Ако си за 55-ка, имаш и до 45000 одлични модели. 634 ЛГ, имаш Самсунг 6172, имаш Сони 7005 за 52000 ,
И Сонито и ЛГ-то ти се со ИПС панели, рачунај дека во темна просторија екранот ке ти свети како ламбичка, за ЛГ-то не сум сигурен дека има и некој вид на диминг, локал или кој и да е, Самсунгот е со ПЛС панел, во темница ке биде темен, но денски ке има пресатурирани бои. Ке си намалиш Колор од сетингс и ке добиеш посакуван ефект. Кај Сонито и ЛГ-то ке имаш пореални бои, но контрастот и она со нивото на црно нема никогаш да ги добиеш.
Мораш да одбереш со што можеш да живееш и со што не можеш да живееш.
Јас сум голем противник на Андроид телевизор. Јас сум за телевизор кој нема никаков оперативен, па дури да не е ни со смарт опции, али кога би бирал, би го избрал помалото зло, односно смарт наместо Андроид.
Зошто?
Па од проста причина што андроидот ме ограничува и ми ствара нервози. Прво го плаќаш многу поскапо од смарт ТВ. Второ мора да внимаваш на хардверот во телевизорот, а никој тоа не го гледа. И кога уствари ке сватиш дека си купил андроид ТВ со 8Г вградена меморија и дека освен оние апликации кои ги има фабрички вградено, не можеш да си играш со некој други, сваќаш дека уствари си во шах мат позиција. Со тек на времето, апликациите кои се вградени ке се апдејтираат, слично на мобилните. Со тоа работниот простор ке се намали уште повеќе, телевизорот и целокупниот софтвер ке се успорат и практично за две години ти ке имаш мобилен кој сакаш да го треснеш од земја зошто му е потребна цела една вечност да отвори слика.
Смарт ТВ се решава со бокс од 3000 до 6000 денари, андроид кој и да се успори ке го ресетираш, ке го фрлиш или ке купиш нов.
За две години дали ке фрлиш 50 000 денари ако се успори? Нормално дека не.
Чисто овака просто видување на работите
Тоа е моето мислење, во твојата одлука не се мешам.
Повеќе пари во моментот вредат да се дадат само за ОЛЕД. За ТВ преку 45 000 или 50 000, класичен ЛЦД, апсолутно не вреди по мене. Реков, разликите се минорни, панелите се доведени до совршенство, нема потреба за ситничарење.
Со добро подесување на параметрите и калибрација на панелот, сликата се доведува до совршенство и скоро идсентичен приказ за во домашни услови.
Поздрав и убав ден.
:*
49-55 инчи таман си е за 4х4 соба инаку мојот ЛГ е 49 инч со далечина 2,5/3.00 отприлика и таман ми е за 3Д филмови и со одличен хармон кардон звучки и сликите се перфектно освен нашите бедни канали. И јас така мислев дека 43 е сосема доволно и мој колега исто така мислел ама испадна дека не е така како што мислевме бидејќи денешните Тв-ри немаат како оние старите кадотни цевки и екранот е како лупа , баш денешните ТВ немаат како лупа стакло ако ме сфаќаш што сакам да кажам.Да реков 50-60000 но мислев за 55 инчен тв. Меѓутоа сватив дека е тој преголем за соба 4х4, со оглед на далечина од која ќе се гледа 2,5м. Затоа мислам дека 43 инчен е сосема доволен. Е сега пак нешто друго ме мачи. Некаде на форумив прочитав дека кај тв оод 50 инча 4к не вреди, па ова не ми е јасно во која смисла не вреди.
Исто прочитав дека андроид е повеќе за телефони него ли за телевизори. Исто така прочитав дека сите тв имале исти панел 1.3. Што повеќе читам се повеќе прашања ми се отвараат
Немој!Некој искуства со Vivax телевизори?
Некој искуства со Vivax телевизори?
Исто како ST телевизор да купиш во србија!
џабе гледаш сега,до пролет нема да ги има овие модели.Чисто, ме интересира препорака за 40/43 ТВ, по можност обичен пошто имам Андроид Бокс. Не сум моментално за купување, можда здравје напролет.. Буџет, до кај 22-2300 ден.
Ме фаќаат за око:
LG 43LJ500V
LG 43LJ624V
Првиот, 500 ката има многу добар панел, сум го видел у живо... Вториот би бил, ако веќе одам на смарт верзија. На хартија гледам е солиен, со webos 3.5 исто и со ИПС панел...
Чисто, ме интересира препорака за 40/43 ТВ, по можност обичен пошто имам Андроид Бокс. Не сум моментално за купување, можда здравје напролет.. Буџет, до кај 22-2300 ден.
Ме фаќаат за око:
LG 43LJ500V
LG 43LJ624V
Првиот, 500 ката има многу добар панел, сум го видел у живо... Вториот би бил, ако веќе одам на смарт верзија. На хартија гледам е солиен, со webos 3.5 исто и со ИПС панел...
LJ e 2017 модел, односно Ј ја означува годината. Ќе видеме сега за некој ден која ќе биде буквата за 2018та на ЦЕС.џабе гледаш сега,до пролет нема да ги има овие модели.
кога ќе ти треба тогаш гледај
овие модели се по едно две парчиња што стоеле во излог две години
Па панелот баш не е ист 668 има 10битен панел кој дава поголем опсег на бои, ако тоа му значи нешто95% се исти со мојот за кој пишав погоре:
LG Compare | LG Electronics UK
Видливите разлики се бојата, мојот е црн, овој е сив, постољето е поинакво и даљинското е поинакво, моето е обично, стандардно, ова на 668 моделот е со magic remote со џојстикче на средина како на старите сони ериксон телефони. И звукот кај 668 моделот е Harman-Kardon. Друго се му е горе-долу исто. Ама цениве кревање еј :О Непосредно пред ЕП, мојот беше од 40000 на 35000, а овој за кој си ти заинтересиран беше од 45000 на 40000, сега мојот е 40000, а другиот дури 46000.
Инаку плус да додадам од тоа што имам пишано погоре за мојот тв е што ги памти поставките за превод па не мора на секој филм да влегувам во мени и да местам големина, латиница/кирилица итн... Друго позитивно е што ако по некој период на некористење на усб-то или хдд-то, го исклучува од напојување т.е. тоа е приклучено ама исто како да не е, се додека нели, не го активираш пак да го отвориш и да гледаш нешто од него.
Ако не ти сметаат разликите поарно земи го мојот модел, 6207, зошто да им даваш 100 еур плус за некои не толку битни додатоци, сликата, панелот софтверот е ист.
Тешко дека во реалноста ќе видиш разлика во сликата. Да земиш да испитуваш, да, би требало да има разлика ама ништо значајно што ќе ги промени животот за да фрлаш 100-ина евра плус. 1080р снимка од филм исто добро ќе изгледа и на мојот и на следниот поскап модел пошто се блиски со цената. Инаку јас година и пол го имам веќе тв-от и сум презадоволен. Респонзивен софтвер и брз процесор. Нема сецкање, чита се и сешто, стримам од youtube од pc преку wi-fi, се е супер. едино замара со апдејти и решив да не му правам веќе, досега 2-3 пати имам направено, доста му се. Ти што тв имаш?Па панелот баш не е ист 668 има 10битен панел кој дава поголем опсег на бои, ако тоа му значи нешто
Извини за одговоров по една недела, обврски јбг, а можда да ме цитираше ќе видев побрзоЈас имам уште од старите LCD Samsung LE 32 550D и сеуште има извонредна слика, ама сакам да го сменам (купам) со 43LG LG 624V . Твое мисленје за овој ТВ ?
Во план е набавка на нов Тв кој треба да го купам најдоцна до понеделник. Два модели ми фатија око:
- Philips 43PUS6162/12
- LG 43UJ634V
или евентуално
Philips 49PUS6162/12 бидејќи 49ката од ЛГто ми е надвор од буџет
Comparison between: 42.5" Philips 43PUS6162/12, 49" Philips 49PUS6162/12, 42.5" LG 43UJ634V
Што би било подобар избор?
Дали некој има користено некој од овие два или препорака за друг модел (до 30к)
Во план е набавка на нов Тв кој треба да го купам најдоцна до понеделник. Два модели ми фатија око:
- Philips 43PUS6162/12
- LG 43UJ634V
или евентуално
Philips 49PUS6162/12 бидејќи 49ката од ЛГто ми е надвор од буџет
Comparison between: 42.5" Philips 43PUS6162/12, 49" Philips 49PUS6162/12, 42.5" LG 43UJ634V
Што би било подобар избор?
Дали некој има користено некој од овие два или препорака за друг модел (до 30к)
Извини за одговоров по една недела, обврски јбг, а можда да ме цитираше ќе видев побрзоИстиот модел, но 49-ка гледам го има во Нептун. Штом со таа големина е 30 000, претпоставувам 43-ка е негде околу 3-4000 поефтин. Нема што многу да се каже, средна класа стандарден тв со сите битни карактеристики, сличен е на мојот, разликата која го прави понов модел е софтверот вебос 3.5, на мојот е 3.0 и надворешно што го имаат поубаво изведено постољето.
Фала на одговорот, поздравИзвини за одговоров по една недела, обврски јбг, а можда да ме цитираше ќе видев побрзоИстиот модел, но 49-ка гледам го има во Нептун. Штом со таа големина е 30 000, претпоставувам 43-ка е негде околу 3-4000 поефтин. Нема што многу да се каже, средна класа стандарден тв со сите битни карактеристики, сличен е на мојот, разликата која го прави понов модел е софтверот вебос 3.5, на мојот е 3.0 и надворешно што го имаат поубаво изведено постољето.
SAMSUNG 55MU6102 (31.5k) vs Sony 49XE7005 (33.5k) ?
Намена: јутјуб, ЦрвенТјуб, филмови.
Поише некако сум за првиов избор, поголем а поефтин ТВ, Моделот на ТВ-то асоцира на нашето потенцијално ново име, и плус мала благонаклонетост бидејќи е Самсунг ... xD
Немам баш некое си длабоко разбирање околу ТВ-а.
Совети ?
Ми фаќа око муабетов, а мислам дека и @psyside би се согласил.Јас би го зел Самсунгот. Го има комшијата до мене истиот само од 50 инќи . Убав телевизор и убаво мени. Youtube отвара брзо и мазно. Сликата е нешто одлично. За сонито незнам и неможам да дадам мислење
NET LAN WIRELESS USB TP-Link ARCHER T3U, AC1300, MU-MIMO, Dual Band, USB3.0
1.100,00 ден
MB 1700 B760M D3HP DDR4 GIGABYTE, 4xDDR4 5333MHz(OC), 2xM.2, VGA, HDMI, PCIex16, 2xPCIex1, 4xSATAIII, 5xUSB3.2Gen1,2xUSB 2.0,1xType-C,2.5Gb LAN
6.380,00 ден
STREAM DECK MINI ELGATO DISCORD EDITION , x6 LCD keys, ELGATO-10GAI9931
3.930,00 ден
NOTEBOOK 14" LENOVO ThinkPad E14 Gen 7 Black - Ultra 5 225U/16GB DDR5 5600MHz/512GB SSD NVME 2242/ WUXGA (1920x1200), Backlit KB, 21SX008MRI
61.990,00 ден
EARPHONES WIRELESS XIAOMI Redmi Buds 8 LITE BLUETOOTH w/microphone, WHITE
1.700,00 ден
SSD M.2 256GB KINGFAST F8N NVMe , 1.988/1.522MB/, KF2321DCS25BF-256
3.370,00 ден