InSides
lurker
- 21 февруари 2009
- 760
- 2.019
Прашање: Дали е морално басовите да стојат и двата напред, дали може еден напред 1 позади?
Не е задолжително, но е генерално подобро.
Прашање: Дали е морално басовите да стојат и двата напред, дали може еден напред 1 позади?
Што се диполи?
ОК, со една резерва. Ова се коментари на уживател во повеќеканален звук, и нивната намена не е да се искористат како leverage во преговарање со дилери.
Колку што успевам да сфатам, цената со попуст овде е најмалку 40,000+ денари повеќе од цената без попуст на комбинацијата со Klipsch?
Што значи, ако се добие 10% попуст на комбинацијата со Klipsch, разликата ќе биде 50,000+ денари?
Може, но не со распоредот кој ти го предложиле. Воедно, диполи не се препорачуваат за висински звучници.
Еве ми ја конфузијата. Ти препорачуваат подобри звучници за напред и појак центар, а предните звучници и центарот се од пониска серија од звучниците за ефекти. Би очекувал да е обратно.
Секако, ако ти понудат 7.2 систем со Bronze звучници насекаде, 4К евра не те расправаат.
Воедно, производителот кој го препорачуваат, во серијата во која ти ги препорачуваат предните и центарот, решил дека нема да прави диполи, туку во таа серија ќе понуди исти звучници како предните за ефектни.
Не може +2 тавански звучници на 7.2 систем со тој рисивер. За +2 тавански звучници ти треба рисивер со 9-канален засилувач.
Со овој рисивер, имаш можност за (1) 5.2.2 или (2) 7.2. Само (1) е Атмос.
не ми се допаѓа што станува збор за bookshelf звучки
Ако може да ми сумираш прос и конс на оваа конфигурација од претходната,
Ефектни канали се сметаат сите освен предните?Малку несреќен термин, делумно точен - во контекст на повеќеканални системи, се однесува на звучнички кутии каде звучните единици се монтирани под типичен агол од 90 степени, со цел подобрена дисперзија на звукот.
"Диполи" од овој тип се генерално преферирани за ефектни звучници во повеќеканален систем затоа што имаат помала прецизност во локацијата на звучниот извор. Ова е генерално недостаток при стерео звучници, но за ефектни звучници се смета за предност затоа што даваат дополнителна (иако лажна) длабинска слика на позадинските ефекти.
THX спецификацијата назначува дека диполи треба да се користат за ефектните канали, но таквата назнака често се негира во пракса, дури и кај THX сертифицирани системи.
EDIT: Овакво нешто:
https://f072605def1c9a5ef179-a0bc3f...-center_80_none/RP-402S_Black-Vinyl_Front.jpg
Ефектни канали се сметаат сите освен предните?
Значи, компонентите:
1. Предни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
2. Задни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
3. Странични звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
4. Централен звучник: Klipsch R-52C - 12,990.00 денари (парче);
5. Сабвуфер: Klipsch R-100SW - 21,990.00 денари (парче);
6. Рисивер: Denon AVR-X2600H - 44,990.00 денари (парче).
3. 5.2.2 систем (7 сателити и 2 вуфери) - 131,940.00 денари. Алтернативна комбинација на #2, се работи за истите компоненти, но 2 звучника се трансформирани во "висински" канали за да се процесираат напредни содржини енкодирани во Dolby Atmos.
Оттука, финална пресметка:
1. Компоненти: 131,940.00 денари;
2. Аксесоари: 6,000.00 денари;
3. Кабли: 6,000.00 денари;
4. Акустични третмани: 28,000.00 денари.
Вкупно: 171,940.00 денари.
Тотално ме збуни со цените, собирам множам делам никако не ми излага математиката според напишаново, во голем минус излага кај мене
Значи, компонентите:
1. Предни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
2. Задни звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
3. Странични звучници: Klipsch R-51M - 14,990.00 денари (пар);
4. Централен звучник: Klipsch R-52C - 12,990.00 денари (парче);
5. Сабвуфер: Klipsch R-100SW - 21,990.00 денари (парче);
6. Рисивер: Denon AVR-X2600H - 44,990.00 денари (парче).
Уф, да си се цитирам сам себе си пак.
Да, сум испуштил, ама не вуфери, туку еден пар звучници.
Внимавај на задебелените зборови во мојот цитат:
Ајде сега:
Предни (2) - 14,990.00;
Задни (2) - 14,990.00;
Странични (2) - 14,990.00;
Центар (1) - 12,990.00;
Сабфуфери (2) - 43,980.00;
Рисивер (1) - 44,990.00.
14,990 + 14,990 + 14,990 + 12,990 + 43,980.00 + 44,990.00 = 146,930.00 (*)
(*) Иницијално, ова го пресметав како 131.940.00.
Разликата е сега 25,000 без попуст за Klipsch во однос на Монитор, до 40,000.00 со евентуален попуст кај Болин за Klipsch. Пак, со сите аксесоари, си под 3К. А имајќи предвид дека во собата веќе има таванска дифузија, уште подолу оди сумата.
Извини за збунката.![]()
Другар дали си сигурен дека цената 14,990 е за пар? На сајтот на болин стои еден звучник, што претпоставувам дека и цената е за еден. Плус на сајтот не пишува нигде дека се во пар. Затоа ги рачунам x2, предните, средните и задните.
Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Со 100% сигурност, тоа може да ти го одговорат само во Аудио Центар, но прилично сум сигурен:
Што би се рекло, прашај за потврда.
- Хај Фај звучниците, освен кога тоа не е посебно назначено, се продаваат во пар;
- Центарот е најчесто поскап од еден L/R звучник. Со цена од 12,990.00 за центар, тешко дека 14,990.00 е цена за парче.
За мене Klipsch испадна супер иако морам да те предупредам дека познавачите на поетаблираните брендови во МКД (Yamaha, JBL etc.) не се задоволни од звукот кај мене дома. Те високите не чинеле, па басот не чинел дрн дрн.![]()
со сценарио број 2 каде што предните звучници би биле Klipsch R-620F (подни звучки), чисто ради пис оф мајн на другар ми за кој што го работам киново.
Многу добар опис! Ајде ќе се смени некогаш ова и кај нас, се надевам.Ти си задоволен. Што друго е важно.
Во локален контекст, познавачите на етаблираните бреднови во МКД = Твитер влијателни. Повеќе не би на тоа, збир лични искуства на една тема.
Пред неколку години, имав прилика да запознаам неколку аудиофили од Србија. Разликата помеѓу нив и сите локални аудиофили беше, во најмала рака - драстична.
Да појаснам:
1. При првото запознавање на аудиофил во Србија (ова може да значи дека такви се само оние кои сум ги запознал), личноста ме запознава со (1) просторот, (2) нивниот систем и, најважно (3) кои се нивните желби, потреби и цели. По целото тоа, и по слушањето на системот, нивното прашање до мене беше "дали мислиш дека сум го постигнал/а она што сум го замислил/а"?
2. При првото запознавање на аудиофил во Македонија (ова во некој момент сигурно ме вклучувало и мене), личноста ме запознава со (1) цената на компонентите, (2) колку биле ценети во странство, и (3) колку им се задржува вредноста во иднина. По целото тоа, и по слушањето на системот, нивното прашање до мене беше "нели мислиш дека ова е најдобриот систем што си го слушнал и воедно подобар од на оној другиот" (во МКД не сум сретнал девојки аудиофили, се уште).
Луѓето препознаваат она што препознаваат во контекст на брендови и имиња.
Генерално, кога се осмелувам да дадам совети, тоа го правам врз основа на лични искуства, но не и лични преференци. За жал, многумина во ова хоби ги изедначуваат двете.
Препорака за сталки за монтажа на страничните и задните звучки?
Не ти требаат два сабвуфера, особено па во тој мал простор.
Чинам те разбрав дека сакаш на ѕид да ги монтираш?
Ситуацијата т.е просторот налага така, пошто незнам на кој друг начин би биле поставени на зидовите овие звучки? Како би требало да бидат поставени?
Се сложувам, но споменуваш сталаци, а сталаци подразбираат (барем мене) подностоечка конструкција на која стои звучник.
Дали можеби мислеше за држачи за ѕид?
USB Flash Drive 3.2 64GB SANDISK ULTRA ECO, Green, SDCZ96-064G-G46
760,00 ден
UPS 650VA / 360W POWERWALKER VI 650 SH, 2xSHUKO, USB, RJ11, 10120048
4.460,00 ден
PSU 850W CORSAIR RM850E 80 PLUS GOLD ATX 3.1& PCIe5.1 FULL MODULAR, BLACK, CP-9020296-EU
8.410,00 ден
CASE FRACTAL DESIGN ATX Mid-Tower Pop Air RGB Black, 3x120mm Aspect 12 RGB, w/WINDOW, Front Mesh, FD-C-POR1A-06
5.800,00 ден
MOUSE WIRED A4TECH Bloody Gaming, L65 Max Honeycomb , RGB, USB, 12000CPI, Black
990,00 ден
MEMORY CARD SANDISK MICRO-SDXC UHS-I 32GB EXTREME C10 w/adapter 100mb/s A2 V30, SDSQXAF-032G-GN6MA
1.980,00 ден