1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од ARMac, 12 Јуни 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Електронски цигари (vaping) е глобален феномен што постојано ја зголемува популарноста, наспроти големите подметнувања од големите фармацевтски куќи, големите тутунски компании и владите. Неговата примарна цел е да биде помалку опасна алтернатива на пушењето и се` повеќе луѓе го прифаќаат. Во минатото имаше некои негативни студии, и се` уште се појавуваат, но повеќето од нив беа демантирани поради лоша методологија. Иако вејпингот не е здрав сам по себе, многу е помалку опасен од пушењето (носи 95% помал ризик од рак, според Центарот за јавно здравство на Англија).


    Сега веќе имаме цел
    потфорум посветен на електронските цигари, а оваа тема останува историска, како и за општа дискусија. За снаоѓање во првите 800 страници од темава постои ИНДЕКСОТ.


    [Едитирано на 07.06.2018 од Метузалем]

    -----

    Поради технички причини, оваа тема се затвора, а дискусијата продолжува во вториот дел.

    -----

    Оригиналниот прв пост:

    -----

    Бегајте подалеку од ова. Батерија трае 3-4 саати а се пуни скоро 2. Вкусот е изветреан, премногу измешан со воздух. После 2 дена користење се осеќа јак мирис на изгорена пластика/електроника во пареата и неможе да се вдишува. Од Атомајзерот/Распрскувачот почнаа некој влакна да искачаат, а од танкот редовно тече. Се на се прилично лошо.

    Течноста што иде со нив, од друга страна, е ок. Потекнува од Италија и се вика Flavor Art. Јас ја имам класичната American Blend и е ок, само мојата е со 9мг никотин што е иначе слабичко.

    Оваа е мислам и најефтината цигара што може да се купи во продавница. Јас ја купив во Зегин за 950 денари. Со нејзе иде батеријата, еден распрскувач, 5 резервни резервоарчиња (танкови) и 10мл Maxx Blend течност. И гаранција од 25 месеци на која не пишува ни каде да се остави апаратот во случај на потреба.

    Stay Away од ова

    [​IMG]

    П.С. Сум слушал дека распрскувачи од типот на CE8 се добра ствар.
     
    На Sharlovski, ivona1992, Tose1991 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. despotovikj

    despotovikj
    Gaining Experience

    988
    464
    7 Март 2014
    Машко
    И мајками ја имаше оваа, проба да се откаже ама ништо од тоа ххх
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,068
    1,567
    25 Јануари 2008
    Машко
    Другарче се излажа со истата.Ја зема за некои си 2000денари демек со појаката батерија од 1100mha.две недели беше ок батеријата после тоа почна брзо да се празни и споро полни.Друг проблем барем во Битола е набавката на течност нема нигде по аптеки или има само една мкасбленд што доаѓа со цигарата кој има некој чуден овошен вкус како чај да си пиел.Ја пробав и јас пушач веќе 12 години во фаза на откажвање сум моментално и осеќаш гребење на грло и пушташ чад/пареа му правиш mindfuck на мозокот дека пушиш.Да трае батеријата како што треба и да има избор на течности не е лоша ама... Не ја бива.Друг проблем е ради неквалитетноста на уредот немањето филтри се случува да се голтне течноста ми се случи мене на два-три пати саботата да ја голтнам не ми се плакнеше и плукаше штокот на шанк :) Пишува дека има гаранција ама не на потрошни делови а се во упатството е декларирано како потрошен материјал дури и ремчето за на врат.Инаку корисникот на цигарава е страсен пушач по две пакети на ден можеби и за тоа батеријата кратко му трае.Некој што пуши помалку можеби ќе му се погоди.

    Едит:Не била истата цигара што е на сликата од мобилен пишувам не сум видел убаво.Иначе од истата фирма е.
    [​IMG]
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,072
    25,361
    4 Септември 2008
    Момци момци, до кога со џанк ќе се замарате?

    Panasonic NCR18650PF, thank me later. ќе имам одвишок изгледа за некоја недела ако некој сака да му направам услуга да му продадам неколку. Можете и да купите од нет, ако чекањето не ви е проблем нели.

    Не ова не е оглас, ако не сакате секако ќе ги чувам за идните нарачки на лампи, но има шанси да иман некоја плус, во тој случај можам да ви помогнам ако сакате да уживате а не да се замарате со мизерии од батерии :D
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Нема кај нас ништо добро. Најпознат светски (кинески) сајт за е-цигари е fasttech.com кај кој шипингот е бесплатен над 20 $, а и инаку е евтин (1$ мислам).

    Пошто не успеав да регистрирам Paypal, изборот ми е многу стеснет, но сепак ми стигнале работи од Полска, Романија, Хрватска, Холандија и Англија. Но fasttech е устав за сите други, само што многу се чека. И во последно време нема начин да нарачаш батерија (упрпаа поштите кога се изгуби малезискиот авион).

    За почетници би бил добар на пример http://www.kangeronline.com/products/kanger-t2 и батерија по избор.

    А за продавниците кај нас да не почнувам... Комплетите што им се од 950-2400 денари се околу 10-20 долари на fasttech малопродажна цена. И тоа е премногу, ама ај пуштам срце. Ми се плаче која дупка сме и како не стрижат како овци.

    Иначе, за три дена правам 5 месеци како не сум пипнал аналогна цигара. :geek:
     
    На ilinaj, gligor, Nikola Sone и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,068
    1,567
    25 Јануари 2008
    Машко
    Кажи цена тука или во пп.Ќе му предложам на другарот.
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не продавам јас. Ќе му дадев без пари, ама ги раздадов постарите што не ги користам. Еве го на FT:

    https://www.fasttech.com/products/0/10004861/1514600-authentic-t2-clearomizer-2-4ml

    ама распродаден е моментално. Може да се бира од моделите на Kanger (добра фирма) таму кај што пишува model, ама повеќето се BCC (Bottom coil clearomizer - кај кои греачот е долу и дава поладна пареа од овие CE4 модели, а тоа најчесто не им одговара на тазе „парачи“, иако подоцна се префрлуваат на тие како на следен чекор). Добра (позната) фирма е и Innokin, може на пример овој како за почетник:

    https://www.fasttech.com/products/0/10005988/1384000-authentic-innokin-iclear-16-top-coil-clearomizer

    само што нивните модели се малку покомплицирани и потешко се чистат и/или премотуваат.

    Генеричките clearomizer-и кои се најчесто во употреба кај нас се CE4, (бројките немаат врска, има CE2-CE7, ама секој производител си става бројка како му текне), еве пример за еден, па споредете цена:

    https://www.fasttech.com/products/0...-electronic-cigarettes-round-mouth-atomizer-1

    Се` што му треба на почетник е таканаречен starter kit, кој се состои од ваков clearomizer (распрснувач), батерија (по можност две за да не остане на суво додека се полни), конектор за полнење на USB и/или адаптер за у штекер.

    Еве пример за стартер кит:

    https://www.fasttech.com/products/0/10007525/1646702-ego-ce4s-1100mah-rechargeable-starter-kit

    Од овие нашиве се разликува по тоа што нема струен адаптер (2-4 долари), а има футрола и шишенце за полнење со игла (корисна работа). Прочитајте ја цената и плачете.
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    gligor, ТАТА_МАТА и на psyside им се допаѓа ова.
  8. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,068
    1,567
    25 Јануари 2008
    Машко
    За псајд се однесуваше постот само не сум го тагнал.Иначе фала за информаците ќе му пренесам на другарот не се работи за мене.
    Јас уште пред неколку години пробав со електронска кинеско срање не ја биваше ни за со едно кафе пушење и ја баталив.Е сеа проблем е што сме во оваа чудесна земја за набавување од странство ама то е то :(
     
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    За ова треба некој custom mod или влага во попознатите модели?

    Исто и мене ми го фалеа Kanger T2 и T3 заедно со CE8 Ego.

    Иначе мене ич не ми се откажувам од цигари ама морам. Ќе запанам и ќе пробам со овие поквалитетниве како ќе биде, колку за занимација. Ако не бидува идам студени нозе :)
     
  10. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,604
    1,361
    27 Јануари 2011
    Машко
    Сите што ги знам што купија од овие е-цигари ни еден не ги користи повеке, сите си се вратја на старата добра цигара. Обично фамата околу оваа почнува во есен кога се затвораат бавчите на кафаните и трае до пролет кога ке се појави првата маса надвор.
    Ако ви е за откажување тогаш е пормашена инвестиција, ако е за пафкање во затворен простор ондак ОК.
     
    На tehnogp му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,355
    2,169
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Вие ова сериозно? :minishock:
     
    На zokimk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,685
    2,662
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Кемијата што искача од електронската цигара е точно "се што сакате во вашите бели дробови"
    Аеросоли, пропилен гликол, глицерин и ред други "прекрасни и природни состојки" Ако ви се пуши, пушете цигари, НЕ цигарети.
     
  13. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @bogoevski : во споредба со 4.000 познати и непознати состојки и продукти на согорување во аналогната? Пропилен гликолот и глицеринот се користат во фармацијата со децении (векови?) за правење сирупи, дури и за мали деца.

    Се загреваат на релативно ниска температура (200-300 Ц) барем кај овие едноставните модели.

    Вкусовите (flavorings) се прават од најквалитетни прехранбени ароми, инаку ги чувствуваш во уста и ќе му ги треснеш од глава на продавачот. Скоро секој вкус може да се користи како прехрамбена арома (само е скапо и бесмислено), додека обратното не важи.

    Има повеќе истражувања што тврдат дека никотинот сам по себе не е толку штетен и има придобивки за човечкото тело во некои случаи (намалување апетит, циркулација).

    Аеросолите (честиците во пареата) се за ред на големина поголеми од оние во цигарата и не навлегуваат толку длабоко во алвеолите.

    Ништо на светов не е 100% безбедно, се` е штетно ако се претерува итн. Во мојот случај, бев „продаден“ по две недели, кога веќе не се задишував при качување по скали и не кашлав кога ќе се разбудам. Мене ми е доволно и толку.
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    На zokimk, Macedonianist, dejan_str и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @hipo : Е-цигарите треба да се одржуваат (чистат), што трае пет минути. Тоа најчесто кај нас не се прави поради неинформираност или страв (да не расипам нешто). Во зависност од начинот на користење, тоа е потребно на секои 2-5 дена. Инаку се „затнуваат“ и не даваат доволно вкус. Освен тоа, и батериите што најчесто се продаваат кај нас се слаби, а по самата своја природа се „нерегулирани“ - почнуваат од 3,7 волти и потоа со користење напонот опаѓа додека батеријата не се испразни, со што при крај дава помали перформанси. И некои течности (поединечни шишенца, не целата марка) што сум ги пробал кај нас имаат „хемиски“ вкус. Дали се работи за грешка во производниот процес, или ги „крстат“, не би знаел да кажам. Скапи се затоа што Амбрела има договор со FlavorArt за монопол на Балканот и никој друг не смее да ги увезува, а во Србија се збори дека тие ги „мучкаат“, што само по себе не мора да биде лошо, но кога ќе му го препуштиш тоа на Балканец...
     
    На gligor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,072
    25,361
    4 Септември 2008
    Би требало да пасуваат во голем дел од елекронските цигари....но треба да се провери за конкретни модели.

    Би ги замолил членовите да не почнуваат дебата на електронски вс стандарни цигари, и да има натегање.
     
  16. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @psyside : Во поглед на форумов натегањето (дебатата) можеби не е добро, но би било добро некаде да се начне таа тема затоа што кај нас владее голема неинформираност, дезинформираност и отпор кон новото.

    До нас стигнуваат само вестите пренесени (лошо преведени) од сензационалистичките портали и весници за кои важи девизата „колку полошо толку подобро“.

    На запад веќе наголемо тутунските компании имаат вмешано прсти во пласирањето неточни или полуточни информации, како и лобирање кај законодавците за забрани и ограничувања, а и самата држава не сака лесно да се откаже од огромната акциза на цигарите.

    Ова веќе го имам напишано, ич не ми се допаѓа тоа што звучам како проповедник, јас прв бегам кога некој ме замара со убедување во нешто, но за повеќето работи треба да се остави можност да се чуе и другата страна, инаку сме ограничени како коњи со онакво за очите.
     
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,072
    25,361
    4 Септември 2008
    Во ред е да се дискутира, ама да нема расправии, слободно продолжете.
     
  18. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Следен чекор за оние што сакаат нешто подобро / прв дел: она во што се става батерија (мод).

    Изразот доаѓа од мод(ификација), и во најкратка форма тоа може да се претстави како телото на батериска ламба без главата за светење, иако ги има во најразлични форми и големини. Главна поделба е на механички и регулирани (VV/VW).

    Механичките се најпрости, само тело за батеријата и конектор, но не излегуваат (и веројатно никогаш нема да излезат) од мода затоа што даваат добри перформанси, „најчиста“ струја и едноставност, иако најчесто немаат заштити од краток спој и прегревање (што е реална опасност кај типот на батерии кои се користат овде). Но, може да се користи батерија со вградена заштита во неа - „protected battery“ и/или да се внимава при користењето. Недостаток е што, исто како и кај „стапчињата“ снагата(напонот) не е константна, туку опаѓа како што се празни батеријата. Јас лично се навикнав на тоа и веќе без проблеми чувствувам кога е опаднат напонот и отприлика до колку (жив волтметар :)).

    Регулираните имаат електроника со која даваат константен напон (Variable Voltage) или снага (Variable Wattage). Ова Variable се мисли на тоа дека ти можеш да го варираш, а откако ќе го наместиш тој е константен во текот на целиот циклус на батеријата. Овие модови многу често имаат и дисплеј на кој прикажуваат потребни и непотребни информации (состојба на батерија, отпорност на грејачот, селектирани волти или вати, број на пафкања, фејсбук (j/k :oh:) и така натаму).

    Како куриозитет, едни од најизвиканите модови се Provari: http://www.provape.com/provari-variable-voltage-ecig-s/36.htm со лудачки цени. Нешто како Apple x 3. Немам и не ми паѓа на памет да купувам таков.

    Она што јас го користам е потврден и проверен механички Nemesis: http://www.fasttech.com/product/1448300-nemesis-style-mechanical-mod (има и поевтини, ама со полоша изработка, иако и тоа најчесто може да се среди со добар алат) заедно со kick: http://www.fasttech.com/products/0/...ble-wattage-kick-module-for-mechanical-mod-pv или http://www.fasttech.com/products/0/10006524/1646300-variable-voltage-kick-module-for-mechanical-mod . Кикот е всушност електрониката од регулираниот мод и дава заштита и константни перформанси, само што нема дисплеј.

    За батерии, повеќе информации кај @psyside :). Само ќе кажам дека за оваа намена подобри се high drain батерии, и тоа ако се користат субомски грејачи. За регулираните е помалку важно, но сепак батеријата треба да биде способна да дава што повеќе ампери во кратко време (додека го држиме копчето). Тие PF што ги спомна се стварно добри и нов модел, уште не стигнале до мене. Јас уште користам панасоник NCR18650B кои ми ги препорачаа и не сум се замарал многу да истражувам со батерии затоа што ми вршат работа.
     
    kirev, gligor, tomaso и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Малку ќе се вратам наназад, можеби требаше нулти дел за основите на оваа направија. Сеопфатното име на сите овие делови е atomizer (бидејќи демек ја претвора течноста во атоми на пареа), а во последно време најчесто се користи изразот clearomizer затоа што има проѕирно куќиште. <- ова за поедноставните модели.

    Ова е малку поедноставено. Кого не го мрзи да чита на англиски, еве едно историско објаснување за овие поедноставните/постарите модели: http://www.misthub.com/blog/tutorial-atomizer-vs-cartomizer-vs-clearomizer . Првите и вторите веќе ги снемува по продавниците зашто се имаат појавено далеку понапредни модели.

    Принципот на работа е следниот: од резервоарот течноста преку фитиљ се пренесува до грејачот со помош на капиларно дејство. Грејачот е грејна жица (слична како во, на пример, феновите) и со пуштање на струја низ неа таа ја загрева течноста до испарување. Кога повлекуваме, воздухот (мора да има проток на воздух) ја повлекува пареата (ситните капки) и ние го вдишуваме тоа.:rolleyes:

    Има милион модели и изведби, a како некој следен чекор за почетниците што веќе го спомнав се BCC (Bottom Coil Clearomizer). Кај овие грејачот е подалеку од усникот и потопен во течноста (пареата излегува преку оџак), па со самото тоа се лади и дава поинаков вкус. На почетниците најчесто тоа не им се допаѓа затоа што помалку ги потсетува на аналогната, ама со тек на време се освестуваат. ;) Предноста кај овие е што може да се менува главата, а и релативно лесно самата глава се отвара и премотува, иако тоа не е тешко и кај CE4 clearomizer-ите. Финтата е што многу CE4, а особено оние што стигнуваат во нашите аптеки, немаат заменливи глави. Значи, фирмата заштедила 0,2 долари (толку е разликата меѓу CE4 со и без заменлива глава), а нас не` оставила на цедило.

    Уф, веќе ми здосади и се изнервирав. Да не ве замарам повеќе, еве уште еден линк (на англиски) за основните работи кај оваа направија:

    http://www.ecigarettedirect.co.uk/ashtray-blog/2014/01/beginners-guide-clearomisers.html
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    kirev, gligor, tomaso и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас познавам човек што пушеше по 2 штеки дневно (така е зборот де, ама мнооооогу пушеше) и веќе 1 година е на електронска цигара. Веќе не си ги повраќа белите дробови од кашлање секое сабајле и генерално многу подобро се чувствува. НЕ планира да се врати на обична цигара
     
  21. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,862
    4,584
    8 Април 2011
    Машко
    Aабе ако пушите пушетеси саглам цигара(вистинска)или не пушете никаква,акој е за откажување ке се откаже кој не е нема да се откаже,све ова е маркеинг за пари да лапаат.Знам луге кој пушеле над 30 години и ко решиле да се откажат се одкажале наеднаш без никаква помош од вакви ствари.Јас исто долго време пушам,некаде 16-17 год и тоа по две кутии на ден,ама не сум пробал да се одкажам.
     
  22. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,244
    11,314
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Причината што луѓето брзо се откажуваат од електронските кај нас е што нема никаков избор, а тие што ги има се небулозно скапи. Во секоја друга држава на планетава користењето на електронската цигара е далеку поевтино од користењето на аналогните.

    И ај да завршам приказната, некако срце не ми дава да ја оставам недовршена кога имам толку многу да кажам. :)

    Кога/ако сме се заситиле од обичните клиромајзери и сакаме нешто повеќе, тука се RBA (Rebuildable Atomizers). За да илустрирам посликовито, ќе речам дека почнало со RBDA (Rebuildable Dripping Atomizers) или дрипери, иако не е така (развојот се одвивал паралелно). Што се дрипери? Едноставно, атомајзери кои немаат резервоар, туку капеш колку капки ти требаат директно на фитиљот и цуцаш додека не се исуши. Скоро секој клиромајзер може да се користи и како дрипер, иако кај поедноставните тоа е потешко (CE4 имаат капаче, но тоа може да се извади, ама сепак е многу непрактично), а кај BCC е невозможно. Сепак, дриперите имаат голема примена (и јас со задоволство ги користам) затоа што ги елиминираат недостатоците на клиромајзерите:

    - протекување при користење (секој клиромајзер може да протече затоа што тоа му е принципот на работа; изразено е кај луѓе со „јак цуг“ (виновен за тоа, навика од аналогните); при поголеми промени на температура (влегување од топло на ладно и обратно) - физика (вискозност на течности); при кршење или напукнување на телото; при истрошеност/изместеност на дихтунзите; или при кондензација (пареата кондензира на металните делови од атомајзерот, често се побркува со протекување).
    - можност за брза промена на течноста што ја конзумираме (кога ќе се исуши фитиљот, речиси и да нема потреба од чистење).
    - многу брзо и лесно чистење на сетапот и/или замена на фитиљот/грејачот.
    - сетапот е отворен и во секој момент гледаме што се случува внатре, дали има потреба од чистење и слично.

    [​IMG]

    Потоа на некој му текнало да го надогради тоа со резервоар до кој води фитиљот и така настанале RBA.

    [​IMG]

    Кај нив, ако нема доволно натопување, едноставно го наведнуваме целиот атомајзер за течноста да стигне до фитиљот и да го натопи. Овие се познати како класа на Genesis RBA.

    И како последна и најнова класа на RBA се тајфуните/кајфуните кои работат на принцип на вакуум (целата комора е потопена во течноста, но херметички затворена.

    [​IMG]

    Даваат најјак вкус, но малку се проблематични додека не го погодиш точно сетапот (знаат да протечат).

    Постојат и многу други модели и класи, ги спомнав само оние што се најчесто користени, односно со кои јас сум се сретнал.
     
    Последна промена: 12 Јуни 2014
    DennyMK, kirev, gligor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    Поентата на електронските цигари не е да помогнат при откажување, туку да пушиш поздраво, да не кашлаш и повраќаш секое сабајле, да имаш повеќе кондиција, да не им смрдиш на луѓето околу тебе. Супститут се.
     
    ilinaj, dejan_str, kamikaza333 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,068
    1,567
    25 Јануари 2008
    Машко
    И можиш да пушиш електронска на сите места каде што е забрането пушење што на некој му е многу битно.Како што е кажано погоре има недостатоци мани т.е слаб избор има кај нас.Доколку достапноста не би била проблем јас би се префрлил на електронска.Инаку сум во фаза на откажвање намлување на цигарите.
    Веќе има повеќе од 3 недели каде што пушам по неколку цигари дневно кога ептен ќе осетам потреба за никотин.Претходно пушев по една и пол до две пакети на ден.Сега сум на максимум 5 цигари дневно.Разликата е огромна насабајле нема грдо чувство на гадење плукање, кога педалам сега можам без проблем да дишам како што треба осеќам како ми се полнат градите со воздух без да се давам.Со желба и упорност планирам да ги оставам скроз.Сум пробал да купувам тутун да го виткам него и пушам, сум пробал со појаки цигари демек помалку ќе сум пушел ама да не се лажиме џабе ми било.Така да ова ми е најефикасен метод до сега.Страствен пушач сум веќе 12+ години така да не можи наеднаш да ги оставам.Шок би било голем за организмот си бара доза никотин колку толку.
     
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,394
    12,525
    2 Август 2012
    Машко
    Ова не оди во иста ρеченица.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...