Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Телекабел оптички пакети

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Кај Телекабел имам забележано дека многу зависи од реонот, некаде е топ, некаде не. Јас имам 40/40 година дена и сум презадоволен, не се случило да прекине, а брзината е стабилна секогаш. Е сега други ми се имаат жалено дека не ја добиваат брзината, така да најдобро да се праша у маало ако има некој
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
Нема доплата за приклучок моментално на телекабел, бар така од салонот ми кажаа.
Инаку цените за 20/20 интернет, плус телевизија на телекабел е 1050 денари, во А1 е 1000ка (ги нема на страната пакетиве).

За мрежата, А1 имаат поставено оптички кабли, бандери и слично уште од пред месец/два. Единствено немаат склопки (појачувачи, рутери) што и да им се тие на бандерите. И некои улици сѐ уште не се поврзани, само поставени каблите и не знаат кога ќе биде достапно

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација

Оптика на бандера ставале? Кој реон ако не е тајна?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Благодарение на телекабел конечно имам оптика. Телекомци немаат можност на сред центар да обезбедат во скоро време.

За почеток пуштив 20/20 да видам како што, па сега поднесова барање за 40/40. Брзината е секогаш макс за даунлоуд а надминува 20 за аплоуд. И тоа ваерлес. Претпоставувам дека кај мене инфраструктурата не им е оптеретена.

Едино на наколку наврати наваечер после 12 часот сум забележал мали падови и сецкања со кратко траење. Преку ден е супер. На телеком нема сецкања и падови и е каде каде поефтин 100/100 пакетот. Но дотогаш и телекабел ќе заврши работи. Се на се сум задоволен со оглед на ситуацијата.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
И јас се чудев, ама телекабел тураат оптика кај ќе стигнат. Потврдија неколку членови овде.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
А шо има тука за чудење? Гледаат да бидат конкуретни и успеваат. Али некои особи кој у јајцето тражат влакно на се ке наоѓаат маана.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.789
5.509
А шо има тука за чудење? Гледаат да бидат конкуретни и успеваат. Али некои особи кој у јајцето тражат влакно на се ке наоѓаат маана.
Затоа што се знае како се местат и поставуваат одредени кабли. Т.е. сите освен во екстремни ситуации. Бандери одамна не се еден од начините, а нарочито за оптика. Инаку нит зимам нит давам пари кај нив, така да нема што да зборам од инат или завист, нит да барам влакно у јајцето. Едноставно не се работи така.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
А шо има тука за чудење? Гледаат да бидат конкуретни и успеваат. Али некои особи кој у јајцето тражат влакно на се ке наоѓаат маана.

Ај кажи од сликиве еве како на прваче, кој кабел е поверојатно да биде оштетен и ти да имаш прекин како резултат на тоа.

1.jpg 2.jpg
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Затоа што се знае како се местат и поставуваат одредени кабли. Т.е. сите освен во екстремни ситуации. Бандери одамна не се еден од начините, а нарочито за оптика. Инаку нит зимам нит давам пари кај нив, така да нема што да зборам од инат или завист, нит да барам влакно у јајцето. Едноставно не се работи така.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
"Знае се" како се месте оптика и тоа мора да биде фанатично правило као демек космичките закони ке се нарушат. Бандери одамна не биле начин! Ама го кажуваш овоа како оптика да има 50 години, а не 2 години.
Ти буразерче не да бараш влакно у јајцето, туку јаце у влакното бараш.

Ај кажи од сликиве еве како на прваче, кој кабел е поверојатно да биде оштетен и ти да имаш прекин како резултат на тоа.

Погледнете го атачментот 90468 Погледнете го атачментот 90469
Логично, кабело шо е под земја е посигурен. Ама те за чудо за година и пол до сеа не бил оштетен. И да се оштете ке дојдат и па ке го врзат. Тоа не е мој проблем, нивен е.
Као второ, не знам дали баш коуку е можно да го ископаат цел град (Штип) за да има подземен кабел. За тај ваш космисчки принцип кој од дифолт "се знае" ке треба Штип прво буквално да се срамне со земја, за поново да се изграде, реконструира па фино лепо да биде изводливо подземно сите можни кабли да бидат подземни.
На мене не ми се свиѓа шо струјните кабли се по бандери и ми минуваат низ двор, ама не се бунам.
 

Слајдер

hello world
16 мај 2018
59
25
Оптика на бандера ставале? Кој реон ако не е тајна?
Ченто, Скопје, пишав погоре. А1 се на бандери, а ко што видов кај комшиите и телекабел така поврзале.

Едит: иначе има на некои места и копано, ставано шахти за пристап и слично. Кај мене точно пред куќа има шахта, и до шахтата ставија и бандера и неа ги ставија каблите од шахтата. Па потоа ги носат од бандера на бандера каде има можност.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 

Piedpiper

hello world
26 август 2019
247
247
Светот ископа тинел под вода ние уште збориме за опција кабли да се носат по бандери. Во Индија исто размислуваат и убаво изгледаат бандерите.
 

Слајдер

hello world
16 мај 2018
59
25
Светот ископа тинел под вода ние уште збориме за опција кабли да се носат по бандери. Во Индија исто размислуваат и убаво изгледаат бандерите.
Уште ADSL има и се користи за иста цена со оптиката. 15 години немаат инвестирано во никаква инфраструктура од коаксиалниот кабел кога го пуштија. Фирми како телеком што имаат над 90% профит. Иако точно, им треба година дена по бандери да пуштат кабел, ако копаат, технологијата ќе искочи од употреба пред да ја завршат мрежата.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
12 април 2017
1.918
1.259

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.789
5.509
"Знае се" како се месте оптика и тоа мора да биде фанатично правило као демек космичките закони ке се нарушат. Бандери одамна не биле начин! Ама го кажуваш овоа како оптика да има 50 години, а не 2 години.
Ти буразерче не да бараш влакно у јајцето, туку јаце у влакното бараш.


Логично, кабело шо е под земја е посигурен. Ама те за чудо за година и пол до сеа не бил оштетен. И да се оштете ке дојдат и па ке го врзат. Тоа не е мој проблем, нивен е.
Као второ, не знам дали баш коуку е можно да го ископаат цел град (Штип) за да има подземен кабел. За тај ваш космисчки принцип кој од дифолт "се знае" ке треба Штип прво буквално да се срамне со земја, за поново да се изграде, реконструира па фино лепо да биде изводливо подземно сите можни кабли да бидат подземни.
На мене не ми се свиѓа шо струјните кабли се по бандери и ми минуваат низ двор, ама не се бунам.
Да видиш замисли знам како се мести оптика, сум местел оптика и знам што и како е стандард. Оптика има најмалце 10г наназад кај нас, јас наместив пред 8г, во светов многу порано. Ако ти си чул пред 2 години, и ако мислиш дека начинот на твоиве Штипјани е исправен тоа е твој проблем.
Цело Скопје го прекопаа, со секоја нова улица, замена на тротоар, замена на цевки и слично се пушта паралелно уште и уште оптички кабли, ама не бандера било закон. Значи оптика со самоносечки кабли и само такви се става само во исклучителни случаи на бандера (и други кабли истотака). Неможе тоа да биде правило и улициве да ни изгледаат како сушари за алишта или одмаралишта за гулаби.
Светот ископа тинел под вода ние уште збориме за опција кабли да се носат по бандери. Во Индија исто размислуваат и убаво изгледаат бандерите.
Ама неее, на Бандера требало и било сосема нормално. Ене ги на последното дување и град, фирмата до мене немаше 3 дена нет, пошто мислев кабелски имаат од бандерата на 20 метри од нас, а они оптика да ти имале. И си чекаа 3 дена да дојдат овие, да преповрзат и сменат сѐ.
Супер видео за како треба да се инсталира и работи со оптика. Бонус може да се научи нешто за технологијата

View: https://youtu.be/2e9DNwInTE4
Абе шо појма имаат овие. На Бандера се мести, и секој шо ќе каже друго бара влакно у јајцето.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.327
Скопје
androgaming.com
"Знае се" како се месте оптика и тоа мора да биде фанатично правило као демек космичките закони ке се нарушат. Бандери одамна не биле начин! Ама го кажуваш овоа како оптика да има 50 години, а не 2 години.
Ти буразерче не да бараш влакно у јајцето, туку јаце у влакното бараш.


Логично, кабело шо е под земја е посигурен. Ама те за чудо за година и пол до сеа не бил оштетен. И да се оштете ке дојдат и па ке го врзат. Тоа не е мој проблем, нивен е.
Као второ, не знам дали баш коуку е можно да го ископаат цел град (Штип) за да има подземен кабел. За тај ваш космисчки принцип кој од дифолт "се знае" ке треба Штип прво буквално да се срамне со земја, за поново да се изграде, реконструира па фино лепо да биде изводливо подземно сите можни кабли да бидат подземни.
На мене не ми се свиѓа шо струјните кабли се по бандери и ми минуваат низ двор, ама не се бунам.

Оптика има од 2010 кај мене.

Нема врска, друго е зборот. Ако се изгуби конекција тоа е нивен проблем, ама јас губам. Оптички кабли во цевка неможеш едноставно да ги „врзеш“ како на пример коаксијален или друг бакар (па дури и струја). Треба да се сплајсне од последната станица па да се стави нов до следната, меѓутоа во една цевка има (карикирам) 500 влакна, едно две ќе премостат ама не повеќе од 10%. Неможе едноставно каплер да стават на средина на цевката.

Сетоа тоа време јас како претплатник губам, треба да барам алтернатива итн. Ради ова озбилни фирми никад нема како клиенти да ги стекнат. Мислам дека не ни нудат пакет со загарантиран аптајм и загарантирана брзина. Џабе оптиката тогаш.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.609
1.766
Оптика на бандера потсетува на Романија пред неколку години, кога беа во врвот во светски рамки по брзина на Интернет со Ј. Кореја, така и нивните оператори си ставаа кабли по бандери во борба за руралните корисници.
 

Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Темата е Телекабел оптички пакети. Да не забегуваме. Да бидеме реални. Не е битно колку време има оптика. Да се прекопа цела македонија за да стават повеке наменски цефки за кабли ке поминат декади. Името уште три пати ке го сменат додека се случе тоа.
И треба ли цело време да бидеме на кабелски интернет со 1mb upload? Не! Боље оптика на бандера па макар и немал 3 дена интернет у случај на оштетување на кабелот. Страшната работа ако се немало 3 дена интернет. Луѓето немаат по 3 дена вода ради стањето со улиците и водоводниот систем стар 70 години па не го прекопуваат градот, ке го прекопаат сега специјално за вас за да биде како "се знае како треба".
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Али ако видиш реално кај нас поарно оптика горе отколку утре некој трајче да ти го скине кабелот копајќи
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.789
5.509
Темата е Телекабел оптички пакети. Да не забегуваме. Да бидеме реални. Не е битно колку време има оптика. Да се прекопа цела македонија за да стават повеке наменски цефки за кабли ке поминат декади. Името уште три пати ке го сменат додека се случе тоа.
И треба ли цело време да бидеме на кабелски интернет со 1mb upload? Не! Боље оптика на бандера па макар и немал 3 дена интернет у случај на оштетување на кабелот. Страшната работа ако се немало 3 дена интернет. Луѓето немаат по 3 дена вода ради стањето со улиците и водоводниот систем стар 70 години па не го прекопуваат градот, ке го прекопаат сега специјално за вас за да биде како "се знае како треба".

Не забегуваме, ти кажуваме како треба и како е нормално. И дека има оптика повеќе од 2години како не е битно, кога тресеш зелени и после влечеш заклучоци на такви дезинформации. И дека телеком, неотел, и неколку други броадбенд провајдери го направија тоа, а од пред 2-3год и Вип/А1 веќе го прекопаа Скопје, или се користеше можност кога и така се копаа и реновираа разни други работи по улици и инфраструктура. Така да не се секирај има наменски цевки, има сѐ што треба кај сериозни провајдери. Така да незнам како е у Штип ама дека е страшна работа да се направи и не е, не драматизирај. Прашај кај тебе у Штип дали Телеком иде по бандери
Ако ти е тебе ОК да немаш 3 дена нет, онда уживај, мене и на многу други на кои ни зависи многу од тој интернет не ни е сеедно.

Дечките од видеото праќаат оптика до доме, кај нас со RJ45 е од бандера до дома.

Има и кај нас оптика до дома одамна. Телеком, Неотел, Интерспејс итн. само така и носат. Тоа ЛАН, коаксијалец и остали хибриди се оставштини од кабелските оператори порано и сега, како кај А1 од Кејблтел, Телекабел и остали оператори кои нејќат да инвестираат ако немора.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Луѓе олабавете малку. Нема потреба од напната дискусија. Ние може да си правиме муабет ама операторите си работат така како им одговара, се додека тоа е дозволено.

Јас можда имам оптика донесена преку бандера, ама бар имам оптика. Телеком само под земја носи кабли, ама ако чекам да копаат во мое маало ќе појдам во пензија. Си имаат приоритети и не се замараат со тоа што само еден станбен објект бил одминат и не е приклучен. Е сега во сандачето кое е најблиску нема расположиви влакна.
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно