1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

АУДИО КАБЛИ - ПОЛНОПРАВНА КОМПОНЕНТА ВО HI-FI

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од FLEGMA, 1 oктомври 2016.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    АУДИО КАБЛИ​

    – КАКО ПОЛНОПРАВНА КОМПОНЕНТА ВО HI-FI –​

    Фактот што лесно можат да го обелоденат она што е добро и она што е лошо кај еден аудио систем го дигна значењето на каблите на ниво на полноправна аудио компонента. Но уште поважно, ги натера конструкторите на high end машинерија (но и на mid-fi) значително да ги намалат маните на своите уреди кои до вчера, свесно или несвесно беа прикриени од употребата на евтини кабли.



    ВИДОВИ НА КАБЛИ

    Иако квалитетот на различни видови на кабли, со различна намена, се искажува на ист начин а нивните физикално-електрично особини се идентични, нивната улога ниту пак „однесување“ не се исти. Истите се делат на:

    1. Интерконекциски (Interconnection cables)
    2. Звучнички (Speaker cables)


    ИНТЕРКОНЕКЦИСКИ (меѓуспојни) КАБЛИ (Interconnection Cables)

    Со интерконекциските кабли се спроведуваат сигнали со низок напон (од 0.1 mV па се до 2V) од изворот на звукот до претпојачалото и од претпојачалото до појачалото на снага. Напонот кој тече низ нив понекогаш знае да биде толку мал што едвај го надминува електричниот шум што го прави струјата со своето поминување низ жиците. Затоа интерконекциските кабли се скоро секогаш оклопени за да се овозможи заштита на сигналот од различни електрични, електромагнетни и RF пречки. Но и покрај оклопеноста на каблите, во сигналот може многу лесно да се пробијат пречки.

    Затоа интерконекциските кабли мораат да бидат сосема изолирани односно што е можно повеќе оддалечени од разни извори на пречки (како што се високо напонските кабли), од звучничките кабли па дури и меѓусебно, еден од друг. Оклопот на каблите мора да биде прописно дизајниран и изработен затоа што ако не е, не само што ќе дозволи пенетрација на надворешни пречки туку ќе стане и генератор на истите.

    Имено, ако оклопот на пример, е преблиску до проводниците тој ќе почне да ја рефлектира својата, надворешно генерирана, електромагнетска енергија и ќе влијае врз индуктивноста на самиот кабел. Најчест облик во кој се појавуваат оклопените интерконекциски кабли е коаксијалниот (една централна жица го спроведува позитивниот дел од сигналот додека оклопот околу неа служи како заземјување и проводник на повратниот сигнал)
    Има, исто така, кабли со две централни жици и оклоп околу нив. се испорачуваат со различни должини но повеќето се долги над 1m. Иако нивната должина не е толку критична за квалитетот на сигналот кој тече низ нив, сепак треба да се направи концепција на распоредот на аудио системот за да нема потреба од употреба на долги интерконекциски кабли односно да бидат што е можно пократки.


    ЗВУЧНИЧКИ КАБЛИ (Speaker Cables)

    Низ звучничките кабли течат значително појаки сигнали (од неколку десетици волти и исто толку апмери) па затоа се јавуваат многу поголеми, понекогаш и нерешливи, проблеми. Затоа, од исклучителна важност, е битно овие кабли бидат што е можно пократки за да се намали неминовното зло на нивниот постоење.

    Van Damme Blue Series Studio.jpg
    Слика: Van Damme Blue Series Studio
    Звучничките кабли, обично, се устроени на „твинаксијално“ (twin-axial) начело со два идентични проводници за спроведување на „жешкиот“ сигнал и повратниот сигнал внатре во оклопот, што за разлика од обичниот коаксијален се смета за подобро решение затоа што на овој начин сигналот на урамнотежен и симетричен начин.
    Како што е општо познато дека интерконекциските кабли, со своите (не)особини, можат силно да влијаат на работата на одредени компоненти, така звучничките кабли претставуваат вистинска ноќна мора за појачалото и звучниците. Така, како ќе се однесува едно појачало и звучниците не само што необично многу зависи од звучничките кабли туку е невозможно однапред да се предвиди нивното „однесување“ за време на работата.



    НЕКОИ ПОВАЖНИ ОСОБИНИ НА КАБЛИТЕ

    ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПОР (Resistance)

    Отпорот е другото темно лице на спроводливоста и претставува уште едно од многуте инхерентни(наследени) својства на материјалот од кој се изработени проводниците во еден кабел. Од се досега познато, јасно е дека отпорот во аудио каблите треба да биде што е можно помал а спроводливоста што поголема за каблите да не претставуваат пречка во протокот на аудио сигналот.
    Спроводливоста (обратно од отпорот) претставува својство на одреден материјал да спроведува електрична струја. Се мери во Сименси на метар (Siemens > SI > S/m) при што на
    нормална собна температура среброто е најдобар проводник, бакарот веднаш до него додека златото и алуминиумот се значително полоши проводници.

    Проводливоста на каблите, исто така, е условена од нивната должина и нивниот пресек. Долгото технолошко искуство во изработка на материјали за спроведување на струја има изнедрено проводници кои со своите особини можат значително се опираат на законите на физиката при што постојат кабли чиј отпор не е поголем од неколку оми и тоа на должини од преку 300 метри ("Sumiko" Ocos, "Nordost" Flatline Blue Heaven или Red Down и сл.)!
    Nordost-blue-heaven.jpg

    Слика: Nordost Blue Heaven звучнички кабли
    Чистотата на материјалот како и неговата молекуларна структура исто така имаат значајна улога во спроводливоста односно отпорот на аудио кабелот. Денес практично е невозможно да се најде бакарен проводник чија чистота не е барем на трета децимала (99,999%) иако има егзотични примероци со шест деветки зад децималната точка (на пример Ortofon AC 1000)
    Таквите кабли се со мало количество на кислород во себе и се нарекуваат OFC (Oxygen Free Copper) односно OFS (Oxygen Free Silver) а најголемиот дел на современи (аудио) кабли има молекуларна структура со мал број на големи кристали, односно LC (Linear Crystal), со што се постигнува поголема хомогеност на проводникот и на сигналот му овозможува патување низ помалку „препреки“ забрзувајќи го неговиот (про)ток. На пример во обичен бакарен вод има 100.000 кристали, во OFC има 40.000 додека кај врвните „монокристални“ само 400 (и помалку, во зависност од производителот) при иста должина на проводникот.
    Постојат и други облици на монокристални кабли меѓу кои најпознати се PC OCC (Perfect Crystal by Ohno Continuous Cast) и FCL (Functionally Crystal-Less)

    OCCvsETP001.png

    Отпорот односно спроводливоста игра пресудна улога врз обликот на фреквентната крива односно врз урамнотеженоста на репродукцијата на сите делови од фреквентниот спектар. Колку е помал отпорот толку помало ќе биде влијанието на кабелот врз промената во интензитетот на одредени делови од сигналот. Звучничките системи со стабилен отпор (стабилна импенданса) полесно ќе излезат на крај со отпорот на каблите отколку оние кои имаат нестабилен отпор, особено на ниски импенданси.


    СКИН ЕФЕКТ (Skin effect) – како нуспојава

    Тенденцијата на струјата со високи фреквенции да патува по надворешниот слој на проводникот се нарекува скин ефект.
    Ако направиме компарација на протокот на високо-фреквентен и ниско-фреквентниот сигнал, кој тече низ проводникот, можеме да дојдеме до закључок дека истиот, заради оваа појава, игра улога на своевиден нископропусен Bessel-ов филтер кој временски го успорува сигналот (затоа што со пораст на фреквенциите и струите се зголемува и отпорот на површината од проводникот)
    Некои аудио авторитети тврдат, а и теоријата е на нивна страна, дека појавата на скин ефект е занемарлива врз упливот на конечниот звук. Но треба да се има на ум дека кај каблите кај кои е редуцирана оваа појава во меѓсебна игра постојат и други фактори како на пример употребата на проводници со различна дебелина, додека каблите (обично евтини) кои се несмасно конструирани (употреба на „валкан“ бакар, ист пресек на сите „лицни“, шлампаво изведени терминали..) имаат прилично чуен уплив врз звукот.


    ИНДУКТИВНОСТ (Inductance)

    Со поминување на струјата низ проводниците, околу нив, се створува магнетно поле кое се спротивставува на текот на сигналот. Секогаш кога ќе се промени поларитетот на сигналот магнетното поле се „урушува“ и како последица на тоа во проводникот се индуцира струја со обратен поларитет. Ова не се случува само во еден проводник туку во сите кои ќе се најдат во магнетното поле кое се створило околу тој проводник. На пример со „рушење“ на магнетното поле во „плус“ проводникот се индуцира напон во минусот или како кај трансформаторите, со промената на магнетното поле во примарот се индуцира струја во секундарот.
    Оваа појава се нарекува Взаемна Индукција. Понекогаш оваа појава знае да се задржи само во еден проводник и тогаш се нарекува Самоиндукција.


    Индуктивноста, значи, е резултат на промените во струјниот тек и секоја промена резултира со струја која има спротивна насока. Колку се промените побрзи, толку струјата со обратна насока е поголема. Заради ова, високо-фреквентните струи генерираат повеќе струја за разлика од ниско-фреквентните па затоа (ниските) се значително редуцирани во интензитет (roll off)
    Колку што се каблите пократки и колку што проводниците во нив се поцврсто вплетени, толку и нивната индуктивност, која се изразува во „микро Хенри по метар“ (µH/m) , ќе биде помала а со тоа кохеренцијата, интензитетот и чистотата на високотонскиот спектар ќе биде повеќе зачуван.



    КАПАЦИТИВНОСТ (Capacitance)

    Капацитивноста е особина на проводникот да „складира“ сигнал наместо да го пропушти. Затоа на аудио каблите можат да се гледа и како на големи кондензатори при што жиците претставуваат „плочи“ а изолацијата претставува диелектрик (изолатор)

    Електричнните полиња кои меѓусебно ги прават аудио сигналот и излораторот делуваат едно на друго и како резултат на тоа настанува упивање на дел од сигналот во изолаторот. Оваа појава се нарекува Диелектричка Апсорпција.

    Меѓутоа, колку и да изгледа парадоксално оваа појава не е критична за конечниот звук. Многу полоша појава врз звукот претставува Диелектричната Дисипација при што енергијата акумулирана во изолаторот постепено се ослободува и интерферира со сигналите кои дошле значително покасно и така во недоглед. Резултатот на оваа појава е губење на дефиницијата на преодните тонови (Транзиенти) а тоа слушно може да се регистрира многу лесно затоа што во транзиентите се најдува информацијата за тоналната боја на инструментите односно за гласот. Оваа појава е аналогна со упливот на кабинетот од звучниците врз конечниот звук. Исто како и кај нив, овдека доаѓа до ослободување на енергија која интерферира со музичкиот сигнал. Она што е битно е да се запамти дека капацитивноста се зголемува со должината на кабелот.

    За да се избегне упивањето на сигнал, изолаторот во каблите мора да биде што е можно подобар. Најдобар изолатори се, нормално, воздухот и вакуумот, а веднаш до нив е тефлонот. На пример дисипацискиот фактор на тефлонот изнесува 0,15 што значи дека од него „зрачи“ само 15% од складираната енергија додека кај типичните пластични диелектрици (Nylon, PVC..) тој фактор изнесува 0,00002 што во превод значи дека од себе испуштаат практично се што собрале.

    За жал, апликацијата на било кој од квалитетните изолатори е сложена (воздух, вакум) и скапа (тефлон, кој патем е многу крут). Капацитивноста на каблите, која се изразува со „пико Фаради по метар“ (pF/m) се намалува со раздвојување на жиците за позитивниот и негативниот дел од сигналот и со намалување на нивната должина.

    Се на се, high end каблите би морале да имаат ниска капацитивност, мал електричен отпор (односно висока водливост) без да се зголеми нивната индуктивност. Ова може да се земе како правило и отприлика ова е патот по кој се движат конструкторите на современите, врвни, аудио кабли.




    СОСТАВ НА ПРОВОДНИЦИТЕ

    Познато е дека сите метали не се еднакво проводливи. И не само тоа! На водливоста силно влијание има и чистотата и молекуларната структура на проводниците. Бакарот е начесто користен метал во аудио каблите а го следи среброто кое се почесто се среќава кај High Еnd каблите.
    Некои производители (Isoda, на пример) комбинираат проводници од различни материјали (бакар, алуминиум, месинг!) со цел да се ползуваат од позитивните својства на тие метали, додека други производители користат нанесување на тенок слој на сребро (за заштита од корозија и оксидација)
    Исто така, врв во тешката езотерија, е употребата на проводници..без метал(!) Имено, фирмата “Van Den Hul” го има произведено интерконекцискиот кабел (небалансиран/несиметричен) “The First” (без метал) и “The Revelation” во кој има употреба на метал во комбинација со графит. Нормално, рака под рака со овие технолошки „чуда“ одат високата цена (Van Den Hul со цена од приближно 270 € за 0,5m до 320 € за 1m) и, за жал, прилично голем број на фалсификати на овие кабли. Затоа треба многу да се внимава при евентуалното купување на овие кабли иако не е реткост (напротив) масовно фалсифукување на другите познати брендови.






    ГЕОМЕТРИЈА НА КАБЛИТЕ

    Каков облик има, колку проводници, каков е нивниот распоред и однос спрема изолаторот се сведува под заедничко име „Геометрија на каблите“ и истата има големо влијание врз точноста на сигналот кој тече. При ова, не е важна само нивната глобална геометрија (коаксијални или твинаксијални) туку посебно, геометријата на проводниците и изолаторот кои го сочинуваат самиот кабел. Само таксативно наброено, има прилично голема разлика во звукот помеѓу каблите со една, полна и дебела (Solid Core) жица и многужичните кабли со повеќе тенки (Stranded) жици. Потоа, разлика се јавува и заради начинот на испреплетеноста на жиците внатре во кабелот па сретнуваме смислено преплетени (Twisted) или едноставно преплетени (Coarse), меѓусебно изолирани поединечни жици (Litz) или неизолирани (Interconducting Strands) и сл.
    *​
    geomterija-2.jpg
    Од лево кон десно: полна жица; двожилен повеќе жичен; повеќе жилен – повеќе жичен, Цевкаст –цевкасто дизајниран (tubular, tubular stranded)
    *​

    geometrija.jpg
    Од лево кон десно: Напореден (повеќе жилен, полн); повеќе жичан со константен Q фактор; twin lead; коаксијален





    ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА НА КАБЛИТЕ – Предности и мани

    Иако за овој елемент на кабловскиот устрој беше речено и во погорните редови, сепак, не се работи за ист проблем. Имено, додека погоре се расправа за обликот на поединечни проводници кои го сочинуваат кабелот, овдека треба да разговараме за начинот на кој тие се меѓусебно спрегнати, но и каков е односот на каблиете наспрема изолаторот (особено односот на нивните дебелини)
    На пример, основните облици на интерконекциски кабли се коаксијален и твинаксијален, додека кај звучничките може да се најдат многу комбинации но и сосем нови, лични (персонални) конструкции па така ги имаме следните видови на кабли:


    · Каблите со два округли проводници (Solid round) се со едноставна конструкција, развиваат мал DC отпор и имаат добар однос на електричниот отпор наспрема капацитивноста. Во мани им се вбројуваат високата индуктивност и „ѕвонењето“ (осетливост на микрофонија)

    · Двожилни, повеќежичани кабли (Bare stranded), исто така познати и како „кабли за сијалица“ сеуште можат често да се сретнат во многу аудио (не и аудиофилски) системи. Единствени позитивни работи кај овие кабли се еластичноста и цената. Се останато е против нив:
    - висока индуктивност
    - осетливост на оксидација и корозија
    - нагласена микрофонија (ѕвонење) и
    - јака резонанса помеѓу проводниците,
    Сето ова го отежнува протокот на сигналот а како резултат се јавува целосен дисбаланс на тонскиот спектар, „тенчење“ на басот и нагласена ескалација на изобличени високи тонови.

    · Многужилни, повеќежичани кабли (Multi gauge stranded)се состојат од повеќе проводници со различен пресек заради не еднаквиот број на многу ситни проводници. Вака устроените кабли, особено ако проводниците се преплетени помеѓу себе, се одликуваат со ниска индуктивност, мали електромеханички резонанси, мал DC отпор и се мошне еластични. Во лоши страни им се вбројува можноста за евентуална корозија во случај да не се litz конструкција. Меѓу најпознатите кабли со ваква конструкција се каблите на Kimber Kable
    kimber-kable-black-pearl.jpg
    Kimber Kable – Black Pearl​


    • Цевкасти или цевкасто устроени кабли (Tubular, Tubular stranded) се состојат од низа на различно устроени проводници (полни и повеќе жичани) наредени еден до друг околу кружно воздушно јадро или пак некаков изолатор. Добрите страни на овие кабли се:
    - ниска индуктивност
    - мала магнетска интеракција помеѓу проводниците
    - прилично добра флексибилност
    Маните им се состојат во високиот отпор и лошиот меѓусебен однос на капацитивноста и индуктивноста. Едиснтвени кабли со добар звук базирани на овој дизајн се “Audio Quest – Hyperlitz
    184920-audioquest_midnight2_hyperlitz_speaker_cable.jpg

    · Паралелни, повеќе жилни, полни кабли (Parallel Multi Solid Core) се состојат од поголем број на паралелно наредени проводници со голем поединечен пресек. Нивната главна предност е ниската индуктивност. Маната на овој дизајн е тешкотијата на одржување на симетријата помеѓу проводниците, силно нагласената потреба за квалитетен изолатор и прилично високиот отпор. Ваквите кабли можат да се најдат во форма на паралелно наредени проводници. Добри кабли со ваква конструкција прават “Audioquest”, “Tara Labs” и “XLO

    · Повеќе жичани кабли со константен Q фактор (Constant Q stranding). Изработени се од поголем број на паралелно наредени, повеќе жичани, проводници со различен пресек но и со различна должина кои меѓусебно се испреплетени со изолациски материјал. Во предност на овој дизајн се вбројуваат:
    - Мала индуктивност
    - Мал отпор
    - изостанок на електромеханички резонанси (заради високиот Q фактор резонантната фреквенција е надвор од чујниот дел на спектарот)
    - Голема отпорност на оксидација и корозија.
    Во мани им се вбројува:
    - Сложеност на конструкцијата заради потребата да се одржува константна затегнатост на проводниците ако се сака да се задржи високиот Q фактор – имено резонантната фреквенција е функција на масата и затегнатоста на проводниците и високата цена на производство.
    Вакви кабли произведува фирмата Cardas

    · Повеќе жичани кабли вплетени на Lorentz-ов начин (Lorentz Unit Wire)
    Посебноста на вака дизајнираните кабли е двојна: Прво, проводниците, од кои се составени, се изработуваат од повеќе метали (бакар, алуминиум, месинг) и второ, вплетени се на таков начин што доаѓа до елиминирање на Лоренцовиот магнетизам, со што осетно се намалува појавата на скин ефект и така се подобрува временската кохеренција на сигналот, динамичкиот одзив и намалување на изобличувањата врз обликот на сиуносоидата од сигналот. Нивната капацитивност не е особено ниска но е добро избалансирана со индуктивноста и отпорот. Зложеноста на изработката ги прави нешто поскапи но не и недостапни. Фирмата “Isoda” произведува вакви кабли.

    · Повеќе жичани кабли со меѓусебно изолирани проводници (Litz). Многу често, секој кабел кој е составен од голем број на многу тенки проводници се прогласува за litz кабел, што не е точно. Litz кабли се само оние кај кои проводниците, без разлика на нивниот број, прво се меѓусебно наредени (а не испреплетени) и второ, секој од нив е засебно изолиран така што меѓу нив нема електричен контакт. На таков начин се постигнува намалување во загубите на високите фреквенции а паралелно на тоа се постигнува зголемување на површината низ која тие патуваат.
    Имено, еден полн проводник од 2,5mm квадратни има многу помала ободна површина од проводник со ист пресек кој се состои од повеќе тенки жици. Litz конструкцијата е еден од посигурните начини во борбата против скин ефектот. Добрите страни на овој дизајн се:
    - Ниска индуктивност
    - Отпорност на корозија и, во смислените дизајни..
    - Добар сооднос помеѓу отпорот и индуктивноста наспрема капацитивноста.
    Лошо кај овај дизајн е што, заради големиот број на тенки жици, знае снажно да резонира при што произведува (а не смее) хармонички интеракции.

    · Балансирани кабли (Balanced Cables) односно симетрични интерконекциски кабли. Се разликуваат од другите по тоа што во нив се најдуваат три водови: два со идентичен изглед (кои можат да бидат со било кој од претходно наведените дизајни) низ кои тече аудио сигнал и заземување кој во овој случај не е проводник на сигнал. Во ваквите кабли аудио сигналот не поминува низ оклопот на кабелот (заземјување) што битно ја намалува нивната осетливост на RF и електромагнетни пречки. Заради ова, ваквите кабли можат да бидат многу подолги од стандардните затоа што не се однесуваат како антени како конвенционалните.

    Меѓутоа, за да се искористи предноста на вака конструираните кабли потребно е да се има и балансирано устроени компоненти (пред се претпојачало и појачало на снага) на чии задни делови има специјални XLR терминали подготвени за прифаќање на XLR приклучоци кои се најдуваат на краевите од балансираните кабли.



    ТЕРМИНИРАЊЕ НА КАБЛИТЕ

    Цело знаење и труд на конструкторите на кабли (и не само на кабли) паѓа во вода ако на краевите се најдат конектори (терминали) кои се недостојни на нивниот квалитет.
    Затоа и конекторите мора да ги имаат сите оние добри својства како и каблите. Важноста на конекторите не се гледа само преку материјалот од кои се изработени, во поглед на нивната спроводливост, туку и во отпорноста на оксидација како и во начинот на изработка, во поглед на механичката цврстина.
    На краевите на практично сите интерконекциски кабли се најдуваат RCA, односно cinch конектори а кај балансираните кабли се најдуваат XLR конектори.

    Основната мана на RCA конекторите лежи во фактот што нивниот централен дел (на кој се прицврстува позитивниот дел) прв доаѓа во контакт за разлика од нивниот надворешен дел на кој се прицврстува заземјувањето. Затоа ни во кој случај не смее да се врши нивно уклучување за време на работа па ниту неколку минути после гаснењето на компонентите.
    Таквите обиди резултираат со гласно зуење и бруење а понекогаш и со знажен тресок што може да ги уништи високотонците. За да се избегне вакво нешто, некои RCA конектори се така дизајнирани што прв во контакт доаѓа надворешниот дел па потоа внатрешниот, позитивен дел (“Neutrick”)
    322.jpg
    Повеќето современи аудиофилски конектори се пресвлечени со подебел или потенок слој на злато не затоа што златото е идеален проводник туку затоа што од сите спроводливи материјали, златото е најмалку подложно на оксидација а понекогаш се користи и Родиум, најдобрите Cardas-ови кабли имаат терминали пресвлечени со Родиум.

    Меѓутоа овдека се јавува проблем за кој долго време не се водело сметка. Добро е познато дека на контактите на два различни метали може да дојде развивање на струи кои интерферираат со корисниот сигнал но исто така се јавува уште еден поголем проблем. Имено, под тенкиот слој на злато често се најдува феромагнетен материјал како што е никелот и за време на течењето на струја низ него, тој се магнетизира и тој магнетизам интерферира со корисниот, аудио сигнал. Оваа појава се нарекува Хистереза.
    За да се избегне нејзиниот уплив, повеќето врвни конектори (како оние на интерконекциските така и на звучничките) во основа нема феромагнетен никел, туку немагнетен бакар.

    Очигледно е дека ниту во аудиото не е злато се што сјае туку тоа е она што „држи“. Затоа врвните RCA конектори имаат можност за дополнително притегање после нивното приклучување на своето место. Со ова, или се шири нивниот централен или се стеснува нивниот надворешен дел при што може да сретнеме и конструкции каде што овој процес се сизведува симултано. Први такви конектори произведе германската фирма за производство на сите видови на аудио конектори WBT (секоја препорака)
    wbt.jpg


    XLR конекторите и овдека имаат своја нагласена предност пред своите RCA претходници.

    О друга, екстремна, страна голем број од невољите кои ги прават конекторите може да се избегне со нивно..изоставање(!)
    Иако ова не е лесо и едноставно за изведување, многу аудио занесењаци, откако го одбрале иделаниот кабел и систем, каблите ги лемат директно на уредите. Значи, без посредство на конекторите.
    Ова од аудиофилски аспект претставува корисен зафат но овој начин на поврзување е ужасно непрактичен и очигледно го спречува заменувањето на компоненти и ескпериментирањето со кабли - работи кои се омилена дисциплина на повеќето аудиофили.

    Освен самиот квалитет на конекторите важен е и нивниот начин на спојување. Обично тоа се прави со лемење, меѓутоа тој зафат не е ни приближно наивен како што се чини на прв поглед. Прво, лемењето мора да биде извршено што е можно побрзо, затоа што високата температура може да ја разори молекуларната структура на скапите кабли, и друго, лемењето мора да биде извршено прецизно, со мала количина на високо-квалитетна сребрена (или алуминиумска) жица за лемење (меѓу најпознатите тиноли спаѓа “Wonder Solder”)

    Од друга, електромагнетна, гледна точка оваа постапка е потенцијално штетна затоа што со избрзаната постапка на „посребрување“ или нанесување на калај доаѓа до меѓусебна електромеханичка интеракција на два различни метали и ако во игра внесеме и влага добиваме..батерија која ќе генерира одреден напон кој ќе интерферира со корисниот сигнал. Се на се, многу непосакувана ситуација кога се работи за (многу)скапи кабли.

    За да се избегнат овие замки и да се спречи несаканото делување на два различни метали се прибегнува кон употреба на „најновиот“ начин на спојување – Crimping. Со постапката на crimping, на краевите од каблите се навлекува метална (бакарна, сребена или позлатена) кошулица со одредени димензии, се гужва со посебни клешти и така се остварува цврсто налегнување на кошулицата на краевите од кабелот кој потоа, со помош на навртки, се зацврстува на краевите од RCA конекторот.

    Со ваквиот начин на терминирање се избегнува термичкото „силување“ на кабелот, има значително помала шанси за оксидација а можна е едноставна компарација на различни, предвидени за кримпинг, конектори.




    Наместо одјава..

    Заради упливот на компонентите врз звукот, заради различната конструкција и материјали од кои се изработени, каблите едноставно не можат да звучат секогаш и секаде еднакво (добро)

    Цената често претставува патоказ за квалитетот на каблите но неретко и своевиден штит зад кој се кријат аудиофилите кои немаат воља да трошат премногу време за утврдување на нивниот вистински квалитет. Скоро да е правило да (по)скапите кабли звучат подобро заради својата конструкција и употребените материјали но не треба да се бега од вистината ако се утврди спротивното па заради „алиби“ и мирен сон да се купат поскапи или спротивно, да се купат обични „лицнасти за струја“ и остатокот на светот да биде проглсен за снобови.
    Сепак, посебно внимание треба да се посвети при набавувањето односно приклонувањето кон одреден бренд затоа што и овдека, како и насекаде низ забавната електроника, има обиди за продавање на магла (намерно избегната компарација со жлезди!) при што некои „звучни“ имиња од областа за производство на кабли вршат препакување на туѓи производи (обично за не-аудиофилски намени) а нивното „производство“ се состои од ставање на друга кошулица за crimping и печатење на фенси имиња на изолацијата од самиот кабел. Истото предупредување важи и за купување од непроверени продавачи.

    За крај, како добро, освестувачко четиво, во врска со каблите, ви препорачувам да го прочитате следнит текст каде авторот со право се запрашува:
    So what makes the average High-End Cable tick and what can be considered as "universally" good?

    The Naked Truth about Speaker-Cables
     
    На bicikle, Darko Veleski, latko и уште 30 други им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
  3. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Блог ти треба тебе.
     
