1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Чуј, во секој случај DT770 е топ слушалка за таа класа и си има интересен звук (ако не ти смета Beyer treble). :D
     
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,648
    13 Јуни 2009
    Многу зависи на што ги слушаш. Беерите плачат за лампаш.

    Ако ти се врзани на виндовс компјутер обавезно да пробаш да штиклираш „Disable all sound effects" во Properties -> Enhancements. Прави огромна разлика.

    На Topping NX4 преку негов DAC каде каде спајкот е посмирен и пријатен. Инаку тој спајк помага да се истакнат неправилности во звукот. Полесно се забележуваат додека слушаш во студио.
     
    На Costigan_Jr и TheMarshal им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Така и ми е наместно во опциите на Windows. :)

    Мислам дека 32 омската верзија која ја имам, е одлична со Меизу кабелчето, повеќе од доволно е. Посебно на Tidal мастери одлучно звучат. Ама еве, и после 4 месеци, не успеав да се навикнам и ми се многу заморни после 2-3 саата слушање.

    Точно, spike-от кај Бајерките е баш поради истакнување на непавилностите и не за џабе се популарен избор по студија. Ама тој спајк не е пријатен за пролонгирани сесии.

    Инаку, и Amiron Home (Hi-Fi слушалка на Бајер) има изразен treble, но не е на тоа ниво како кај нивните студиски слушалки. Имав можност да ги чујам DT-1990, Amirion Home, DT-990, DT-1770 и сите од нив го имаат тој препознатлив "signature".
     
    На Costigan_Jr и gokica им се допаѓа ова.
  4. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    Јас ги имам 80 омските и до сега не сум имал воопшто проблем со високите, но тоа е можеби дека не сум мн осетлив на истите.
     
    На gokica и TheMarshal им се допаѓа ова.
  5. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    @martinmax Yeah, изгледа дека имаат малце повеќе требл (не знам која омска верзија е ова, не пишува). До 3К изгледаат добро, а после накај 9К може да звучат непријатно со 12 децибели над таргет пик. Тоа може и ги прави „аналитични“ али и најверојатно заморни за подолги сесии. Некој спомна дека се v-shaped, оваа верзија не изгледа така. Може не си толку осетлив на требл :) Мене ќе ми е тешко знам.

    [​IMG]

    @Banjifiko Изгледа дека Superlux 681 е добар избор, без bass roll-off i midbass mud али тоа можеш да го поправиш со неколку филтри кај 668B. Нагоре изгледаат слично со 668B.

    [​IMG]
    [​IMG]

    За M30x, не знам што е со мерењево али изгледа како голема дупка околу 5К и вокалите може да звучат неприродно.
    [​IMG]
     
    Скоти, Banjifiko, martinmax и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мислам дека моабетот беше за оригиналната M30, јас не успеав да најдам мерења. Но, верувам дека се доста слични со M30X.
     
    На martinmax му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    @martinmax @TheMarshal Ако имате исти DT770 и тие се мерењата од Rtings пробајте ги овие филтри.

    Го прецртав респонсот од Rtings средна вредност од двата канали и немав многу време да играм со филтри, али ако се тие мерења би требало подобро да звучат во требл секцијата.

    [​IMG]

    Дополнително може да си поиграте и сами да прецртате FR со копи-пејст (20hz-20Khz, -20+20db), па после да штелувате за филтри, али не е така лесно кога има големи пикови. Има упатство во долниот дел од екранот како се користи алатката, јас со неа пеглам фрекфенции и мерам IEM слушалки (made by a Macedonian programmer :))
     
    На martinmax и TheMarshal им се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,648
    13 Јуни 2009
    Споредени со HD650 звукот на бејер 770 е дефинитивно побасест, со поизразени високи и со повлечени вокали. Говорам за 80 омската верзија иако јас не очекувам драматична промена на потписот кај 32 или 250 омската верзија.

    Ги гледам и графите ама мене моето уво ми вика вака. И рецензенти на интернет тоа го потврдуваат за 770 ако добро се сеќавам.
     
  9. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    @gokica 650 e друга класа, ама ако ги слушаш двете мојата теорија е дека ти се причинува можеби поради тоа што 770 има подобар бас респонс и појак требл. Па ако ги слушаш долго време 650 и се префрлиш на 770, 770 може да звучат v-shaped во споредба со 650.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На gokica и TheMarshal им се допаѓа ова.
  10. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    Алатката е одлична и веќе ја користев во неколку наврати, на крај цело време се враќав на сток звукот. Моментално ги терам сток со опционален хардверски бас буст за одредени песни.
     
    TheMarshal, Андреј и на gokica им се допаѓа ова.
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Кај HD650, има dip-ови кај нискот и средниот бас, плус, мислам дека и не репродуцираат толку ниски фрекфенции како DT770.

    Генерално, тоа што има повеќе бас кај DT770 се дожи на самата конструкција на слушалката (затворена), која (ако може да се каже така) подобро ги задржува ниските тонови. Па затоа има повеќе бас. Плус, и да не го заборавиме фактот дека првичната намена на Бајерките е за во студио, а генерално студиски слушалки мораат да бидат прецизни.

    На крајот на денот, звукот е крајно субјективна работа хаха. Со Бајерките е секогаш love or hate relationship. Искрено, јас сум во тие што го сакаат тој звук, но ми е заморен. Осетлив сум на тој treble. :D
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tomashevski.Aleksandar

    Tomashevski.Aleksandar
    Intern

    58
    43
    31 Јули 2016
    Машко
    Некој накратко да објасни разлика помеѓу Philips SHP9500, АТH МX30 и АКГк240 за секојдневна употреба, конкретно слушање рок и класична музика
     
  13. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    @Tomashevski.Aleksandar Не знам колку технички добри се Philips SHP9500 и колку добро може да репродуцираат брза рок музика, ама изгледаат прилично рамно и ќе ти одговараат за секојдневна употреба. За класична музика изгледаат одлично. Имав ATH-M50 и за еден член од форумов купив M30X, не би ги препорачал за лежерно слушање рок.

    К240 од друга страна изгледа... хммм.
     
    На Tomashevski.Aleksandar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Шпики FTW.
     
    На P.Overdrive и Андреј им се допаѓа ова.
  15. Transporter444

    Transporter444
    Gaining Experience

    86
    119
    11 Јуни 2016
    Машко
    ФИНКИ
    Може препорака за звучна, ми треба зошто планирам да купам HyperX Cloud Alpha слушалки па колкава разлика би направила звучната за разлика од оваа на матичната GA-X99-UD3 ?
     
  16. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    60 омски се тие слушалки, верувам дека онборд-от ќе си заврши работа без проблем.
    Во случај да не се доволно гласни ондак можеш да размислиш околу екстерен амп/дак.
     
    На Transporter444 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,648
    13 Јуни 2009
    Можеби има вистина зашто сепак е прашање на субјективна оценка.

    Но имајте во предвид дека графикони од ваков вид има милион на интернет.

    beyerdynamic dt770 pro graphs - Пошук Google

    И секој за себе си е сопствена приказна. Можеби повеќето го потврдуваат она што јас го слушам.

    Всушност и производителот на својот сајт ги промовира 770 како слушалка со проминент бас, 880 како неутрална итн.

    Можеби сум остарел веќе :) Ама сепак верувам дека слухот не може до толку да ме излаже. За жал нити имам опрема за мерење а нити време за многу подетална анализа.

    Како и да е одлична е дискусијава. Баш ми е мерак што имаме многу повеќе добри познавачи за аудио од порано.
     
    CBB_6, Андреј, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Внимавајте - декларираната импеданса (и тоа најчесто просечна импеданса затоа што варира зависно од фрекфентен опсег) на слушалки сама по себе не е доволен податок за декларација од овој тип. Во комбинација со податоци за (1) осетливоста на слушалките, (2) излезната моќ на засилувачот и (3) излезна импеданса на засилувачот, веќе може да се донесе некаков детерминиран заклучок.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    Едно прашање имам на темава, пошто сум со намера да земам слушалки за некое време. Кој е максимумот за импеданса, ако земеме дека слушалките ќе се користат дирекно од лаптоп/просечен десктоп?

    Овде ги тргам настрана матичните со добра звучна картичка и купувањето на звучна картичка за десктоп, и ја тргам можноста да се купи екстерна DAC/AMP комбинација.

    На пример, од моето (скромно) искуство, 32 омските DT770 се океј, за 250 омските не би ги ни погледнал ако немам појачало. Секако, јасно ми е дека без солиден output нема да се извади максимумот од слушалките, ама пак ме интересира.
     
  20. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,131
    2,573
    28 Јануари 2017
    Машко
    Горе долу сам си одговори на прашањето, се што е помалку од 32 оми одговара за компјутери и мобилни.
     
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ради тоа "горе-долу" и прашав, слушалките што ги гледам се 50 оми. За 32 оми не би се мислел толку.
     
  22. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,131
    2,573
    28 Јануари 2017
    Машко
    50 се многу, јас имам 44 оми и звучат бедно на мобилен и компјутер.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  23. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Пак би рекол дека е неодговорно само на ниво на еден податок (а особено импедансата) да се даде било какво мислење. Ако погледнеш еквивалент кај звучниците, речиси секогаш како прв податок се дава осетливоста на звучниците (единица dB / watt, односно колку децибели гласност може да се очекува од звучник со испорачана снага од 1 watt), па дури потоа импеданса.

    Секој сериозен производител на слушалки мора да го даде тој податок (осетливост). Дополнително, треба да се има предвид дека слушалките се поставени на <1цм од ушните канали за разлика од типични звучници.

    Претпоставувам дека ова што ќе ти го пишам сега уште малку ќе ти искомплицира, но сепак - некое време слушав Sennheiser HD 650 (300оми номинална импеданса) директно врзани на iPod Video (5G). Не беше оптимално, но работеше задоволително.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    Конкретниот модел кој го гледам се Sennheiser HD599, иако за мала доплата би можел да одам и со HD6XX од Drop.com. Едните се 50 оми, другите се 300 оми, што не е незначителна разлика. Повеќе сум накај HD599 баш поради ова, некако ми е завртено в глава дека со HD6XX нема да стигнам ни блиску до потенцијалот ако не инвестирам и во DAC/AMP. Затоа и ми беше прашањето.
     
  25. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    За жал, ако HD6XX се слични на HD650 (така тврдат, но не сум ги видел/слушнал) вистинскиот потенцијал доаѓа со помоќен засилувач. Но тоа не значи дека нема да се ужива во нив додека не се дојде до посолиден засилувач.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...