1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Озвучување за домашно кино

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од Mao, 28 Февруари 2020.

  1. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Здраво на сите.

    Ми треба препораки и идеи за озвучување на домашно профи кино, значи не збориме за саунд барови со сараунд и двд, туку за професионален 5.1 сараунд кој ќе биде користен на Аудио/Видео ресивер со 4к ласерски проектор.

    Малку повеќе за проектот. Собата е правоаголна, околу 20 квадрати. Мислам дека беше негде 3.8 ширина на 5,5м должина. Целосно е третирана со звучна изолација, а кога ќе се завршат молерските работи ќе треба да се истретираат и зидовите претпоставувам со нешто.

    Значи вака, ми треба совет за следново (Буџет ~2-3k evra):

    1. Дали треба и со каков материјал треба да се третираат зидовите и подот?
    2. Совет или препорака за аудио решение, јас од Болин аудио центар го добив следново како понуда со Bowers & Wilkins - 4 сателита, 1 централен, 1 бас, и Денон ресиверот.[​IMG]
    3. Софтверско решение за медиа центар. Го чепкав вчера Plex Media Server, би сакал да го инсталирам на засебна машина и да служи за целиот дом.

    Сега за сега ова ми текнува, ако нешто друго сум испуштил што треба да го земам во предвид слободно кажете.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    3,192
    3,714
    18 Април 2007
    Прашај и во Алфа Аудио (ТВ Капиштец) за звучници, Монитор Аудио се исто респектабилна фирма.
     
    На Speedster и Oktar им се допаѓа ова.
  3. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Пар ствари. Дел одговори, дел совети. Морав да ги измешам како би бил понатаму попрецизен.
    1. Под "професионален", подразбираш (1) средна/висока класа која сакаш да ја издвоиш од генерички 5.1 системи или (2) сертифицирани системи на ниво THX и слично? Разликата во цена може да биде 10x.
    2. Ако собата е во изградба, дали си размислувал за вградени звучници?
    3. Ако не сакаш вградени звучници, дали барем си размислувал за Atmos (5.1.4 или 5.2.4)?
    4. Кога велиш дека собата е звучно изолирана, дали мислиш на третман кој ќе спречи надвор од собата да продираат звуците? Внатрешен третман на соба е сосема друга работа, и намената му е подобрување на акустиката на собата и подобар одзив на системот.
    5. L-Decibel можат да ти помогнат со проектирање и изведба на акустични третмани на собата, во буџет кој ќе им го зададеш. Има многу за зборување околу (1) апсорпција, (2) дифузија, (3) време на реверберација итн, а луѓето се стручни и имаат извонреден избор на материјали и елементи.
    6. Кое / какво платно? Потенцијалот на 4K ласерски проектор нема да биде искористен ако површината за проектирање не е соодветна. Препорачувам ако има можност, фиксно платно, кое нема да се собира, затоа што сите собирачки платна со текот на времето се криват. Зависно од бојата на ѕидовите, може да се оди со gain на платното од 1.1х до 1.4х.
    7. Кој ласерски проектор? Дали ќе работи upsampling проекторот или ќе очекуваш тоа да го прави рисиверот? Кои HDMI / HDCP стандарди ги поддржува проекторот? Дали има пријавени проблеми со HDMI handshake?
    8. Дали ти е рисиверот соодветен и futureproof (колку и може да биде)?
    9. Како ќе ги поврзеш рисиверот и проекторот? Дали ти е спроведен HDMI кабелот? Дали очекуваш истовремено, рисиверот да го поврзеш и на друг монитор освен проекторот? Ако да, дали ги поддржуваат истите резолуции?
    10. Која е конфигурацијата на која сакаш да го инсталираш софтверското решение? Дали очекуваш потпирање на локални содржини или на стриминг?
     