    Gaston, FLEGMA и на Boldozer им се допаѓа ова.
  4. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    ВАУУ, без коментар. Можеби само ова да додадам:
    "Вака настанала позната изрека - Колку пари толку музика".
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Омладинци!
    Сакате бе мега тема за CD Player-и?
    Транспорти, ДАК-ови, историјат, начин на работа, квантизации, семплинзи, проблеми и како да се отклонат?
     
    На gokica, SaleSk, Tegla и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    Не прашуј глупости. Ова ко турска серија станува, ќе ги навлечеш пензионерите. :)
     
    На Глупав и Gaston им се допаѓа ова.
  7. yasho

    yasho
    On your way to fame

    433
    504
    11 Јануари 2014
    Машко
    Одличен текст, една замерка имам само што ми фати за око, "Напонот кој тече низ нив понекогаш знае да биде толку мал што едвај го надминува електричниот шум што го прави струјата со своето поминување низ жиците."

    Напонот не тече, струјата тече... Напонот само се јавува на краевите на каблите..

    Инаку, пукај partB, звучнички кабли, ако имаш готов.
     
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Се извинувам за грешката. Гледам дека сум правел и други грешки од типографска природа па ..не замерувајте за тоа.

    Како бе "Part B"? Малце е ова?
    Се над ова ќе биде млатење на празна слама. Ова се смерници за размислување. Се над ова ќе биде занимавање со некој од дизајните на кабли и дали и како ќе влијае врз конечниот звук.
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,801
    3,872
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Свака част!
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    Дали можеби имаш практично искуство или пак си наишол во твоите истражувања за следново. После која вредност на наведените параметри на каблите, настанува чујна разлика со просечно човечко уво и на просечна аудио опрема да речеме.
    На пример кои се вредностите на параметрите со кои почнува да се приметува разлика во звукот?
    Колкава омажа, инудктивност, капацитет, чистота на бакар, сребро, начин на уплетуваење и тн.
    На инструменти ќе се покаже некоја разлика, но дали е таа е слушно препознатлива? Сепак Увото не е прецизен инструмент, а и
    како што спомна во излагањата, понекогаш увото си сака е некоја несовршеност во звукот.
     
  11. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Јас сум правел додека бев заљубеник некои мерења и испитувања.
    Реално обичен човек нема да примети никаква разлика. Аудиофил, да, само тогаш кога ке има видна разлика во должината на каблите (зборам за звучки) и пресекот на истите. На инструменти можеш да евидентираш многу разлики. Пример најлесно можеш отпор, но со доволно прецизен инструмент од висока класа, Флук или Метекс на пример. Мерења со осцилоскоп и тон генератор каде што можеш да видиш како се менуваат карактеристиките на кривата во однос на тоа каков кабел се користи.
    Исто така може да се воочи разлика и во однос на интерконекциските кабли со кои се поврзуваат уредите, односно такозвани народски пинови. Прво должина, па квалитет на изработка на самиот коаксијален кабел. Тука првично се забележуваа сите неправилности во звукот.

    @FLEGMA

    Благодарам за опширните текстови кои ги пишуваш во последно време... Бидејќи имам премногу обврски периодов, немам доволно време да седнам и да се потрудам и јас да допринесам на оваа тема...
    Многу работи кои ги имаш напишано се забораваат, а се основа, па добро е човек да се подсети...
    Инаку ја поддржувам твојата идеја за понатамошни текстови од оваков калибар, поточно за DAT, DCC, CD Player итн итн...
    На времето, далечната 1993-1995, не се сеќавам баш точно, кога во Орце имавме часови по пракса и ни предаваше Маре, професорката по пракса, јас обично читав многу литература за горе споменатите формати... Моите семинарски ја оставаа професорката подзината...Ј-би га, DAT во тоа време имаше во дискотеката Силекс, и Ди-џеиве имаа по касета две со снимен материјал кој звучеше перфектно...Беше тоа време на ротирачки глави, принцип-видео касета :D :D :D
    Вака сега ми се враќа тоа време и добивам желба да го качам декот од подрум дома и да пуштам некоја касета...А ги имам многу. Декот е TEAC и е со долби dbx, замисли :D
    Убавина која не може да се купи со пари.
     
    Darko Veleski, FLEGMA и на psyside им се допаѓа ова.
  12. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,393
    1,992
    12 Август 2009
    Машко
    Одличен текст за да се докаже на скептиците дека има разлика, мерлива е и ја гледаме, ама дали ја слушаме?
    Пошто постои, сигурно некој ќе каже дека ја слуша.
    Увото сепак мислам дека поголемиот дел од наведените работи може да ги чуе (во одредени услови), но мозокот едноставно ги игнорора. Потребна е огромна концентрација за да се чуе тоа.. малото, никаквото... ама пак во тој случај, не ја слушаш музиката. Па тогаш која е поентата да ги чуеш?
    Со години се расправав со ликови кои фрлаа пари за кабли. Ниту еден не ми одговори зошто пред секое слушање на музика не оди да си ги исчисти ушите, бидејќи восокот е многу поголем и по реален проблем отколку оксидот во бакарот.
    Но тоа е, кај што има мерак нема логика.
    А кога сме кај логиката... поголемиот дел од „брумот“ доаѓа од нестабилен напон, интерференции и тн..
    Па никој ли не направи појачало и предпојачало што ќе работи на акумулатори за по дома? Поевтино е него да прават трафостаници и висат по бандери.
     
    На alek99 и psyside им се допаѓа ова.
  13. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    За да слушаш детали, и да воочуваш разлика потребен е тренинг, кој не го знае тоа никогаш нема да ужива како што треба. Секојдневно слушање на квалитетна опрема, и после премин дури и на малце послаба, во истата соба со исти кабли, исти услови доведува до голема воочлива разлика!

    Оваа разлика, е ДАЛЕКУ помала кај не истренирано уво.
     
  14. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    Мој заклучок е дека 'вистинските' аудиофили не слушаат музика туку повеќе слушаат разлики во опремата, некогаш и на полошо спрема мерењата, но битно е да се најде некоја ситна разлика во некој тон.
     
    На Darko Veleski му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    На почеток да, така и се станува аудиофил - после тоа без некоја посебна концентрација или обид за приметување на разлика одма ќе приметиш.
     
    На Darko Veleski му/ѝ се допаѓа ова.
  16. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    Се сложувам. Секој спорт си сака тренинг, па и аудиофилството е на накој начин „спорт„ што би се рекло.
     
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Апстиненција од таа пракса, те враќа на слично ниво како претходно иначе, значи мора константност.
     
  18. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,393
    1,992
    12 Август 2009
    Машко
    потрага по перфекција се прави од почетокот, не од крајот.
    Истите овие проблеми (ако се проблеми) ги има при самото снимање не музиката која ја слушаат. Тој микрофон со кој е снимано, каков кабел и со колку оксиди бил??? мислам.... нели... стујата во студиото испеглана ли била со посебна трафостаница?? ...
    Само колку и да ми е глупаво, уште поглупаво ми е да му наоѓам замерки на "екстремист“ било да е аудиофил или обожавател на калкулатори... за рибар и тапите ич да не правам муабет... само со голубари неможам да се воздржам... ептен не ги разбирам.
     
    На SaleSk и alek99 им се допаѓа ова.
  19. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    И да тоа со акумулаторите и мене ми представува енигма зошто слабо или многу ретко се форсира во аудиофилскоит свет.
    Знаеме дека аудио сигналот не патува низ деловите на појачалото, туку дека низ секој активен елемент уствари се генерира нов сигнал
    од напонот со кој се напојува активниот елемент, најчесто напонски управуван од сигналот на влезот кој се губи према маса.
    Е сега бидејќи сигналот се регенерира и тоа неколу пати од напојувањето, излегува дека напојувањето (илити напонот од мрежата) се итекако битни. Зошто решението за аудиофилите не би било ДЦ батерија/акумулатори. Но некои забегуваат по трафостаници, осиурачи и напајачки кабли, наместо за истите пари да си купат батерии и полнач (на пример еден асален 20KVA UPS е 10.000 евра)?
     
    На imperial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Не ја дрндајте темата. Таа е за каблите во моментот.
     
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Така е. Garbage in, garbage out.
    Во темата за CD Player се допира до таа проблематика (снимки, издавачи, начин односно технологија на вбризгување на поликарбонатот кој ќе добие или не оштри и прецизни питови кои пак од друга страна ќе предизвикаат (прекумерна) употреба на склопот за корекција на грешки итн.)

    btw
    И увото е подложно на тренинг, ако се слуша на високи нивоа, ако се слуша "погрешна" музука, ако се нема референца тогаш нема да се прави разлика помеѓу мини линија и систем од 30.000 евра.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  22. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,393
    1,992
    12 Август 2009
    Машко
    Кога сме веќе кај каблите.. има ли оптика за оваа намена?
     
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Имаше некои проби со сместување на DAC во активни звучници ама не заживеа (цепидлачеа аудиофилите :))
     
  24. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008


    Повеќе во животот не сум се смеел :D
     
    На Lokvan и yasho им се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Хејтер е ликов :) А по пат има еден тон опрема па фино (ако сака) може да го докаже она што го зборува.
    Каблите не се тука да поправаат звук или да оставаат свој печат на истиот. Како што кажав, заради големите струи и напони, звучничките кабли се тие што можат (најчесто и успеваат) да го расипат поведението на беспрекорните компоненти. Од друга страна навистина нема резон да се даваат пари за скапи кабли ако користиме просечни компоненти.
     

Сподели

Вчитување...