Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Надувани цени на графичките заради mining

gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.941
2.528
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 9700X
Motherboard
Gigabyte B850 Gaming Wifi6
Storage
WD SN850X 1TB
PSU
750W NZXT CX
RAM
32GB Kingston Renegade 6000Mhz CL30
Video card
Gigabyte RX 9070 16GB Gaming OC (3100Mhz, 240W+10%, -100mv, +400 core)
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Изгледа на различни планети живееме. Од луѓето кои сум ги сретнал, a кои копале(а сум сретнал многу), над 90% се во загуба, а помалку од 10% заработиле. Мајнингот најпросто кажано е софистицирана пирамида. Со мајнинг не се врши никаква корисна работа, ниту се сосздава некаков производ. Едноставно од (проста) маса на луѓе се земаат пари и се даваат на друга многу помала маса. Мајнингот сеуште постои поради глупоќата на простата маса.
Не е пирамида мајнинг-от, а криптото не е производ исто колку и хартиениот денар не е производ, проблемот е што луѓето мислат дека ќе купат риг ќе процени аха парите ги враќам за 6 месеци и пали вози ама не е така, ни од блиску, кој не знае како функционира крипто берзата 90% се заебал и или е во минус или плива нешто над инвестиција плус неупатените секогаш добиваат информации за време на пик на вредноста на криптото ќе видат профитабилноста е на кров и уџум купување графички ... човечката алчност е таа што го доведе пазарот на графички до ова стање но пак и не можеш да им замериш секој гледа да се збогати на еден или друг начин ...
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.518
31.995
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Замисли времето потрошено во анализа на кропирани слики од камери на мобилни да го потрошеше на мајнинг стратегии...ќе можеше Самсунг сега да го купиш и да го создадеш совршениот телефон - Samsung Psylaxy S31

442201_1600w.png
 

Sancho Sanchez

hello world
12 октомври 2016
272
294
Значи "вие" стотина на број, кои имате многу биткоини на крајот ќе вредите колку пола Македонија, така?

А оној мојон ќе има 10 до 12 милиони евра без да мрдне со, да простите, ку*от!

That's not gonna happen

That's exactly what's been happening so far, and there are no indications the train is about to reverse.
 
I

itstheigyg

Гостин
И мене ми интересира/интересираше ова... И реално, од каде можеме да знаеме што точно прават алгоритмите? Затворен код, не е дека се опен сорс па можеш да видиш.

Валутата дефинитивно 100% е фиат, тоа е неспорно, пошто не е дека имаат покритие со злато/недвижнини/итн. И најголемиот профит им е од манипулации и контрола (и стварање) на единиците валута, пошто дел од новоископаното секогаш оди за основачите и девелоперите. Но мислам дека тоа не е сѐ.

Размислувам во од: Мора да си закачен на нет, значи дефинитивно е дистрибуирано процесирање. Дека се процесира нешто обемно, и тоа не е спорно, пошто моќноста на локалниот хардвер на копачите е 100% зафатена. Понатаму, капацитетот на нешто што во реалност е најмоќниот суперкомпјутер на планетата... Сигурно 100% од тоа процесирање не е потребно за блокчеин и автентикација, валидирање на трансакции, чување, итн...

Замисли да имаш на дофат таква процесирачка моќ? Настрана бизнисот со контролирање и профитирање од контролата на обемна фиат валута, но зарем нема да ја искористиш таа огромна процесирачка моќ за нешто што додатно ќе биде профитабилно?

На пример, една апликација би можела да биде разбивање на шифри. Дали постои реално употребувана шифра која е доволно безбедна од процесирачката моќ од целата Етереум мрежа? Каква шифра би требало да биде тоа, со колкава должина и ентропија и сложеност, а да остане употреблива?
Не е дека нема пари во ова... Замисли колку би платиле држави за тајните на други непријателски држави? Или корпорации за тајните на сопернички корпорации? Итн, итн.
Иако не сум упатен во крипто скоро ич, мислам дека некој ја користи оваа процесирачка моќ за негови цели а ова со криптовалутите е by-product од целава работа. Перфектна шема win/win за сите - добро скоро сите :)
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Не е пирамида мајнинг-от, а криптото не е производ исто колку и хартиениот денар не е производ, проблемот е што луѓето мислат дека ќе купат риг ќе процени аха парите ги враќам за 6 месеци и пали вози ама не е така, ни од блиску, кој не знае како функционира крипто берзата 90% се заебал и или е во минус или плива нешто над инвестиција плус неупатените секогаш добиваат информации за време на пик на вредноста на криптото ќе видат профитабилноста е на кров и уџум купување графички ... човечката алчност е таа што го доведе пазарот на графички до ова стање но пак и не можеш да им замериш секој гледа да се збогати на еден или друг начин ...

Не мислеше на тоа гојдо.

Не за производот него работата што води кон производот не е продуктивна.

Ако си пекар, правиш бурек, придонесуваш да се намали гладот во општеството. Ако си механичар поправаш коли, средуваш проблеми во општеството. Ако си наставник образуваш млади итн.

Ако си мајнер твојата работа не придонесува во општеството, прави нешто од ништо со користење ресурси од трети лица. Барем тие блокчејни да помагаа во динамика на протеините како folding@home, ќе беше можеби друга приказна.

Тоа е фундаментален проблем, кога нема нешто што произлегува од твојата работа. Без разлика што плаќаш струја, хардвер за да земеш краен производ, всушност ти не работиш ништо него машината.

Барем јас така мислам, можда сум грешка ќе видиме.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.635
6.070
Битола
Џабе се замарате, битно е да се заработи по секоја цена.
Немој вакви апсолутистички изјави. Ќе им олесниш душевно на дрога дилерите, платените убијци и сите други неморални професии. На спектарот бенефит за човештвото, крипто-копањето не е високо поставена секако, а сиве овие што прават вака пари освен на моралитет суд не можеме ништо да им направиме. Дури е легално нека си тераат, ако стани нелегално ќе се кријат и тоа е тоа.
 
И

Избришан член 18474

Гостин
Не мислеше на тоа гојдо.

Не за производот него работата што води кон производот не е продуктивна.

Ако си пекар, правиш бурек, придонесуваш да се намали гладот во општеството. Ако си механичар поправаш коли, средуваш проблеми во општеството. Ако си наставник образуваш млади итн.

Ако си мајнер твојата работа не придонесува во општеството, прави нешто од ништо со користење ресурси од трети лица. Барем тие блокчејни да помагаа во динамика на протеините како folding@home, ќе беше можеби друга приказна.

Тоа е фундаментален проблем, кога нема нешто што произлегува од твојата работа. Без разлика што плаќаш струја, хардвер за да земеш краен производ, всушност ти не работиш ништо него машината.

Барем јас така мислам, можда сум грешка ќе видиме.
Два проекти за твојот usecase.
 

MartinPP

hello world
26 јуни 2017
133
122
/root
Изгледа на различни планети живееме.

Кирца да не те пратија со Роверот на Марс тебе ?

Од луѓето кои сум ги сретнал, a кои копале(а сум сретнал многу), над 90% се во загуба, а помалку од 10% заработиле.

Јас па обратно, 90% од луѓето што ги знам моментално веќе уживаат во профитот од минингот и згора на тоа си ги распродадоја старите картици по багателни цени..
Невикам дека нема такви кои заради FOMO купуваат графички по 1000-2000евра за мининг и после се чешаат по глава зошто математиката не му излегла после 6 месеци копање али тешко дека се 90%.

Мајнингот најпросто кажано е софистицирана пирамида.Со мајнинг не се врши никаква корисна работа, ниту се сосздава некаков производ. Едноставно од (проста) маса на луѓе се земаат пари и се даваат на друга многу помала маса.

Не е точно. Самиот мининг претстатува сервис за валидирање на трансакции, кој што ти како минер го нудиш на одреден blockchain и за тоа ти си награден или платен во токени / coins од истиот тој blockchain што го мајнираш/копаш. Економијата/Токеномиксот позади секој одреден blockchain е тема за наредна прилика..

Мајнингот сеуште постои поради глупоќата на простата маса.

Колку пари заработи од таја "проста маса" ти годинава ?

Не е пирамида мајнинг-от, а криптото не е производ исто колку и хартиениот денар не е производ, проблемот е што луѓето мислат дека ќе купат риг ќе процени аха парите ги враќам за 6 месеци и пали вози ама не е така, ни од блиску, кој не знае како функционира крипто берзата 90% се заебал и или е во минус или плива нешто над инвестиција плус неупатените секогаш добиваат информации за време на пик на вредноста на криптото ќе видат профитабилноста е на кров и уџум купување графички ... човечката алчност е таа што го доведе пазарот на графички до ова стање но пак и не можеш да им замериш секој гледа да се збогати на еден или друг начин ...

Точно.
 

gremlin

Octogenarian/2
18 октомври 2009
2.941
2.528
Скопје
gremlin's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 9700X
Motherboard
Gigabyte B850 Gaming Wifi6
Storage
WD SN850X 1TB
PSU
750W NZXT CX
RAM
32GB Kingston Renegade 6000Mhz CL30
Video card
Gigabyte RX 9070 16GB Gaming OC (3100Mhz, 240W+10%, -100mv, +400 core)
Case
CM H500 ARGB
Mouse
Logitech G703
Keyboard
SteelSeries TKL
Audio
Realtek
Monitor
27" Mi 2K 165Hz
OS
Windows 11 Pro 64Bit
Не мислеше на тоа гојдо.

Не за производот него работата што води кон производот не е продуктивна.

Ако си пекар, правиш бурек, придонесуваш да се намали гладот во општеството. Ако си механичар поправаш коли, средуваш проблеми во општеството. Ако си наставник образуваш млади итн.

Ако си мајнер твојата работа не придонесува во општеството, прави нешто од ништо со користење ресурси од трети лица. Барем тие блокчејни да помагаа во динамика на протеините како folding@home, ќе беше можеби друга приказна.

Тоа е фундаментален проблем, кога нема нешто што произлегува од твојата работа. Без разлика што плаќаш струја, хардвер за да земеш краен производ, всушност ти не работиш ништо него машината.

Барем јас така мислам, можда сум грешка ќе видиме.
Јас манинг-от ги сумаризирал вака - добра замисла со лош ауткам пред се ради фактот што тие со големи џепови најдоа начин да прават мајнинг фарми а замислата беше секој да придонесе со тоа што го има со цел да биде што повеќе децентрализирано.

Е сега ова погоре што го пиша е исто како да речеш па банките не се здравствена институција не решаваат фолдинг на протеини па што ќе ни се, истото е и со блокчејн (и соодветните валути), мајнинг-от е битен за блокчејнот да биде децентрализиран, мајнерите не копаат само валути туку и верифицираат трансакции.

Како и да е има и подобри алтернативи за да се верифицираат трансакциите и ова ќе се рееши во верзија 2.0 на Етериум блокчејнот но ова рачунај после нова година.

Придонесот кон општеството е огромен само што решава проблеми во делот на финансии каде ние тука повеќето ги зимаме здраво за готово.
 

MartinPP

hello world
26 јуни 2017
133
122
/root
И мене ми интересира/интересираше ова... И реално, од каде можеме да знаеме што точно прават алгоритмите? Затворен код, не е дека се опен сорс па можеш да видиш.

Валутата дефинитивно 100% е фиат, тоа е неспорно, пошто не е дека имаат покритие со злато/недвижнини/итн. И најголемиот профит им е од манипулации и контрола (и стварање) на единиците валута, пошто дел од новоископаното секогаш оди за основачите и девелоперите. Но мислам дека тоа не е сѐ.

Размислувам во од: Мора да си закачен на нет, значи дефинитивно е дистрибуирано процесирање. Дека се процесира нешто обемно, и тоа не е спорно, пошто моќноста на локалниот хардвер на копачите е 100% зафатена. Понатаму, капацитетот на нешто што во реалност е најмоќниот суперкомпјутер на планетата... Сигурно 100% од тоа процесирање не е потребно за блокчеин и автентикација, валидирање на трансакции, чување, итн...

Замисли да имаш на дофат таква процесирачка моќ? Настрана бизнисот со контролирање и профитирање од контролата на обемна фиат валута, но зарем нема да ја искористиш таа огромна процесирачка моќ за нешто што додатно ќе биде профитабилно?

На пример, една апликација би можела да биде разбивање на шифри. Дали постои реално употребувана шифра која е доволно безбедна од процесирачката моќ од целата Етереум мрежа? Каква шифра би требало да биде тоа, со колкава должина и ентропија и сложеност, а да остане употреблива?
Не е дека нема пари во ова... Замисли колку би платиле држави за тајните на други непријателски држави? Или корпорации за тајните на сопернички корпорации? Итн, итн.

И земјата е рамна...:rolleyes:

Штета што нема facepalm емоте форумов.

п.с 100% e open source. Впрочем тоа е и целата поента на blockchainot. Затоа е убаво да се прочита малце пред да се коментира.

download (2).png
 

gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Кирца да не те пратија со Роверот на Марс тебе ?



Јас па обратно, 90% од луѓето што ги знам моментално веќе уживаат во профитот од минингот и згора на тоа си ги распродадоја старите картици по багателни цени..
Невикам дека нема такви кои заради FOMO купуваат графички по 1000-2000евра за мининг и после се чешаат по глава зошто математиката не му излегла после 6 месеци копање али тешко дека се 90%.



Не е точно. Самиот мининг претстатува сервис за валидирање на трансакции, кој што ти како минер го нудиш на одреден blockchain и за тоа ти си награден или платен во токени / coins од истиот тој blockchain што го мајнираш/копаш. Економијата/Токеномиксот позади секој одреден blockchain е тема за наредна прилика..



Колку пари заработи од таја "проста маса" ти годинава ?



Точно.
Прво се извинувам ако те навредив со тоа „проста маса“, требаше да пишам „проста маса со исклучоци“. Се однесува на големото мнозинство од луѓе кои поима немаат што е мајнинг, но слушнале за тоа дека преку ноќ се станува миљардер и сега бараат графички картички под дрво и под камен.

Второ, за 90% од луѓето да направиле профит треба останатите 10% да изгубат подеднакво колку што добиле тие 90%. За да ги претвориш крипто пари во реални пари (евра, долари, франци, јуани, денари и т.н.) на крај некој треба да плати за нив. Со правењето трансакции и ни нивно валидирање не се создава никаков производ. На пример ако си пекар ќе произведуваш пециво потребно за прехрана на човештвото, ако си механичар ќе поправаш коли потребни за транспорт на човештвото. Ако си копач не правиш никаков производ, ниту правиш некоја услуга од која реален бенефит има општеството.

Трето, од таа проста маса со исклучоци јас заработив многу помалку од што ќе заработев ако не им ги продадев картичките(особено оние RTX 3000) иако знаев дека периодов ќе можев да заработам многу повеќе ако ги причував еден месец.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Каква збрка направивте, ги исполажавте луѓево сега масовно врие картици на продажба, сите сега мислат дека ќе се збогатат продавајќи една стара графичка. И сега сите понудија картици и цените веднаш ги бутнаа. цццц
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
There's no free lunch...
Каква збрка направивте, ги исполажавте луѓево сега масовно врие картици на продажба, сите сега мислат дека ќе се збогатат продавајќи една стара графичка. И сега сите понудија картици и цените веднаш ги бутнаа. цццц

Не знам, јас гледам RX 580 ги огласуваат за 20.000 денари, не кажуваат колку се договараат за цени зад затворени врати...

Повеќе е ко: сите истрчаа да ги продаваат графиките од дома за големи суми.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Каква збрка направивте, ги исполажавте луѓево сега масовно врие картици на продажба, сите сега мислат дека ќе се збогатат продавајќи една стара графичка. И сега сите понудија картици и цените веднаш ги бутнаа. цццц

Сега криво ти е што продаде ти 1050ti пред година дена, затоа збориш вака...
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
C8A2BC29-243E-4312-ABF9-D3E5D6F032A4.png
Мајнингот е скем дечки, продавајте!
Да се надоврзам, со мајнинг изгубиле само тие што се откажале или не се разбирале.
плус не есе околу мајнинг,огромни проекти и апликации се градат на оваа мрежа. Неможе етер или биткоин да пропадне со цена ако во него се заклучени преку 30 билиони долари, вистински пари.
Ама вие си знаете
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Јас манинг-от ги сумаризирал вака - добра замисла со лош ауткам пред се ради фактот што тие со големи џепови најдоа начин да прават мајнинг фарми а замислата беше секој да придонесе со тоа што го има со цел да биде што повеќе децентрализирано.

Е сега ова погоре што го пиша е исто како да речеш па банките не се здравствена институција не решаваат фолдинг на протеини па што ќе ни се, истото е и со блокчејн (и соодветните валути), мајнинг-от е битен за блокчејнот да биде децентрализиран, мајнерите не копаат само валути туку и верифицираат трансакции.

Како и да е има и подобри алтернативи за да се верифицираат трансакциите и ова ќе се рееши во верзија 2.0 на Етериум блокчејнот но ова рачунај после нова година.

Придонесот кон општеството е огромен само што решава проблеми во делот на финансии каде ние тука повеќето ги зимаме здраво за готово.


Да, банките се добар пример и единствен што доаѓа блиску до професијата копач. Иако баш и не е така, банките вработуваат, покриваат долгови, платен промет итн. вршат некаква работа во општеството.

Мајнерите не вршат никаква работа, само трошат.
 

Sancho Sanchez

hello world
12 октомври 2016
272
294
И банките и копачите се overhead што е нужно зло за системот да функционира и е пожелно нивното учество да се минимизира.

Доста се расправавте кој е корисен а кој не е.

Има нови архитектури на блокчејн платформи кај што тој overhead е намален од илјадници до милиони пати, почнувајќи од наједноставниот proof-of-stake модел.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.396
12.336
Скопје
androgaming.com
Каква збрка направивте, ги исполажавте луѓево сега масовно врие картици на продажба, сите сега мислат дека ќе се збогатат продавајќи една стара графичка. И сега сите понудија картици и цените веднаш ги бутнаа. цццц

Јас не продавам ништо :) се си има своја намена, еве таа старата 7870-ка што ја ископав од шпајз на работа на i5-2500 работи доволно добро да играм mass effect andromeda, е сега на low-ish ама на фул хд и иде добро.
 

FreakyDroid

lurker
21 август 2008
691
712
Гевгелија
FreakyDroid's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 7950X - Arctic Liquid Freezer II 360 ARGB
Motherboard
X670E Aorus Master
Storage
3 x 4TB WD Black, M.2 Samsung 990 Pro 2TB
PSU
Seasonic Prime 1000W
RAM
4x32 GB G.Skill 6000MHz (@5400MHz CL30)
Video card
GeForce RTX 3090
Case
Lian-Li 011 Dynamic XL ROG
Mouse
Razer Viper Ultimate
Keyboard
Keychron C2
Audio
Presonus Eris 4.5
Monitor
LG 38WN95CP-W 38"
OS
Win 11 x64
Да, банките се добар пример и единствен што доаѓа блиску до професијата копач. Иако баш и не е така, банките вработуваат, покриваат долгови, платен промет итн. вршат некаква работа во општеството.

Мајнерите не вршат никаква работа, само трошат.

Не е баш така. Инвестираат во ригови кои се составен дел од поголема мрежа што верифицира трансакции. Според тоа можеш да ги наречеш некој вид на мали банки или сметководители. Иронично Биткоинот кој имаше за цел да се децентрализира финансискиот систем е се освен децентрализиран зошто мал број на луѓе поседуваат огромен број на коини, а тоа им дава моќ да прават огромни пазарни манипулации. Но затоа таа идеја се оcтварува co други платформи/коини, а самиот биткоин повеќето финансиери го гледаат на сличен начин како златото, односно средство за складирање на вредност. Дали е тоа така или не, времето ќе покаже. Лично за мене, биткоинот е најлош од сите по тоа колку е корисен, но сепак држам нешто од проста причина што другите мислат дека има вредност. Моето мислење е сосем ирелевантно во овој случај, зошто јас како поединка не можам да влијаам на неговата вредност, единствено што можам е да го држам и трејдам да си создавам вредност за мене, иако мислам дека биткоинот е најголема глупост. А може и да сум грешка и стварно има реална вредност освен шпекулативна вредност.
 

yuuxuu

hello world
13 мај 2015
51
55
Јас мислам дека убо си напишав дека неможам да играм сајберпанк заради џаболебарите, незнам што тука беше нејасно.
Мислењето е автоматски споено:


Купват по 15 графички по дома после ќе нема за нас останатите, изреволтиран сум кон мајнерите за ваквиот однос кон нас обичните гејмери
Седни учи нешто, и биди благодарен што нема да гејмаш! :) .

Со сета почит на сите мислења погоре, сакам јас да го доловам и моето искуство, како со мајнинг така и со трејдинг.
Влегов 2018г. со 2 рига, а од 2019 земав уште еден кој го продадов скоро за исти пари и моментално сум на 2 рига. Во лето дував на нив а во зима се греев на нив. Да не беа тие ригови јас немаше да имам солидно портфолио или моментален износ на крипто кој што и да работев х 5 работи во нашава ни мила земја немаше да го имам.

Ги чував кога рипаа ги чував кога паѓаа, копав. Да не копав или како некој друг би рекол си можел да ги вложиш во крипто и да не се мачиш. Да точно, немојте да разглабате детали зашто ете за некои луѓе тоа е и еден вид пасија. Со тие коинови со еден потег успеав да истрејдам јако на равен-бтц па за кратко време бтц-равен. Заработката беше огромна.

Очигледно е дека, берзиве се тежок скам, а за самата технологија позади секој блокчејн е тоа е тема за себе...

Околу тоа дека да се биде копач не се допринесува ништо тоа е глупост по мое мислење. Неколку членови погоре објасниа која е улогата на секој обичен мајнер.

Неможеш да споредиш Пекар, со Веб дизајнер, или копач. Едноставно е тоа, и тоа е сосема друг разговор.

Една е идеата на блокчејн а друг е моментот што секогаш светот гледа $$$ а верувам никој овде (вклучувајќи ме и мене) не би упалил ни 1 карта доколку нема $$$ .

Лудост е ова што се случува, али $$$ се во прашање. Лудост беше и лани ова време, немаше брашно а богами ни тоалетна :) .

Секој гледа да земе дел од колачот, али во мајнингот не се влегува СЕГА. Со мајнингот се влегува кога е доле, и кога тежината на копање е ниска или копаш онаму каде нит на баба ти не би и текнало,... Се сложувам со фактот дека доста од луѓето ке се откажат од копање кога ке падне цената и леле што сега? Дај продавај - RX580 8gb for only 3k take it folks. А во меѓувреме 3080 за само 2500 евриќи.

Берзиве и овој тренд на to the moon/crash.. recession ќе бидат тука. Ова е најлеџит веј (скам) да се направат милиони. Воа ни златото не го може нит валл стрит (валл стрит полека и најде начин). Стадо овци стално има и стално ќе има.
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.512
7.821
Скопје
www.facebook.com
Јас само да си кажам тука : Вие што ги купувавте графичките по 4-5000 денари 580 ките 8гб а сеа ги шиткате по 350-500е ми дадовте пример само за наредните години нема да видете графички испод 20% испод цена на нови !
Штом има народ сега за стрижење за копачи и за гејмери , ке има и секад :)
А со самото тоа го прекршивте основното правило на форумов препродажби на компоненти купени од тука на форумов и ги препродавате тука за драстично повисоки цени .
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.865
6.450
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
Motherboard
X870 Aorus Elite WIFI7
Storage
Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
PSU
NZXT C850 ATX3.1
RAM
2x16GB G-Skill 6000 CL32
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
Fractal Design North XL
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Keychron Q1 Max
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
Fedora
Јас само да си кажам тука : Вие што ги купувавте графичките по 4-5000 денари 580 ките 8гб а сеа ги шиткате по 350-500е ми дадовте пример само за наредните години нема да видете графички испод 20% испод цена на нови !
Штом има народ сега за стрижење за копачи и за гејмери , ке има и секад :)
А со самото тоа го прекршивте основното правило на форумов препродажби на компоненти купени од тука на форумов и ги препродавате тука за драстично повисоки цени .

Нема другарство тука Пане. Сериозно. Немој никому да попушташ.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Нема другарство тука Пане. Сериозно. Немој никому да попушташ.

Заебана работа, може треба како што прават тимовите кога шиткаат фудбалери...

Пример ти продадам јас тебе графичка, ако ја продадеш повисоко имам право на 30% од разликата. Фер за сите?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно