1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од се што прочитав, би требало да се идентични со звук и изработка. Разликата е во кабелот и бојата. Фала ти во секој случај.
     
  2. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Ако е така, од срце ги препорачувам. HD 650 е безвремен модел. Особено кога ќе се позиционираат правилно.
     
    На gokica и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,005
    3 Јануари 2019
    Машко
    @fuzzjaw - ѕирни ги HD58X од drop.

    Него, @InSides што би препорачал за amplifier до 250-350€ што би ги "возел" добро HD6XX/HD650.
     
    На gokica и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  4. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Од готови уреди:

    Asgard 3 CONTINUITY™ MODULAR HEADPHONE AMP & PREAMP

    Со испорака, царина и данок, ~300€. 600mW во 300 ома се повеќе од доволни.

    Од уреди кои можат да се склопат:

    Bijou all tube headphone amp kit - Glass Jar Audio

    Со испорака, царина и данок, ~250€. На ова, треба да се додаде (1) кутија, (2) Hammond 370DAX (или сличен торусен) трансформатор и (3) трошок за склопување - ако не се склопува сам. Што би рекло, некаде ~400€.

    WHAMMY Headphone Amplifier

    Со испорака, царина и данок, ~240€. На ова треба да се додаде (1) кутија и (2) да се склопи. Што би рекло, некаде ~350€.
     
    Андреј, fuzzjaw, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    Meizu Hifi Pro (рецензија) ќе биде повеќе од доволно за HD599, ако се решиш за тие. Мислам дека неколку луѓе на форумов се задоволни од Meizu Pro и тоа е добар избор за евтин DAC/засилувач. Дополнително можеш да почекаш на E1DA 9038D, ќе излезе за некој месец ако помине кризата со корона вирусот во Кина.

    За слушалки од типот на 6XX ќе ти треба најверојатно нешто во класата на Topping DX3 Pro, што е приближно иста цена како слушалките. И тогаш цената доаѓа до ~600 долари, а за тие пари има релативно подобри слушалки кои не бараат моќен засилувач.
     
    На TheMarshal и fuzzjaw им се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    За HD599 или би ги терал од лаптоп, или би зел нешто баш како Meizu-то. За HD6XX веќе би бркал Magni/Modi варијанта со што би ме коштале околу 400-450 евра во зависност од цените за достава (HD6XX се 185е, Magni/Modi се по 99е, плус достава за се).
     
  7. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    Редит комбо :) Класика.

    Rtings имаат многу добра опрема и наскоро ќе измерат неколку примероци на HD6XX, можеш да ги видиш на листава и да гласаш. Па ќе видиме колку се слични со HD650.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mechanic

    Mechanic
    Intern

    57
    16
    2 Мај 2016
    Да препорачате слушалки за телефон со вграден микрофон до кај 1000че од нашите продавници? Зедов пред 2 месеци едни од сетек, ама веќе не работат како што треба, на моменти фаќа конекторот, на моменти не, па едната не работи на моменти и ме вадат од такт. (жица само, не сакам блутут).
     
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,327
    2,066
    13 Јануари 2014
    Машко
    Од мене препорака за овие Sony. Ги имаш за иста цена и бели, сини и розеви, и сметам дека се одлични за парите. Башка имаш и 6 месеци гаранција, иако од мое лично искуство мислам дека ќе ти издржат многу повеќе.
     
    На Mechanic му/ѝ се допаѓа ова.
  10. P.Overdrive

    P.Overdrive
    Gaining Experience

    458
    494
    23 Јуни 2010
    Дали некаде кај нас има кабел со MMCX конектори? Нешто вакво:

    [​IMG]

    Да не нарачувам од Кина, којзнае кога ќе стигне...
     
  11. Ребро

    Ребро
    Intern

    19
    9
    18 ноември 2016
    Машко
    Не знам дали некој го има ресиверов:
    STRDN1080.CEL - Galerija

    Пред некој ден видов во Галерија беше намален на 40.000 (на сајтот уште е 48.000).

    Гледам дека подржува и биампинг:
    STR-DN1080 | Help Guide | Connecting 5.1-channel speaker system with bi-amplifier connection

    Јас имам STRDH590 со Monitor Audio Bronze 2 во 2.0 и сега за сега сум задоволен со перформансите (со минимални забелешки околу софтверот).
    На следниот блек фрајдеј, здравје Denon 2600ка е планот.
     
  12. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    Го имам гледано неколку пати но никаква неможам да најдам спецификации или мерења од истиот. Исто така не гледам опција да го слушнеш со добри звучки бидејќи во галерија нема и прашање е воопшто дали ќе ти дадат да го пробаш и да има.
    Едини спецификации кој ги има се за појачалото 165 W (6 ohms, 1 kHz, 1ch driven THD 0.9%)
    Но мене ме интересира 8 Ohm s 2ch Driven која е излезна моќност и колку THD вади.
     
    На Ребро му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ребро

    Ребро
    Intern

    19
    9
    18 ноември 2016
    Машко
    Види ова дали ти врши работа:
    Sony STR-DN1080 A/V Receiver Review Test Bench

    Линков е од овде (дискусија за STR DN1080).
    Answered - HELP Sony STR-DN 1080 Watts Output
     
  14. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  15. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    0.1% THD е всушност под прагот на чујни изобличувања кај човечки уши.
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,647
    13,005
    2 Август 2012
    Машко
    Една од причините зошто одамна го напуштив HI-FI bandwagon - от.

    Течност!
    Chord Company’s ChordOhmic fluid promises improved cable signal transfer | What Hi-Fi?

    Бизарното не е што рандом преварант се досетил да молзе пари од лековерни.
    Бизарното е што воопшто некој ги спомнал во "часопис" како What HIFI
     
  17. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    173
    425
    4 Септември 2012
    Машко
    What HIFI не е некој релевантен фактор за аудио, му доаѓа нешто како Кајгана да пишува за техника.
    Очигледно е смешка и нема врска со https://chordelectronics.co.uk, а не гледам ни причина зошто би се откажал од хи-фи аудио покрај толку ентузијасти тука. Како што гледам фини совети се споделуваат.
     
  18. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,672
    10,944
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ваљда станува збор за овие, не за тие. Во секој случај, срање.
     
  19. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Contact enhancers (или по нашки, засилувачи на контакт) имаат свое клучно место во било кој ланец на електронски компоненти кои вклучуваат подвижни контакти (RCA/Coax, BNC, XLR итн). За жал, нискиот квалитет на превлаки кои се наоѓаат кај типичните хај-фај конектори доведува до честа и рапидна оксидација, а со тоа и намалување на спроводливоста на контактната точка.

    Ова, особено кај компоненти со исклучително нисконапонски сигнали може да доведе до значително пореметување на преносните карактеристики, а со тоа и изобличувања. Откако еднаш за малку ќе се откажев (во превод, ќе го фрлев) од кертриџ со излезен напон од 0.18 миливолти, редовно (ОК, еднаш годишно) ги прегледувам и третирам контактните површини.

    Постојат многу валидни, докажани средства кои се значително поефтини од наведеново... чудо.

    На пример, целата линија CAIG DeoxIT Gold.

    Солидна споредба.

    Токму тие, каблопроизводителите.
     
    Oktar, Андреј и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,647
    13,005
    2 Август 2012
    Машко
    Го напишав ова во темата за кабли.

    Нема потреба IMHO да се глорифицира snake oil. Вистински аудиофил користи XLR (кој не оксидира)
    Или WBT конектори. Но нејсе..
     
  21. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,089
    1,359
    26 Март 2016
    Даскал
    Дали некој знае дали и каде во нашиве продавници се продаваат ефтини стендови за монитори? Или па, ако нема ефтини стендови да се најде нешто како антивибрациски isolation pad од типот:

    Buy Products Online from China Wholesalers at Aliexpress.com
     
  22. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Се сложувам - би било одлично тоа да е вистина, и XLR да не оксидира.

    Но нејсе...

    [​IMG]

    Ова е слика од пред 2 минути, на XLR конектор со 4 пина, попрецизно модел Neutrik NC4MX, со посребрени контакти. Neutrik важи за првото име кое се поврзува со XLR конекторот (покрај Switchcraft и инвенторот Cannon).

    Овој конектор, на сликата, е приклучен на својот женски партнер (Neutrik NC4FD-L-BAG) кој е дел од SAC KH-1000 засилувач. И вториот конектор има сребрена превлака на пиновите со што се редуцира електрохемискиот процес кој настанува како последица на контакт на несродни метали.
     
    На Андреј му/ѝ се допаѓа ова.
  23. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Studio Monitor Isolation Pads | Products | PreSonus

    Во Артист Системи.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    522
    379
    9 Февруари 2012
    Машко
  25. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    151
    149
    1 Март 2013
    Машко
    Индивидуално е, јас можеби нема да осетам разлика и со 1% THD, додека некој со истрениран слух ќе осети и до 0.01%.
    Audibility thresholds of amp and DAC measurements
    Погледни ги мерењава, базирани се на многу почитувана личност во аудио интернет светот NwAVGuy
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...