xenon
εικονοκλάστης
Убаво ја почна темава ама ја покака цела со глупости последниве неколку страни. Затоа и никој не ти постира веќе.
Ова што го направиле роботите е истото што го прави и молерот - го реди завршниот слој, ама не се фали дека ја направил зградата.
Ако за тебе автономно синхронизање на 30+тона роботски валјаци и финишери со сателитско наведување е исто што и молер со ваљак тогаш дај сподели од тоа зеленото.....
Нејсе, кога веќе спомна згради, еве некои модели што баш градат згради од темел:
- COBOD BOD2 / ICON Vulcan: Индустриски 3D принтери кои користат роботски кранови за целосно принтање на носечки бетонски ѕидови на згради и куќи директно на градилиште без ниеден ѕидар.
- SAM100 (Semi-Automated Mason): Робот за редење цигли кој работи 6 пати побрзо од човек и ја поставува комплетната надворешна и внатрешна структура на згради со совршена милиметарска геометрија (точно е, не се фали, нема време за тоа али лесно се решава).
- Hadrian X (FBR): Роботски камион со телескопска рака кој самостојно ги зема, ги сече, им нанесува лепило и ги реде блоковите за цела куќа за помалку од 3 дена, правејќи ја комплетната конструкција.
- TyBot / IronBot: Автономни градежни роботи кои со помош на компјутерски вид (AI) сами ги редат и ги врзуваат челичните арматурни мрежи на градилиштата, вршејќи ја најтешката физичка работа при поставување на темели.
- Winsun (Ying創) 3D Printers (Кина): Првата компанија во светот што уште пред една деценија испринта 10 куќи во рок од 24 часа. Имаат развиено масивни 3D принтери со димензии од 150x10x6 метри кои користат рециклиран градежен отпад за да „испринтаат“ комплетни петкатни станбени згради и луксузни вили.
- Bright Dream Robotics / Bo Zhilin (Кина): Подружница на кинескиот градежен гигант Country Garden, која има развиено над 30 видови комерцијални градежни роботи кои веќе работат на нивните активни градилишта. Меѓу нив се нивните автономни роботи за малтерисување ѕидови, роботи за рамнење и мазнење на бетонски подни плочи во реално време, и роботи за лепење плочки со ласерско наведување.
- CSCEC "Sky Cicada" (天蝉) - Кина: Самоподигнувачка роботска платформа (т.н. фабрика за облакодери). Се монтира на врвот на облакодерот што се гради и сама се подигнува нагоре кат по кат. Во оваа комплетно затворена платформа, автономни системи вршат заварување, редење арматура и изливање на бетонот без разлика на временските услови.
Така да, лош ти е примерот со завршен слој..