    На Fatal1ty_, damil, tomaso и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    1. Средна/висока класа, пошто е за дома и е за мерак, идеме со нешто оптимално, немора хај енд.
    2. Собата е веќе изградена и има пуштено црева за кабли во ќошовите на собата, вградени звучници моментално не се опција пошто 99% е средено, треба да се изглетува само откако ќе се протнат каблите.
    3. Не знам што е Atmos 5.1.4, дали е достапно во Македонија?
    4. Има звучна изолација, за да не се слуша звукот надвор. Внатрешниот третман ќе се одвива паралелно со инсталација на звучките.
    5. Ќе ги контактирам.
    6. Платното е следно: VIVIDSTORM Ultra Short Throw Laser Projector Screen 4K/3D/HD Motorized 120"
    7. Проекторот е OPTOMA Cinemax P1 UST 4K UHD LASER PROJECTOR. Околу HDMI пишува следново:
    - 1x HDMI 2.0 (HDCP 2.2), 1x HDMI 2.0 (HDCP 2.2, HDMI-ARC), 1x HDMI 2.0 (HDCP 2.2, side), 1x USB 2.0 (4K media player), USB 2.0 power (side), USB, optical S/PDIF out, audio out, RJ45. Handshake незнам шо е тоа :)
    8. Ресиверот што го понудија од Болин го подржува саунд системот т.е звучките што они ги понудија и поддржува 4к, моделот ваљда е компатибилен со проекторот.
    9. Ресиверот и проекторот ќе бидат поврзани со кабел, кабелот не е спроведен, пошто ќе биде UST проектор. Нема да го поврзувам на други уреди.
    10. Моментално немам конфигурација, меѓутоа би земал Ryzen 3600X со 32ГБ рам и многу сториџ. Се размислував и за NAS ама незнам дали ќе се исплати.
     
  5. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Имаш груб нацрт на собата? Чисто ме интересира локација на изводите од кабли за звучниците.

    EDIT: Atmos e технологија за surround sound. Сметај го како надградба на Dolby Digital, со тоа што додава 2 или 4 "висински" канали. Нема врска со достапност во Македонија, зависи од материјалите што ќе ги пушташ.
     
  6. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Ова е одприлика нацрт на собата. Значи грубо е, не се пропорционални димензиите и разместени се можеби звучките седиштата. Немам прецизен нацрт.

    [​IMG]

    Инаку да напоменам, 99% од времето поминато во киново ќе се гледа филм или евентуално некоја серија, утакмица и слично. Нема да претеруваме со некои звучки со високи перформанси пошто ќе го служиме киново за забава.
     
  7. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Сосема е во ред, дава груба идеја за можностите за распоред.

    Ова ми е малку контрадикторно со првата порака на оваа тема, во која велиш дека си заинтересиран за "професионален 5.1 сараунд".

    Еве зошто.

    Сметам дека 3K е сосема доволна сума за целосна имплементација на аудио делот (без платно и проектор) но со вклучени акустични третмани и аксесоари. Истовремено, како солидна сума, вреди да се потруди човек да се имплементира како треба.

    Спомена дека црева за кабли се пуштени во аглите на собата, но вистинскиот распоред за опкружувачки звук често не е симетричен по две оски. Во секој случај, ќе треба работа на распоредување. Исто така, постои разлика помеѓу (1) опкружувачки звук и (2) многу звучници во една соба за квази ефект на исполнетост.

    Имајќи ја предвид сумата која ја спомена, како и асоцираната опрема, ќе продолжам со претпоставката дека сакаш да имплементираш систем кој може максимално да го искористи својот потенцијал.

    Во спротивно, било кои звучници во било кој распоред ќе завршат работа.

    Имајќи го тоа во предвид, би предложил комбинација на компоненти која може да се искористи за (1) стандарден 5.2 систем, (2) стандарден 7.2 систем и (3) проширен Атмос 5.2.2 систем. Сите компоненти што ги наведувам подолу се со цени преземени од сајтот на Аудио Центар, и како такви се претпоставувам без попуст. Попуст е секако ставка што, ако е возможна, очигледно варира поради многу причини, поради што и ја изоставувам овде.

    Значи, компонентите:

    1. Предни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
    2. Задни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
    3. Странични звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
    4. Централен звучник: Klipsch R-52C - 12,990.00 денари (парче);
    5. Сабвуфер: Klipsch R-100SW - 21,990.00 денари (парче);
    6. Рисивер: Denon AVR-X2600H - 44,990.00 денари (парче).

    Пред да сумаризирам, зошто Клипш?

    Затоа што се (1) добро изработени, (2) се со одлична комбинација на дисперзија и насоченост во контекст на домашно кино и (3) се се одличен сооднос цена/перформанси.

    Исто така, зошто за сите системи горе велам х.2 (два вуфери)? Затоа што сметам (1) дека два помали вуфери ќе дадат поиспеглан одзив во типична соба, (2) дека се пофлексибилни за позиционирање и (3) дека ќе помогнат со урамнотежување на евентуални акустички проблеми.

    Оттука, кои се цените на комбинациите:

    1. 5.2 систем (5 сателити и 2 вуфери) - 116,950.00 денари. Извонредна комбинација, сама по себе, и веднаш вклоплива во собата. За 90% од содржините нема потреба од ништо повеќе.

    2. 7.2 систем (7 сателити и 2 вуфери) - 131,940.00 денари. Проширена комбинација, која покрива и т.н. extended формати. Нема што повеќе да се оди во зголемување на број на канали.

    3. 5.2.2 систем (7 сателити и 2 вуфери) - 131,940.00 денари. Алтернативна комбинација на #2, се работи за истите компоненти, но 2 звучника се трансформирани во "висински" канали за да се процесираат напредни содржини енкодирани во Dolby Atmos.

    Сметам дека најсоодветна, доколку дозволува и буџет и простор, е комбинацијата #2, односно 7.2 систем. Може да се појави грижа дека нема каде да се сместат уште два звучника, ако само за 5 сателити се пуштени кабли - ако судам според сликата, два звучника би ги сместил лево и десно од платното, на сталки.

    Во тој случај, на сумата погоре треба да се додаде цената на солидни сталки. Да речеме 6,000.00 денари.

    Освен ова, би рекол...

    1. 2 кабли за вуфери (кои најверојатно и доаѓаат со вуферите);
    2. 2 HDMI кабли (1 кон проекторот од рисиверот, и 1 кон рисиверот од изворот);
    3. 50м звучнички кабел (за сите канали со централизирана локација, бројката може да варира).

    ...да речеме 6,000.00 денари вкупно, ако се искористат стандардните кабли за вуферите, типичен звучнички кабел, и стандардно пропусен HDMI кабел.

    И освен ова, зависно од планот и проектот со фирма од типот на Л-Децибел (ова се карикирани цени), би рекол...

    1. 8 мултисорбери (акустични панели) за страничните ѕидови - ~16,000.00 денари;
    2. 1 дифузер за задниот ѕид - ~6,000.00 денари;
    3. 1 дифузер за таванот - ~6,000.00 денари.

    ....да речеме 28,000.00 денари вкупно за акустички третмани на собата.

    Оттука, финална пресметка:

    1. Компоненти: 131,940.00 денари;
    2. Аксесоари: 6,000.00 денари;
    3. Кабли: 6,000.00 денари;
    4. Акустични третмани: 28,000.00 денари.

    Вкупно: 171,940.00 денари.

    Ова се цени според изложените ценовници. Сигурен сум дека цената би одела уште 10% надолу со малку преговарање на секое продажно место...

    ...но и без преговарање, ова е ~2.8K, што значи, сосема соодветно во предложениот буџет.
     
    На The Geek Boy, Brendog, fuzzjaw и уште 17 други им се допаѓа ова.
  8. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    586
    550
    20 ноември 2013
    Машко
    интересен проект, ако може сподели слики кога ќе го комплетираш.

    1 замерка, како немаш наидено на Dolby Atmos при изградба на вакво нешто??
    штом инвестираш, разгледај https://www.dolby.com/us/en/speaker...5.1.4 и 5.1.. имаш одличен совет од @InSides
     
  9. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    952
    1,050
    9 Декември 2015
    Машко
    @InSides истиот систем го имам дома и можам да потврдам дека е одличен. Само место денон имам јамаха и кабли земав евтини. Единствено што мислам дека подобро ќе звучи во 20 м2, кај мене е помал просторот.
     
  10. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Благодарам за исцрпниот одговор. Инаку да напоменам, киното е на мој другар, кој малку е повеќе лаик од мене и претпоставувам поради недоволна информираност при изградбата и изолација на собата пуштиле само црева во 4 ќоша. Како и да е, кабли за страничните те висински звучки може да спроведеме накнадно бидејќи се е гипс картон.

    Уште една молба, за да разберам подобро, ако може да ми нацртате грубо ко сликата горе, кои звучки кај би биле позиционирани.

    Тенкс!


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  11. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Дополна: Повторно го прочитав коментарот и сфатив дека додатните два сателита ќе бидат на сталки покрај платното. Мене предлогот под број 2 највеќе ми се допаѓа.

    Очекувам и некој коментар и совет за медиа сервер.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    3,192
    3,714
    18 Април 2007
    Медиа сервер - Synology
    Медиа стример - Vero 4K / nVidia Shield /
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    586
    550
    20 ноември 2013
    Машко
    неможев да едитирам штом сум пишал од телефон, урл-то и коментарот немаа смисла
     
  14. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Груб дијаграм за 7.2 распоред, и тоа директно од Klipsch:

    [​IMG]

    Во основа, рисиверот дозволува конфигурација на распоред и растојанија, но грубата симетрија мора да се запази.

    Што се однесува на медиа сервер, јас сум од времето на Windows Media Center, додека тоа чудо работеше извонредно. Во меѓувреме, сум слушнал добри работи за nVidia Shield Pro (но не сум го користел), особено како комбинација сервер + стример - каде серверот е во друга соба/просторија, за да не додава на бука...

    ...секако, ова подразбира дека во просторијата има извод и за мрежа.
     
    На null_ptr му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    193
    154
    20 Јуни 2009
    не сум експерт на темата, ама на толку пари да не се вклучи атмос е малку глупаво.

    системот сигурно ќе се користи со години а како ќе врват годините само ќе се зголемува содржина со атмос.

    а чуството како го осеќаш дожтот дека буквално капи од горе или дека хелихоптер лета над тебе е баш баш :)
     
    На icemaher и Tenny им се допаѓа ова.
  16. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Денеска побарав пондуа од Алфа Аудио. Им ја испратив листата на звучки што ми ги препорача @InSides, и добив одговор дека предните збучници, и сараунд звучниците не можеле да бидат исти, поради тоа што покриваат различен агол. Исто така добив совет дека предните звучки треба да бидат појаки и поголеми вклучително и централниот звучник, вуферите за бас се доволни, а звучките за сараунд да бидат со поширок распон на звук, така разбрав. Утре ќе добијам понуда конкретна со модели, и ќе ја пишам тука на форумов, чисто за споредба.
     
    На InSides, Tenny, shooter и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. corpz

    corpz
    Intern

    22
    20
    12 Април 2007
    Пиши и сподели обавезно, затоа што темава е мошне интересна и ја следам (следиме) со голем интерес. Благодарност.
     
  18. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Уште сме во прва фаза. Еве некоја фотка, отприлика може да се види за што станува збор. Молерајот од утре го почнуваат се надевам до крај на неделата ќе биде се суво и завршено.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Tenny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Уф, браво.

    Малку очекуван одговор кога им праќаш листа на опрема во понуда на конкурентски дилер, но добро - сепак си се експерти во својата работа.

    Тоа е генерализиран став кој е предмет на преференца. Апсолутистички став од типот "не може" е многу интересен, особено кога во понуда имаат низа системи кои имаат идентични предни и задни звучници, а и центар. :)

    Претпоставувам дека сакаат да назначат дека предните треба да бидат подностоечки, а задните диполи.

    Одличен совет - како ќе го вметнат во предложениот буџет не можам да замислам.

    Кул - тоа е одличен начин да се споредат не само компоненти, туку и дилерски пристап.

    Кога им бараше на Аудио Центар и на Алфа Аудио понуди, им ја покажа собата да имаат идеја како тоа изгледа? Конкретно ме интересира дали тие понуди се откако ја виделе собата или онака од ракав.

    Супер - веќе сте решиле дисперзија / дифузија на таванот. Може веднаш да го елиминираш трошокот за акустичен третман на таванот.
     
    Последна промена: 2 Март 2020
    На Mao му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Да, очекував таков одговор искрено, јас им ја пратив листата на компоненти што ти ми ја пиша погоре тука, со цел да понудат еквивалентни замени, чисто да споредам цена.

    Да, типот спомна подностоечки звучници за напред, за назад не го разбрав, како што кажав не сум експерт на темава.

    Болин не го добија нацртот на собата што го постирав тука, едностанво отидов на лице место и лично му опишав на продавачот каква е собата и што ми треба и колку е буџетот. Јас знам дека има перфектни решенија за киново, ама како што кажав мора да се адаптираме на буџетот, и мислам дека за тие пари одлично може да се опреми собата/киното.

    Инаку, верувај твојот совет ќе го земам повеќе в предвид него ли на било кој продавач, знам дека секој сака да си ували свое. Од алфа ми нудат Монитор Аудио, кои ако не и подобри биле од Klipsch. Ок, си викам.

    Најверојатно ќе одам со решението #3 затоа што сакам и Атмос да го имплементираме во звучниот систем. На Болин веќе им ја испратив листата, ама денеска не ми пишаа, обично се брзи со мејловите. Како и да е, ќе видиме утре што ќе добијам од Алфа Аудио, и секако би сакал да го чујам твоето/вашето мислење за понудата.
     
  21. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Системите се предмет на референца.

    Два идентични системи, во две идентични соби, на двајца различни сопственици, ќе звучат различно.

    Зошто? Затоа што системите, покрај (1) компонентите, (2) собите и (3) аксесоарите, ги вклучуваат и (4) ушите и очите на сопствениците. А нема двајца сопственици со идентични уши и очи.

    Собата која ја прикажуваш на сликите не е преголема. 7.2 систем, или 5.2.2 систем, со "помали" звучници како оние кои ги предложив, според мене е многу поефикасен отколку систем во кој 50% од буџетот ќе се спука на предни звучници.

    Зошто? Многу едноставно, читав што напиша. Велиш:

    Предни звучници, поголеми од останатите, се валидна опција во систем во кој ќе се слуша стерео музика, покрај филмовите. Во систем каде "99% од времето ќе се гледа филм или серија" многу поефикасен начин на потрошување на парите е систем со балансирани канали.

    Воедно, балансирани канали (во овој контекст исти звучници насекаде) се многу солидна основа за повеќеканални концерти и/или спортски преноси во иднина.

    На крајот, дилер (било кој дилер, иако некој повеќе од другите) ќе бутка тоа што не му се продава во моментот, без да земе предвид (1) каде ќе оди системот, (2) за која намена ќе биде и (3) колку буџетот е фиксен.
     
    Последна промена: 2 Март 2020
    gOJDO, Necromancer, Mao и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    193
    154
    20 Јуни 2009
    или тоа на што има најголема маржа :)
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Здраво, како што кажав еве ме со понудата од Алфа Аудио.

    [​IMG]

    * Да напоменам цените се без попуст. Усмено е договорен попустот 20% на звучките и 10% на ресиверот, со што заокружуваме некоја сума од околу 170 000 денари.

    Bronze FX звучките ме бунат, треба да се монтираат на средина измеѓу редовите за седење. Задни звучки ко да нема? Или нешто испуштам тука, не разбирам.

    Дали Dolby Atmos може да се подеси со ваква конфигурација на звучки?

    Коментарите се добредојдени.
     
    Последна промена: 3 Март 2020
  24. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,147
    702
    5 Јуни 2007
    Машко
    Да не правам едит. Инаку, Bronze FX звучките идат во пар, затоа се ставени 2 пара, не сум разбрал, ми објаснија по телефон.

    Подните идат напред заедно со центарот и басовите, еден пар од BRONZE FX звучките иде на средина, и еден пар позади .

    Прашање: Дали е морално басовите да стојат и двата напред, дали може еден напред 1 позади? Ќе прави ли разлика, има ли правила околу ова? И исто така, размислувам за + 2 тавански звучки кои би се програмирале да бидат "висински" ко што предложи @InSides во претходните постови.
     
  25. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    ОК, со една резерва. Ова се коментари на уживател во повеќеканален звук, и нивната намена не е да се искористат како leverage во преговарање со дилери.

    Колку што успевам да сфатам, цената со попуст овде е најмалку 40,000+ денари повеќе од цената без попуст на комбинацијата со Klipsch?

    Што значи, ако се добие 10% попуст на комбинацијата со Klipsch, разликата ќе биде 50,000+ денари?

    Може, но не со распоредот кој ти го предложиле. Воедно, диполи не се препорачуваат за висински звучници.

    Еве ми ја конфузијата. Ти препорачуваат подобри звучници за напред и појак центар, а предните звучници и центарот се од пониска серија од звучниците за ефекти. Би очекувал да е обратно.

    Секако, ако ти понудат 7.2 систем со Bronze звучници насекаде, 4К евра не те расправаат.

    Воедно, производителот кој го препорачуваат, во серијата во која ти ги препорачуваат предните и центарот, решил дека нема да прави диполи, туку во таа серија ќе понуди исти звучници како предните за ефектни.

    Не може +2 тавански звучници на 7.2 систем со тој рисивер. За +2 тавански звучници ти треба рисивер со 9-канален засилувач.

    Со овој рисивер, имаш можност за (1) 5.2.2 или (2) 7.2. Само (1) е Атмос.
     
    На Mao му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...