1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Озвучување за домашно кино

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од Mao, 28 Февруари 2020.

  1. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Има, но ретко се наоѓа локално.

    Ако се решите за предлогот од Алфа, оние диполите од Монитор треба да имаат вградени држачи, па да ги закачите на завртка како слика.

    Ако се решите за класичен bookshelf како Клипшовите што ги линкам, нема подобро од ова (не е шега):

    LACK wall shelf, White | IKEA Greece

    П.С. Не мора да е бела полицата. :)

    П.П.С. Туку, се заборавам да прашам - која боја ќе доминира во киното? Се надевам нема да остане бела.
     
  2. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Засега планираме зидовите и плафонот да бидат антрацит боја, со тоа што на плафонот ќе има ргб ленти, а подот планираме некоја шара/комбинација од црвен или бордо теписон.

    Да завршат молерајските работи и ќе пуштам фотка.
     
  3. isos@

    [email protected]
    Intern

    7
    1
    16 Декември 2019
    Машко
    Чисто информативно кај комшиите denon x 2600 589 евра. Во алфааудио 814 евра


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  4. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Link?


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  5. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Кај комшиите во Србија и Монитор Аудио имаат други цени (да не речам пониски). Но кога ќе се поврати данокот таму и ќе се плати данокот и царина тука, која е добивката?
     
  6. isos@

    [email protected]
    Intern

    7
    1
    16 Декември 2019
    Машко
  7. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,234
    3,606
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
  8. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Еве направив некое рендерче од прилика како го замислувам јас. Е сега, поставеноста на звучките е тотална импровизација, воедно ќе ги искористам сликиве да побарам совет околу тоа како правилно треба да бидат поставени.

    [​IMG]
    [​IMG]
    Изработено во SketchUP со V-Ray. се надевам нема да замерите околу амбиентот на сликите, светлото во Vray баш и не ми оди од рака :D
     
    На Speedster, gOJDO, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. Avid

    Avid
    Guru

    4,487
    6,753
    21 Јануари 2009
    Прај шо ќе праиш на крај да ме викнеш на гости.
     
    Speedster, dLt-Ed и на Oktar им се допаѓа ова.
  10. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    Бомбона.

    Пар ствари:
    1. Локацијата на задните и страничните ефектни звучници е по пропис. Со тоа што, ако одите на Клипш, постави ги вертикално и страничните звучници наместо хоризонтално - ако ги свртиш, дисперзијата ќе биде погрешна;
    2. Централниот звучник, по можност монтирајте го на ѕид, а не на полицата за уреди;
    3. Полицата за уреди, што е можно помала, и што е можно пониска - да се консултиравме пред изградбата на собата, ќе предложев да се смести во рек орман надвор од собата каде ќе биде (1) настрана и (2) лесно достапна;
    4. Со здравје да се користи. :)
     
    Speedster, gOJDO и на Necromancer им се допаѓа ова.
  11. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Нема проблем, иако не станува збор за лично мое кино, за другар е така да исто ко мое да е хехе.

    Со рендерот се поиграв, сакав чисто да видам како ќе изгледаат, инаку да, ќе бидат вертикални како и задните. Централниот звучник нема да има можност да се монтира на зид поради тоа што платното е автоматско, со мотор, и оди одоздола нагоре. Меѓутоа, ова не е финално уште. Јас навивам за вкаво платно од ист бренд, само што ќе се спушта одозгора надоле, или пак истово да се сврти наопаку па да се спушта надоле од плафон. Незнам дали е изводливо.

    Пак ќе споменам, станува збор за VIVIDSTORM 110inch UHD Laser TV Home Theater Projector Ultra Short Throw кое што е roll-up, затоа сумњам деќа ќе може да се сврти наопаку.

    Друга опција е VIVIDSTORM 110inch UHD Laser TV Home Theater Projector Ultra Short Throw кое што е drop down и во оваа ситуација повеќе одговара. Со вакво нешто би можеле централниот звучник да го закачиме на зид.

    Рак ормар со рутери, свичери, медиа сервер и двр-и ќе има на 2 спрат од куќата. Ова е во подрумскиот дел. Евентуално да се извадат кабли од просторијата во следната просторија и да се стават во засебен ормар. Ќе се разгледа опцијата.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    А зошто не ја размислувате опцијата за фиксно платно?

    Ќе има ли потреба некогаш платното да биде собрано?
     
  13. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,254
    1,432
    10 Септември 2010
    @Mao , да не ти недостасуваат една или две работи во рендерот? Или со причина се изоставени :) ?
     
    На InSides му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
  15. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,254
    1,432
    10 Септември 2010
    Сабвуфери :)
     
    На Mao и gOJDO им се допаѓа ова.
  16. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Не ги ставив на рендерот зашто нема место за нив, ама најверојатно ќе ја скратам максимум комодата и ќе ги ставам испод платното. Ова некако во налет го направив вчера, денес или утре ќе го досредувам и доуредувам :D
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  17. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,254
    1,432
    10 Септември 2010
    @InSides веќе ти даде одлични совети, и јас ќе се надоврзам.Види како можеш да ја скратиш или елиминираш таа комода.Без потребно ти ги комплицира работите и те ограничува за избирање на најсоодветна позиција за предните канали.Доколку не може да се елиминира, тогаш нека е што може помала и пониска.

    PS: Препорака за сабовите да бидат што поблиску да задниот ѕид и по можност во аглите од собата - доколку има простор.

    PPS: Многу ќеифлиска ќе биде собава :)
     
  18. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Сабовите незнам дали ќе можат да се уклопат во кошковите, во тој случај предните звучници ќе треба да се вовлечат и ќе сметаат на платното. Алтернативно решение ќе биде да се земат помалите звучници Klipsch R51M ама како и да е и тие кога ќе се наместат испод платното да не сметаат , ќе бидат пониско од ear-level на тие што седат пред нив.

    Ситуацијата не е идеална, ќе мора да се смисли некој хак или да се компензира во одредени случаи како што се позициите на звучниците.
     
  19. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    171
    352
    21 Февруари 2009
    А зошто да не земеш акустички транспарентно платно, и да ги ставиш позади платното?

    Исто така, прашав порано - мора ли да се собира платното? Не може да биде фиксно?
     
  20. Mao

    Mao
    On your way to fame

    1,146
    701
    5 Јуни 2007
    Машко
    Platnoto za zal vekje e naracano i nema otstapki. Plus na drugar mi mu se svigja toa i gotovo. Ke smislime nesto sekako, koga ke dojde vreme da se opremi se, ke eksperimentiram so postavenosta na zvucnicite so cel da izvadime maks.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  21. isos@

    [email protected]
    Intern

    7
    1
    16 Декември 2019
    Машко
  22. corpz

    corpz
    Intern

    22
    20
    12 Април 2007
    Малку да ја оживеам темава во (м)(к)оронсково секојдневие :)

    Имаше дискусија за тоа кој стример да се користи, па јас да споделам позитивно искуство со овој мултимедијален плеер:
    Zappiti Duo 4K HDR - UHD Media Player

    Го пазарив од GR за околу 400 евра. Кога бев на летување, го нарачав преку интернет и ми го испорачаа до хотелот (кого го интересира, ќе ви испратам емаил од фирмата, не се сеќавам сега како точно беше...)

    Во него може да се вградат два хард диска (јас имам 2 x 3 TB) кои се докупуваат посебно. Се поврзува на домашната мрежа, со што фајловите директно се копираат од било кој компјутер на хард дисковите во Zappitti.

    Плеерот има извонредно user friendly корисничко мени. Сам ги скенира префрлените филмови, симнува плакати, трејлери, титлови, се' што треба.
    Кога се пуштаат ISO images, ги отвора целосно, сосе BluRay менито, исто како да пушташ диск од BluRay плеер.

    Втора (исто така одлична) алтернатива:
    Mede8er плеерот (го имам и него). Уште поевтина варијанта од Zappitti. Јас го купив овој модел:
    Mede8er - The greatest show on earth
    за околу 150 евра плус поштарина (плус околу 20 евра) од www.ronis.hr.

    Ете, некои идеи ако ви треба уредче за streaming. Јас ги користам и двата, работат на сличен принцип, и сум презадоволен. Единствена маана на Mede8er-от за мене е што кога пуштам фулл BlyRay ISO имиџ, не ми го репродуцира менито, туку директно го уклучува филмот, ама тоа ич не ми е пресудно, и пак сум многу задоволен.

    Инаку, во план ми е просторијата од околу 25 квадрати во викендичката, која е во форма на коцка, да ја претворам во кино, и тоа со сите нишани - звучна изолација и акустика, проектор, платно, 7.2 surround, итн. Планирам да искористам некои од советите кои ги дадовте тука, ама тоа здравје, после вонреднава состојба. Ако некој сака да се нафати или да даде конкретни совети, слободно нека ми пише приватна порака. :) Не знам кај нас дали има такви фирми шо прават целосен Home Theater со сите нишани, како шо има во Америка, но ќе се распрашам.
     
    Последна промена: 2 Мај 2020
    Ragnar, ivan88 и на Oktar им се допаѓа ова.
  23. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    952
    1,050
    9 Декември 2015
    Машко
    @corpz на каков ТВ е врзан системов?
     
  24. corpz

    corpz
    Intern

    22
    20
    12 Април 2007
    Медиа плеерите се врзани за рисивер Yamaha Aventage RX-A820.
    Од него потоа излегуваа два HDMI кабли кои завршуваат во:
    1) 60 инчен Сони Брави(ј)а
    2) Epson TW6000 проектор (1080p, нема 4К - скапо решение е 4К засега и на став сум дека не ја оправдува огромната разлика во цена во споредба со 1080p).

    Всушност, Yamaha-та има два излези од кои едниот оди во 1) а вториот во 2).

    HDMI кабелот од Yamaha-та до проекторот е 15 метри. Најобичен кабел, ништо скапо, и работи супер.

    Имам и платно на ролање (ролетна систем) кој го покрива телевизорот кога гледаме од проектор.

    Платното е широко два и пол метри а ние седиме на растојание од три и пол метри, што според мене е идеална оддалеченост - ем сме доволно далеку за сликата да биде тамам голема (не е преголема), ем сме доволно блиску да ги видиме деталите од филмот.

    Платното, инаку го имаме веќе 8 години и, иако е точно е дека се витка со текот на времето поради ролањето, тоа виткање е толку минимално што воопшто не пречи и не влијае на сликата која се проектира, па не го ни сметам како реален проблем. Утре пак да треба да купам платно, пак ќе купам на ролање.

    Целиот овој сетап се користи во дневната соба а сето ова е пазарено од Audio Centar на времето. Дечките дојдоа дома и ми наместија се' што треба - бушење на плафон, држачи, бла, бла. Им требаа два дена.

    Следен чекор: Домашно кино со Dolby Atmos опрема во викендичката.
     
    ivan88, Oktar и на Ragnar им се допаѓа ова.
  25. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,610
    1,225
    2 Јануари 2012
    Ролањето не може да се реши со додавење на тежина на долниот дел од платното?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...