• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Дронови - Регистрација и пријавување летови

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,538
2,529
Мал апдејт, пак не добив автоматизиран мејл за летот за утре. Се јавив во CAA, ме прошетаа на 3-4 телефони за на крај да испадне дека тој што е одговорен за мапата е во странство, и остана на муабет дека ќе ја проверат работата. Ме замолија само да им пратам мејл со опис на проблемот.

Проверив сега пак, летот за утрово ми е одобрен (иако беше пишан од 06:00 до 12:00), а ми го одобриле и летот кој го најавив за утре. Видов и други пријавени летови за денес, така да претпоставувам дека one time thing беше проблемот. Сепак, фала ви за помошта @M.Pix @brasica.
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Како пријавувате лет ако треба да се лета на 5 различни локации со по еден кадар снимка, а сите се во близина?
Како еден лет и со максимален радиус 500м (иако точките ги надминуваат) или сите 5 лета посебно со точен радиус?
 
vikomkd

Gaining Experience
9 август 2015
35
154
Skopje,Aerodrom
vikomkd's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600 @3.7Ghz w/ Stock cooler
Motherboard
Gigabyte AB-350M-gaming 3
Storage
Kingston UV500 240gb 2x 1TB Western Digital Blue
PSU
Enigma G2 650W
RAM
16GB DDR4
Video card
Gigabyte GeForce GTX 1070 8gb G1 gaming
Case
SAMA Inpower Canty III
OS
Windows 10
Некој дали има инфо DJI Mavic Mini и Мини 2 дали треба да се регистрираат кај нас? Помалце се од 500 грама и максимална брзина мислам им беше помала од наведената во законикот, едино ако важи уште за дометот само тоа би било проблем.
 
smole

Unstoppable
18 април 2007
3,399
3,988
Помалце се од 250гр ама брзината им е над максимално пропишаната за не-регистрирање - мораат да се регистрираат.

Мада се мали дронови и не се ни слушаат а уште помалку приметуваат над 30-40м.
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Некој дали има инфо DJI Mavic Mini и Мини 2 дали треба да се регистрираат кај нас? Помалце се од 500 грама и максимална брзина мислам им беше помала од наведената во законикот, едино ако важи уште за дометот само тоа би било проблем.
Според овие два члена, треба.

Член 5

(1) Врз основа на максималната маса на полетување и перформансите, воздухопловите
без екипаж се класифицираат во 5 класи и тоа:
1) Класа 1 - која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е помала од 0,5 кг., со
максимална брзина на лет до 30 м/сек., и максимален радиус на оперирање до 100 м;
2) Класа 2 - која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 0,5 кг. до 5 кг., со
максимална брзина на лет до 30 м/сек.,и максимален радиус на оперирање до 2.000 м,
3) Класа 3 - која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 5 кг. до 20 кг., со
максимална брзина на лет до 55 м/сек., и максимален радиус на оперирање 3.000м,
4) Класа 4 - која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е од 20 кг. до 150 кг.,
без ограничување на брзината, долетот и висината;
5) Класа 5 - која опфаќа воздухоплови без екипаж чија MTOW е поголема од 150 кг.,
без ограничување на брзината, долетот и висината;
(2) Ако некој воздухоплов без екипаж во поглед на MTOW или некоја од
перформансите (брзина, долет или висина на лет) припаѓа во различна категорија, ќе се
смета дека воздухопловот без екипаж припаѓа во повисоката категорија.

Член 7

(1) Сите воздухоплови без екипаж за да летаат во комерцијални цели или за сопствени
потреби треба да бидат запишани во Евиденцијата на воздухоплови која ја води
Агенцијата за цивилно воздухопловство (во натамошен текст: Агенција) и да бидат
обележани со евиденциска ознака за што Агенцијата издава Уверение за евиденција.
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,169
1,948

Стар е овој закон. Има нов закон што потешко се наоѓа, еве го:

По ново класа 1 е само со тежина до 0.5кг и не треба да се регистрира. Прочитај го.
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Ова е всушност измена/надополнување на првиот.

Значи Mavick Mini ем е полесен од класа 1, ем не надминува speed како во првиот.

Заклучуваме дека не треба пријава?
 
TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,169
1,948
Ова е всушност измена/надополнување на првиот.

Значи Mavick Mini ем е полесен од класа 1, ем не надминува speed како во првиот.

Заклучуваме дека не треба пријава?
Ова е допуната, ама сигурно го има цел закон негде со пречистен текст да се најде.

Законот вика по "Исклучок на став (1).... воздухопловите од класа 2, 3, 4, и 5 или со максимална брзина од 19м/с се впишуваат во регистарот.

Значи, Mini не треба да се регистира:
1. Затоа што спаѓа во прва класа.
2. Затоа што максималната брзина во S/Mode му е 13 метри во секунда.
 
Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
20
50
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
AULA Killing the Soul
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
Иако не треба да се регистрира, пак добро е да се обратите во АЦВ за да ви дадат на писмено дека вашиот дрон не подлежи на регистраицја. Така, и да ве легитимира полиција ќе имате најдобро објаснување. Во спротивно ќе бидете на милост и немилост на нивното познавање на законот.

Истото важи и за мини 1, и за евентуално мини 2 кога ќе стигне, би требало и тој да спаѓа во дроновите за кои не треба регистрација.
 
filipkir

Practice makes perfect
17 јуни 2009
1,086
1,433
Едно прашање до сите вас што имате дронови: Честа ли е полициската проверка за дозвола?
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Во Скопје е честа, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Кочани, Тетово, Гостивар, Маврово не, иако имало случаеви на контрола па дури и одземање на дрон.

Според законот и да е регистриран дронот, пак треба да има лиценциран оператор, а не верувам дека баш секој е лиценциран оператор иако дронот му е регистриран, така да секогаш си на милост и немилост на полицијата.
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,538
2,529
Во Скопје е честа, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Кочани, Тетово, Гостивар, Маврово не, иако имало случаеви на контрола па дури и одземање на дрон.

Според законот и да е регистриран дронот, пак треба да има лиценциран оператор, а не верувам дека баш секој е лиценциран оператор иако дронот му е регистриран, така да секогаш си на милост и немилост на полицијата.
За ова баш прашав во CAA кога го регистрирав дронот, ми рекоа дека нема потреба. Само регистрација и уредно најавени летови се доволни.

Инаку досега сум немал со полиција никаква мака, ама и не летам во урбани средини.
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Кажале нема потреба, ама законски има. Прашај адвокат ќе видиш што ќе ти каже.

Мое видување зошто викаат не треба, затоа што уште не е решено кој треба да одржува/издава такви обуки и сертификати. Во екот на законот имаше тенденции да се стартува такво школо/испитен центар, ама ништо.

Плус во законот стои дека теоријата треба да ја презентира агенцијата, ама дека со тоа си лиценциран оператор nope.

Имаме среќа што сме паметни доволно па нема инциденти со дронови, иначе законот не е во наша корист.
 
Законот знам што вели, баш ради тоа и прашав во агенција како оди постапката за лиценца. И добив одговор дека нема потреба од такво нешто.

Еве, на муабетов, како би се стекнал со таква лиценца кај нас? Кој држи обуки, како би оделе полагањата? Ако некој има информации нека каже.
 
Steff_Maja

Practice makes perfect
30 мај 2010
4,172
1,738
Ги немам тие информации, затоа го кажав моето видување.

Иначе сценарио, имаш пријавен дрон, имаш пријавен лет, правиш несреќа во кое е вклучено друго лице, те пријавува во полиција и ти пушта приватна тужба. И да те пушти полиција, на тужбата паѓаш заради нелиценциран оператор, а не верувам дека АЦВ ќе застане покрај тебе дека не треба. :)
 
fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,538
2,529
Добар адвокат би требало да те извади со тоа што (бар по достапни информации) нема начин да се стекне лиценца за оператор, ама да, не верувам ни јас дека ќе те бранат.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,555
Мислења
820,417
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно