1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Jedah, 4 Март 2019.

  1. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    869
    1,289
    6 ноември 2007
    [​IMG]


    2018 е направено испитување а неодамна повторно се дигна прашина за зрачењето кое го емитуваат Xiaomi мобилните телефони.
    German Federal Office for Radiation Protection излезе со листа на телефони кој зрачат најмногу и испадна дека Xiaоmi и One Plus уредите се најлоши по тоа прашање.

    Cellphone Radiation Report Tags Xiaomi, OnePlus as Worst Offenders | Digital Trends

    [​IMG]

    Резултатите покажуваат дека Xiaomi Mi A1 e телефон кој е на границите за безбедност (согласно 1999/519/EC и IEEE Std C95.1-2005 од 2.0 W/kg) со своите 1.75 W/kg го прави портабилен Чернобил кој ја бомбардира вашата глава секојдневно со наводно безопасното нејонизирачко зрачење.
    Тука секако “бенефит” има и вашата сперма од носењето во џев на овие примамливи - по сооднос цена-перформанси – телефони.

    Секоја компанија има и мора јавно да ги истакне вредностите за своите уреди.

    Mi Global Home
    SAR
    SAMSUNG

    И од тоа што се гледа може да се заклучи е дека вредностите кај Xiaоmi се поразителни.

    Од тука произлегува болната вистина за цената која ја плаќаме заштедувајќи некое евро плус.
    Купуајќи сомнителни уреди без RoHS стандарди, без FCC стандарди, без FDA стандарди.
    Кратено кај што се може и не се може за да се постигне конкурентна цена.
     
    На ivan88, kocani, The-spiki и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. prolivot

    prolivot
    Gaining Experience

    168
    198
    28 Декември 2014
    Јас заради ова си напраив и tinfoil капа за курето покрај таа на глава што ја носам. #staywoke

    Sent from my Poco F1 using Tapatalk
     
    На prichina, Draynor, mviktors и уште 17 други им се допаѓа ова.
  3. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    500
    491
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    него ај со Xiaomi штедиме денарос .. ами iPhone8/iPhone7 чуму на листа со Xiaomi се бркаат?
     
    На temelk4, Draynor, RagingDemon и уште 9 други им се допаѓа ова.
  4. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    111
    74
    21 Мај 2017
    трилионска не се станува со трошење
     
    DelphiUser, Futurelakimens, The Geek Boy и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    И најдоле ова.


    There have been various studies that claim cellphone radiation is harmful to humans, potentially causing cancer, and there appear to be the same number of studies that debunk that claim. According to the initial findings of a $25 million study by the National Toxicology Program, radiation from smartphones does indeed cause cancer, but a pair of government studies said that the amount of radiation coming from smartphones will only be harmful to rats, and not to humans.
     
    На marv и Oktar им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,625
    24,608
    4 Септември 2008
    иПхоне не се споредува со андроид, само со иПхоне.
     
    На Draynor, RagingDemon, bicikle и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,936
    2,909
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Zatoa pola forum so cenive so gi digaat nagolemo izglea koristat xiaomi mi a1...
     
    zipi123, kocani и на DarthJe5us им се допаѓа ова.
  8. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    730
    1,183
    12 Септември 2013
    Машко
    Јас светам ноќе.
     
    На Draynor, Necromancer, DonFrozex и уште 6 други им се допаѓа ова.
  9. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,093
    1,302
    5 Септември 2008
    Машко
    Може на форум за технологија да немаме наслови ала Точка и Курир? Фала

    FYI: Everything is radioactive.
     
    yasho, borcep, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,820
    3,841
    28 oктомври 2008
    Јас оддамна престанав да палам светло кога одам да мочам...:D

    Испратено од Mi A1 Radioactive
     
    На Draynor, aleksandardespotovikj, Noumenon и уште 9 други им се допаѓа ова.
  11. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    623
    662
    9 Декември 2015
    Машко
    Може како Мактел: Мега нуклеарна бомба: кинезите не зрачат!
    Инаку точно сите зрачат но има стандарди кои треба да се почитуваат.
     
    На kocani му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,667
    1,708
    8 Мај 2007
    Машко
    Шаоми редми ноут 3 (што го користам) = 0.42
    vs
    Ајфон = 0.62 - 1.38

    Што би кажале, фејкњуз
    Или во превод, маркетиншки напад од некој бренд врз некој друг бренд. Некој се осеќа загрозен.
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  13. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    111
    74
    21 Мај 2017
    Кај мене Xiaomi note 4 е со 0.72 или во превод помалку од сите iphone освен кецот.
     
  14. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    869
    1,289
    6 ноември 2007
    Ова е Alex Jones level conspiracy :D

    Настрана радијација, штетноста и сите тие работи....
    Сепак останува непобитен факт што BfS - Startseite кредибилен истражувачки центар ги објавува овие податоци каде имаме уреди кои зрачат и до 10 пати повеќе од некои нивни конкуренти.
    НЕ само за Xiaоmi, One Plus туку и за сите останати во таа критична зона. Што тоа значи за нивното производство?
    Дека не се води грижа во изработката? За материјалите/дизајнот/видот на антените?

    Интересно е нели размислувањето на сево ова.
    Ниту ПМ10 чеситичките во најзагадено на светот Скопје нема да ве убијат моментално и инстантно, потребно е да поминат децении и децении години и ете некаква веројатност за евентуален здраствен проблем, па сепак се води активна кампања за сузбивање и подобрување на квалитетот на живот.

    Затоа што токму тие маргинални секундардни фактори го дефинираат квалитетот на животот кој вие ќе го имате.
    Ако се грижиш да дишеш подобар воздух.
    Ако се грижиш за храната која ја внесуваш.
    Ако се грижиш за квалитетот на водата.
    Aко се грижиш за едно сонце и неговите ув зрачења.
    Зошто тогаш не би се грижел за штетноста на електронските уреди и нивното влијание кое тие би го имале.

    Иронично, Нацистичка Германија е прва земја во светот која 1941 после направени стуудии воведува санкции и даноци во тобако индустријата знаејќи ја штетноста од конзумирањето, никотин, катран и останати супстанци... Тоа што за цел свет претставувало гламур, софистицираност и сексуална привлечност, за една Германија претставувало лоша навика. :)

    Мислам се надевам се согласувате со фактот дека не би сакале на вашата зграда VIP/Телеком да ви постават базна станица, макар тоа да ви носи месечен прилив од неколку стотици евра и да ви ги покрива сите тековни трошоци за одржување.
    Дополнително живеењето покрај Далноводи сеуште не е дефинирано како штетно бидејќи електромагнетното поле не е стриктно дефинирано како јонизирачко зрачење па да може директно да наштети на структурата на ДНА-та, мегутоа пак се тие студии кои пронаоѓаат одредена поврзаност во зависност од спектарот и го дефинираат како ризик фактор

    :D
     
    На Rukfash, temelk4, Draynor и уште 13 други им се допаѓа ова.
  15. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,845
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    По дефиниција, дури и во согласност со FDA, се што не е докажано дека е штетно, не е штетно.
    Или во превод - треба некоја установа државна да си направи тестирање за соптвените потреби ( читај: сопствените граѓани) , дали нешто е штетно, да докаже со испитување и дури тогаш ќе биде штетно.
    Мнозинството од оние кои се засегнати немаат средства да направат научно истражување, а оние кои можат и се засегнати едноставно нема да фрлаат пари да истражуваат за да му докажат на некого, туку само ќе се изолираат од штетните извори во некоја remote локација. А и проблематикава е таква по природа да не е возможно доволно долг период да се набљудуваат лабараториски два организми за да се утврди. Едноставно, времето ќе покаже и секако дека многу луѓе ќе бидат жртви. Така беше и на почетокот кога почнаа да ставаат олово во горивата/бензинот, за да работи помирно моторот. Требаше еден единствен научник, К.Пaтерсон, да вложи енормен труд и знаење за да докаже дека е штетен. Така е со радио фреквенцијата. Точно е дека не е штетна во умерени дози, како што и секој друг отров не е штетен во доволно мали дози. НО, со минимум 2 предаватели за мобилна телефонија и безброј неконтролирани WiFi мрежи во етерот, нема теоретски шанси на долги патеки да нема последици по организам кој настанал во услови во отсуствуваат овие загадувачи на етерот. Се што отсуствувало тогаш е неопходно за нормален развој на секој организам. ВО присуство на овие загадувачи организмот започнува да се прилагодува и да мутира.
     
    На temelk4, Rac58, kocani и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    За штетноста од електронскиот смог тек допрва ќе се зборува, сега сеуште се јаки филмовите за теории на заговор. Пропагандата не би постоела како концепт луѓето да не се склони кон самозалажување и игнорирање на фактите.

    Така на времето и за цигарите збореле дека се најбоља ствар на свет и ептен добри за здравјето:
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]



    Aбе научни студии има и за двата ставови (штетно/нештетно), само кој да процени confirmation bias? ;)
    На крај сите тие SAR вредности се декларираат со причина, за утре ако некој му текне да тужи - да му покажат декларација и да му објаснат дека самиот е одговорен да се информира и да процени.

    Многу студии има, и научници кои предупредуваат на штетноста од 24/7 изложеност на високофрекфентно радио зрачење. Но зависност од социјални мрежи и слично, сето тоа си го прави своето мнозинството едноставно да „не ги интересира“.

    Едно интересно размислување на темава, кој го интересира:
    View: https://www.youtube.com/watch?v=h-qzqOhDc_0

    Electromagnetic Radiation Safety: 5G Wireless Technology: Is 5G Harmful to Our Health?
    https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0013935118300355
     
    На temelk4, Krkac, kocani и уште 6 други им се допаѓа ова.
  17. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Пази сега, тоа се две различни работи. Никој не тврди дека радијацијата не е штетна.

    Радиокативно е свашта меѓу нас. Природната радијација е она што највеќе не зрачи. Мобилни, рутери, радио, ТВ и други бранови се помалце од 10% од вкупната радијација што ја примаме.

    А во случајов Xiaomi A1 е 0.000006% од проблемот. Дури и да се лишиме од се и да се преселиме во северна Канада без ниеден електронски уред, без струја и сите quality of life ситници, пак примаме сончево и космичко зрачење.

    Одземајќи ги нуклеарна медицина и медицински анализи (кои се ситуционални), Consumer Products се уште се на многу ниско ниво за да станат доминантен проблем. Иако е од 2009, нека рипнало на 10 посто (што не верувам). Сорс има на сликата од кое испитување е ова.

    [​IMG]

    А тука во питата се и чернобил (без фукушима)
     
    На temelk4, Oktar, kocani и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,625
    24,608
    4 Септември 2008




    Нема ништо нејасно, причината заради која имате дилеми и релативизирате е затоа што на некого токму и тоа му е целта, исто е и во светот на нутриционистите, каде се наводно поделени у мислења, а уствари се работи за трик на прехранбената индустрија.

     
    farkizz, Lokvan, Metuzalem и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Во случајов всушност зборуваме за радио бранови, не општо за радијација. Освен понекои рандом радио бранови од вселената, еволуциски гледано како вид никогаш не сме биле изложени на ваква количина на радио зрачење. Тие радио зрачења се многу слаби, и затоа се градат огромни радио телескопи за воопшто да можат да се регистрираат.
    Дефинитивно постојат конкретни студии за радио зрачење од мобилната телефонија (и друго), студии кои покажуваат и докажуваат штетно влијание на целуларно ниво, посебно врз ДНК и митохондриите на клетките.

    Од другата страна во одбрана се покажуваат студии кои се концентрирани на докажување дека термалниот ефект од тоа зрачење е занемарлив - што не е спорно. Спорно е тоа што се игнорираат нетермалните ефекти, кои ги има и кои се доволно добро документирани за да се види димензијата на проблемов.
     
    bxxxn, Krkac, The-spiki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    А HAARP-от го заборавивте мамојебачи :) Со него мозокот може чорба да ти го направи.
     
    На kocani, Noumenon, DonFrozex и уште 6 други им се допаѓа ова.
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,802
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Е добро де, скоро се од ова што користиме е не јонизирачка радијација која неможе директно да оштети ДНК. SAR-от што се дискутира во темава е радио бран. Со толку мала сила што стварно нема докази дека е штетен.

    Source Cellular Phones

    БТВ, ако толку е штетно, користете блутут слушалка. Ох чек чек и таа зрачи. Обични слушалки со гајтан. Ама чекај, нема иПхонот џекче.

    Дај сменете го насловов на темава ако веќе се фаќаме за зрачење од ваков тип. Ама гарант на крај ќе се испокараме и ќе влезат во дискусија Биопирамиди и Кристали кои девица ги држела под перница 2 години.
     
    На bxxxn и yasho им се допаѓа ова.
  22. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,820
    3,841
    28 oктомври 2008
    А со алуминиум што запрашуваат да бидеме апатични?

    Испратено од Mi A1 преку IT.mk форум апликација
     
    На kocani и krema им се допаѓа ова.
  23. krema

    krema
    Professor

    8,603
    8,342
    24 Јуни 2009
    Машко
    Маани, ко ќе ми текна на тоа ич не ми се искача од дома, ненормални, кај најдоа со алуминиум огин да ги изгори.
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,625
    24,608
    4 Септември 2008
    Така, само прајте си заебанции, и бидете премногу "кул"за да се секирате за здравје.

    Знаете што е интересно, моментот кога некој ќе се соочи со некој проблем, од супер заебанти и тролови ќе станете како бубачки, до сега многу такви случаи сум видел.
     
    На zipi123, Rac58, SaraPikseli и уште 11 други им се допаѓа ова.
  25. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,936
    2,909
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Зрачењето е насекаде , на пример од мајнинг риговите си добив утрински мигрени.
    А и во скоро секој телефон и зависно од тоа колку време се користе во текот на денот/ноќта исто има главоболки.
     
    На kocani му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...