Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Avid

senior
21 јануари 2009
6.465
11.537
Скопје
- Добро ли разбирам дека зборуваш за стримање на игра во 4К, со 60 фрејма... Од смартфон?
- Друго, гледање видео стриминг од нет? Кој стриминг користи 10-20 гигабити бандвит... И тоа за приказ на екран од неколку инчи, на смартфон?
- На кои видео разговори им требаат 10-20 гигабити бандвит?

Како што и си мислев, нема никаква реална потреба од брза имплементација на 5Г технологија. Не за масовна употреба. И посебно не без правење доволно здравствени истражувања за штетноста... Но секако дека ќе се деси, и ќе се имплементира 5Г. Прво пошто некој треба да прави профит, второ пошто корисниците се бандвагон консументи кои не размислуваат.

Целосно несоодветна паралела. Земи рендај илјада секунди рејтрејсинг анимација со и9, и кажи ми дека истото нормално можеш да го сработиш и со и3 без да ти треба неспоредливо повеќе време и да ги пробиеш сите рокови.

Од друга страна со 4Г можеш да гледаш стриминг, да стримаш гејминг (беден смартфонски гејминг), и да правиш видео разговори. Сето тоа ама баш исто како со 5Г, пошто за тие намени нема да го искористиш бандвитот што се нуди.

едит:

Во сценариово на тој „забацниот остров“ нема оптика, ама има ремоут управувана хај-теч операциона сала, и 5Г мобилна телефонија со базни станици (подводни?) на секои 120-тина метри до најблискиот интернет нод (ваљда на најблискиот континент)? :hay:
А мене ти да ми разјасниш, прашањето за бенефитите го постави затоа што ти не знаеш за што ќе има бенефити 5g или убеден си дека нема да треба?
Пошо еве глеам контраш на сите предности што ќе ти ги кажат.
Еве ја ќе ти кажам нема потреба од 5g топ си е и вака само молимте престани, нечитлив си веќе. hhhh toae taka poso vistinata boli hhh
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.819
6.519
SK
Изгледа не се јасни фундаментите.
@-={K-O-R-U-N}=- во викендица 5Г ќе имаш само ако има high bandwidth терестријален дата линк до базната станица - а таа мора да биде на стотина-и-нешто метри до тебе. Повторно: До таа базна станица мора да дојде high bandwidth терестријален дата линк, за да обезбеди дата bandwidth. Инаку џабе 5Г што ќе имаш.

Значи размисли, ако до село-весело веќе доаѓа high bandwidth терестријален дата линк, ти секако ќе имаш подобри опции за интернет конекција од 5Г. Но еден риалити чек: овде по селата најчесто нема ни 3Г, а 5Г веројатно ќе нема никогаш. Пошто нема ни оптика.

Тие другите „потреби“ како скајп во 8К видео, мене ми звучат премногу смешно - не сами по себе, туку ако се употребуваат како оправдување за потребите од 5Г технологија. Посебно без дефинитивно да се испита штетниот ефект по здравјето. Логикава на размислувањето излегува „не ме интресира здравјето, важно ми е да скајпам во висока резолуција видео, и игнорирам дека сето тоа можам да го прави и преку 4Г кое веќе го имам“.

Паралелите со рејтрејсинг анимација со i3, и возење точаци, се многу наивни и погрешни. :)
Пази го ова: за i9 СЕГА ПОСТОИ софтвер што може да ги искористи сите негови јадра. За аутопатиштата СЕГА ПОСТОЈАТ возила кои по нив може да возат неколку стотини километри на час, треба да сум ретардирам да тргнам со точак по автопат ако знам дека имам потреба да стигнам побрзо. Или да рендам анимација на i3 ако имам рок за извршување на работата.

Разликата со 5Г, посебено кај смартфоните, е што СЕГА НЕ ПОСТОЈАТ ПОТРЕБИ кои можат да ја искористат новатата технологија. Но 5Г се форисира и се имплементира, иако сега не постои реална потреба за 5Г, и без доволно научни сознанија за штетноста по здравјето. Тоа е се што кажувам, никој не зборува за запирање на напредокот, зборуваме за малку здрав разум и претпазливост.

Очекуваш јас да направам кумулативна споредба на ЕМ зрачење? Рили? Извини немам ни минимум можност а камо ли начин и алатки. Второ никој не збори за вкупно ЕМ зрачење.
Toчно, никој не зборува за кумулативната штетност која се АКУМУЛИРА. Пошто не се само базните станици и твојот телефон, тука се телефоните на други луѓе, телефоните на соседите, на колегите, нивните рутери, акесес поинти, нивните факинг телевизори кои денес сите имаат вај-фај конекции. Клима уредите имаат вај-фај, IoT влезе на мала врата, во се ставаат бежична комуникација.

Лудило без контрола.
Се заради „бенфитот“ да не мора да се ожичи уредот со етернет конекција.

Овде не треба да зборуваме само за штетноста на ЕМ зарачењето од мобилните телефони, треба да зборуваме за ЕЛЕКТРОНСКИ СМОГ. Пошто куп разни уреди денес зрачат штетно ЕМ зарачење. Сами по себе и не се толку опасни. Но кумулативно, собрано, и тоа како се опасни. А штетните ефекти исто така се кумулативни.

Затоа ти скренав внимание на кумулативното дејство. Нормално дека не очекувам ти да го измериш, очекувам само да употребиш разум и логика, па кога дискутираш да го земеш во обзир и тоа кумулативно дејство.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.680
3.290
Враќам филм едно 70 години и гледам како цигарите се супер, како се добар лек за настинка, како никој нема да докаже дека се штетни. Па побогу, вегански се, немаат животинско во нив, тие се најсупер работа у свет. МИР и спокој за сите...
Мотам напред, оп, цигарите и не се така најсупер, се кашла од нив.
Уште напред, што да видам, иако трошат милијарди во маркетинг и се едни од најсилните играчи, кога тоа народот се свестува и кажува дека здравјето му е побитно од профитот.
Мотам уште напред, забрана за цигари по јавни установи....

Мотам уште 70 години напред, луѓето станеле преглупи за да разликуваат добро од лошо. Профитот е најбитен. Исто и стримање на некое ново мегагигаултра популаларно срање во 32К на 120 инчен телефон кој се дипли како салфетка и се носи во ранец кој е воедно и батерија и зрачи ко нуклеарка, ама што е тоа битно кога се стрима ко лудо.

IQ Scores Are Falling in "Worrying" Reversal of 20th Century Intelligence Boom
Dumb and Dumber: Many Developed Countries Are Imperiled by Falling IQ

Нема теории на заговор, има само љубов и профит. Ама ако изгуглате за теории на заговор кои се испоставиле дека се точни, треба само да кажете:
"Ова не е вистина", и да си продолжите да си го држите рутерот над глава.
 
Убава поента, само мислам дека повеќето нема да ја разберат. И тоа за штетноста на цигарите е добар пример, пошто после децении убедување дека не се штетни сега ни најдлабоко закопаната глава (во земја) не може да каже дека цигарите не се штетни. Само тогаш врвни доктори беа регрутирани да кажуваат приказни дела цигарите не само што не се штетни, туку дека се многу здрави.

Не толку различно како за 5Г технологијата сега, со тоа што се малку поумерени во приказните, сега „немало докази“ дека ем зрачење е штетно (постоечките докази се игнорираат).

Туку нешто за цитираното. Однапред се извинувам што следново ќе личи на офтопик: Idiocracy (2006) - IMDb
едит, еве трејлер (клик) ама важниот дел е долу во следниот извадок:
View: https://www.youtube.com/watch?v=icmRCixQrx8
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Изгледа не се јасни фундаментите.
@-={K-O-R-U-N}=- во викендица 5Г ќе имаш само ако има high bandwidth терестријален дата линк до базната станица - а таа мора да биде на стотина-и-нешто метри до тебе. Повторно: До таа базна станица мора да дојде high bandwidth терестријален дата линк, за да обезбеди дата bandwidth. Инаку џабе 5Г што ќе имаш.

Значи размисли, ако до село-весело веќе доаѓа high bandwidth терестријален дата линк, ти секако ќе имаш подобри опции за интернет конекција од 5Г. Но еден риалити чек: овде по селата најчесто нема ни 3Г, а 5Г веројатно ќе нема никогаш. Пошто нема ни оптика.
Точно ај сега замисли оптика донесена до централно место да речеме у Маврови Анови, и немање потреба од копање низ национален парк понатаму, немање потреба од огромни трошоци, и немање потреба од кабли у викендицата. Само не е тоа идејата на 5Г, ќе објаснам подоле.
Разликата со 5Г, посебено кај смартфоните, е што СЕГА НЕ ПОСТОЈАТ ПОТРЕБИ кои можат да ја искористат новатата технологија. Но 5Г се форисира и се имплементира, иако сега не постои реална потреба за 5Г, и без доволно научни сознанија за штетноста по здравјето. Тоа е се што кажувам, никој не зборува за запирање на напредокот, зборуваме за малку здрав разум и претпазливост.
Проблемот е сеуште што толку си се врзал за смартфоните, а целата 5Г технологија најмалку од сè се развива за смартфоните. Значи ќе повторам и толку за ова. 5Г најмалку од се се развива за смартфони или поточно кажано за мобилна телефонија. Ама те мрзи да прочепкаш што сè може и би можело да има бенефит од тоа, како ќе работат разно разни работи, колку минијатурни можат да бидат, со колку мала излезна снага ќе работат (сега на пример бежичните уреди се во класа на mW, а овие ќе бидат замисли во nW) и со тоа ќе го олабават и тој мал термален импакт кој го има денешницата. Проста физика и малце математика (пошто снагата на зрачењето многу зависи од растојанието), што ни викаше еден професор на факс (нормално со бројки и формули на табла), деац бегајте од 100W сијалица дома над глава повеќе од да си на плоштад а околу тебе на НАМА да има 5 Базни станици. А се ова знам дека можеш, ама несакаш да провериш, прочиташ, се едуцираш, да ми личи дека намерно тераш инает во недостаток на аргументи.
Додатно 5Г не се форсира и имплементира. Далеку е сеуште од тоа. Се тестира е најсоодветниот термин.
Toчно, никој не зборува за кумулативната штетност која се АКУМУЛИРА. Пошто не се само базните станици и твојот телефон, тука се телефоните на други луѓе, телефоните на соседите, на колегите, нивните рутери, акесес поинти, нивните факинг телевизори кои денес сите имаат вај-фај конекции. Клима уредите имаат вај-фај, IoT влезе на мала врата, во се ставаат бежична комуникација.

Лудило без контрола.
Се заради „бенфитот“ да не мора да се ожичи уредот со етернет конекција.

Овде не треба да зборуваме само за штетноста на ЕМ зарачењето од мобилните телефони, треба да зборуваме за ЕЛЕКТРОНСКИ СМОГ. Пошто куп разни уреди денес зрачат штетно ЕМ зарачење. Сами по себе и не се толку опасни. Но кумулативно, собрано, и тоа како се опасни. А штетните ефекти исто така се кумулативни.

Затоа ти скренав внимание на кумулативното дејство. Нормално дека не очекувам ти да го измериш, очекувам само да употребиш разум и логика, па кога дискутираш да го земеш во обзир и тоа кумулативно дејство.
Аааа тебе ти било ЕМ зрачење уствари само ЕМ зрачење од разни уреди. Па дури и да е така, и тоа неможеш да го измериш. Пошто имаме уреди кои зрачат ЕМ од 10Хз до .... И да го земав во обзир погоре и ти пишав, ама скокна изгледа.
Еве пак ќе се вратиме на основното што го скокаш. Со цел тој твој ЕЛЕКТРОНСКИ СМОГ, мамбо џамбо страшење на народ, и останато, зголемен 10 кратно у последниов век, а најмалце 100 кратно у последните 20тина години, како не се гледа никакво доза-одговор барем корелирано (за каузалност нема ни шанси) зголемување на морбидитетот на на некои канцери или генетски деформации? Досега што би сакал Точакот да каже требаше да бидеме зомбија.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Враќам филм едно 70 години и гледам како цигарите се супер, како се добар лек за настинка, како никој нема да докаже дека се штетни. Па побогу, вегански се, немаат животинско во нив, тие се најсупер работа у свет. МИР и спокој за сите...
Мотам напред, оп, цигарите и не се така најсупер, се кашла од нив.
Уште напред, што да видам, иако трошат милијарди во маркетинг и се едни од најсилните играчи, кога тоа народот се свестува и кажува дека здравјето му е побитно од профитот.
Мотам уште напред, забрана за цигари по јавни установи....

Мотам уште 70 години напред, луѓето станеле преглупи за да разликуваат добро од лошо. Профитот е најбитен. Исто и стримање на некое ново мегагигаултра популаларно срање во 32К на 120 инчен телефон кој се дипли како салфетка и се носи во ранец кој е воедно и батерија и зрачи ко нуклеарка, ама што е тоа битно кога се стрима ко лудо.

IQ Scores Are Falling in "Worrying" Reversal of 20th Century Intelligence Boom
Dumb and Dumber: Many Developed Countries Are Imperiled by Falling IQ

Нема теории на заговор, има само љубов и профит. Ама ако изгуглате за теории на заговор кои се испоставиле дека се точни, треба само да кажете:
"Ова не е вистина", и да си продолжите да си го држите рутерот над глава.

Убава поента, само мислам дека повеќето нема да ја разберат. И тоа за штетноста на цигарите е добар пример, пошто после децении убедување дека не се штетни сега ни најдлабоко закопаната глава (во земја) не може да каже дека цигарите не се штетни. Само тогаш врвни доктори беа регрутирани да кажуваат приказни дела цигарите не само што не се штетни, туку дека се многу здрави.

Не толку различно како за 5Г технологијата сега, со тоа што се малку поумерени во приказните, сега „немало докази“ дека ем зрачење е штетно (постоечките докази се игнорираат).

Туку нешто за цитираното. Однапред се извинувам што следново ќе личи на офтопик: Idiocracy (2006) - IMDb
едит, еве трејлер (клик) ама важниот дел е долу во следниот извадок:
View: https://www.youtube.com/watch?v=icmRCixQrx8

За двајцата. За Локван по втор пат. И може да се заврши со споредбата на 5Г, Вакцини, Раунап, рептили, марсовци итн. со цигарите.

Споредбата дека порано викале сите дека пушењето не е штетно е МИТ. Мит е. Никогаш научната заедница не го тврдела тоа што го тврдиш ти, и порталите, и разни мемиња по нет. Едноставно е мит. Тобако индустријата да, го тврдела, го рекламирала, пробувала дури и да го докаже научно, но никогаш не бил нит станал научен консензус дека пушењето е ЗДРАВО. Само како пример, Нацистите уште во 1930 година забраниле пушење на јавни места и затворени простории (сакале и пошироко) поради научни докази уште тогаш дека има поврзаност помеѓу пушење цигари и рак на бели дробови.
 
https://www.history.com/news/cigarette-ads-doctors-smoking-endorsement
Blowing smoke: Vintage ads of doctors endorsing tobacco
Ова е непостоечко. Исто како и непостоечкото штетно влијание на зрачењето. Неколку добри грантови за испитување за "научници" и неколку добри медиски кампањи за "медиуми" и ете ти верглање колку се супер 5Г.
Исто и пестицидите се супер. Прашај ги пчеларите, ќе ти потврдат од прва рака.
Немој да веруваш на луѓе со реални проблеми, верувај на големи корпорации што убиваат за профит:
View: https://www.youtube.com/watch?v=nQyAmrBx0-0

и запамти:
војната (на луѓето) е мир (за елитата)
слободата (на избор на брендови) е ропство (кон брендовите)
незнаењето (на народот) е сила (на елитата)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.819
6.519
SK
@marv лесно ти е ова за цигарите да го наречеш „мит“, лесно е после временска дистанца и после работи кои никој (ете дури ни ти) не може да ги спори - работи како милионите починати од штетни последици од пушење цигари.

Поентата (која ја пропушташ) е дека како што за цигарите тогаш го правеле филмот, така за 5Г сега го прават филмот (и за хербицидите, и за куп други работи). Ти си дел од мнозинството кое го „купува“ филмот, пошто како што реков и поназад убава лага е попријатна од неубава вистина.

Ви врска со електронскиот смог, за непобитно да докажеме каузација (корелацијата воопшто не е спорна), потребни се повеќе студии и востпоставување методологија. Студии не се дешаваат, се игнорира проблемот и се бутка усвојување на новата 5Г технологија. За мене лично е извесно дека постои каузација (ЕМ зрачење, здравствени проблеми), но во денешното време на матење на работите сеуште немаме јасни дефиниции кое штетно влијание колкав ризик факор претставува. Се наоѓаат „оправдувања“ од типот „не знаеме точно зошто човеков добил канцер“.

Познати се механизмите во организмот со кои заради нејонизирачко ЕМ зрачење како тоа од 5Г, се доаѓа до штетни последици по здравјето, докажано е со студии и метастудии. Последиците се патофизиолошки ефекти - инфламација, оксидативен стрес, слободни радикали, итн.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.680
3.290
Еве пак ќе се вратиме на основното што го скокаш. Со цел тој твој ЕЛЕКТРОНСКИ СМОГ, мамбо џамбо страшење на народ, и останато, зголемен 10 кратно у последниов век, а најмалце 100 кратно у последните 20тина години, како не се гледа никакво доза-одговор барем корелирано (за каузалност нема ни шанси) зголемување на морбидитетот на на некои канцери или генетски деформации? Досега што би сакал Точакот да каже требаше да бидеме зомбија.
Погледај статистиката од 2000та навака.
Data and Statistics on Autism Spectrum Disorder | CDC
Чудно како се зголемува со зголемување на секакво загадување (што од пестидици, што од зрачење, што од воздух...)
Ама тебе ова не ти смета, битно да пичи интернетот.
Немаш деца веројатно.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Споредбата дека порано викале сите дека пушењето не е штетно е МИТ. Мит е. Никогаш научната заедница не го тврдела тоа што го тврдиш ти, и порталите, и разни мемиња по нет. Едноставно е мит. Тобако индустријата да, го тврдела, го рекламирала, пробувала дури и да го докаже научно, но никогаш не бил нит станал научен консензус дека пушењето е ЗДРАВО. Само како пример, Нацистите уште во 1930 година забраниле пушење на јавни места и затворени простории (сакале и пошироко) поради научни докази уште тогаш дека има поврзаност помеѓу пушење цигари и рак на бели дробови.

Научната заедница и тоа како вадела студии на големо кои докажувале дека не постои врска помеѓу рак на белите дробови и пушењето. И тоа траело со децении. Плаќаш 150 доктори да ти направат 150 студии. Посебно ако имаш трилијарди долари профит. Се е легално.

HuffPost is now a part of Oath

И забегавте од 5Г на многу други теми.
 
Тоа ни е поткрепа на тезата дека проблемите се прикриваат со помош на купишта пари. После години, проблемите излегуваат на виделина.
 
cele_x

hello world
2 септември 2012
347
443
Приватната вселенска компанија SpaceX на чело со Elon Musk кој работи на поврзуванје на паметната интелегенција (компјутери) со човечкиот мозок во орбитата ги лансира првите 60 од планираните дури 20.000 5г сателити.
Земјата , јоносферата и пониските слоеви на атмосферата имаат создадено електричен круг во кој живееме. Општо познато дека тој природен електромагнетен кругна земјата управува со биоритамот на живиот свет на земјата. Здравјето и опстанокот на целиот жив свет зависи од стабилноста на тој природен електромагнетен обрач што го има земјата и неговите својства во атмосферата.
Природните својства на тој електромагнетниот обрач се веќе делумно променети поради хармоничното зрачење на далеководите кое достигнува до јоносферата и магнетосферата каде што се зголемува интеракцијата со вал-честичките.
Поставување на повеќе од 10.000 такви 5г сателити директно во јоносферата и магнетосферата кои емитуваат модуларни сигнали од милиони вати и милиони фрекфенции ќе го пореметат природниот електромагнетен обрач на земјата надвор од можностите да би можело да се прилагоди било кое живо суштество на планетава.
Matrix in real :).
А ние и понатаму можеме да и се восхитуваме на технологијата на големите (болни умови).

5G From Space: 20,000 Satellites To Blanket The Earth
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
https://www.history.com/news/cigarette-ads-doctors-smoking-endorsement
Blowing smoke: Vintage ads of doctors endorsing tobacco
Ова е непостоечко. Исто како и непостоечкото штетно влијание на зрачењето. Неколку добри грантови за испитување за "научници" и неколку добри медиски кампањи за "медиуми" и ете ти верглање колку се супер 5Г.
Исто и пестицидите се супер. Прашај ги пчеларите, ќе ти потврдат од прва рака.
Немој да веруваш на луѓе со реални проблеми, верувај на големи корпорации што убиваат за профит:
View: https://www.youtube.com/watch?v=nQyAmrBx0-0
Како што и напишав. Корпорациите и нивниот маркетинг го велеле тоа. Научен консензус небило. Го покажа и докажа истото што јас го напишав. И денес имаш доктори кои се сликаат со глупи суплементи па дали тие делуваат. Не. Имаш доктори кои упорно лажат дека вакцините предизвикуваат Аутизам иако се раскринкани, па да ли е така. НЕ. И уште едно чудо глупости слични. Др ОЗ шема. Ама важното е што нема научен консензус.
и запамти:
војната (на луѓето) е мир (за елитата)
слободата (на избор на брендови) е ропство (кон брендовите)
незнаењето (на народот) е сила (на елитата)
Ова проповедиве нема ни да ги коментирам.
@marv лесно ти е ова за цигарите да го наречеш „мит“, лесно е после временска дистанца и после работи кои никој (ете дури ни ти) не може да ги спори - работи како милионите починати од штетни последици од пушење цигари.
Абре каква дистанца, ти кажувам факт од 30ти години на минатиот век. Не ми ставај мислење во уста. Дај плиз.
Поентата (која ја пропушташ) е дека како што за цигарите тогаш го правеле филмот, така за 5Г сега го прават филмот (и за хербицидите, и за куп други работи). Ти си дел од мнозинството кое го „купува“ филмот, пошто како што реков и поназад убава лага е попријатна од неубава вистина.
Молимте немој да "мислиш" за мене. Знам да мислам, на кино поретко идам, а филмови се оние на Јутуб што си ги вртите вие. Допир со реалноста немате. Да поинтересно е теории на заговор, знам.
Ви врска со електронскиот смог, за непобитно да докажеме каузација (корелацијата воопшто не е спорна), потребни се повеќе студии и востпоставување методологија. Студии не се дешаваат, се игнорира проблемот и се бутка усвојување на новата 5Г технологија. За мене лично е извесно дека постои каузација (ЕМ зрачење, здравствени проблеми), но во денешното време на матење на работите сеуште немаме јасни дефиниции кое штетно влијание колкав ризик факор претставува. Се наоѓаат „оправдувања“ од типот „не знаеме точно зошто човеков добил канцер“.
Дај да видам научен консензус за корелација плиз? Не студија, консензус.
Познати се механизмите во организмот со кои заради нејонизирачко ЕМ зрачење како тоа од 5Г, се доаѓа до штетни последици по здравјето, докажано е со студии и метастудии. Последиците се патофизиолошки ефекти - инфламација, оксидативен стрес, слободни радикали, итн.
Не ова се само претпоставки твои и на Др. Полл кој упорно го браниш, и за кој доволно напишав и нема да се повторувам. НЕМА консензус ниту теорија за штети од нејонизирачко зрачење надвор од топлински ефекти. Се друго се поединечни, неповторени студиички на животинки. Ни до Примати не стигнале, а камо ли до луѓе нешто да докашат.
Погледај статистиката од 2000та навака.
Data and Statistics on Autism Spectrum Disorder | CDC
Чудно како се зголемува со зголемување на секакво загадување (што од пестидици, што од зрачење, што од воздух...)
Ама тебе ова не ти смета, битно да пичи интернетот.
Немаш деца веројатно.
Ајде, само чекав кој ќе го убута Аутизмот, вакцините и слично у целиов муабет. Тебе ти беше среќата а :) Ај сега тој линкот од ЦДЦ препрочитај си го и кажи кај пишуе дека е од пестициди, зрачење, воздух. Ај најди статистика од 1970 навака, па спореди класификација и слично. Па спореди опшествено социјални погледи. Па можда (ама неверувам) ќе ти се разјасни.

Научната заедница и тоа како вадела студии на големо кои докажувале дека не постои врска помеѓу рак на белите дробови и пушењето. И тоа траело со децении. Плаќаш 150 доктори да ти направат 150 студии. Посебно ако имаш трилијарди долари профит. Се е легално.

HuffPost is now a part of Oath

И забегавте од 5Г на многу други теми.
Да, например како од линков дека вакцините предизвикуваат аутизам, нели? Плус вадење студии не е еднакво на научен консензус. Кога бре и ти и Локван и многу други ќе разберете дека студија не прави сознание а камо ли консензус, теорија или факт.
Тоа ни е поткрепа на тезата дека проблемите се прикриваат со помош на купишта пари. После години, проблемите излегуваат на виделина.
Па мислам дека дури повеќе и од цигарите сме временско-историски изложени на разно разни ЕМ зрачења. Кај се последиците. Или треба уште да ги чекаме? Абе гарант овие со париве и времето ќе го сопрат за да не видиме, нели :)
 
cele_x

hello world
2 септември 2012
347
443
Па нели човекот (Американците) има стапнато на месечината, беше потврдувано многу години наназад па после излезе дека било монтирана студиска снимка.
Поентата ми е во што да се верува?
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Приватната вселенска компанија SpaceX на чело со Elon Musk кој работи на поврзуванје на паметната интелегенција (компјутери) со човечкиот мозок во орбитата ги лансира првите 60 од планираните дури 20.000 5г сателити.
Земјата , јоносферата и пониските слоеви на атмосферата имаат создадено електричен круг во кој живееме. Општо познато дека тој природен електромагнетен кругна земјата управува со биоритамот на живиот свет на земјата. Здравјето и опстанокот на целиот жив свет зависи од стабилноста на тој природен електромагнетен обрач што го има земјата и неговите својства во атмосферата.
Природните својства на тој електромагнетниот обрач се веќе делумно променети поради хармоничното зрачење на далеководите кое достигнува до јоносферата и магнетосферата каде што се зголемува интеракцијата со вал-честичките.
Поставување на повеќе од 10.000 такви 5г сателити директно во јоносферата и магнетосферата кои емитуваат модуларни сигнали од милиони вати и милиони фрекфенции ќе го пореметат природниот електромагнетен обрач на земјата надвор од можностите да би можело да се прилагоди било кое живо суштество на планетава.
Matrix in real :).
А ние и понатаму можеме да и се восхитуваме на технологијата на големите (болни умови).

5G From Space: 20,000 Satellites To Blanket The Earth

Па нели човекот (Американците) има стапнато на месечината, беше потврдувано многу години наназад па после излезе дека било монтирана студиска снимка.
Поентата ми е во што да се верува?
Што е следно на репертоарот молимте? Земјата е плоча? Сонцето се врти околу земјата? Рептилијанска раса управува со нас како марионети ?

А она со сателитине, милионите вати, па фреквенции... Па ова се бисери на мудроста кои одамна ги неам слушнато. Дефинитивно за букмарк е ова (фолдер - Најголемите глупости некогаш напишани).
Јоносфери, Магнетосфери ... Абе гарант професорите по физика, географија, па и природни науки у моментов ги фатило икавица од срам.
@Astro Ова мора да го видиш со магнетосфериве :) Со сателитчиња ќе менуваат магнетосфера.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.680
3.290
Па мислам дека дури повеќе и од цигарите сме временско-историски изложени на разно разни ЕМ зрачења. Кај се последиците. Или треба уште да ги чекаме? Абе гарант овие со париве и времето ќе го сопрат за да не видиме, нели :)
Ти пишувам факт дека се зголемуваат бројот на болести.
Тоа што не знаат да поврзат што ги предизвикува со научна метода, не значи дека нема поврзаност.
Нешто предизвикува. Зрачењето од телефоните и телефонските антени е една од многуте појави што прават проблеми. Табелата што ти ја пратив е факт. Факт е дека тоа не се јавува во средини каде ги нема модерните удобства. Тоа на паметен му е доволно да направи дедукција.
Инает ќе каже дека мора да има консензус. Ама каде си видел консензус за било што на планетава?
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Да, например како од линков дека вакцините предизвикуваат аутизам, нели? Плус вадење студии не е еднакво на научен консензус. Кога бре и ти и Локван и многу други ќе разберете дека студија не прави сознание а камо ли консензус, теорија или факт.

Kонсензус, теорија или факт? Што сакаш ТИ поточно, не е исто.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.893
5.604
Ти пишувам факт дека се зголемуваат бројот на болести.
Тоа што не знаат да поврзат што ги предизвикува со научна метода, не значи дека нема поврзаност.
Кој факт? Табелата за АСД?
Тоа што не можат да поврзат што ги предизвикува со научна метода, не значи дека има поврзаност. Ако веќе си играме претпоставки.
Нешто предизвикува. Зрачењето од телефоните и телефонските антени е една од многуте појави што прават проблеми.
И ова треба како факт да го земам нели. Ок.
Табелата што ти ја пратив е факт. Факт е дека тоа не се јавува во средини каде ги нема модерните удобства. Тоа на паметен му е доволно да направи дедукција.
Табелата е факт за АСД од 2000 г. наваму и толку. Ти реков ај види како било од 1970 наваму. Како се класифицирало тогаш. Како е дојден наеднаш скок кога неколку состојби и нарушувања ги спикаа под заедничко име autism spectrum disorders (ASD).
А, извини, каде тоа е факт дека во порурални места не се јавува АСД? Нон-сенс. Тресење од ракав.
Инает ќе каже дека мора да има консензус. Ама каде си видел консензус за било што на планетава?
Има колку сакаш научен консензус. На пример дека земјата е округла - топка - сфероид. Дека се врти околу сонцето не обратно. Дека брзината на светлината е 299792458 м/с. И уште милион работи.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.819
6.519
SK
@marv не можеш ти произволно да кажуваш што е консенсуз а што не е, знам дека ти би сакал (и се обидуваш).

Прво „консенсуз“ е многу релативна работа, затоа многумина (па и ти) го толкуваат како им одговара. Ова за 5Г не е единствениот момент со штетни работи кои се буткаат насила, пошто као немало „научен консенсуз“ за штетност а всушност се избегнува правење на повеќе студии и истражувања за последиците по здравјето, додека се бутка имплементацијата на 5Г.

Историски гледано јасни се работите, познати се фактите. Почнувајќи од ДДТ инсектицидот, за кој „научно“ било докажувано не е штетен (за после повеќе децении профитирање да испедне дека исклучително штетен. Продолжувајќи со цигарите за кои мнозинството научници тогаш немале никакви замерки, повеќето доктори и јавно промовирале пушење цигари како здрава пракса, па продолжувајќи со реклами дека две кутии цигари придонесуваат до здрави бели дробови... И сега ти можеш до бесвест да ја повторуваш пропагандата што ја читаш на проестабилшмент сајтови, ама тоа не ја менува историјата.

За 5Г можеби сеуште нема доволно податоци, ама за цигарите и за ДДТ/Роундап/Глифосат, за тоа барем сите можат многу лесно да проверат и сами да се уверат дека не си во право.

едит:
Има колку сакаш научен консензус. На пример дека земјата е округла - топка - сфероид. Дека се врти околу сонцето не обратно. Дека брзината на светлината е 299792458 м/с. И уште милион работи.
Дај немој вака, туѓ страм ме фаќа. Ова што го набројуваш се научни факти, уврдени и докажани со научни методи, а не некаков „консенсуз“. :boring:

Ете собери сега куп верници и заедно може да дојдете до консенсуз дека Господ го создал универзумот пред неколку илјади години. Тоа ќе биде КОНСЕНСУЗ, додуше ваш консенсуз кој нема да вреди ништо, ама тоа дефинитивно ќе биде консенсуз.
(и пошто си спор и не разбираш иронија ни хумор, да ти нагласам дека ова погоре е метафора а не коментар за твоите религиозни определби)
 
Последна промена:

cele_x

hello world
2 септември 2012
347
443
@marv мислам дека телеком мк има веќе склучено договор за 5г. Па се надевам дека ќе бидеш пресреќен ако бидеш меѓу првите кои ќе ги уживаат бенефитите.
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.510
31.966
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Било што од погорното сакам. Еве за почеток консензус. За научна теорија и факт е малце посложено.

Како докторите препорачувале цигари без научен консензус?

Не се брукај.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно