1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    158
    322
    21 Февруари 2009
    Колку и да избегнувам да давам апсолутистички тврдења...

    ...не, нема. Постојат физиолошки граници на човечкиот слушен апарат. Најголемиот опсег на THD истражувања се прави таму каде што е најважен - високотехнолошки слушни апарати.

    Што нема да ги спречи инжинерите да бркаат што е можно подобри бројки, ако тоа му помогне на маркетинг одделот на производителот да продаде (1) повеќе и (2) за повисока цена.

    Овој NwAVGuy? Дизајнерот на O2? Ќе беше убаво да продолжеше да твори, кои и да се причините поради кои престана. Факт останува, додуша, што сите свои постулати, барем во своите пишувања, NwAVGuy ги базира на комбинација од мерења и слушни тестови, но во комбинација која му одговараше на моменталниот став - некогаш преференца кон слушни тестови, некогаш строго кон видливи разлики во мерења.

    Го прочитав - благодарам на интересно четиво. Фактот останува, сепак, што прагот за THD му е арбитрарно дефиниран. И никаде не тврди дека тоа се потврдено слушливи прагови.

    Затоа што и не може.

    Всушност, во самата нишка, генералното чувство е дека THD праг од 0.05% (а не пак од 0.0001%) е крајно неразумен - особено во комбинација со типичен нормализиран THD од 3% кај мастер ленти.
     
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,544
    12,801
    2 Август 2012
    Машко
    Грешка во изразувањето. Требаше да напишам XLR кој нема да оксидира. Вака испадна дека XLR-ите не оксидираат што е нонсенс...донекаде (зависи од што материјал се)
    Несродни метали нема што да бараат во аудио конекторите. Подлога од фероникел со позлата или сребро е big no no заради хистерезата која се јавува како резултат од употребата на феромагнетен материјал.
    Конекторите би требало да се направени од бакар со позлата или сребро. И жиците во нив да не се лемени туку кримпувани (од истите причини)
     
  3. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    158
    322
    21 Февруари 2009
    Не разбирам. :(

    Да бидам попрецизен. Референцата на несродни метали во моето претходно пишување се однесуваше на контакт на несродни метали од различни конектори. Како на пример, контакт на машки XLR со позлатени пинови со женски XLR со посребрени пинови. Во примерот од моето пишување, целев на фактот дека и двата конектори кои го остваруваат контактот се изработени од истиот материјал, со истиот процес на превлекување.

    Убаво би било да може да биде така. Но речиси сите производители користат подлога (или попрецизно, препрека) помеѓу основниот метал и завршната превлака. Најчесто никел (како најефтин), поретко бакар (колку и да звучи парадоксално да се побакрува бакар), а најретко како препрека (бариерен слој) не користат ништо, туку директно финална дебела превлака (според пишувањата, ова го прави AudioQuest).

    Бариерниот слој е клучен при електрохемиско превлекување, од едноставна причина што бакарот продира од долу (внатре) кон горе (надвор) и ја дестабилизира превлаката. Ова се согледува кај голем дел "позлатени" парчиња кои потемнуваат по некое време. Не затоа што не се позлатени, туку затоа што слојот на позлата е најтенок можен (за заштеда) и не постои бариерен слој.

    Најголемиот дел на конектори во аудио индустријата сепак се изработуваат од месинг, кој пак е легура на бакар. Проблемот на продирање на бакарот е овде уште поизразен.

    Ретки производители (знам за пишувањата на AudioQuest) имаат процес за посребрување / позлатување со дебел слој на превлака, со цел да се избегне бариерниот слој...

    ...иако и ова не е универзално решение. При конектори, кои се дизајнирани за повеќекратни циклуси на поврзување (ретко кој "аудиофил" нема неколку пати во својот живот да спои / разедини контактни површини) неизбежно е оштетување на превлаката, и повторна оксидација.

    Инаку...

    ...муабетов тргна од змиското масло на The Chord Company. Иако е, во најмала рака, некултурно од моја страна да отфрлам производ кој не сум го пробал, можам без размислување да кажам дека немам ни желба да го пробам, дури и да има објективни предности.

    Но не би било во ред врз основа на изолирани случаи да елиминираме цела една серија на производи кои имаат валидно место во еден ентузијастички (многу посоодветен збор од аудиофилски) ланец.
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,544
    12,801
    2 Август 2012
    Машко
  5. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    158
    322
    21 Февруари 2009
    Супер четиво.

    Но се уште не ми е јасно што се мислеше со ова:

     
  6. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,544
    12,801
    2 Август 2012
    Машко
    Што треба да се мисли и што пробуваш да ми кажеш? Мачно е веќе
    Се што треба да се каже има(в) напишано во темата. Дај да не ја труеме темава непотребно
     
  7. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    158
    322
    21 Февруари 2009
    Во право си - се работи за мое неспретно читање на работите. Mea culpa.
     
  8. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,663
    2,515
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Кул геџет од ИКЕА, а и не е толку скапо ако вади квалитетен звук:



     
  9. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    158
    322
    21 Февруари 2009
    Освен ова, постои и ова:

    Akustika | Ldecibel
     
    gokica, Rikimaru и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  10. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,017
    4,280
    28 oктомври 2008
  11. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    139
    507
    9 Декември 2016
    Машко
    Знам дека има теми за препорака на слушалки бубици, но ќе пишам во оваа бидејќи е најактивна.
    Сакам да земам ефтини блутут безжични слушалки од Алиекспрес на пример, но изборот е огромен. Ќе замолам за препорака на слушалки, ќе се користат впарени со телефон за слушање на онлајн радија и поретко mp3-ки. Она шо барам е следно:

    - Неупадливи и шо е можно помали, минималистички дизајн;
    - Солидно времетраење на батерија;
    - Прифатлив аудио квалитет, преферирам флет балансиран звук;
    - Можност за мастер/слејв свич, користење само на една слушалка.

    Ги меркам Haylou GT1 и претпоставувам има некој на форумов шо ги поседува, бидејќи има преку 40 ривјуа со 5 ѕвезди од купувачи од Македонија, па ме интересира општа функционалност на слушалките:
    Haylou-GT1-Review-01.jpg

    Интересно е дека овие Haylou GT1 се продаваат и како Xiaomi Haylou GT, а споредени со Mi Airdots се многу слични, некаде прочитав дека се: side project of QCY, Haylou and QCY both under a Chinese company names LieSheng, which received an A-round funding from Xiaomi. It manufactures BT earphones for Xiaomi like the Redmi Airdots, and OEM for other brands like Soundpeats, Dudios, etc, hence these models all look almost identical and use similar Realtek chips.

    Haylou-GT1-Mi airdots_1600.jpg

    Ако имате некој друг предлог или препорака од реално корисничко искуство, многу би ми помогнало во изборот.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    429
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    QCY T5 - ги исполнуваат сите услови.

    Едит: На моб. сум, не можам да пишам подетално. Прочитај ја рецензијата на Андреј.
     
    На CBB_6 и martinmax им се допаѓа ова.
  13. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    139
    507
    9 Декември 2016
    Машко
    Свесен сум за Т5 (прочитав и му вервам на Андреј) ама ми пречи издолжениот дизајн, не ми се допаѓа, па така повеќе би ми одговарале QCY QS1 или QS2, ќе ги земам во обзир...

    Ми текна уште еден критериум, да има контрола за гласност на самата слушалка (ако е возможно да го има то во овој ценовен ранг) :)
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    533
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Имам неколку прашања поврзани со нарачка што планирам да ја правам во наредните 2-3 недели, Сакам да нарачам JBL 305P MK2 звучници и планирам да ги користам за слушање музика од ПЦ. Немам DAC, ни појачало ни пак дедицирана звучна картица. Имам интегрирана звучна што има обичен мал банана излез. Колку што разбрав од читање по сајтови и форуми е дека не ми треба појачало зошто звучниците си имаат вградено во нив, не се уште не можам да разберам дали ми треба DAC и/или звучна картица за да се добие оптимален квалитет на звукот. Па би сакал некој да ми објасни дали ми треба некои од овие два уреди или ми треба нешто друго. Препорака за уред[и] би била добредојдена во ценовен ранг од +/- 100 евра, односно уред што ќе си брка работа со достоен квалитет на звук. Ако треба додатно компоненти како на пример асални кабли итн, би сакал препорака и за тоа. Благодарам!
     
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,408
    27,100
    4 Септември 2008
    Со оглед на матичната која ја имаш не ти е обавезно да земеш DAC. Имам low end матична, и се изненадив колку подобро свират звучниците за разлика од претходно на другата матична. Порано користев STX, но сега за овие звучки не ми е потребен. Сепак ако инсистираш, види дали твојата матична поддржува Xonar STX и обратно, и побарај на Ebay, може да има и уште подобар избор - понови продукти кои не ги пратам добро за жал, тука другите ќе ти помогнат, порано STX беше алфа - омега.
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    429
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Focusrite Scarlet 2i2 3rd Gen ќе е одличен ADC/DAC за тие звучници. Но, околу 150/170 евра кошта.

    За секој случај, ѕирни ги и HS-Series Јамахите. Солидни монитори се.

    И обавезнп да набавиш и балансирани кабли.
     
    Последна промена: 29 Февруари 2020
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    533
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Фала Мац. Но нема да ги користам на тој компјутер, туку на послаб кој има MSI Б350 матична. Xonar-ов е во ист ценовен ранг на Focusrite Scarlet 2i2 што ми го препорача TheMarshall. 150-170 евра не ми се проблем, но ако треба да избирам меѓу овие два прпораката од TheMarshall ми стои подобра, а дали сум во право не знам.

    Фала за препораката, Scarlet ми стои доста добар избор и цената е во ред. A за Yamaha-та, претпоставувам ми збориш за HS5 моделот, цената им е 170 евра парче. JBL-ките ги најдов за гага 100 евра парче, и колку што гледам по форуми разликата е скоро непостоечка, некои ги фалат JBL некои Yamaha. Така да по ова прашање мислам дека ќе си стојам на мојата одлука. Сепак фала!

    Меѓудругото, какви се тие балансирани кабли, ќе купувам од Грчка и ќе треба ваљда да им кажам некој модел/технички опис што стручни луѓе ќе го разберат.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    429
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Да, JBL 305 би ти биле каде каде боље за секојдневно користење. Мислам дека нема да направиш утка и јас ги меркав истиве звучници. Инаку во која продавница ги најде за 200E пар или ќе ги нарачуваш од Томан?

    Тоа ти е XLR кабел, го подцртав на сликата подолу балансираниот влез.

    Најверојатно Focusrite Scarlett 2i2 и балансирани кабли би ти помогнале да го решиш шумот што се јавува на твитерот.

    91Gq1JAUJxL.jpg

    Edit: Мисламн дека Focusrite-от нема XLR излез. Треба да прогуглам.
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    158
    381
    4 Септември 2012
    Машко
    Купив Haylou GT2, стојат по дома. Не троши пари, купи QCY T5 или QS1/QS2 мада не се толку комотни како T5. Дизајнот и мене ми беше грд, ама ќе ти помине :)

    Тогаш DAC-от со каблите ќе биде поголема инвестиција од самите звучници JBL, кои се одлични за парите. Ако сакаш нешто поевтино за да почнеш веднаш да слушаш музика, можеби пробај со ова:

    [​IMG]
    и некој dongle DAC како Apple USB-C to 3.5 mm Headphone Jack Adapter.
     
    FreakyDroid, CBB_6 и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  20. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    533
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Од овде ќе ги земам
    JBL 305P MkII ΤΕΜΑΧΙΟ | Petropoulos | soundimage.gr

    Колку што гледам нема XLR излез, но барав RCA to XLR adapter и најдов ова
    https://www.amazon.com/Monoprice-XLR-Male-RCA-Cable/dp/B001VLW398
    претпоставувам ќе работи но не знам дали се губи квалитет со конверзација. Читав по малку, сите викаат не се губи, не далеку сум од експерт и не знам дали е ова точно.
     
  21. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    533
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Гледав и такви некои опции, или вакво нешто на пример но немам доволно познавање во проблематикава да знам дали ова ќе е доволно или не.
     
  22. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    554
    518
    26 Јуни 2012
    Машко
    До вие што сте поупатени во аудио сферава. Има ли кај нас компанија каде што може да се однесе засилувач или пак звучници да им се измерат карактеристики?
    Пример засилувач купен на старо или пак направен самостојно за кој сакам да се измери THD и фреквентна карактеристика.
     
  23. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    429
    601
    3 Јануари 2019
    Машко
    Акустички мерења | Audio Expert

    Google препарување ги дава овие. Можеби вршат нешто такво или бар ќе знаат каде да те упатат.
     
  24. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,534
    10,579
    23 oктомври 2012
    Машко
    Good luck with Владимир Филевски. Експерт, ама наоѓање и договарање... mission impossible...

    Инаку Филе е добро познат на многумина што читале Емитер на времето, страшно добри статии имаше дечкото.
     
    masterficx, G4M3R и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  25. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    439
    298
    9 Февруари 2012
    Машко

Сподели

Вчитување...