Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Цените на рам меморија отидоа...тралала

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.758
Skopje
www.wemaxa.com
На виши сили што во друг случај би им одговарало да ги гонат за злосторнички здружувања и сл. тип на картелско делување, овој пат им одговара Алтман да се опреми со хардвер по брза постапка. Има трка меѓу УСА и Кина на поле АИ моментално. Ви пратив горе, читнете за Palantir - (Palantir Technologies - Wikipedia). Проект на Питер Тил (Пејпел, Фејсбук) - цела АИ/софтверска гранка ќе ја тера на Мин.за Одбр. на Уса - следење, аналитики, контрола на роботизирани возила/машини, дронови се. Џенсен (Нвидиа) има амин добиено дека може да се тера така да се е подмачкано да хардверот без проблем се слева во овие проекти. Малопродаја на рамчиња за гејмери во моментов е небитно - зашто да се смараат со 2% маржи кога може со 200% маржи? Тоа што ќе има од рам ќе биде наменето за сервери - тие и онака си плаќаат фирма цени, ги заболе колку кошта, на краен потрошувач ќе се пренесе трошокот и онака.

Ние може да се смееме слободно, ама ќе биде како со графичките. Мене лично последна т.н. High End карта ми беше 1080ti, после тоа веќе не можам а и не сакам да платам за се што следеше по нови цени. 3090/4090/5090 ми се/беа над здрав разум и можности.

1766669485826.png

1766669553390.png
 
Последна промена:

mkgunner

hello world
29 октомври 2008
446
340
Кичево
mkgunner's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600AF
Motherboard
MSI B450 Gaming Plus Max
Storage
Kingston A2000 250GB
PSU
Chieftec GPS-600A8
RAM
2x8Gb G.Skill Ripjaws F4-3200C16D-16GVGB
Video card
XFX RX570 4GB
Case
No name
Mouse
некаков Кинез
Keyboard
Delux K5108 (11 години, абер нема да рикне)
Audio
Panasonic SA-AK20 на AUX
Monitor
AOC 27V2Q
OS
Windows 10 Pro
Почнаа со DIY рам браќата руси
 
jocoklavulanski

hello world
25 јануари 2025
136
190
На виши сили што во друг случај би им одговарало да ги гонат за злосторнички здружувања и сл. тип на картелско делување, овој пат им одговара Алтман да се опреми со хардвер по брза постапка. Има трка меѓу УСА и Кина на поле АИ моментално. Ви пратив горе, читнете за Palantir - (Palantir Technologies - Wikipedia). Проект на Питер Тил (Пејпел, Фејсбук) - цела АИ/софтверска гранка ќе ја тера на Мин.за Одбр. на Уса - следење, аналитики, контрола на роботизирани возила/машини, дронови се. Џенсен (Нвидиа) има амин добиено дека може да се тера така да се е подмачкано да хардверот без проблем се слева во овие проекти. Малопродаја на рамчиња за гејмери во моментов е небитно - зашто да се смараат со 2% маржи кога може со 200% маржи? Тоа што ќе има од рам ќе биде наменето за сервери - тие и онака си плаќаат фирма цени, ги заболе колку кошта, на краен потрошувач ќе се пренесе трошокот и онака.

Ние може да се смееме слободно, ама ќе биде како со графичките. Мене лично последна т.н. High End карта ми беше 1080ti, после тоа веќе не можам а и не сакам да платам за се што следеше по нови цени. 3090/4090/5090 ми се/беа над здрав разум и можности.

Погледнете го атачментот 157106

Погледнете го атачментот 157107
Се дур пејпал мафијата е на власт и нема регулатива вака ќе биди, значи минимум до 2029 а и веројатно понатаму.
Ако пукне балонот и пропадне OpenAi, овие дата центрите ќе се пренаменат за генерална употреба наменета за плебците.
Нема сценарио во кое шо победува обичниот муштерија.
Ако успеат следува еншитификација и поскапување на сите добра, ако пропаднат следува уште поголема еншитификација и поскапување на сите добра.

Дека има трка конкретно за AI е дискутабилно, мислам дека кинезите само сакат да се независни од америчка технологија (како и остатокот од светот) и имаат доволно ресурси за RnD.
Али јас да сум Палтото ќе тврдам дека има трка и ќе ги плашам геријатриските пациенти дека кинезите се пред нас за да се олабават регулативите и побрзо да кеширам од двете страни.

Последна надеж (барем за гејмингот) гледам во Valve, хипотетички би можеле да бидат светла точка во лудачките цени со тоа шо би понудиле поисплатлив екосистем него DIY microsoft варијанта или пак Cloud Gaming кошмарот.
Пошо колку и да форсираат cloud gaming има огромна E-sports сцена шо никад не би прифанала да игра со толкав latency.
Пак ќе биди изгор скапо, али барем ќе има палпабилна машина која неможат да ти ја заклучат Безос и Палтото после 100 саати играње.

Дополнително, веќе гледаме како добрите студија (Larian и CDPR) уште рано во development-от удираат акцент на послаби машини, пошо и самата индустрија не очекува дека ќе имаме Nasa компјутери.
Valve можат да помогнат во тоа сценарио со фиксирање на вид на минимални спецификации via Steam Machine.
Ако и тие киднат, тогаш јбг, ќе барам ново хоби.. Не планирам да ранам ненаситна машина за уништување на човештвото поише од шо морам.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.653
3.232

упорно си гледате од свои желби. Небитни сте како бројка. Еден корпорациски договор е поголем од цела „гејминг“ заедница.
Работни станици ќе станат безобразно скапи а од друга страна аи генерирани срања ќе се намножат...
Заебани времиња. Ќе има прилагодувања многу.
 
jocoklavulanski

hello world
25 јануари 2025
136
190
упорно си гледате од свои желби. Небитни сте како бројка. Еден корпорациски договор е поголем од цела „гејминг“ заедница.
Работни станици ќе станат безобразно скапи а од друга страна аи генерирани срања ќе се намножат...
Заебани времиња. Ќе има прилагодувања многу.
Ќе има прилагодувања дефинитивно, гејмингот е на последен план за пејпал мафијата и палтото али не важи истото за Valve и Tencent.
И тие се огромни компании кои финансииски не зависат од балонот но се егзистенцијално засегнати.
Нив најбитно им е да ги задржат корисниците во контролиран екосистем, дур има побарувачка за хардвер кој рендерира локално ќе има и производители и дистрибутори.
Не мешај баби и жаби работни станици во било коа ера се безобразно скапи, добра игра може да тера и на малце посолен компир.
"Лошото" е шо нема да има огромни скокови во графика, али голем скок во графика и не сме виделе преку 10 години .

И оваа лудост нема вечно да трае, канцер во четврти стадиум се третира палијативно ама евентуално го убива домаќинот.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Не разбирам зошто паничите?
Се разбира освен ако баш не сте биле пред набавка на нов хардвер и сето ова ве затекло во небрано.

Надвор од тоа, што е проблемот?

Што е потребата за нов хардвер?
Ете за гејминг. Што е потребата за нов хардвер за гејминг?

Што освен нови игри кои бараат нов посилен хардвер?

Но што ако малтене никој не може да си дозволи нов посилен хардвер за гејминг?
Дали создавачите/издавачите на игри ќе прават игри за нов посилен хардвер ако - никој нема нов посилен хардвер? Некој можеби, мнозинството нема. На крај сите ќе мора да се оптимизираат за актуелниот хардвер што се користи.

Вие што сте гејмери? Лабаво. Гледајте што се дешава и фаќајте сеир.
Проблем ќе имаат тие што хардвер им е потребан за продукција/работа. Тоа е веќе друга приказна.
 
Goran995

Баниран/a
16 ноември 2019
1.495
2.572
Скопје
Проблем ќе имаат тие што хардвер им е потребан за продукција/работа. Тоа е веќе друга приказна.

Глупости.
Баш напротив.

Тие што хардвер им е потребен за работа и за печалење пари од тој хардвер - ќе си платат. И ќе си наплатат за истото.

Гејмерите се заебаните во овој случај, не тие што печалат од компјутерот.
 
jocoklavulanski

hello world
25 јануари 2025
136
190
Не зборам од позиција на паника,снабеден сум со хардвер.
Зборувам за импликациите за иднината кои ги има цела оваа ситуација, сите сме заебани... Гејмери,професионалци, телефонџии, плебци... СИТЕ.

Иницијално ми личеше на крипто грифтот од 2017 и 2020, само помасовно и со нова крава за молзење али сега више гледам дека е нешто многу по гнасно.

Исто ко маркетот за недвижности шо го сјебаа и луѓето мора да рентаат, многу слично можно е да биди и за хардвер за скоро време.

Во такво сценарио може дури и да се деси креш на цела гејминг индустрија (која шо и онака е многу хаотична) , сите овие "помали" компании се егзистенцијално засегнати исто колку и ние.

Едини ентитети шо ќе гледаат сеир се мегакорпорациите и олигарсите, друзите сите ќе преживуваме.
 
wolverine

user
27 јуни 2012
1.341
1.578
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Не зборам од позиција на паника,снабеден сум со хардвер.
Зборувам за импликациите за иднината кои ги има цела оваа ситуација, сите сме заебани... Гејмери,професионалци, телефонџии, плебци... СИТЕ.

Иницијално ми личеше на крипто грифтот од 2017 и 2020, само помасовно и со нова крава за молзење али сега више гледам дека е нешто многу по гнасно.

Исто ко маркетот за недвижности шо го сјебаа и луѓето мора да рентаат, многу слично можно е да биди и за хардвер за скоро време.

Во такво сценарио може дури и да се деси креш на цела гејминг индустрија (која шо и онака е многу хаотична) , сите овие "помали" компании се егзистенцијално засегнати исто колку и ние.

Едини ентитети шо ќе гледаат сеир се мегакорпорациите и олигарсите, друзите сите ќе преживуваме.

Ова ќе биде така се додека не дојде понормална власт во Америка, од 2028 па натаму.

Оваа администрација на Трамп забега тотално со фарсата ...да ја победеле Кина во AI. Практично сите тие Американски компании моментално имаат одврзани раце за манипулација и безобѕирност само Америка да ја направат технолошки најнапредна по било која цена.

--- BTW: Се најавува дека ASUS и некој друг кинески производител ќе влезеле на DRAM маркетот за гејминг за олабавување на притисокот врз цените.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.758
Skopje
www.wemaxa.com
Позитивен аспект доколку АИ е балон како што некои тврдат,

Аsus нема фабрика за силиконски вафли, се знае кои се: SK Hynix, Micron и Samsung. Тоа што асус најави е ништо друго освен обид да капитализира од целата ситуација. Вафлите се проблем, букирани се да штанцаат ΗΒΜ Ram за А.И. И дај едитирај тоа политички кооперација муабети, не се за форумов.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.273
2.708

па тоа не го менува фактот дека администрацијата на Трамп отиде алл-ин на АИ. Целава глупост со цениве и градење некои инфраструктури он им ја дозволи. Буквално им налага на сите држави во САД да дозволат градба на датацентри. 3000 такви треба да се изградат. И сеа викаат овие АИ компании дека не им фалат графички, него тоа каде да ги инсталираат. И ботлнекот ќе стане струјата. Ќе им ги качат сметките на сите луѓе низ Америка.

Многу овие дата центри се и направени, но не се укључени поради гридот. И не се очекува да ги пуштат у блиска иднина. Инвестиција пар екселанс е скемов со АИ.
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.758
Skopje
www.wemaxa.com
па тоа не го менува фактот дека администрацијата на Трамп отиде алл-ин на АИ. Целава глупост со цениве и градење некои инфраструктури он им ја дозволи. Буквално им налага на сите држави во САД да дозволат градба на датацентри. 3000 такви треба да се изградат. И сеа викаат овие АИ компании дека не им фалат графички, него тоа каде да ги инсталираат. И ботлнекот ќе стане струјата. Ќе им ги качат сметките на сите луѓе низ Америка.

Многу овие дата центри се и направени, но не се укључени поради гридот. И не се очекува да ги пуштат у блиска иднина. Инвестиција пар екселанс е скемов со АИ.

"Лиса Су, (директор на AMD) на WIRED конференција во Сан Франциско негира дека AI е балон. Тврди дека ваквата проценка се преценета и дека AI се наоѓа во релативно рана фаза на развој. Пазарот не покажува карактеристики на класичен шпекулативен балон, туку има реална (+долгорочна) основа за раст. Су тврди дека AMD ќе продолжи (агресивно) да инвестира во хардвер подготвен за AI. Су мисли дека нема причина компаниите да запрат со развој или да се повлечат поради страв од краткорочен пад. Во тој контекст, AMD се позиционира за големи AI имплементации во дата центри и соработка со OpenAI, и истовремено продолжува со испорака на MI308 чипови за Кина под новите извозни ограничувања. Су зборува за притисокот од хиперскалерите кои развиваат сопствен силициум и истакнува дека одговорот на AMD е забрзување на технолошкиот развој и фокус на следниот бран реални AI апликации.

Н.з.с, Су ја третира AI експанзијата како структурна технолошка трансформација, а не времена инвестициски балон што ќе издиши."
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.068
7.751
Не секое тврдење дека нешто е балон е точно. Да почнеме од PC револуцијата, IBM мислеше дека ќе прогрми... Или Microsoft со мобилните уреди, најголем кикс на светот... BlackBerry, Nokia го изедоа стапот исто. Ако би се кладел, а во живот не сум влегол во кладилница - би ставил 100 денари дека не е bubble
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
770
2.041
Не сум доволно стар да сум користел System/360, ама ако една од клучните причини зошто пролиферираа индивидуалните сметачи наспроти mainframe се економски причини (процесорите и меморијата поефтиниле), не би требало да е чудно зошто повторно се враќаме на централизација (пак се менуваат економските причини).

Нема да има mainframe, ќе има datacentar. Нема да има глуп терминал, ќе има thin client. Нема да има изнајмени линии, ќе има оптички интернет.

Може ќе се префрлиме целосно на GeForce NOW, па за пар децении пак ќе се сменат економските причини и во пензија ќе купуваме пак ефтини графички карти.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.779
12.758
Skopje
www.wemaxa.com
Треба да се следат парите, се централизира економијата околу пазарот на информации. Прднеш - нормално телефонот слуша затоа што е до тебе - ти излегува реклама за освежувач на воздух. Правиш муабет на маса за ова-она, ти излегуваат понуди (нормално со најдобар попуст од 102.16%) за се што се зборело. Хартиени пари умреа, се тепа раја да им било се на апликација за полесно. Комплетен микро-менаџмент постои на секој аспект од животот директно поврзан со информации, сензори, животни навики - да движат капиталистичка економија на генерирање планини отпад. Стадото е прегнато, АИ ќе го исцеди до максимум, се диригира и насочува секоја постапка а стадото не е ни свесно, живее во илузии дека има слободна волја.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Нема да има mainframe, ќе има datacentar. Нема да има глуп терминал, ќе има thin client. Нема да има изнајмени линии, ќе има оптички интернет.

Може ќе се префрлиме целосно на GeForce NOW, па за пар децении пак ќе се сменат економските причини и во пензија ќе купуваме пак ефтини графички карти.
Или едноставно ќе ги користиме постоечките компјутери. Mуровиот закон секако е мртов, одамна достигнавме неисплатливи diminishing returns па напредокот се форисира со брут форс, зголемување на број на јадра, физичко зголемување на сѐ.

Факт е дека за мнозинството намени посточките капацитети се доволни за локален компјутинг. За ретките намени каде треба повеќе, таму има логика принцип на оддалечен терминал.

Тоа за прво време, во иднина пазарот сам ќе се регулира. Не гледам иднина каде засекогаш ќе останат цени со троцифрени бројки процент на профит на произведувачите: Ако побарувачката остане зголемена, амбициозни ентититети ќе инвестираат во повеќе производство. Понудата ќе се зголеми. Итн.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно