Нема благе везе, мојот микрофон има дакМикрофоните, како само микрофони немаат DAC, туку имаат ADC.
DAC е функцијата на конвертирање на дигитални информации во аналоген сигнал. Самото име кажува Digital-to-Analog-Converter. Односно се работи за конверзијата на веќе снимен материјал, кои треба да се претвори во аналоген сигнал за да може звучникот/слушалката да продуцира звук.
ADC е фунцкијата на конвертирање на аналоген сигнал во дигитална информација. Името му кажува Analog-to-Digital-Converter. Овде се работи за материјал што се снима, па треба потоа да се складира како дигитален фајл.
Но како и да е, повеќето микрофони и слушалки (посебно тие за гејминг) што се на USB, ги имаат и двата конвертора вградено во нив. На пример:
- Rode NT-USB Pro, што е USB микрофон, бидејќи на него има приклучок за мониоторинг на звукот, има и DAC и заслиувач за слушалки интегрирано во него. Но, има и микрофони, што немаат излез за слушалки - тие вршат само ADC фунцкија.
- Слушалките што се на USB доколку имаат микрофон, тогаш имаат ADC, ако немаат, тогаш имаат само DAC фунцкионалност.
Пошто и слушалки спомнав паметот накај дак ми отиде и во брзање не допишав и адц. Иначе фино разјаснување да не се збуни некој од мојот коментар.