Андреј
hello world
Sony MH755 можеби е интернет хит и слушалка која звучи далеку подобро за парите, меѓутоа Sony има уште еден бисер кој е вреднуван помеѓу буџет аудиофилите.
Кога ги купив Sony MH755 не очекував многу. По неколку дена слушање ме интересирше што сѐ постои во оваа буџет категорија, па така ги најдов Sony MH1C.
Sony MH1C во Smart пакување со 2 вида силиконски типсови
Споредено со MH755, ниските фрекфенции се за нијанса послаби. Вокалите и високите тонови се тјунирани природно и нема непријатни пикови или сибиланс. Treble-от е неверојатно пријатен на уши. Звуци кои може да предизвикаат нелагодност како ударот на чинели или метлички на тапапи, делуваат природно и ненаметливо. Можам да ги слушам со часови без да почувствувам замор во ушите.
По MH755, Sony повторно успеале за евтини пари да направат одлична слушалка. Како и со MH755, и ова е слушалка која оди во пакет — претходно само со Sony телефони како MH1, за потоа да биде преименувана од MH1 во МH1C и употреблива со сите смартфони.
Звукот е одличен за сумата меѓутоа не е сѐ перфектно. Кабелот е тврд и направен да не се замотува. Едниот крај е подолг од другиот. За жал, многу е тешко да се модифицира кабелот, процесот не е лесен како со MH755. Најчесто ги слушам на компјутер, а кога сум во движење го префрлам кабелот преку грб да не се мотка. Тоа ја решава микрофонијата и комодитетот донекаде и ги прави употребливи.
За мене, Sony MH1C најблиску ја доловува студиската репродукција во буџет пакување. Би можеле да бидат подобри секако, но за оваа сума едноставно треба да ги пробате доколку сакате неутрални балансирани слушалки.
Деновиве ми стигнаа и Samsung Galaxy S8 AKG EO-IG955, меѓутоа не се толку музикални како MH1C. Ако сте ги добиле бесплатно со телефонот, сепак се ок и нема да најдете подобри слушалки за бесплатно од ниеден произведувач на телефони. Споредено со MH1C, на EO-IG955 вокалите звучат неприродно истенчено, а високите нејасни и компресирани.
Ако можете да најдете кутија како на сликата погоре, купете ја — силиконските типсови се одлични и ги користам на скоро сите слушалки. rwtf3024 праќа оригинални MH755 и продава MH1C на eBay, така да верувам дека и овие се оригинални од тоа што прочитав по форуми. Не сум нарачал и не можам лично да гарантирам, но голема е шансата да се оригинални ако продава и оригинални MH755.
Со МH1C воедно ја затворам и темата евтини слушалки од Sony. Засега, MH755 и MH1C се единствените буџет слушалки под 20 долари кои можам да ви ги препорачам.

Sony MH1C / модифицирани Sony MH755 / Samsung AKG EO-IG955

Последна промена: