Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ваши искуства со Сетек

blackfen1

hello world
16 јануари 2018
88
96
Значи кои безвезњаци се Сетек алал да им е.
Пред некој месец земав лаптоп од кај нив и со тоа ми рекоа дека 3% од сумата на лаптопот ми одат во нивната клуб картичка, значи негде околу 1200 денари кои можам да ги искористам во нивната продавница.

Денес отидов планирајќи да земам рутер од 1300 денари и да си доплатам 100че, но ми рекоа дека поените можам да ги користам само ако имам поени деливи со 500. Значи џабе другиве 200 поени. што ги имам.
Ми стојат 1000 поени на располагање. Ок, ќе земам рутер од 1000 денари.

Но тоа не е се! Одозгора ми викаат дека не можам да ги искористам сите поени, туку на сумата може да се одбие само пола. На пример ако рутерот кошта 1000 денари, јас Морам да им дадам 500 денари у ќеш. Никако не можеш да поминеш без физички пари да им дадеш.
И плус, производот морал да кошта дупло повеќе од поените на располагање.

Сетек еднаш, и никогаш повеќе.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832

Системот со поени им е направен да секои 500 поени ти ги конвертира во ваучер од 500 денари. Тие 200 што ти останале ти одат во наредниот ваучер, значи треба да направиш уште 300 за да може да ги искористиш. Е малку глупаво, да.

А за муабетов дека само пола може да се одбие, првпат слушам, а ја користам картичката нивна прилично често. Знам само дека ја рачунаат редовната цена на производот, не намалената (ако е на попуст), па ако има големо намалување на нешто, не вреди да се земе. Да не е од тука заебанцијава?
 
ми рекоа порано можело 100% да се искористи, сега по ново само 50%
 
igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
И кај Макпетрол е така со Верна поените, само што нема делење со 500, колку имаш толку можеш да потрошиш. :cool:
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
Во сет сменето е како се користат поенти @blackfen1 е во право јас претходната година земав 2 свича само со поените , а сега сменето е како се користат и испаѓа дека немаат никаква вредност, т.е те сет моментално те прават да изгледаш како JACKASS кога ќе влезеш и мислиш дека ќе земеш нешто со поените.
Моментално јас не гледам никаква придобивка од собирање на тие поени.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Во право сте, сега видов на сајтот за Cashback проверка, стои горе:

" Почитувани комитенти, при користење на ваучерите во продажните места на СЕТЕК Се од Техника, ваучерите можат да покријат најмногу 50% од износот на сметката."

Во секој случај, мене не ми е проблем да покажам картичка што потенцијално може да значи 50% попуст на нешто, секако пазарам често во Сетек. Не е за џабе.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.179
16.273
Значи кои безвезњаци се Сетек алал да им е.
Пред некој месец земав лаптоп од кај нив и со тоа ми рекоа дека 3% од сумата на лаптопот ми одат во нивната клуб картичка, значи негде околу 1200 денари кои можам да ги искористам во нивната продавница.

Денес отидов планирајќи да земам рутер од 1300 денари и да си доплатам 100че, но ми рекоа дека поените можам да ги користам само ако имам поени деливи со 500. Значи џабе другиве 200 поени. што ги имам.
Ми стојат 1000 поени на располагање. Ок, ќе земам рутер од 1000 денари.

Но тоа не е се! Одозгора ми викаат дека не можам да ги искористам сите поени, туку на сумата може да се одбие само пола. На пример ако рутерот кошта 1000 денари, јас Морам да им дадам 500 денари у ќеш. Никако не можеш да поминеш без физички пари да им дадеш.
И плус, производот морал да кошта дупло повеќе од поените на располагање.

Сетек еднаш, и никогаш повеќе.

Абе не ги задевајте децата си играат фирма.
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.149
3.023
И дополнителен проблем е што ништо не ги спречува понатаму да ги зголемуваат рестрикциите за да се искористат поените. На пример, денес ќе потрошам пари и ме убедуваат дека поените имаат една вредност, а за 6 месеци ќе треба да потрошам 3 пати повеќе пари од вредноста на поените и да направам колут напред пред да платам за да ги искористам.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.179
16.273
рачунај дека не постојат, па после ќе ти дојдат како некој бонус.
Ако некогаш во животот ти е тешко, да ја кренеш раката горе, да ја држиш така 10 минути и кога ќе ја спуштиш ќе ти биде многу полесно?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.577
19.284
буквално кажав дека земав лаптоп од кај нив, значи еднаш :)
Епа добро тогаш..

Иначе поените се тешка превара. Можеш да ги употребиш само на редовната цена и тоа по правилата кои ги опиша.

Јас баш и не се потресувам околу нив.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.067
7.749
...
Со нефункционално судство овдека секој можи да си прави тоа што му е угодно.
...
Нема инспектори, нема полицајци, нема ... Абе нема луѓе.
Ништо не се прави со добра намера. Името да не му го споменувам, го нормализираше криминалот во државата. „Крадеме од комшиите зашто ние имаме неправедно ембарго до ружниот сосед“. Еден криминал оправда друг. И еве кај сме. Според ова треба точно по еден судија, полицаец, инспектор, ловочувар, јунејмит по глава на жител.
А за едни сум чул дека почнаа со шверц на пентиуми од бугарија во мантил. Па еве до каде догураа.
 
MrComputer

hello world
1 февруари 2021
80
72
Битола
Здраво сакам да купам матична плоча од Сетек, доста скапа, дали има некој искуства со матична плоча или да кажи нешто за Сетек, од Битола.
 
StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Матични плочи има така поприлично, а исто така и поприлично доста има скапи од нив. Не гледам што би имало проблем ако знаеш што сакаш, без разлика дали го купуваш од Сетек Битола, Свети Николе, Штип или каде и да е.
Ако јас знам дека тоа нешто го сакам, не ме интересира какво искуство имале другите со Сет, Анхоч или не знам кој. Одам си го купувам прозиводот и фала пријатно.
 
psyman

hello world
30 март 2018
114
162

Можда сакаше да знајт колку е учтив персоналот во Битола :unsure:
 
MrComputer

hello world
1 февруари 2021
80
72
Битола
Сакав да прашам дали има можност да ми продадат употребен производ, бидејќи матичната ја немаше на залиха па денес ја има. А и исто така што имам прочитано по форумиве од ДДСторе продавале отворени производи.
 
nvidia88

lurker
16 септември 2010
609
374
Gostivar
Досега свашта сум земал од сетек,исто така и од анхоч,али никогаш сум немал проблем..пример имав cm mm830 mouse и имав проблем со скролот...го однесов и не се поправало,и одма замена за razer си напраив....Монитор исто таке од 30к,после 1 месец ништо од поправање и одма друг нов од иста сума...и куп други работи
 
Torlakian

hello world
21 октомври 2014
324
372
Куманово
Јас пред скоро купив тостер од Сетек. Ми ги гори тостовите затоа што заборавам да ги вадам на време. Каде може да се пожалам?
треба кашкавал да стаиш, да га умоташ леб У кашкавал, кашкавалот не гори само се топи, така ќе го решиш проблемот со изгорен леб
 
9 август 2018
1.172
477
Да се надоврзам на тоа што го кажав во темата за телевизори.
Па еве вака. Уште пред едно 8 - 9 месеци ми беше во план да земам нов телевизор за во новиот стан. Тогаш работите беа поинакви, и очекував до ноември - декември да се уселам, ама инвеститорот малку се завлечка, и сега кај и да е за месец дена ќе се уселам.
Во тој период гледав Samsung QLED 2019 модели од Neptun, и тогаш таму имаа најодлична цена, и дури и поевтина од онаа во Setec. Е сега, Neptun како Neptun они увек последни нарачуваат нови модели, па така да им стоеа тие Samsung 2019 QLED модели, па се додека еден ден не ги тргнаа од залиха. Тие кои што се продале се продале, а тие кои што не ги имаат тргнато, што е навистина глупо од нивна страна, наместо да ги остават (како што прави Setec) и да намалат цена, па така да се продадат. И после тоа прашувам јас колку им е најевтиниот телевизор од 2020 серијата, ми викаат 80,000. И од тогаш ги баталив.
Тој период исто така приметив дека во Setec ги имаа и 2019 моделите, а и 2020 моделите им беа од по - одамна нарачани. Одев неколку пати и се распрашував, и ми рекоа дека ќе им стоеле се дур не се продадат, што ми даде надеш дека кога тогаш ќе успеам да земам QLED 2019 модел. Поминува доста време, пратам јас се тоа и гледам дека и цената опаѓа ама опаѓа и достапноста на моделите. Еден ден гледам оп го снемува преостанатиот модел од капитол, ама тогаш они се спремаа за големо отварање кај мајчин дом. И така после неколку недели, гледам тој модел се појавил таму.
Поминува некое време, и еден комшија ни кажа (и ни даде флаер) дека вечерва (тој ден) ќе имаат попусти, заради отварањето на новиот Setec салон кај мајчин дом. После консултација со моите, одлучивме да одиме, да го земеме тој преостанат модел, и успат и перална.
Отидовме таму, и право кај тој телевизор. Дечките фини се супер, ни рекоа дека ќе ни го чуваат ( бидејки не можевме веднаш да го платиме) минимум до средата, и ние океј се тоа, оставивме бројче и име, и после плативме тоа пералната и си заминавме.

После неколку дена, се јавуваа моите за пералната ( бидејки сакаа да ја донесат пред да ни стигне мебелот) , и бидејки генерично на повик не одбија, отидовме таму. Тоа за пералната се договоривме, но кога прашав за телевизорот тој таму некој шеф или што и да беше рече дека го продале...
И тогаш јас викам нема шанси ова... епа тоа е кога не даваш аванс, дошол тогаш некој после нас и ги дал во готово 40,000 и они му го продале. А нас ни рекоа дека ќе ни го чуваат. Ама памет за следна пат, секогаш пред да се нарачува нешто треба да се остави одредена сума, и они мораат да извадат сметка (системски се заведува), и тој продукт потоа неможе да се даде на друг. Во ова кривицата ја гледам и кај мене, и кај тие вработените, али грешки се прават бидејки тогаш беше и отварање, па како што кажа тој шефот имало многу работници од други места што доаѓале да помогнат, па ништо чудно и ненамерно грешка да направиле.
Сепак ова нека ви биде поука на секому, секогаш се дава аванс за одреден продукт ако сакате да ви се чува.
И сега за среќа на крајта, шефот кажа дека имало преостанато парче од истиот модел во Тетово, и дека ќе го сторнирал па да го донесат тука. Во несреќа среќа, еве денес отидов и го подигнав телевизорот.

Освен оваа случка, друго негативно мислење генерално за Setec немам. Беа фини и ми го пуштија таму телевизорот, го проверив убаво се топ, го спакуваа и авиадерчи. Очекувано е грешки да се прават, особено на вакви големи отварања па затоа внимавајте си што купувате, како, и колку пари давате.

Интересна приказна, да. Помина доста време, ама еве ми се погоди ( па можам да кажам) дупла среќа и си лапнав QLED за 40,000. Од тоа поевтино здравје.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно