Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Temu

chroot

lurker
12 ноември 2021
780
1.113
Скопје
Ако се плаќа ДДВ за пратка до 22 евра, што е со пратките над 22 евра, што е различно кај нив?
Ќе се плаќа и за нив, сега само се укинува ослободувањето од ДДВ под 22 евра. Додатно сигурно и царина ќе се рачуна на сите пратки, али тоа е малку посложено бидејќи има различни стапки.
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.967
6.063
Skopje

Царината е предвидена од идната година
 
nixxa

hello world
16 јуни 2017
111
60
Направив нарачка после 6 месеци пауза, веќе 3 дена уште не ми е спакувана, претходно веќе беше испратена.,,
дали има некои промени со цариниве?:
 
Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.967
6.063
Skopje
Направив нарачка после 6 месеци пауза, веќе 3 дена уште не ми е спакувана, претходно веќе беше испратена.,,
дали има некои промени со цариниве?:
Ве мрзи да читате наназад... Нема никакви промени со царините, ДДВ-то е веќе вклучено во цената (VAT included)
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.657
1.819
Screenshot_2025-11-20-18-07-52-833_com.alibaba.aliexpresshd-edit.jpg Освен кога не е, како на Али каде си пишува Tax excluded, па ќе има големи давачки.
 
7 март 2014
1.297
751
Skopje
despotovikj's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X + AMD Ryzen Wraith Prism RGB
Motherboard
ASUS TUF GAMING ATX B550-PLUS
Storage
500GB Samsung 980 NVMe M.2 + ADATA LEGEND 710 512GB
PSU
CoolerMaster Elite V3 500W
RAM
x2 Kingston 8GB 3200MHz DDR4 CL16 DIMM FURY Beast RGB
Video card
GeForce® GTX 1660 SUPER™ OC 6G
Case
ATX Midi Tower Case Deepcool CC560 Black
Mouse
ASUS ROG Strix Impact II Wireless
Keyboard
AOC GK500 Gaming Full RGB Mechanical Keyboard
Audio
AOC GH300 USB Gaming Headset
Monitor
AOC Gaming Monitor 24G2SAE 1080p/VA/165 Hz
OS
Windows 11 PRO

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.805
6.500
SK
Мислам дека ова се однесува на мали фирми што се бават со продажба/препродажба на ситни работи што сега се увезуваат директно од Кина и го губат ќарот. Под овие фирми мислам принт на маици, дрангулии и слично што стана драстично поевтино да си го купиш од Кина наместо тука да ти наплатат.
Ова не е штитење производство и индустрија. И не е поврзано ова стриктно со Кина. Па Амазон во САД/ЕУ го реструктуира ритејл секторот - нели е тоа истата ситуација, од каде ќе купиш: Онлајн за ~хх% поевтино, или во продавница за хх% поскапо?
Само за Амазон нема тарифи.

Сепак ова е глобален проблем, Кинезите го освоија цел свет и единствениот одговор на западот е да ставаат тешки царини затоа што поинаку не знаат да станат конкурентни, воедно тоа е и мерката демек кај нас а додатно што собираат пари за партиски цели.
Тоа така е со децении но ова сега е економска војна. Никој на западот со ова не станува „конкурентен“, затоа што производството и увозот секако се од исток. Само тарифите што идат во џеб на државата - но кој ги плаќа? Секако не Кинезот нели?
Кинезот ја дига цената за да ги вклучи и тарифите. Цената ја плаќаат потрошувачите (граѓаните) на западот.

Така и нам сега ни наметнуваат додатни давачки. Кинезот едноставно ќе ги дигне цените за ДДВ износот а ние ќе ги плаќаме... ММЕ барем да не нѐ лажат дека „шпедитерите ќе ги плаќале даноците“.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Не сум го прочитал законов што беше во собраниска процедура. Може таму да е дефинирано, ама никој не го спомнува.

Како може Аљи и Тему (и било кој друг) да наплаќа ддв кога не е ддв обврзник, ниту е регистриран правен субјект во државава?
Претпоставувам дека наплатеното ддв од купувачите ќе го префрли до шпедитерите кои ја внесуваат пратката во државава и они ќе и платат на државава, оти шпедитерите се регистриран правен субјект во државава и ддв обврзник. Или пак Аљи и Тему ќе регистрираат фирми во Македонија за да можат да наплаќаат ддв?

Како е правно решено со Амазон?
Дали има некој сознанија на оваа тема?
Дали ќе сака да ги подели со популацијава?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.113
14.236

"ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор"
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
780
1.113
Скопје
Ова не е штитење производство и индустрија. И не е поврзано ова стриктно со Кина. Па Амазон во САД/ЕУ го реструктуира ритејл секторот - нели е тоа истата ситуација, од каде ќе купиш: Онлајн за ~хх% поевтино, или во продавница за хх% поскапо?
Само за Амазон нема тарифи.

Тоа така е со децении но ова сега е економска војна. Никој на западот со ова не станува „конкурентен“, затоа што производството и увозот секако се од исток. Само тарифите што идат во џеб на државата - но кој ги плаќа? Секако не Кинезот нели?
Кинезот ја дига цената за да ги вклучи и тарифите. Цената ја плаќаат потрошувачите (граѓаните) на западот.

Така и нам сега ни наметнуваат додатни давачки. Кинезот едноставно ќе ги дигне цените за ДДВ износот а ние ќе ги плаќаме... ММЕ барем да не нѐ лажат дека „шпедитерите ќе ги плаќале даноците“.
Зборот ми беше за членот што беше изреволтиран што е можно да се купува од Кина и притоа тие производи не подлежат на ДДВ, а малите бизниси во МК што се бават со продажба на истите работи пропаѓаат. Јас секако ќе продолжам да си купувам од Кина, прво 90% од производите кои ги набаваувам кај нас ги нема, второ нека продолжат нашите бизниси да продаваат ист производ драстично поскап со голема маржа па нека бараат муштерии.

Воведувањето на ДДВ и царина секако не е за да се помогне на тие мали бизниси (мислам, знаеме кај живееме), целта сите знаеме што е, собирање на пари за полнење буџет.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
"ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор"
@gokica Во поракава цитираш некого? Не ми е баш најјасно, оти во правописот цитираниот текст почнува и завршува со наводници „ и “, па претпоставувам дека цитираш некого. Кој го има напишано оригиналот што го цитираш?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791

Google вика Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од TЕМУ со измените на Законот, велат од МФ - Локално
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.113
14.236
@gokica Во поракава цитираш некого? Не ми е баш најјасно, оти во правописот цитираниот текст почнува и завршува со наводници „ и “, па претпоставувам дека цитираш некого. Кој го има напишано оригиналот што го цитираш?
Цитатот е од текстот за кој членот Dreamson имаше постирано линк неколку поста погоре. Во мојот одговор е и линкот.
 
fcwizard

hello world
26 март 2018
66
72
Само што забележав дека цените на повеќето работи(коишто не можеш да ги купиш кај нас) што ги имав во кошничка се покачени од 20 до 25%, не заборавајте на следните избори ич да не гласате или да си продолжите да гласате за лопови.
Btw цените на производите во европска унија на бенгуд од европско складиште се со вклучен данок и пак се многу поефтини.
Така да реториката(ако воопште знаат што значи зборот) на нашиве усогласуваме европски регулативи и штитиме домашно производство може да помине само кај партиско коленичарски глушец!
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.107
7.791
Продавачите за да ги намалат трошоците имаат магацини во ЕУ па и транспортот е поевтин. Логично. Македонија треба да се бори да влезе во царинска унија со ЕУ ако сака подобри цени... Не со шверц
 
28 ноември 2014
1.225
822
Скопје
Антониј.К's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 5600
Motherboard
Asus Prime B550M-K
Storage
Samsung SSD 980
PSU
Cooler Master
RAM
ADATA 2x8gb
Video card
MSI N750TI/OC EDITION
Case
Cooler Master MB511 RGB
Keyboard
GHOSTWRITER CLASSIC | RIOTORO
Monitor
SAMSUNG C24F396FHU 24" Curved AMD Freesync Monitor
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Само што забележав дека цените на повеќето работи(коишто не можеш да ги купиш кај нас) што ги имав во кошничка се покачени од 20 до 25%, не заборавајте на следните избори ич да не гласате или да си продолжите да гласате за лопови.
Btw цените на производите во европска унија на бенгуд од европско складиште се со вклучен данок и пак се многу поефтини.
Така да реториката(ако воопште знаат што значи зборот) на нашиве усогласуваме европски регулативи и штитиме домашно производство може да помине само кај партиско коленичарски глушец!
Цените во кошничка знае и претходно преку ноќ да пораснат и апсолутно нема поврзаност со проблематиката.
Милион пати сум приметил производи во кошничка да поскапат па сум ги бришел и наоѓал повторно.

Колку што забележувам цените се исти, па дури и поевтини за некои производи.
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
780
1.113
Скопје
Само што забележав дека цените на повеќето работи(коишто не можеш да ги купиш кај нас) што ги имав во кошничка се покачени од 20 до 25%, не заборавајте на следните избори ич да не гласате или да си продолжите да гласате за лопови.
Btw цените на производите во европска унија на бенгуд од европско складиште се со вклучен данок и пак се многу поефтини.
Така да реториката(ако воопште знаат што значи зборот) на нашиве усогласуваме европски регулативи и штитиме домашно производство може да помине само кај партиско коленичарски глушец!
Чекај уште не почнале со наплаќање на ДДВ, ама нема да поскапат производите, министерката лично ќе се погрижи Кина заедно со шпедитерските фирми да го покријат ДДВ-то.
 
DaniDaniel

hello world
5 јуни 2020
104
181
Само што забележав дека цените на повеќето работи(коишто не можеш да ги купиш кај нас) што ги имав во кошничка се покачени од 20 до 25%, не заборавајте на следните избори ич да не гласате или да си продолжите да гласате за лопови.
Btw цените на производите во европска унија на бенгуд од европско складиште се со вклучен данок и пак се многу поефтини.
Така да реториката(ако воопште знаат што значи зборот) на нашиве усогласуваме европски регулативи и штитиме домашно производство може да помине само кај партиско коленичарски глушец!

Не ги чувај во кошничка.
Порано беше добро кога даваа discount за ствари во кошничка, па ги оставав. Сега со тоа вртење тркала, купони, ваучери, кредити скроз изгубија смисла попустите.

Ако го пребараш истиот продукт веројатно ќе го најдеш и поефтино. Избриши го и додади го пак.
Ова ми се случи со повеќе продукти од последната нарачка.
 
Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.347
2.771
Целиов маркетинг им е скамерски. Без реални купони ваучери со некакви тркала што те тераат да трошиш повеќе за минимални добивки.
 
noviot

hello world
1 февруари 2008
153
137
Некој искуство со M-One достава? Не ми се верува дека ми пратиле на вибер порака за две пратки, САМ да сум идел да си ги земам од некоја пошта во Ченто, What the actual fuck?!? До сега сите доставувачи ми носеле до адреса на нарачка на Тему, овие курнази ми викаат дојди сам земи си :ROFLMAO:
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.347
2.771
Некој искуство со M-One достава? Не ми се верува дека ми пратиле на вибер порака за две пратки, САМ да сум идел да си ги земам од некоја пошта во Ченто, What the actual fuck?!? До сега сите доставувачи ми носеле до адреса на нарачка на Тему, овие курнази ми викаат дојди сам земи си :ROFLMAO:

ако сакаш можеш да одиш таму, ако не ќе ти ја достават. Такви се тие мрзливи, од сите доставувачи најдолго ги одолговлекуваат праткиве. Мене една 2 недели ми ја држат, денес гледам на курир ја дале, и нему ќе му требаат уште 2-3 дена додека ми ја донесе :ROFLMAO:
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно