Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

НЛБ Банка

Дали сте задоволни од услугите на НЛБ Банка?

  • Да

    Гласови: 90 42,7%
  • Делумно сум задоволен

    Гласови: 72 34,1%
  • Не

    Гласови: 49 23,2%

  • Вкупно гласале
    211

Ab@ace

lurker
21 мај 2016
863
739
Сфаќам, да, имаат право во име на безбедност да забранат што сакаат. Но се уште постои фактот дека тоа не е забрането во нивните правила. А и досега на стариот телефон две години ги користев истите картички заедно во ист паричник. Затоа сметам дека ова е блокирано импромпту од страна на вработени во контакт центарот по моите јавувања, дали како реална проценка за злоупотреба, или од инает затоа што имав бројни повици, не можам да знам.
Едноставно префрли се во друга банка, нлб ,стопанска се едни од најкомплицираните банки кај нас
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.642
3.164
Само ме интересира дали некој друг успешно користи повеќе картички на различни иматели во еден google wallet?
Јаска.
Во гугл пеј/волет, освен моите 2 картички од НЛБ (виза +мастер), ја имам додадено од сопругата (НЛБ - мастер), и уште две други картички од 2 други банки од 2-ца пензионери (Стопанска и Халк).
Функционираат сите.

Успешно ги користам.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.175
7.874

И гугл пеј ама и епл пеј нема проблеми со различни имиња...
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
299
340

Ова ми го одговорија од НЛБ:
Употребата на платежната картичка е наведена во ”Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица” со важност од 01.03.2026 достапни на веб страната на Банката во делот на платежни картички :

24. Употреба на дебитната платежна картичка
24.1 Картичката е во сопственост на Банката во текот на целокупното време на нејзиното користење.
24.2 Картичката е непренослива и смее да ја користи исклучиво лицето чиишто податоци се отпечатени на истата. Картичката е поврзана со платежната сметка на Корисникот.

Од безбедносни причини не е можна дигитализација на картички кои гласат на различни носители.
Што значи, ако сакате да користите карттички од различни иматели во еден паричник, изберете друга банка.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.642
3.164
Ова ми го одговорија од НЛБ:
потребата на платежната картичка е наведена во ”Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги за физички лица” со важност од 01.03.2026 достапни на веб страната на Банката во делот на платежни картички :

24. Употреба на дебитната платежна картичка
24.1 Картичката е во сопственост на Банката во текот на целокупното време на нејзиното користење.
Ова отсекогаш било така: картичките се НИВНА сопственост.
24.2 Картичката е непренослива и смее да ја користи исклучиво лицето чиишто податоци се отпечатени на истата. Картичката е поврзана со платежната сметка на Корисникот.
Се разбира дека и ова си е така. Твоите средства на твојата картичка (треба да) се твои.

Ама колку баби/дедовци рекле: фнучко, ај ако сакаш, појди до банкомат, еве ти лифче со бројчето (пинот), извај ми ја пензијата? (лично познавам неколку).
Од тука, доброволно ти ги предале тебе, заради услуга кон нив. И тоа си останува меѓу тебе и баба/дедо, а банката....нејзино е de jure да ти го кажи погоренаведеното. :)
Од безбедносни причини не е можна дигитализација на картички кои гласат на различни носители.
Веројатно ова се однесува на дигитализација во нивната апликација NLB Pay, каде што можиш да си ги дигитализираш само твоите картички од НЛБ.
Што значи, ако сакате да користите карттички од различни иматели во еден паричник, изберете друга банка.
Ок, кратко упатство:
Отвори Google Pay, почни ја процедурата за додавање картичка.
Ако картичката не е на твое име, гледај да е покрај тебе телефонот на сопственикот на таа картичка, ќе треба преку него да ја одобриш да биди внесена.
Некои банки можеби сеуште одобруваат со праќање код за еднократна употреба по СМС на тел.број што им е оставен за контакт во таа банка, а другите авторијазацијата ја имаат префрлено преку мобилна апликација: НЛБ преку NLB Pay, Стопанска банка -Скопје преку m-banking, а за другите банки, ќе провериш каде како поминува.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

PanceB

read-only
31 октомври 2018
35
26
Денес подигнав нова картичка бидејќи старата веќе беше истечена, во NLB Pay веќе не ја покажува старата картичка, но не ми дава ни новата да ја додадам..
Дали некој имал сличен проблем и како да се реши?
 
Атачменти

  • 1.jpg
    1.jpg
    19,9 KB · Прегледи: 25
  • 2.jpg
    2.jpg
    22,5 KB · Прегледи: 25

kirev

senior
31 мај 2010
9.175
7.874
Денес подигнав нова картичка бидејќи старата веќе беше истечена, во NLB Pay веќе не ја покажува старата картичка, но не ми дава ни новата да ја додадам..
Дали некој имал сличен проблем и како да се реши?
Пиши утре дали си успеал
 
Tommy P

hello world
4 април 2011
115
126
Ова ми го одговорија од НЛБ:

Што значи, ако сакате да користите карттички од различни иматели во еден паричник, изберете друга банка.

Jaс имам 5 различни картички во Google Pay, вклучувајки 2 различни на NLB, мојата и на мајка ми. Сите 5 работат, во Македонија и надвор. Каква глупост е ова на НЛБ, Бож ме сачувај.
 
389mk

hello world
16 јануари 2020
299
340
Jaс имам 5 различни картички во Google Pay, вклучувајки 2 различни на NLB, мојата и на мајка ми. Сите 5 работат, во Македонија и надвор. Каква глупост е ова на НЛБ, Бож ме сачувај.
Е па и кај мене работеа две години на стариот телефон. Ама штом пробав да ги дигитализирам на новиот, ми ги блокираа. Можеби нова процедура за безбедност е, можеби само јас бев сомнителен. Не знам.
 
Phillip

hello world
25 ноември 2015
50
22
Имате проблем со апликацијата мКлик? Ми дава "Ерор: -1 Општа грешка". А нотификации стигнуваат.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.947
4.251
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Chiller

user
8 март 2012
1.597
1.212
Скопје Аеродром
И стопанска имаше соопштение
И јас сум на стопанска и кај мене стигна
Сите банки ќе бидат во прекин, од Понеделник ќе ги нема веќе налозите кои со децении беа кај нас во платен промет, ќе ги нема ПП30 и сите останати.

Се воведува СЕПА систем, затоа ќе бидат во прекин зошто ќе мигрираат 9 Ноември треба да бидат со нов единствен налог, не како досега.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
603
259
Сите банки ќе бидат во прекин, од Понеделник ќе ги нема веќе налозите кои со децении беа кај нас во платен промет, ќе ги нема ПП30 и сите останати.

Се воведува СЕПА систем, затоа ќе бидат во прекин зошто ќе мигрираат 9 Ноември треба да бидат со нов единствен налог, не како досега.
Што ќе му смени на обичен човек тоа, може подетално да објасниш?
 
Petarys

hello world
28 јули 2009
268
465
Прага, Чешка
Што ќе му смени на обичен човек тоа, може подетално да објасниш?
Не се воведува СЕПА систем за денарските сметки, СЕПА значи плаќање во евра.
Се менува форматот на банкарските сметки со што ќе имаат плус 4 карактери пред бројот (МК04).
Уплатниците и налозите кои досега беа со називи ПП30/ПП50 итн, се упростуваат во КТД - кредитен трансфер во денари, КТБ - кредитен трансфер кон буџет и сл. Налозите ќе имаат помалку полиња за пополнување (конечно ги тргаат полињата „начин“, „дознака задолжување“, „дознака побарување“).

Придобивките повеќе се од техничка природа за банките со што ги хармонизираат начините на плаќање. Гледај го како prerequisite за инстант плаќањата кои се најавуваат за ноември
 
Да но ова е СЕПА стандард, без разлика дали ќе бидат во денари.
 
15 септември 2012
1.175
1.310
Демек претходно можеше да се плаќа во сабота и веднаш ги рализираа плаќањата.
Тоа порано е до времето кога на ниво на државата имаше работна сабота т.е. кога работната недела беше 48 часовна...

Глупоќа.

Глупоќа на квадрат.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно