• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Sony MH1C слушалки: Студиски звук за буџет цена

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Sony MH755 можеби е интернет хит и слушалка која звучи далеку подобро за парите, меѓутоа Sony има уште еден бисер кој е вреднуван помеѓу буџет аудиофилите.

Кога ги купив Sony MH755 не очекував многу. По неколку дена слушање ме интересирше што сѐ постои во оваа буџет категорија, па така ги најдов Sony MH1C.

Sony MH1C во Smart пакување со 2 вида силиконски типсови​




Споредено со MH755, ниските фрекфенции се за нијанса послаби. Вокалите и високите тонови се тјунирани природно и нема непријатни пикови или сибиланс. Treble-от е неверојатно пријатен на уши. Звуци кои може да предизвикаат нелагодност како ударот на чинели или метлички на тапапи, делуваат природно и ненаметливо. Можам да ги слушам со часови без да почувствувам замор во ушите.



По MH755, Sony повторно успеале за евтини пари да направат одлична слушалка. Како и со MH755, и ова е слушалка која оди во пакет — претходно само со Sony телефони како MH1, за потоа да биде преименувана од MH1 во МH1C и употреблива со сите смартфони.

Звукот е одличен за сумата меѓутоа не е сѐ перфектно. Кабелот е тврд и направен да не се замотува. Едниот крај е подолг од другиот. За жал, многу е тешко да се модифицира кабелот, процесот не е лесен како со MH755. Најчесто ги слушам на компјутер, а кога сум во движење го префрлам кабелот преку грб да не се мотка. Тоа ја решава микрофонијата и комодитетот донекаде и ги прави употребливи.

За мене, Sony MH1C најблиску ја доловува студиската репродукција во буџет пакување. Би можеле да бидат подобри секако, но за оваа сума едноставно треба да ги пробате доколку сакате неутрални балансирани слушалки.

Sony MH1C / модифицирани Sony MH755 / Samsung AKG EO-IG955​


Деновиве ми стигнаа и Samsung Galaxy S8 AKG EO-IG955, меѓутоа не се толку музикални како MH1C. Ако сте ги добиле бесплатно со телефонот, сепак се ок и нема да најдете подобри слушалки за бесплатно од ниеден произведувач на телефони. Споредено со MH1C, на EO-IG955 вокалите звучат неприродно истенчено, а високите нејасни и компресирани.

Ако можете да најдете кутија како на сликата погоре, купете ја — силиконските типсови се одлични и ги користам на скоро сите слушалки. rwtf3024 праќа оригинални MH755 и продава MH1C на eBay, така да верувам дека и овие се оригинални од тоа што прочитав по форуми. Не сум нарачал и не можам лично да гарантирам, но голема е шансата да се оригинални ако продава и оригинални MH755.

Со МH1C воедно ја затворам и темата евтини слушалки од Sony. Засега, MH755 и MH1C се единствените буџет слушалки под 20 долари кои можам да ви ги препорачам.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Одлично напишано. Споредба саб и мид бас со мх755?
Кај MH755 според мене за нијанса доминира тој низок и мид бас. Го има и MH1C ама попријатен е, и доволен со добар фит. На MH1C целосно таа бас секција е поконтролирана, па поради тоа се отвараат песните - вокалите и требл-ето може да блеснат. Daft Punk - Get Lucky e пример песна кај што може најдобро да се примети. MH1C се помали со слични силиконски типсови и подобро лежат во уво, во споредба со MH755.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,620
5,200
Убаво напишано и срочено.
Но, јас имам едно прашање. Дали AKG EO-IG955 се оригинал или ти се порачани од Али Експрес ака оригинал?
Верувај, едни покрај други не се познаваат, но во поглед на звукот има огромна разлика.
Тоа во корен ја менува секоја напишана и кажана реченица кога го опишуваше звукот. Тоа што го напиша е одлика на класична реплика на слушалка :) Поготово кога е реплика на АКG, Sennheiser, Bose, Klipsch, Sony и слични....
:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Убаво напишано и срочено.
Но, јас имам едно прашање. Дали AKG EO-IG955 се оригинал или ти се порачани од Али Експрес ака оригинал?
Верувај, едни покрај други не се познаваат, но во поглед на звукот има огромна разлика.
Тоа во корен ја менува секоја напишана и кажана реченица кога го опишуваше звукот. Тоа што го напиша е одлика на класична реплика на слушалка :) Поготово кога е реплика на АКG, Sennheiser, Bose, Klipsch, Sony и слични....
:)
Оригинални се AKG EO-IG955, ги споредив со модел од другар кој ги доби со телефонот.

Ова видео добро ја објаснува разликата. Можеш веднаш да познаеш по кабелот, основата на слушалката, дупката на микрофонот. Кај оригиналните основата која лежи на уво е малце гумирана, додека кај фејкот е мазна пластифицирана.
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,189
4,434
SK
Треба некад да се организира средба, да се пробаат слушалки какви што немаме. Нормално, секој да си понесе свои типсови/врвчиња и претходно добро да си ги измие ушите од восок... Од друга страна кога ќе размислам, можеби подобро не. :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Треба некад да се организира средба, да се пробаат слушалки какви што немаме. Нормално, секој да си понесе свои типсови/врвчиња и претходно добро да си ги измие ушите од восок... Од друга страна кога ќе размислам, можеби подобро не. :D
Во петокот бев на сличен настан во Варшава, организиран од продавници и произведувачи на слушалки. Времето ми помина побрзо отколку што мислев :)










 
Последна промена:

martinmax

Gaining Experience
1 март 2013
169
185
Skopje
Треба некад да се организира средба, да се пробаат слушалки какви што немаме. Нормално, секој да си понесе свои типсови/врвчиња и претходно добро да си ги измие ушите од восок... Од друга страна кога ќе размислам, можеби подобро не. :D
Апсолутно, Андреј може да биде домаќин на еден ваков настан каде штo можеме да му ги пробаме сите слушалки, само незнам дали еден ден би ни бил доволен :)
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,189
4,434
SK
Веројатно не е културно самите да си се викаме на гости кај него. :p
Ова може да се дешава (на пример) во парк, надвор на некој убав сончев ден. Или во кафич, или нешто така слично.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Веројатно не е културно самите да си се викаме на гости кај него. :p
Ова може да се дешава (на пример) во парк, надвор на некој убав сончев ден. Или во кафич, или нешто така слично.
Во Варшавa живеам од 2013 :) Ако доаѓам Скопје, може да се направи некоја средба каде ќе ги собереме сите слушалки и аудио ентузијасти на еднo место.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Ми стигнаа денес MH1C од rwtf3024 (eBay):



По кратко слушање не приметив некоја посебна разлика помеѓу моите и овие. Деновиве подесив микрофон за мерење на IEMs, па еве го мојот резултат:


Мене ми звучат на оригинални :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Убаво напишано и срочено.
Но, јас имам едно прашање. Дали AKG EO-IG955 се оригинал или ти се порачани од Али Експрес ака оригинал?
Верувај, едни покрај други не се познаваат, но во поглед на звукот има огромна разлика.
Тоа во корен ја менува секоја напишана и кажана реченица кога го опишуваше звукот. Тоа што го напиша е одлика на класична реплика на слушалка :) Поготово кога е реплика на АКG, Sennheiser, Bose, Klipsch, Sony и слични....
:)
Моиве Samsung AKG EO-IG955 изгледаа на оригинални и најверојатно се оригинални, ама тјунингот е тотално аут и имаат мал дисбаланс меѓу каналите.

Ги измерив со микрофон и најдов како изгледа добар примерок.

Моите со лош тјунинг, најверојатно поради слаба проверка на квалитет:

Добар примерок на Samsung AKG EO-IG955:


Ова само потврдува колку се големи варијациите кај евтините слушалки — слушаме различни слушалки, што ја отежнува дискусијата за истите. Слично е и со Sony MH755, но не во толкава мерка.

@SaleSk Гледајќи го графиков, може да ти кажам дека нема да ми се допаднат :( Има малце повеќе требл за мој вкус.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,750
11,209
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
@Андреј сакам јавно да ти се заблагодарам за ваквиот значаен придонес за оваа заедница. Искрено наназад подолго време сум во големи гужви и имам малку време за форумот. Па немав забележано колку продуктивни постови и анализи имаш споделено со нас.

Слушалките се моја пасија одамна. За жал не толку IEM бидејќи се што сум пробал не ми било комфорно. Но тоа е само лично чувство се разбира.

Со задоволство ќе ги следам твоите наредни постови. А и ќе настојувам да се вклучам во ваквите дискусии. Се надевам дека ќе имам време да напишам збор два и за моите искуства на ова поле.

Баш ми е драго што го стимулира и доктор @SaleSk да се вклучи во дискусијата кој мислам дека со неговото огромно познавање во областа може многу работи да расветли на ова поле.
 

champagnepepe

Gaining Experience
21 ноември 2019
93
223
Скопје
Засега, MH755 и MH1C се единствените буџет слушалки под 20 долари кои можам да ви ги препорачам.
Genuine Sony Stereo Headset Earphones MH750 For Xperia Z Z1 Z2 Z3 Z5 wholesale | eBay

Од истиот дечко од кај што си ги земал 755ките, има и 750ки за 6-7 долари.
Земени му се на bulk , белите има поголема шанса да се оригинал отколку црните.
За daily use - 750ките се предобри.

Не зимајте од алиекспрес вакви буџет слушалки, прелоши копии се. Посебно многу се копираат Samsung AKG од s8-цата , еден тип во Скопје се обиде да ми ги продаде кинеските како оригинални но очигледна беше разликата.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #18

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Genuine Sony Stereo Headset Earphones MH750 For Xperia Z Z1 Z2 Z3 Z5 wholesale | eBay

Од истиот дечко од кај што си ги земал 755ките, има и 750ки за 6-7 долари.
Земени му се на bulk , белите има поголема шанса да се оригинал отколку црните.
За daily use - 750ките се предобри.

Не зимајте од алиекспрес вакви буџет слушалки, прелоши копии се. Посебно многу се копираат Samsung AKG од s8-цата , еден тип во Скопје се обиде да ми ги продаде кинеските како оригинални но очигледна беше разликата.
Од графикот подолу можеш да се види дека басот, средниот бас и средните тонови кај MH750 се малце повисоки, па поради тоа нема да звучат дефинирано и чисто, во споредба со Sony MH755.



MH750 не е лош избор, особено ако некој не сака да се замара со модификација на кабелот, но според мене не е на ниво на MH755.
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
904
350
Ми стигнаа денес MH1C од rwtf3024 (eBay):



По кратко слушање не приметив некоја посебна разлика помеѓу моите и овие. Деновиве подесив микрофон за мерење на IEMs, па еве го мојот резултат:


Мене ми звучат на оригинални :)
Истата детска болест ја имаат и овие за која пишував постојано за бубиците а тоа е пикови во подрачјето од 4 до 8khz и спуштен среден спектар околу 1khz.
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
904
350
Од графикот подолу можеш да се види дека басот, средниот бас и средните тонови кај MH750 се малце повисоки, па поради тоа нема да звучат дефинирано и чисто, во споредба со Sony MH755.



MH750 не е лош избор, особено ако некој не сака да се замара со модификација на кабелот, но според мене не е на ниво на MH755.
Друже не треба да правиш модификација со кабелот туку преку параметарскиот еквилајзер на Teac плеерот за андроид за кој имам пишувано посебна тема.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Друже не треба да правиш модификација со кабелот туку преку параметарскиот еквилајзер на Teac плеерот за андроид за кој имам пишувано посебна тема.
Android нема можност за parametric EQ, но има апки преку кои со неколку фрекфенции може да се подобри звукот. Најчесто 5-band.

Со 2-3 филтри тој бас кај MH750 може да се намали до ниво на MH755, па и помалку би било фино и ќе звучат слично.

Проблемот со плеери е дека треба да имаш своја музика. Ако слушаш стриминг преку Spotify или Tidal директно како мене, тогаш такви апки како Teac плеер што го спомнуваш нема да помогнат.
 

AndrejFerdzo

Gaining Experience
18 ноември 2013
853
308
AndrejFerdzo's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600X
Motherboard
Gigabyte X470 Aorus Ultra Gaming
Storage
WD 256GB NVME +Toshiba 4TB + WD Green 2TB + Samsung 850 500GB EVO
PSU
CoolerMaster V1000
RAM
Kingston HyperX Predator 2x8GB 3200MHz
Video card
2x Saphire Nitro + RX570
Case
DeepCool Matrexx 70
Mouse
Logitech MX Master
Keyboard
Microsoft Comfort Curve Keyboard 2000
Audio
Topping DX3 Pro
Monitor
MSI MAG271CR
За андроид единствено со ViPER4Android FX, ама за ова треба да имаш рутиран телефон.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

Андреј

Gaining Experience
4 септември 2012
184
457
Варшава, Полска
discord.gg
Истата детска болест ја имаат и овие за која пишував постојано за бубиците а тоа е пикови во подрачјето од 4 до 8khz и спуштен среден спектар околу 1khz.
Какви пикови од 4-8Khz? Ако ги имаш чуено, знаеш дека имаат најмек путер требл што ретко се сретнува во оваа класа и се неверојатно пријатни за слушање. Мој фаворит под $50. Бас се пегла, пикови потешко.

За андроид единствено со ViPER4Android FX, ама за ова треба да имаш рутиран телефон.
Yeah, за мене е тешко покрај сите апликации за плаќање, али е добра опција.
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
904
350
Android нема можност за parametric EQ, но има апки преку кои со неколку фрекфенции може да се подобри звукот. Најчесто 5-band.

Со 2-3 филтри тој бас кај MH750 може да се намали до ниво на MH755, па и помалку би било фино и ќе звучат слично.

Проблемот со плеери е дека треба да имаш своја музика. Ако слушаш стриминг преку Spotify или Tidal директно како мене, тогаш такви апки како Teac плеер што го спомнуваш нема да помогнат.
Грешиш,не си ја прочитал темата што ја отворив минатата година.Еве за што се работи и ако нешто не ти е јасно детално ќе ти објаснам.Инаку ова е совршенство за бубици а и било кои други слушалки доколку се слушаат на телефон:TEAC HR Audio Player for iOS/Android | TEAC
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
904
350
Какви пикови од 4-8Khz? Ако ги имаш чуено, знаеш дека имаат најмек путер требл што ретко се сретнува во оваа класа и се неверојатно пријатни за слушање. Мој фаворит под $50. Бас се пегла, пикови потешко.


Yeah, за мене е тешко покрај сите апликации за плаќање, али е добра опција.
Се се пегла друже.Ако сакаш ќе се видиме во живо и ќе ти пуштам софтверски испеглани KZ од 4 долари со помош на Teac софтверот и ќе бидеш пријатно изненаден од звукот.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно