври 2008
    Јас ја имам 550-та и после скоро година дена користење, не покажува некој поголем проблем, ниту со материјалот, ниту со механизмот (знае да зацвичи малку ако седнеш на неа нагло). Држи до 150 килограми, и има подобар лифт-механизам (gaslift class 4) така да за разлика од 1.000 денари ич не му ја мисли.
     
    На Dimitar77 и pecko95 им се допаѓа ова.
  16. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,048
    1,618
    13 Јануари 2014
    Машко
    +1 за 550ката. Ја користам и јас околу година и нешто, прилично сум задоволен. Инаку ми изгледа како делот за седење да е потенок на 440, покрај механизмот.
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Goran995

    Goran995
    Intern

    53
    28
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Некој да има искуство со Unioffice? Сега го видов постот на @Banjifiko
    Конретно ова го гледав, со цена од 7000 денари.

    КАНЦЕЛАРИСКИ СТОЛ RFG SMART W ЦРН - UNI OFFICE
    Работен стол RFG Smart W с подлакътници - Черен меш • 72257 ⋙ Цена | Plasico IT Superstore

    Или предложете нешто во тој ценовен ранг... Благодарам однапред.
     

Сподели

Вчитување...