Metuzalem
Tootle Puffer
Metuzalem's setup
- Processor & Cooler
- i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
- Motherboard
- ASUS P8Z68-V/GEN3
- Storage
- Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
- PSU
- CM 600W Silent Pro Gold
- RAM
- Kingston @1866
- Video card
- Radeon HD 7750
- Case
- HAF 912 Plus
- Mouse
- ASUS ROG GX950
- Keyboard
- Filco Majestouch-2, Logitech G710+
- Audio
- Realtek ALC892
- Monitor
- Viewsonic VX2753MH-LED
- OS
- WinServer2003, Win7 x64
Ај да напишам малку и општо за фитиљот...
Како што беше повеќе пати речено, фитиљот служи да носи течност од резервоарот до грејачот КОНСТАНТНО. Значи, не смее да забушава, треба да има голема порозност (капиларност) и да биде отпорен на висока температура. Затоа не се препорачуваат евтини непроверени силики од Алиекспрес и слично, затоа што се фиберглас наспроти силика (е сега ама објаснив... не ги знам ни јас точно разликите меѓу материјаливе, треба да се гугла...). Без разлика кое е точното име на материјалот, најважниот тест за употреба во ел.цигара е на палење - ако држиме парче над упаљач или бренер, не смее да се запали. Ако се запали - фрлајте го директ во ѓубре, затоа што е опасно по здравје. А инаку, така и се чисти фитиљот - со горење. Особено со бренер, на повисоки температури, фитиљот побелува и снемува се` што имало во него, од остатоци од производен процес до маснотии од нашата рака со која сме го фаќале.
Сепак, не треба да се претерува со долго горење, затоа што станува покрт и теоретски е можно да се одвојуваат влакна кои потоа ние би ги вдишувале (што е и еден од главните аргументи на противниците на овој материјал), додека бранителите велат дека кога е натопен не можат да се одвојуваат ситни влакненца што би ги вдишале. Се` уште нема дефинитивна пресуда за ова, противниците се повикуваат на силикоза - болеста на рударите што дишат силикати, но сепак тоа се различни услови и различни концентрациии на материјалот - многу поголеми. Досега нема докази дека некој се разболел од ел. цигара на овој начин. И јас би рекол по селска логика дека овие концентрации, дури и да постојат, се многу мали.
Исто така, некои и викаат дека некои од фитиљите од фасттек се крти - не би знаел точно да кажам кои, одамна гледав на некои места, а и ми личеа на хипохондрици - те месингот (од кој се прават некои атомизери) бил штетен на високи температури и/или во допир со течноста, па бакарот ако го држиш во рака долго ти ги засмрдувал рацете, некои се колнат и дека памукот како фитиљ испушта влакненца и спомнуваат некаква памучна болест - појма немам каква е таа, веројатно од Црнците што береле памук.
Кога сме кај памукот како фитиљ, веќе спомнав дека може да се користи како фитиљ, но ако е 100% памук (да нема примеси) и ако не е избелен со средства. Иако јас користам најобична вата од аптека (да, 100%) и не ми мириса ништо, освен првите неколку повлекувања. Не сум ко Американцине да барам органски одгледан памук, а и да барам, нема да го најдам кај нас.
Инаку, за работа со памук треба грејачот (жицата) да биде со позбиени намотки, најчесто и да се допираат (microcoil), со цел полесно да работиме со него, да држи облик, а и да дава поконцентрирана топлина. Памукот многу набабрува кога ќе се натопи, па треба да се води сметка за тоа - често викаат за памукот less is more.
Понатаму, користат и други материјали - лен или коноп (не знам кој точно, може и двата), демек органски и чисти итн. што мислам дека е беспотребно за наши услови. А и тие смрдат на почеток, според некои корисници на српскиот форум.
Американците се колнат и во Rayon, но тоа уште не е стигнато до нас, па ќе видиме.
Други поинтересни материјали што сум ги сретнал се керамички стапчиња (во пракса многу кршливи) и челична сајла (повеќе жици впредени), но тие се за RBA атомизери.
Еве, друг материјал, односно тип на фитиљ што заборавив да го спомнам е ecowool. И јас имам нејаснотии околу тоа, некаде го сретнувам како посебен тип на материјал, но многу почесто како silica wick која не е увртена како обично, туку вплетена. Важи како поквалитетен и поскап материјал, иако е непогоден за некои специфични примени (на некои конфигурации послабо wick-ува, односно влече течност).
И уште еден што го заборавив е mesh, односно мрежа од нерѓосувачки челик што се рола во цилиндар и се обликува (тешко) во потребната форма да влезе во атомизерот. Предности се што речиси воопшто не го менува вкусот и долго може да трае без чистење, а мани што е спроводлив, па треба да се оксидира (гори со бренер; некои прво спалуваат лист хартија врз него; или да се пулсира на атомизерот додека не оксидира на местото на допир со грејачот), а со оксидирањето се губи неговата предност на „чистотија“, па знае да ја замати течноста.
За наши, односно ваши потреби, јас не би размислувал подалеку од 2 мм silica wick и 0,2 мм kanthal што покрива 99% од потреби за правење фитиљи на купечките атомизери. На почетокот купив и 1-милиметарски фитиљ и ми остана неискористен. Ако немав 2- и повеќе-милиметарски, ќе го употребев и него (приближно е исто фитиљ со 1Х2мм и 2Х1 мм wick, иако не е исто ако пресметуваме математички по површина на пресек), но малку е потешко да се работи со него затоа што се заплеткува/увртува.
Фитиљот се користи и кај BCC (иако може и кај другите) глави како flavor wick - се става врз греачот, необмотан со жицата, за да упие дел од вишокот течност и/или да донесе повеќе течност, а веројатно и поради тоа што е тешко, скоро невозможно, да се намота на сите 2 или 3 wick-ови одеднаш. Според моето искуство, тој flavor wick дури и го придушува (заматува) вкусот, но јас на пример не можам без него затоа што тогаш главата е премногу отворена и се поплавува со течност, кажав повеќе пати, поради моето јако влечење. Ако некој може без него (а многу викаат дека можат), слободно.
И за крај, како подобри продавници од Европа за фитиљ (и кантал):
http://www.vape-atomizer-mesh.com/
http://www.zivipf.com/
Скапи, ама не премногу, затоа што не треба премногу материјал. Немам нарачано од нив, имам од хрватската и романската продавница што ги спомнав претходно.

Последна промена: