Ваше мислење за содржините на IT.com.mk?

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 7 Август 2008.

  1. STEFF

    STEFF Sensei

    2,020
    2,588
    4 Јули 2013
    И дајте тоа copy-paste на насловот како што е прикажано во сликиве сменете го. Делува ептен безвезе.

    Sent from RN2
     
  2. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,244
    1,724
    7 ноември 2014
    Машко
    Им пишав јас еднаш, исто и скратениот линк дека нема потреба да стои над линкот...добив одговор дека некои го кликале и тоа.
    Логично ми е, ако го нема l33t линкот, неписмен е народот, ќе го фати паника и нема да знае каде да кликне. :)
     
    Изменето од модератор: 9 Јуни 2016
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86 Sensei

    2,174
    4,812
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Егзактли мај поинт :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Уат д фак, на што одговорив сеа жити се...
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,244
    1,724
    7 ноември 2014
    Машко
    Јас заебав работа кога цитирав. :)
     
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker Ентузијаст

    1,545
    1,523
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    да нема забуни/дискусии веќе, @Astro ќе си го испие виното прво, па после кога ќе го закачат со шишето по тилот (читајки ги вестите), а нема да знае дали е од виното или шишето :p

    на темата: потребни се промени секако...штури се вестите, монотони, не толку чести ...
     
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,846
    19,089
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па има апликации и за андроид и за ИОС ако мислиш на тоа.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Costigan_Jr

    Costigan_Jr Sensei

    2,427
    3,167
    5 Јули 2013
    За андроид ја имам тестирано, мислев да се додаде како агрегат за новости да издвојува, според интересот на корисникот, со селектирање области. Лошо се искажав, пардон.
     
  8. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,244
    1,724
    7 ноември 2014
    Машко
    https://www.it.mk/steam-beshe-pod-ddos-napad-postoi-mozhnost-da-e-haknat/

    Што е со последнава реченица...

    Во моментот, ситуацијата делува разрешена и посетителите можат непречено да продолжат со шопингот, гласањето за најдобрите игри, но и негување на илузијата дека купеното од оваа продавница е навистина нивно.

    :)))
     
  9. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    Појасни...
     
  10. prichina

    prichina Cuda 5.5

    7,625
    4,822
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Во последната реченица се мисли, као , Steam забегале со мислата дека игрите што ги продаваат се во суштина нивни произведени игри, TylerMkD
     
  11. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,244
    1,724
    7 ноември 2014
    Машко
    Не знам, барам појаснување јас. Како што јас разбирам, авторот критикува дека посетителите се во илузија игрите биле нивни. Не ми е јасно што сака со ова да каже, а како што знам има разлика меѓу вест и колумна. :)
     
  12. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    Авторот наведува дека постои можност Steam да е хакиран, како што беа и Adobe, Dropbox, Yahoo... со што игрите се кај нив на сервер.

    Точно, но зад секоја вест има автор и секако дека дозволуваме и охрабруваме секој автор да си го изнесе своето мислење..
     
    Последна промена: 24 Декември 2016
  13. NecrotoX

    NecrotoX Ентузијаст

    2,083
    1,757
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Па точно е тоа, илузија е, ако го снема Steam утре ќе ги снема и "нашите" игри. Иако веројатноста за такво нешто е екстремно мала, сепак во теорија тоа е точно.
    Единствен начин навистина да поседуваш некоја игра е да ја купиш на некоја DRM-free платформа како на пример GOG.
     
    На Krkac и Avid им се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan Гик

    775
    1,045
    12 Јануари 2016
    Машко
    Moмци, морам да забележам дека во неколку наврати пренесувате вести кои имаат политички необјективни заклучоци. Како на пример овде:
    https://www.it.mk/razvrska-na-obidi...e-vo-sad-proterani-nad-35-ruski-razuznavachi/

    Очигледно е дека таквите политички заклучоци во вашите текстови не се намерни и дека се последица на пренесување на „вести“ од меинстрим медиуми како што е New York Times. Но самиот наслов наведува на следново нешто што е само шпекулација: „заради нивното мешање во изборите, САД протера 35 руски разузнавачи“.

    Всушност протераните се акредитирани дипломати а не „разузнавачи“ а за целата наводна руска вмешаност не е изнесен ниден доказ во јавноста, пракса честа во времето на претходната студена војна меѓу СССР и САД. Целата работа во овој случај е во смената на старата претседателска администрација со нова, а Обама сака да му остави што полоши надворешни односи на Трамп.

    Но на вакви дискусии секако не им е местото на еден IT портал и јас само сакав да ви покажам како ваквите текстови (а ги имаше неколку) изгледаат гледани од страна на јавноста која ја следи светската геополитика: Необјективно и политички обоено, што повеќе сум од сигурен - никако не ви е намерата, ниту сте свесни дека е така.


    Доколку ми дозволите, јас би ви предложил да се задржите на моментите окулу наводното хакирањето на имејл серверите на Демократската Партија на САД, нешто што секако е многу интересно од IT аспект - но да не ги пренесувате насловите така како што се напишани во западните меинстрим медиуми (каков што е и New York Times).
     
  15. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    Здраво Локван,

    За насловот во право си, променет е во:
    САД ја обвинува Русија за сајбер напади и протерува над 35 руски дипломати.

    Не се заклучоци, јасно стои кој тоа го кажува. Не цитираме било кого, туку најрелевантни светски медиуми.

    Како вест во која се зборува за сајбер напади, и за која обвинувања за државни хакирања не се за на ИТ портал? Те молам објасни го тоа.

    За третирање на темата повеќе од ИТ аспект, забележано. Но дел од нашата работа е пренесување и на вести ,секако даваме се од себе да не се тоа политички обоени, шпекулативни, лажни или пак булшит. Постојано се трудиме да најдеме начин како да понудиме нешто подобро. Биди сигурен во тоа и ваквите забелешки секако ни помагаат.
     
  16. Lokvan

    Lokvan Гик

    775
    1,045
    12 Јануари 2016
    Машко
    Јас се извинувам ако бев погрешно разбран, забелешката за наведениот текст беше првенствено за насловот. Разбирам дека и јас би ја направил потполно истата грешка во времето кога не следев геополитика (и некои други работи).

    Благодарам за прифатената сугестија.
    Порталов го ценам како еден од најдобрите и најсредени во македонскиот информатички етер, само заради тоа и одвоив време за критика - која пред се беше од конструктивен карактер.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Isak Keyten

    Isak Keyten Гик

    997
    1,103
    25 ноември 2014
    https://www.it.mk/maxthon-e-odlichna-alternativa-za-vashite-prelistuvachki-naviki/

    Дај ве молам не препорачувајте вакви кинески шпинунашки софтвери како "одлична" замена за хром и фајрфокс. Да не праиме муабет шо броусерот добива еднаш у шест месеци асален апдејт, нема асален адон сапорт и е назад во сите броусер спид тестови.
     
    На D и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  18. Avid

    Avid Sensei

    1,792
    2,182
    21 Јануари 2009
    Регистри клинери препорачуваа пред некое време така да ова не изненадува.
    Не знам шо им е финтата.
     
    На Isak Keyten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkoG

    DarkoG Активен гик

    526
    320
    27 Јуни 2012
    Некогаш премногу форсирате политика на блогот со цел да се оцрни некој поединец, треба за ИТ да пишувате и повеќе.
     
    Последна промена: 12 Јануари 2017
  20. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    Меѓу публиката има некој што прв пат се среќава со registry cleaner... во следната верзија на ИТ.мк ќе се обидеме да понудиме персонализација.
     
  21. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    Би те замолил да ни ги пратиш написите каде што има политика?
     
  22. Banjifiko

    Banjifiko Sensei

    2,124
    2,292
    28 oктомври 2008
    Зошто постовите во темата "Со што последно сте се подновиле? #2 (без компјутерски делови)" не се појавуваат во нови мислења? За боречкиот клуб разбирам, но во темава конкретно, има многу интересни работи да се видат, иако не се стрикно IT.
     
    На STEFF и Astro им се допаѓа ова.
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker Ентузијаст

    1,545
    1,523
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Како да ја почнам/формулирам забелешкава...незнам, но еве најдиректно (без некој да се лути) - на линков : Handbrake ги зарази своите корисници со тројанец ⋆ IT.mk ова страшно многу ми изгледа на clickbait (претпоставувам ненамерно), со оглед на насловот и самата содржина се различни до извесна мера - јас на прво читање претпоставив овие од Handbrake намерно ставиле тројанец а после читањето на самата статија, уствари се испостави дека бил хакиран миророт. насловот можеше да биде поинаку формулиран, вака делува многу сензационалистички (како аналогија на ова, може да земеме мал милион наслови по порталите, у стилот: Страшна сообраќајка, загинаа сите во автобусот - а сообраќајката некаде у Зимбабве). Сепак, ова е само мое мислење, немора да значи дека пробувам да наметнам на другите исто да го гледаат, но за мене така изгледа.
     
    На ivan88 и ImTheDude им се допаѓа ова.
  24. dsokoloski

    dsokoloski Модератор

    2
    1
    11 Февруари 2016
    Машко
    Здраво!
    Можеби си во право помалку лошо звучи насловот, иако Handbrake има одговорност кон своите корисници. Злоупотребен е нивен официјален мирор кој неколку дена „делел“ малициозна верзија на софтверот. Немав намера да биде clickbait наслов, што се надевам се гледа и од останатие наслови на текстовите
    Поздрав.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  25. spiritBreaker

    spiritBreaker Ентузијаст

    1,545
    1,523
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    да, замерката највеќе ми беше дека насловот звучи / изгледа многу сензационалистички, барем за мене изгледа така, затоа јас се изјаснив дека е само мое мислење, можеби некој друг поинаку го гледа насловот, се е индивидуално. да, се согласувам дека Handbrake има одговорност кон корисниците, но сепак, мое мислење е дека можело да се преформулира малку насловот.
     
Слични теми
  1. Todor91
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    2,273
  2. zorandesign
    Одговори:
    18
    Прегледи:
    1,706
  3. gorgi_selkov
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,086
  4. undergrounde
    Одговори:
    79
    Прегледи:
    3,774
  5. VolkanGames1
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    876
Вчитување...

Сподели