1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од psyside, 19 Август 2011.

  1. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    HD599 има цена од 120-130€ низ Европа, кај Амски е 200€. Да, се работи за street вредност по која продаваат Thomann, Nakas Amazon, но сепак, разликата во цена е голема, посебно за производ од таа ценовна класа.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vladimir Filevski

    Vladimir Filevski
    Intern

    5
    38
    17 Февруари 2019
    Машко
    Да не споредуваме apples and oranges. Thomann во една недела продава повеќе слушалки отколку што се продаваат во цела Македонија за една година. Нормално дека Thomann кога нарачува огромни количини од Sennheiser ќе добие подобри цени и ќе може да продава под економски исплатливата цена на помалите снабдувачи, особено во период на „акции“. Сакам да кажам дека Амски (и јас) не ги продаваме слушалките по „екстремно високи цени“, туку по најнормални цени - заработувачката воопшто не е голема.
    На Амазон цената, барем денес, е 200 долари:
    https://www.amazon.com/Sennheiser-HD-599-Open-Headphone/dp/B01L1IICR2
    Кај Thomann во моментов ги немаат на залиха.
    Така, денес ако е зорт да се купат тие слушалки заради некоја итна работа, цените кај домашните снабдувачи наеднаш изгледаат сосема нормални и прифатливи.
    Како и да е, секој сам одлучува од каде ќе купи и по која цена. Притоа, препорачувам да се погледнат и „скриените“ трошоци - тие слушалки нема сами да прелетаат од Германија во Македонија. Ако ништо друго, треба да се части барем едно пиво пријателот што ќе ги донесе од таму. :)
     
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Апсолутно се согласувам.

    Таа цена не е само на Thomann туку и во сите локални продавници во Солун беше иста (но факт е дека во Грција, локалните дилери се конкуретни со Thomann, па треба ценовно да се тука некаде).

    Од друга страна, за одредени модели, Амски (најверојатно и Вие) имате одлични цени HD660S е еден од примерите со супер-коректна цена и во Македонија.

    HD599 да беа околу 150/160 евра ќе беше супер цена за локален пазар. Но 200 евра е вискоа цена. На пример DT770 кошта 120 евра на Thomann, а кај локалниот дилер во Македонија е 140 евра - коректна разлика во цена.

    И секако дека то не се должи до "лакомоста" на дилерите кај нас, туку и други фактори влијаат на самата цена.

    Хаха се фативме за ценивие. Инаку, мојот став е доколку разликата во цената е разумна, секогаш да се купува локално.

    Ми беше мило што направивме моабет. И се надевам дека ќе бидете чест посетувач и contributor во оваа тема.
     
    На Vladimir Filevski му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    328
    251
    26 Септември 2007
    Машко
    Еден поздрав и респект до @Vladimir Filevski , задоволство ми е што се придружи во аудиофилската тема на форумот ( кога пишувам аудиофилска стварно мислам на HI-FI и аудио и видео , а не на блутут и тут мут, и 7.1 гејмерски слушалки , тоа е за друга тема :) ) Чест ми е мене и на останатите аудиофили, претпоставувам, што си дел од форумот !

    P.S. : Ех само да знајш то ЕМИТЕР како го имам барано во 90-те да го купам и прочитам, и многу стари броеви си ги чувам , ех спомени , ТОП:)
     
    На psyside, ivan88, MadBuldog и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,741
    13 Јуни 2009
    Амски денес отвори фирма после работно време само да ме снабди со Sennheiser Momentum In Ear.

    Очекував помалку детали и доктор дре тип на звук со лош квалитет на изработка. "U" звукот си е тука. Но ниските тонови сепак имаат релативно добра дефиниција. Тече малку низ другиот дијапазон ама е подносливо. Средните не се страшно повлечени т.е. ги има. Високите си прскаат на моменти но сепак апсолутно не се доведени до ниво на неподносливост.

    Кабелот е многу едоставен но од сит IE кои ги имам овој има најмала тенденција да се превиткува и сплеткува.

    Во секој случај ова не е слушалка за критичен мониторинг. Ама е далеку од недетална. Во секој случај обезбедува многу забавен звук. И има прилично панч т.е. силен звук. Дефинитивно ќе ги слушам. Како мултимедија така и поп, електро и сл.
     
    На psyside, fuzzjaw, MadBuldog и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Очекувано. Генерално во тој буџет, нема некој WOW избор од познатите фирми. Од повеќе in-ear што имам купено/користено сега за сега само QCY T5 ми оставија најдобар впечаток. Пред некој месец купив и Focal Speaher, не ми се свиѓаат, не се нешто посебно за мојот вкус. Мислам дека под $100, само chi-fi фирмиве нудат нешто солидни "бубици".
    Инаку, одбегнувам да користам IEMs бидејќи ми го иритираат увото многу лесно.

    Оф топик: Амски се прави за да продаде, како used car salesmen ми е. Лично мислење е, али јас сум еден од ретките луѓе што мислат дека Амски е најиритантниот тип. Најверојатно затоа што на неколку наврата ме замараше во приватна порака на ФБ. Плус, кај него у тоа станот се осеќам као да сум во скеч од К-15. :eek:
     
    MadBuldog, martinmax и на gokica им се допаѓа ова.
  7. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    175
    430
    4 Септември 2012
    Машко
    @gokica Тоа што го опиша се поклопува со мерења онлајн (1, 2). Има малце повеќе 7K и мидбас, па ако ги намалиш ќе добиеш побалансиран звук од стандардниот.

    Пробај:

    Filter 0: 92Hz, -6.9dB, q=0.32 width=3.55
    Filter 1: 803Hz, +2.0dB, q=1.15 width=1.22
    Filter 2: 2936Hz, +4.4dB, q=1.00 width=1.39
    Filter 3: 7000Hz, -10.0dB, q=2.60 width=0.55
     
    MadBuldog, TheMarshal и на gokica им се допаѓа ова.
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,707
    13,070
    2 Август 2012
    Машко
    Чим слушалка бара пеглање со EQ...

    Плус 4,4 dB на 3kHz, - 10 на 7kHz
    WTF..

    Не би да навредам никој. Штелувајте како ви одговара. Не бркајте анализи.
    Толку има Флегма да ви кажит.
     
    На Скоти и gokica им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,741
    13 Јуни 2009
    Мене ми се допаѓа звукот вака како што е. Нема да ги користам за критичко слушање. Туку баш за уживање и забава. Но ќе ги пробам препораките со филтрите чисто од љубопитност.
     
    fuzzjaw, Oktar и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  10. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Исто и јас со focal-от, со филтри не ми се допаѓаат.

    На крајот на денот, најбитно е тебе да ти прави мерак слушалката. Субјективноста е валиден фактор, посебно кај слушалките и звучниците. Momentum ти прават ќејф и тоа е тоа. Не мора секад да се лупаме во гради за неутрален звук.
     
    Скоти, gokica, martinmax и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,768
    11,360
    23 oктомври 2012
    Машко
    Само да се надоврзам на муабетиве што ги начна Флегма, купуваш слушалки и тоа треба да е пали-вози. Ефортлес, се ок тоа ентузијазам и графици, ама јас сакам да ми убаво на увото, а не на окото гледајки график некој и исправајќи криви (не Дрини).
    @TheMarshal нешто ме ќефи да пробам фокал, незнам зошто, дали ми се убави онака и преставителни па и тоа Аудиокултура дуќанчето... досега сум фан на Зинхајзер за слушалки, ама се мислам да дадам шанса на овија.
     
    На ivan88, MadBuldog, fikus и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Слушни ги Elear и не ме пцуј ако решиш да дадеш ~1000€ за нив. Мене ми се допаднаа.

    Focal Sphear за во уво добри, ама мене не ми прават нешто мерак.
     
    Скоти, MadBuldog, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. Андреј

    Андреј
    Gaining Experience

    175
    430
    4 Септември 2012
    Машко
    Фино Флегма, али има малце наука во случајов.

    Многу истражувања се направени од страна на Харман и во последно време Rtings, за тоа како треба да звучат in-ear слушалки. Еве неколку таргети од различни извори:
    [​IMG]
    Ги имам сите пробано и лично за мене Харман таргет до 1К (најдобар бас) и потоа средина помеѓу Харман и оној на Crinacle е идеален тјунинг.

    Кога зборам за таргети, правиме муабет за звук кој на голема група на луѓе им се допаѓа, не е тоа некој ултра неутрален звук. Како на пример QCY T5 - препорака на форумов за добра буџет слушалка која најверојатно ќе им се допадне на многу луѓе.

    Филтрите што ги постирав го доближуваат тјунинингот на Senn Momentum до таргетот погоре. Тоа не значи дека е идеално и дека ќе му се допадне на @gokica. Без референца (таргет Харман, Rtings, Crinacle итн.) малку е потешко штелување на своја рака.

    Такви слушалки се за жал реткост.
     
    Скоти, gokica, TheMarshal и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    FTFY :D

    EDIT: Шега настрана, има идеални слушалки. Само што, како што би рекле Србите, "лоше смо се удали".
     
    gokica, MadBuldog и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,741
    13 Јуни 2009
    Искрено после долго време решив да чујам што има ново по поп листите во светот. Супер се совпаднаа со дефиницијата на сенхајзер моментум. Всушност најголем дел од музиката како да е создадена за ваков звучен потпис. На потивка гласност си е тамам оти нит детали има нит па вокал да треба да доминира. :) стварно мислам дека рамен звук и ова не оди рака под рака. Ќе биде стерилно ха ха.

    ЕДИТ: Шегата на страна. Да не бидам погрешно разбран. Мислам дека моментум е сосем солидна слушалка за парите. Доволно детална и прецизна. Одговара на низа современи жанрови но и за филмови.
     
    На Андреј и TheMarshal им се допаѓа ова.
  16. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,254
    1,433
    10 Септември 2010
    Сум заборавил да објавам :(

    Ми стигнаа пред некое време, ама со целава ситуација, сеуште ги немам наместено.

    Малце “аудио козметика” од Јапонија :)

    [​IMG]
     
    На prichina, civikom, ivan88 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  17. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    176
    363
    21 Февруари 2009
    Bling! Bling! :D
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,768
    11,360
    23 oктомври 2012
    Машко
    Какви принцези сте ти и @InSides... :) :) :)
     
    На prichina, CBB_6, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    222
    124
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Ај ако не ве мрзи објаснете ми и/или пратете ми видео кое што објаснува за секој да разбере..

    1. Како подобро да ги разбирам мерењата

    [​IMG]

    2. Како да ги измерам мојте слушалки?
     
  20. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Да не се објаснувам многу, најдобро е да го прочиташ овој линк:
    Audio Spectrum

    На него ти е објаснето кој фреквенции се бас, требле и мидрејнџ. Според тоа ќе можеш горе-доле да ги читаш графициве. Назад во темава имав постирано и сликичка со примери од разллични графици и како sound signature претставуваат.

    Ова ти што си го пратил се таргети за како би требало да звучи некоја слушалка. Сите што мерат слушалки си имаат нивни таргети. На пример како што можеш да приметиш на Oratory1990 е модифициран harman target.


    Имаш цел процес, ти треба опрема и софтвер. Не се замрај сега со тоа. Побарај негде, сигурно има графици од твоите слушалки.
     
    gokica, MadBuldog, nikola_bb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,239
    3,621
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Се почастив деновиве, да тестирам нешто. Од Зона2, на стерео појачало.

    Marantz PM6004
    PM6004.jpg

    Слушам доста радио, па пазарив и еден тјунер, иста серија (барем на лик) каков што ми беше CD плеерот од пред 20 и кусур години. Ми направи ќејф што иако постар модел тјунер, далечинското од појачалото го контролира и тјунерот.

    Marantz ST-55
    ST-55_CD-48.jpg

    Ќе пуштам некое инфо плус, во собичево засега задоволен. Во принцип се' ова го имав и со Зона2, плус пристап до мрежна библиотека и онлајн услуги, ама ме фати некоја бубачка да пробам стерео па ќе правам споредба. Следно некој DAC ќе пазарам, нешто поприступачно како Schiit Modi3, или Topping E30, или нешто половно ако улета.
     
    На civikom, Gaston, InSides и уште 9 други им се допаѓа ова.
  22. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,218
    3 Јануари 2019
    Машко
    E30 треба да ми стигне за некоја недела (го чекам веќе 2 месеца, ама почна да има updates на тракингот). Ќе пишам подетално за него во темава и дали со update ќе се решат софтверските проблеми што ги има.
     
    На civikom, gokica, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  23. Goran995

    Goran995
    On your way to fame

    353
    545
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Порачав денес TinAudio T2 од Али за 1800 денари. Се мислев помеѓу нив и Т3 (звучно се тука некаде, кабелот на Т3 е фабрички извиткан за носење над ушето, што не ми се допаѓа), сепак порачав Т2, ќе ги пробам и со bass vent mod.

    Не ми се даваа 90$ за Т4...
     
  24. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    222
    124
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Дали можам да расипам слушалки само со чачкање низ EQ Apo?

    Само покачив звук на слушалките, можно ли е да рикнат во иднина?

    56.png

    78.png
     
  25. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    570
    685
    21 ноември 2010
    Машко
    Ако не ги рокаш прегласно и не доаѓаат во ситуација да крчат немаш гајле. Мада си подзабегал со гејнот, толкав е употреблив за ееептен тивки изворни снимки, со се останато ќе имаш клипинг.
     

Сподели

Вчитување...