Vladimir Filevski
hello world
- 17 февруари 2019
- 273
- 630
Укажав на грешките - реков дека тука морало прво да се побара и плати професионален проект, а и укажав на грешките околу акустичката обработка со помош на оние мои реторички прашања за деталите, на кои членот Mao не знаеше да одговори - тоа доволно зборува дека направил грешки во акустичката обработка. Сега веќе е предоцна за корекции и преправки.... Посебно ако вие бевте конструктивен и му ги посочивте дел од критичките грешки на @Mao, па објасневте што вусшност можело да се подобри и како. ...
...Со моменталното арогантно однесување само придонесувате да ве заобиколиме вас и да си наоѓаме други решенија.
Не, не посочитвте ниту една грешка само напишавте дека "Го видовме резултатот" и не нападавте како ние не сме сакале да платиме за ваква услуга. Не сме сите скржави, напротив, знам за член од форумот што ве има побарано за консултација, а вие сте биле недостапен за него.
With all due respect, арогантноста не води нигде. ... се претставувате како арогантен човек и барем поаѓајќи од мене, не би сакал да најмам таков човек да ми прави ваков проект. ...
За мојата „недостапност“ мислам дека се разјаснивме претходно. Никој не е будала однапред да се откаже од (евентуален) приход.
Ако некој добил (погрешен) впечаток дека сум арогантен, молам да ме заобиколите, но, аман, задолжително ангажирајте и платите некој друг професионалец пред да потрошите многу пари за нешто. Некои работи не може (невозможно е) да се објаснат на форум - прекомплицирано е.
Гледам дека има потреба повторно да појаснам - за овој конкретен пример на домашно кино можам да кажам колкава би била цената на проектот (моја!), само затоа што киното е завршено и се познати очекувањата на клиентот. За секој друг случај - не може! За тоа служат состаноци, итн...Појаснување: Грубо (во конкретната смислма) - одприлика, апроксимативно.
Иако знам дека не треба појаснување.
Се се ама персирањево?
Јас никаде директно не го ословив членот smole, ниту со Вие, ниту со Ти - такашто не гледам овде никаков on point.Општа култура кога знам дека некој е постар иако тој не знае дали јас сум или не и не ме персира така да баш си on point.
