Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови

Статус
Затворена за нови мислења.

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.844
5.545
@pLaToOn Објаснувано е за ова многу пати досега, и секогаш ќе се најде од време на време некој кој мисли дека со одбегнување на плаќање на данок (даночна евазија) на разно разни начини, и со свои некои толкувања на закони (иначе само собранието е овластено да толкува) ќе ја зезне државата.

Убаво рече. Недајбоже да се сврти нечив матичен број при следната проверка на потекло на имот.

П.С. постот на кој сакасе да се повикаш е http://forum.it.com.mk/threads/Дано...тки-Вистини-и-Митови.35863/page-3#post-437213
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
163
131

Во право си, секогаш постојат такви, среќа па не сум еден од нив. За жал постојат и луѓе кои неправедно и од само на нив позната причина етикетираат други луѓе како застапници за даночна евазија, а потоа и го осудуваат нечивиот чин на толкување на одреден Закон доколку не се вклопува со нивното толкување за истиот... срамота. Впрочем, никој не повика ниту има намера да ја зезне државата, ова е само дискусија.

Убав цитат имаш извадено од постарото твое мислење, баш го читав од изворот. И ете не пак на почеток... Дали парите на Payoneer картичката конкретно подлежат на данок ? Дефинитивно - но обврска за плаќање данок може да се појави само тогаш кога парите ќе бидат префрлени на сопствена трансакциска сметка или евентуално ако бидат повлечени преку банкомат, во превод - тогаш кога ќе ги добиеш. Замисли да можеше некој да ти прати на Payoneer 1 милион долари... од каде ќе најдеше ти $100,000 долари за да однапред платиш за данок за приход ? Затоа и претходно напишав, нон-сенсе е таквата идеја за плаќање на данок.
И затоа го поставив моето прашање кое некако тешко беше прифатено од твоја страна: Земајќи го во предвид горенаведениот пример, доколку не може и не треба да се плати данок за сумата која си дреме на картичка СЕ ДОДЕКА ДРЕМЕ НА КАРТИЧКА (потенцирам со caps lock, не кризирам).... шопингување со истата е топ опција за трошење на парите на таа картичка и тоа сеуште не создава основ за оданочување.
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Кога читам за даноци реално да ви кажам ми се повраќа. Работам приватно 23 години незнам колку пари сум платил на државава, не сум добил денар помош, плус на моите оданочени пари плаќам уште 18 ддв кога купувам во малопродажба, да не бидам вулгарен али среќа што не ве знам сите лично од оваа тема, али доколку некој кој е буџетар или лапал државна цицка и добро се офајдил паламудри тука како е добро да се плаќа данок ( добро е во германија се слагам) во најмала рака добо вербално би се испукале со тенденција кон лесни физички испади.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.844
5.545
Во право си, секогаш постојат такви, среќа па не сум еден од нив. За жал постојат и луѓе кои неправедно и од само на нив позната причина етикетираат други луѓе како застапници за даночна евазија, а потоа и го осудуваат нечивиот чин на толкување на одреден Закон доколку не се вклопува со нивното толкување за истиот... срамота. Впрочем, никој не повика ниту има намера да ја зезне државата, ова е само дискусија.
Немав намера да етикеирам, само да ја напишам вистината. Јас не толкував ни во еден момент, го цитирам нашиот закон. Тој е таков, каков што е.
Убав цитат имаш извадено од постарото твое мислење, баш го читав од изворот. И ете не пак на почеток... Дали парите на Payoneer картичката конкретно подлежат на данок ? Дефинитивно - но обврска за плаќање данок може да се појави само тогаш кога парите ќе бидат префрлени на сопствена трансакциска сметка или евентуално ако бидат повлечени преку банкомат, во превод - тогаш кога ќе ги добиеш. Замисли да можеше некој да ти прати на Payoneer 1 милион долари... од каде ќе најдеше ти $100,000 долари за да однапред платиш за данок за приход ? Затоа и претходно напишав, нон-сенсе е таквата идеја за плаќање на данок.
Уф конечно се разбравме, со мала задршка. Дали е нешто нонсенс или не, е друга работа, но законот е таков и е јасен. Данокот не се плаќа однапред, него кога ке ти бидат исплатени тие да речеме 1,000,000$. Тогаш дефинитивно ќе имаш од каде да платиш данок. Значи убаво си пишува во законот, за повремени и привремени вршења на работи, кои не се знае точно кога ке бидат исплатени данокот се пријавува на крајот од годината (или поточно до 15март за предходната година) и тек тогаш треба да го платиш данокот. За други приходи има и други правила, но ова најчесто се однесува за Нас овде.
И затоа го поставив моето прашање кое некако тешко беше прифатено од твоја страна: Земајќи го во предвид горенаведениот пример, доколку не може и не треба да се плати данок за сумата која си дреме на картичка СЕ ДОДЕКА ДРЕМЕ НА КАРТИЧКА (потенцирам со caps lock, не кризирам).... шопингување со истата е топ опција за трошење на парите на таа картичка и тоа сеуште не создава основ за оданочување.
Повторно ке ке се повторам :) . Нашиот закон вели дека е небитно дали ти дремат, спијат или се разбудени. Небитно е дали ги трошиш безготовински или готовински. Тие во моментот на исплатата кон тебе претставуваат твој Приход и треба да се оданочат (кога и како и колку зависи од зашто си ги добил).

п.с. Ова му го понудив и на еден друг член ама некако не го бендиса. Дали си спремен со твоето толкување, со име и презиме, да отидеме до НБРМ и до УЈП и да им кажеме со писмо у архива, вака и вака работата. Јас тој и тој ве известувам дека имам Пајонир картица на која редовно си добивам ХХХ сума на пари и си ги трошам вака или онака. Само Ве известувам и не ми паѓа на памет да платам пари пошто нели парите никад не стапнале на тло на РМ.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.844
5.545
Кога читам за даноци реално да ви кажам ми се повраќа. Работам приватно 23 години незнам колку пари сум платил на државава, не сум добил денар помош, плус на моите оданочени пари плаќам уште 18 ддв кога купувам во малопродажба, да не бидам вулгарен али среќа што не ве знам сите лично од оваа тема, али доколку некој кој е буџетар или лапал државна цицка и добро се офајдил паламудри тука како е добро да се плаќа данок ( добро е во германија се слагам) во најмала рака добо вербално би се испукале со тенденција кон лесни физички испади.

Ја делам твојата фрустрација. И јас приватно со фирма со се, работам веке 19години. Сепак неможам и несакам да ширам дезинформации и да поттикнувам на нешто што едноставно законски не е исправно.
Еве најнова фрустрација ми е моралноста на исплатам К15 па замислите дури и сам на себе. Арно ама така некој моронски смислил закон, без да размисли убаво и тоа е тоа. Ќе си го јадеме.
 
R

Roncic

Гостин
А да не има некој , некаква информација-Веќе втора недела не можам да примам пари на словенски ПП од различни земји. Сите добиваат transaction error ... a пејпелот е активен и можам да вршам плаќања.
 
goranski

hello world
20 март 2013
305
143
А да не има некој , некаква информација-Веќе втора недела не можам да примам пари на словенски ПП од различни земји. Сите добиваат transaction error ... a пејпелот е активен и можам да вршам плаќања.
А, ти да не си ја згрешил темата малку? ова е форум за
Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови
 
R

Roncic

Гостин
Ова е ТЕМА , веќе кога се правиш паметен... И нема никаква причина за емотивни испади и хистерични забелешки.
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Кога читам за даноци реално да ви кажам ми се повраќа. Работам приватно 23 години незнам колку пари сум платил на државава, не сум добил денар помош, плус на моите оданочени пари плаќам уште 18 ддв кога купувам во малопродажба, да не бидам вулгарен али среќа што не ве знам сите лично од оваа тема, али доколку некој кој е буџетар или лапал државна цицка и добро се офајдил паламудри тука како е добро да се плаќа данок ( добро е во германија се слагам) во најмала рака добо вербално би се испукале со тенденција кон лесни физички испади.
Иако велам дека треба, затоа што се такви законите, и јас сум душа напатена како тебе (само некои 5 години помалку од тебе) и како многу други кои маубетат. Затоа немој да бидеш вулгарен туку сподели некоја солза со нас во очекувањето на новите законски измени кои веројатно ќе не дотепаат па нема да можеме ни да плачеме.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Што ѓавол ве терал да ја отворате оваа тема. Ќути си д.... си. Трн во здрава нога си ставивте. И да немаа намера да го регулираат ова, се сомневам дека воопшто имаа претстава што е Еланче или Фриланцер, а камоли Пејонер, тука се информираа за сите можности да ви земат од уста. Е сега, благодарејќи на сите сезнајковци овде, знаат се во детали. Народе македонски... :)
 
tupacan

user
10 септември 2007
1.733
2.391

Баш ова сакав да го кажам. Изгледа заборавивте дека ова е јавен форум и секој има пристап.

Се тешам, барем никој ја нема лајкнато темава... сеуште.
2014_07_09_01_49_18.png
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.506
31.948
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Без политика во ниедена тема, заебанција или не ќе покрене уште неколку слични постови.
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Ја делам твојата фрустрација. И јас приватно со фирма со се, работам веке 19години. Сепак неможам и несакам да ширам дезинформации и да поттикнувам на нешто што едноставно законски не е исправно.
Еве најнова фрустрација ми е моралноста на исплатам К15 па замислите дури и сам на себе. Арно ама така некој моронски смислил закон, без да размисли убаво и тоа е тоа. Ќе си го јадеме.
Пари исплатени за К-15 подлежат на персонален данок - без разлика дали вработениот ке му ги врати на газдата, мора да поминат на персонален данок
целта е да се земат брзи пари од стопанството што побрзо
 
ileste

user
26 јануари 2012
1.243
311
Gnasi nevideni se, prasajne mi e do kolku pari se prijavuva personalen danok, pr do 300e dali vredi da se prijavuva
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
Ај да ја живнам темава. Ме интересира како и на кој основ да ги пријавам парите што ми стасуваат на пајеонир и ги вадам на банкомат у кеш и да си платам за нив данок фино лепо и најпоштено? Пошто нели како фиромец не смеам да имам сметка у странство а еве парите што ми стасуваат на таа сметка сакам тука да си ги подигнам и да ги пријавам и да си платам данок колку што треба.
 
Professor

hello world
2 јануари 2013
67
49

Зошто би сакал да ги пријавиш парите од Payoneer????????
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
Па за да имам црно на бело дека за тие пари што сум ги повлекол сум си платил данок. Бидејки вадам прилично големи суми од банкомат, значи зборам за 1000 евра па и повеке на месечно ниво. Бидејки ја прочитав целава оваа тема и гледам дека има многу различни мислења и сл. (едни викаат дека треба да се плати, други викаат дека не треба) па сакам да сум на чисто со оваа скапана држава.
 
Штом толку заработуваш, не мора во Македонија да ги влечеш...Ене кај е Косово..Солун...Ќустендил...
 
crcic

lurker
2 април 2014
621
389
Значи ко шо си мислев, напаметно ми е да одам еднаш месечно во бугарија да си извадам кеш и да си дојдам, на тој начин ке си поминам само со 1000 денари за пат до благоев град или кустендил....
 
Professor

hello world
2 јануари 2013
67
49
Значи ко шо си мислев, напаметно ми е да одам еднаш месечно во бугарија да си извадам кеш и да си дојдам, на тој начин ке си поминам само со 1000 денари за пат до благоев град или кустендил....
Да, Work+Travel... Business + Pleasure :D
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Ај да ја живнам темава. Ме интересира како и на кој основ да ги пријавам парите што ми стасуваат на пајеонир и ги вадам на банкомат у кеш и да си платам за нив данок фино лепо и најпоштено? Пошто нели како фиромец не смеам да имам сметка у странство а еве парите што ми стасуваат на таа сметка сакам тука да си ги подигнам и да ги пријавам и да си платам данок колку што треба.
Од вакви сезнајковци што сакаат да пријавуваат данок за безвеза "Payoneer" картичка сите страдаме

Како можи да платиш данок за пари повлечени од банкомат ?????????

па тогаш да го викнам дорнината од Австрија кој летово повлече 3-4К евра преку бакомат за да плати данок тука , не можам да разберам глупоста на некои луѓе до каде можи да стигни.

оди пријави ги и нека ти манат + 35% данок и после Тошо ти е крив
 
dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Ај да ја живнам темава. Ме интересира како и на кој основ да ги пријавам парите што ми стасуваат на пајеонир и ги вадам на банкомат у кеш и да си платам за нив данок фино лепо и најпоштено? Пошто нели како фиромец не смеам да имам сметка у странство а еве парите што ми стасуваат на таа сметка сакам тука да си ги подигнам и да ги пријавам и да си платам данок колку што треба.
Payoneer е врзан со фиктивна сметка во банка во USA. Зошто би сакал да ги пријавуваш и даночиш тие пари кога никој од Македонија за почеток не ни знае дека ги поседуваш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно