Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Водич за промена и полирање на процесор и кулер

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Маки, тешки маки :)

Решив и јас да го стругнам мојот кулер. Го изначитав туторијалов на Фејталити и отидов да земам водени шмиргли. Влегов во една продавница за бои и лакови, прашав за шмиргли и човекот ми кажа дека има. Го прашав колку се ситни и тој ми наброја неколку од кои 1000 беше најситна. Земав од таму една 800 и една 1000 за 25 денари една (легален грабеж :) ) па си реков поситна ке земам од друго место штом нема овде. Ги пребарав сите железари низ градот но од 1000 никаде немаше поситна. Прашав дури и на пазарот но и таму немаше поситна од 1000, всушност таму 400 беше најситна. Сиротиот човек дури упорно ме убедуваше дека 400 била најситна на свет, поситна ни Чак Норис не ке можел да најде :). Останува само да прашам и во некоја продавница за авто делови и такви тракатанци, но се сомневам дека ке најдам.

Фејталити, тебе како експерт за шмирглање :) сакам да те прашам дали ако не најдам поситна шмиргла од 1000 да го стругам кулерот или не? Дали 1000 ке биде доволно ситна?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Не брат крупна е..Ќе го израмниш и со 800-та ама нема да добие сјај на полирано,со што нема да го добиеш и посакуваниот ефект...
Од кој град Си?ако си од скопје мора да најдеш...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Не е могуче во цел штип да нема....
Провери ли во КАРМЕН БАУЦЕНТАР...таму и од пиле млеко има...
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Па не знам како се викаат сите продавници во кои проверив :)
Каде се наога тоа КАРМЕН БАУЦЕНТАР?
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Радосна вест :D
Најдов шмиргла 2000 во Кармен. Малку се помачив додека го најдов Кармен иако бил на ептен видно место :), но важно дека утре ке можам да шмирглам :).
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
мило ми е што најде...:) И лупни една сликичка да видиме како си го обработил....
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.718
15.813
youtu.be
и мене ме интересира како ке испадне полирањето, затоа постави некоја слика, инаку дали планираш и процесорот да го полираш?
поздрав
 
masterficx

user
5 јули 2009
1.345
354
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB DDRIII@1333Mhz
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit
не му е паметно решение да го полира процесорот затоа што со тие шмиргли мора да се употреби барем малку вода...
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
не му е паметно решение да го полира процесорот затоа што со тие шмиргли мора да се употреби барем малку вода...

Нормално дека треба вода затоа се водни....Ама ако ја причиташ цела тема ќе видиш дека нема никаков проблем тоа што ќе ја натопиш шмирглата и после на процесорот.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Иако мислам дека би немал проблем да го исполирам и процесорот, сепак нема да го полирам него.
А за слика ке ставам откако ке го исполирам, ама колку ке биде убава сликата од телефон со 1.3 мегапикселна камера е прашање :)
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
:D
Значи вака:
Го отворив компјутерот, го извадив кулерот од него, го расклопив и почнав.

proces1268996185.jpg

Еве го кулерот откако го извадив. Тоа на него е паста :)

kulerpasta.jpg

Еве го откако му ја исчистив пастата со алкохол.

kulernepol.jpg

Џеки Даниелс се испи, тоа во шишето е дедова жута љута :)
Не знам колку се гледа од сликата, бидејки е правена со глуп Sagem 1.3МP, но на кулерот беше фатил и слој од бакарен оксид.
На крај еве го откако го исполирав.
poliran.jpg

Предходно секако ја исчистив и пастата од процесорот па откако го исполирав кулерот почнав со местење. Нанесов тенок слој на CoolerMaster high performance термална паста и го наместив кулерот.
Потоа го вклучив компјутерот да видам што се дешава, и ова е најважната слика според мене. Пред ова температурата се движеше околу 47 степени, а сега околу 34-35. Значи се намалила за 10-12 степени :D

2010031911.jpg
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.718
15.813
youtu.be
браво, многу битно е и начинот на нанесувањето на пастата, така да внимавај да не го премачкуваш целиот процесор, туку стави само на средината како зрно грашок, и тој самиот ке се истисне преку целата површина на процесорот и хладњакот, прочитај по другите постови, имаш таму линкови и од youtube.

поздрав
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.481
5.586
Веке му има лупнато на 3.4 го вози мислам :)
3.3, да бидеме најточни :)

браво, многу битно е и начинот на нанесувањето на пастата, така да внимавај да не го премачкуваш целиот процесор, туку стави само на средината како зрно грашок, и тој самиот ке се истисне преку целата површина на процесорот и хладњакот, прочитај по другите постови, имаш таму линкови и од youtube.

поздрав

;)
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
браво, многу битно е и начинот на нанесувањето на пастата, така да внимавај да не го премачкуваш целиот процесор, туку стави само на средината како зрно грашок, и тој самиот ке се истисне преку целата површина на процесорот и хладњакот, прочитај по другите постови, имаш таму линкови и од youtube.

поздрав

и + уште нешто во врска со ова да додадам:
За правилно нанесување на пастата, најважно е да се знае дали е течна или тврда...ако е тврда, во тој случај се става во средишниот дел или со неколку други начини прикажани во туторијалот....Но доколку станува збор за ретка паста, во тој случај не е толку важно како ке ја ставиш, а и колку ке ставиш. Вишкот ке излезе....таа и онака се разлева и шансите за појава на воздушен меур се сведени на минимум...кај густата проблемот е малку побезвезе...и шансата да се створи поголема бариера помеќу кулерот и капачето на процесорот се поголеми...
:bravo:
 
dulemk

user
11 јануари 2008
1.049
53

Да, ама правилно нанесена тврда паста е подобро од правилно нанесена течна.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Еве конечно најдов време да ја сменам пастата со новата (Arctic Silver) и нанесена спред вашите сугестии...И еве ги резултатите...

Idle

Load

Тестирано на 6 саати под голема оптеретеност...Резултатите се повеќе од задоволителни.
Следно што следи е успешен клок...:D

Поздраф.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.033
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
ај една таблица да сумираме: прво како шо беше, после со полирање и неправилно нанесена паста и на крај со правилно нанесена AS.
 
Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв