Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Со парсирачко дрво можеш да провериш дали некоја граматика генерира одредена низа. Кажи што точно ти треба, постојат многу видови на парсери.
Да не те збунам само еве еден пример
Имаш граматика:
S -> aSb
S -> c
доколку сакаш да провериш дали низата aaacbbb е во зададената граматика, можеш да изградиш вакво дрво:
______S
___a__S___b
_a____S____b
a_____S_____b
______c
Листовите во дрвото се завршните знакови . Читајки лево-доле-десно-горе добиваме aaacbbb. Низата е во зададената граматика.
Ок топ даун, или од врв према дно, се гради рекурзивно и техниката се вика рекурзивен спуст. За секој незавршен знак пишуваш посебна функција и така ја проверуваш низата.
Пример за граматиката погоре, ке напишеш ваква функција.
Код:
S()
{
procitaj znak
ako (procitaniot znak = c)
vrati se od funkcijata
ako (procitaniot znak != a)
vrati false
S();
procitaj znak
ako (procitaniot znak != b)
vrati false
}
Оваа функција ти вреди само за S знакот. Доколку имаш повеќе продукции, т.е. незавршни знакови, треба да напишеш за сите по една ваква функција. Идејата е таа, доколку имаш конкретен пример би можел да ти помогнам повеќе.