Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ваши искуства со Сетек

Janev

hello world
16 јуни 2018
54
55
Добра информација. Проблемот е што голем дел од нивните вработени не го спомнуваат истото. Крајниот купувач добива лажна слика поради неинформираност.
Законски јасно треба да биде нагласено. Дека се дава 2 години гаранција + 3 години осигурување.
Заблуда на потрошувачите и закон има за ова.
 
Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
:D:D:D

Друже аман бе, дај намали со фалењево. Што е волку работава. Ал се спомене нешто за Сетек ти и @Zippo полудувате.
Немојте да бидете толку очигледни. Знаеме дека сте од сетек и немојте вакви смеи да правите. Од авион се гледа дека мамите.

Сетек си има убава тактика. Ако нешто пишете на страната нивна на фејсбук ви следува блокада. Остануваат само оние мислења каде што некој ги фали. Тука исто имаат 2-3 членови кои следат што се случува и се обидуваат колку толку да ги оправдаат преварите кои ги прави сетек. Но толку е веќе очигледно што покрај оправдувањата сега следуваат и фалења.

Членовите да беа адвокати па немаше толку да се сеќираат, а @Zippo e шампион. Одма те прави подмукл со сајтови. :D

Би ви предложил вака на вас како прелажан муштерија , бидејќи јасно станува дека сте од сетек да им споменете на вашите газди дека преварите нема да може да ги скриете со 2-3 акаунти на форум.
Престанете да ги лажете купувачите. 5 години гаранција немавте во тој момент.
Престанете да буткате ѓубре роба без норми за квалитет ( Само вие продавате телевизори без CE Сертификат)
ST телевизорот кој го купи сестра ми од вас нема CE сертификат, кога видов после ми се стемни и како такви немаат шанси да се продаваат во Европската Унија.
Фуего, Куарт, Фаворит, Нео и сите останати такви марки поседуваат CE, што значи може да се продаваат насекаде и во ЕУ

Ова вашето е ѓубре невидено. CE сертификат не поседува бидејќи неможе да одговори на квалитетот на изработка.
Единствен телевизор во Македонија кој не поседува сертификат за квалитет.

Лажете дека давате 5 години гаранција во време кога никој друг не давал.
На член тука му подметнавте Бојлер скршен и цел искривен. Сестра ми ја наклеветивте дека истурила вода во телевизорот.
Трет сте го излажале дека му давате 5 години гаранција, за после да му дадете 2 години.
Сега 5 години давате на се, ама види тоа не ви било гаранција туку слушам од членовите некое си осигурување.
Четврто сте излажале луѓе и поправан лаптоп сте им ги продавате како нови.
Петто сте продавале расипани пегли и бокали.

Имате превари повеќе од сите други фирми заедно, а и страшно е што продолжувате со нив. Мајмунска работа нема што
Мора и ние од Сетек некако подмукло да си ја браниме фирмата. Плус даваме дилерски цени за членови на форумов.
 
O

Oliver!

Гостин
Ова колку само нема логика, барем трудете се малку повеќе, пуштете ја имагинацијата....

Објаснувањето не е во најдобар ред, звучи лошо и неиздржано, ама баш сличен проблем сум имал со нив.

По неполна недела WD хард диск правеше луди ујдурми со губење на податоци без причина.
Го однесов на сервис, таа главната како и да се викаше пробуваше:
- да ме набеди дека сум го оштетил
- да ме убеди дека ништо не му е
- ми договараше 2 пати термин за подигање, отидов џабе - рано било
- ми се испонаша арогантно со нешто како "епа ако не можеш да дојдеш денес во 11 јави се друг ден!" после мои 2 одења таму без резултат

Од тогаш наваму од Сет имам купено само еден фен за кој не ме боли к***ц дали ќе се расипе...
Сето друго го заеба главната фаца на сервисот од тоа време пред неколку години, името ѝ го заборавив.

А баш штета, сите што сум ги сретнал од продажба биле одлични (ова најмалку еднаш сум го пишал тука на форум)
ама ете, лајното од сервис за мене беше пресудно. Не купувам веќе ништо од Сет одамна.

Во кратки црти, не го напнувајте членот толку лесно и брзо, може не знаел во моментот прецизно да се искаже а да има тежина.
Ајде да го корегираме во начинот на пишување, не во намерата - делува како добра и од корист за други членови.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.099
2.342
Каква врска има други дали даваат 5 години гаранција со тоа дали сет дава 5?
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Го делам мислењето од @Oliver! имам слично и уште бетер искуство од сервисот на Сетек (имам пишувано овде негде на форумов), претпоставував од истата ,,главната во сервисот,, (плава тикпа 30+ негде). Од тогаш изминаа едно 5-6 години моја нога во Сетек не е влезена. За продавачите не би кометирал не би рекол дека имам негативно искуство, ама сервисот е да те понижаваат и прават будала за свои пари. Од тогаш за мене или за пријатели и роднини со препорачувал и склопувал конфигурации, препораки за бела техника, телевизори... ниедна препорака не била од Сетек, или било каков дел не бил од сетек.
Со оглед на тоа каков е сервисот на Сетек, нема поента да се диксутира дали е гаранцијата 5 години или 2, во мои очи гаранцијата од сетек важи од штанд до врата на продавницата.
Е сега не поседувам било што од брендот Асус, што е штета ама тоа е мала цена што треба да ја платам во однос на евентуално ново искуство со сервисот на сетек
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.241
@Janev
Ги истури Сетек, ги истресе сосе-г'шти :eek:h:
giphy.gif

Иначе не знам дали сум пишал, купив кингстон USB3.0 Data Traveler стик. Врска нема, тој едвај USB1.1 дали беше а не па 3.0. Кога ќе го оставев да прави бутабилно USB со Windows, заборавав дека сум го пуштил, му требаше 45 минути најмалку да го направи. За среќа рикна (наводно 3 години гаранција). Ми дадоа, ново, се надевав нема да биде фејк но и тоа беше исто срање. За среќа цркна и тоа. Го враќам втор пат, ми даваат трето, и тоа фејк, сето ова во некој распон од две години. Цркна и третото. Отидов во Сет но не за да го вратам туку да КУПАМ ново Сони. Купувам ново Сони и еве го две години +/- лета усб-то, бутабилно се прави за 4-5 минути, се користи на истиот компјутер и мака нема.

Не знам дали јас сум глуп што сум трпел фејк кој три пати ми се бута упорно или треба да ги пцујам овие што се понашаат ко да продаваат компири на пазар, ако го јадел црв сецни го тоа парче и терај даље јести помфрит.

Исто такво USB имам уште едно, купено од Анхоч. Не беше и тоа баш нешто сјајно ама побрзо работеше. Ми цркна и тоа и го имав заборавено во фиока. Кога се селев ги расчистував фиоките, го најдов и USB-то целото такво излижано од користење а ја најдов и гаранцијата за него, 5 години. Ми беше незгодно да отидам во Анхоч ама си реков ај да си ја пробам среќата, го имав купено пред 4 години или така нешто. Отидов, на Водњанска, чисто другарски им реков дечки вака и вака, за едно УСБ од 300 денари нема никаков проблем, не се сеќавам како цркнало ова, може јас сум бил крив може не.... Нема проблем господине, не е битно, повелете ново.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.492
Скопје

Кингстон се канцер усбиња.
 
imortel

hello world
18 февруари 2012
197
311
Скопје
@imortel Мене ме интересира дали си купил нешто од таму што не ти се расипало?
HDD 1Tb WD Caviar Black, сеуште го користам од кај нив што го купив во 2012.

P9X79 матичната сеуште функционира, нели откако ми ја сменија после 4 дена користење.
1070ti, пред 1 година од кај нив работи одлично.
Samsung 42'' Smart TV (~45 000 ден купен не ја знам серијата на памет), работи одлично веќе 6 години.
Кога го склопував новото PC купив матична Strix Z370G mini atx, купив Ноктуа кулер не ми го собираше, графичката сметаше. Побарав замена ми одобрија.

CPUто i7 8700k ми е од кај нив, цел месец ми креваше температура до 95 степени, имав лошо ладење па фантастично работи сега клокнат на 4,9 24/7.

Е сега планирам да купувам нова графичка, 2080ti по можност, разликата во цена кај Анхоч и Сет е голема разлика во квалитет и перформанси 0, разлика во гаранција +1 година во Сет. Ако не ми дадат некој значителен попуст сигурно нема да ја купам од Сет.

Сакав монитор да купам PG279Q ама кога разбрав дека 2-3 им вратиле поради IPS bleed, се одлучив за 278QR, проблемот не е до Сет туку до мониторите, како лотарија се.

Не ги бранам, неутрален сум, внимателен сум, пазам на серија, датум на производство, производствена серија итн.
Се распрашувам дали некој купил, дали некој вратил итн.

Секогаш кога купувам електронски производ купувам со резерва.
Знам дека ако купам графичка може да се соочам со артефакти за некое време или можеби и не, без разлика од каде ја купуам.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Иначе не знам дали сум пишал, купив кингстон USB3.0 Data Traveler стик. Врска нема, тој едвај USB1.1 дали беше а не па 3.0. Кога ќе го оставев да прави бутабилно USB со Windows, заборавав дека сум го пуштил, му требаше 45 минути најмалку да го направи. За среќа рикна (наводно 3 години гаранција). Ми дадоа, ново, се надевав нема да биде фејк но и тоа беше исто срање. За среќа цркна и тоа. Го враќам втор пат, ми даваат трето, и тоа фејк, сето ова во некој распон од две години. Цркна и третото. Отидов во Сет но не за да го вратам туку да КУПАМ ново Сони. Купувам ново Сони и еве го две години +/- лета усб-то, бутабилно се прави за 4-5 минути, се користи на истиот компјутер и мака нема.

Не знам дали јас сум глуп што сум трпел фејк кој три пати ми се бута упорно или треба да ги пцујам овие што се понашаат ко да продаваат компири на пазар, ако го јадел црв сецни го тоа парче и терај даље јести помфрит.

Исто такво USB имам уште едно, купено од Анхоч. Не беше и тоа баш нешто сјајно ама побрзо работеше. Ми цркна и тоа и го имав заборавено во фиока. Кога се селев ги расчистував фиоките, го најдов и USB-то целото такво излижано од користење а ја најдов и гаранцијата за него, 5 години. Ми беше незгодно да отидам во Анхоч ама си реков ај да си ја пробам среќата, го имав купено пред 4 години или така нешто. Отидов, на Водњанска, чисто другарски им реков дечки вака и вака, за едно УСБ од 300 денари нема никаков проблем, не се сеќавам како цркнало ова, може јас сум бил крив може не.... Нема проблем господине, не е битно, повелете ново.

Не требало да ги трпиш. Од Анхоч купив такво USB кое го рекламираа како 3.0, беше ужасно споро. Им го однесов, ми се јавија после недела дена и ми кажаа дека го тестирале во Скопје и дека можам да земам ново. Немаа исто, па добив нијанса поскап модел, без никаква доплата.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Сетек според мене се добри - само поради фактот што како редовен купувач добивам попуст и секогаш биле коректни со мене. Последниот пат (пред две недели) кога го купив телевизорот, прв пат имав замерка, телевизорот пишуваше дека е 24.999 на полица, а ми го наплатија 27.999 (во флаерот и на нет додшуша пишување 27.999). Но како и да е, тоа е една грешка.

Од Анхоч прекинав да купувам кога ми рекоа "Нема везе што си редовен купувач, не може да ти обезбедиме никаков попуст", а до тогаш имав кеш доста оставено кај нив (во релативно краток период), конфигурација, 3 телефони, фитнес саат, лаптоп... Тоа е единствената работа поретко што купувам од Ахноч зашто како лојален купувач немам никакви поволности. Додека, во Сетек е спротивно, како човек што редовно купувам техника и делови, ми даваат некои поволности плус.

Нептун се хаос, од излог објектив, целиот со отисоци по леќите го продаваат по целосна цена. Си го купив од PixPlus, затоа што кај нив беше запакуван. :)

А да, уште една превара од Setec сега се сетив. На страната на Asus за лаптопот пишување дека е со LCD панел, а Сетек го рекламираа како LED ISP панел. Ама факт е дека сите фирми кај нас гледат да те преварат. Додека ние како купувачи не превземеме акциja и class-action тужби, ќе си продолжат да користат "ефтини" трикови. Речиси и нема никаква заштита на потрошувачот кај нас.

Еве уште еден лош пример од нашиве фирми, имав Gear Fit 2 Pro купен од Анхоч, ми се зезна на базен. Продавачот, а и на нивната страна пишување дека е Waterproof, ама според Samsung бил Water Resistant ама safe for swimming. Али ете му влегло вода и Амако не сакаа да дискутираат повеќе, наводно не можело да се докаже дека сум бил на базен, може влегло солена вода. А претходно ми вика има бигор од хлор... :/

Така да сите кај нас се преваранти. Нема ОК компанија, затоа од пред извесно време почнав да купувам само додека патувам, плус со tax-free ми доаѓа многу поисплатливо.
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Од Анхоч прекинав да купувам кога ми рекоа "Нема везе што си редовен купувач, не може да ти обезбедиме никаков попуст", а до тогаш имав кеш доста оставено кај нив (во релативно краток период), конфигурација, 3 телефони, фитнес саат, лаптоп... Тоа е единствената работа поретко што купувам од Ахноч зашто како лојален купувач немам никакви поволности. Додека, во Сетек е спротивно, како човек што редовно купувам техника и делови, ми даваат некои поволности плус.

Поради ова и ароганцијата на продавачите престанав да купувам во Анхоч. Во мојот град не ни има Анхоч, така да морав и до СК да одам специјално низ 10 продавници за да пазарам. Од друга страна Сетек можеби се полоши на глобално ниво, но во Гостивар и те како се фини, услужливи, и секогаш даваат попуст.
Последна случка вчера во сет, влегувам им велам, ми треба усб, какво било 2,4,8 гига за една употреба што поефтино да е. Продавачката вели, ако супер ако ти е за една можеш после да ни го вратиш. И јас велам озбилно? за безпари? И таа вели, не не ќе си го платиш, па ке го донесеш тука кога нема да ти треба, сакам да си префрлам песни за во кола на мп3, јас немам. После тоа уште толку заебанции вицови, опуштена атмосфера. Во анхоч кога ќе влезам, независно во некоја скопска или тетово, мислиш влегуваш на шалтер во државна администрација.
 
123456

poweruser
12 април 2013
2.071
1.596
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia

Да не си влегол пред 5 години па сеа спомнуваш усб 2,4,8гб хехехе
 
Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Да не си влегол пред 5 години па сеа спомнуваш усб 2,4,8гб хехехе
три ворд документи да префрлам од лаптоп на усб за во копирница. ме мрзеше до дома да одам повеќе нафта ке потрошев, затоа така реков. 200 денари дата травелер 2.0 усб 16 гб.
Kingston 16GB USB 2.0 DataTraveler 104
19 денари попуст на потрошени 200. Во анхоќ на потрошени 97 000, 0 (со зборови нула) денари попуст :)
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Поради ова и ароганцијата на продавачите престанав да купувам во Анхоч.

Многу често, нивните вработени не знаат некокои технички работи . Пример не знаеа што е NAS уреад, а ги продаваат и го имаа во истиот салон, а не ни знаеа да ми објаснат што треба да купам екстра и останато. На крај се решив на рутерот да ставам екстерен хард диск и колку толку, споро е, ама ми врши работа.

Најмногу ме нанервираа, кога купував UPS уред, продавачката ме убедуваше да го купам тој од 15.000 денари што патем и воопшто не ми беше потребен. Мене ми требаше најобичен. 10 минути ме убедуваше да го купам тој, па после тој од 10.000, па тој од 7.500. Ми дојде преку глава и и реков, извини, ама ти го побарав најосновниот модел, затоа што тоа и ми треба, дај ми го тој и готово. Среќа повеќе ја нема таа продавачка - немам видено понападен продавач од неа - тотално личеше на човек што продава Layoness картички, а не во професионална фирма, oh well. Идам по обични слушалки, ми нуди Beats, идам по тастатура (и барам бејзик логитек модел) ми нуди Steelseries. :/

Во капитол во Сетек има сега еден нов вработен што се разбира доста. Иначе, во нептун се најнеупатени, ме убедува дека 50мм Nikon објектив е подобар од 35мм Nikon објеткив, а во принцип, квалитетот е речиси ист, него се работи околу која намената на објективот (ја знаев од преходно што ми треба). Во Германија во Saturn дечките буквално се знаат, доколку нешто не знаат, се извинуваат и се распрашуваат по колеги или бараат на гугл. А кај нас ќе ти објаснуваат безвезе.
 
shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
Со Анхоч освен тоа што кога и да сум вртел во било кој салон никогаш не ми се јавиле, друг проблем не сум имаш у Бисер поготово дечкото ми е закон башка си вејпа..закон човече, али во однос на женските повеќе знаат бар во мое искуство.
А за Сетек последен пат кога бев, пред да отидам се јавив за за wifi картица за во пц.
20 минути чекав да дојдам на ред на каса, а имаше само еден човек пред мене а и двете каси работеа...а кога дојдов на ред дечките од ИТ или што и да беа тројцата си искочија да си пушат цигари, а таа на каса појма немаше што се случува и дека ми била на страна тргната картицата па на крај уште 20 минути да се вратат дечките од пуш-пауза.
 
BlostuR

read-only
9 мај 2019
5
8
Кога и да имам потреба да земам некакво парче технологија сум одел во сетек, до сега биле супер и услугата им била на ниво, еднаш направија грешка кога ја пратив сестра ми да земе маус, таа не го приметила, но кога дојде дома, од прв поглед се познаваше дека со кутијата нешто не е во ред, и кога го отворив маусот, се познаваше дека е користен долго време, се вратив назад со се фискална во рака, им кажав дека не е маусот како што треба и дека се познава користен продукт и дека не е нов, без никаков проблем одма ги вратиа парите назад.
Се друго освен тоа е позитивно искуство, немам замерки
 
Тоа е тоа. Ќе пробаме да убутаме фејк и лага. Ако не примери супер за нив, ако примети ќе замениме без збор, што би рекол колегата @krema познати се по превари и отворање 4 очи. Ќе пробаме на следниот да убутаме, па на следниот и тако даље и тако даље.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.555
19.230
Многу лошо спроведување на закон за заштита на потрошувачите имаме затоа така прават.

На запад те известуваат дали е open box, експонат..
И ова не е заради тоа што си им симпатичен или дека се „културен свет“
 
SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Пишале А70, мајко мила. Треба некој да отиде и да инсистира да си го купи по таа цена. Ако не го добие, може да си повика инспекција комотно. Производите мора да се продаваат по цената која се рекламираат.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно