Не бе скраја да е да се навредам јас, за да се навредам јас треба да бидам во тие 10%Прво се извинувам ако те навредив со тоа „проста маса“, требаше да пишам „проста маса со исклучоци“. Се однесува на големото мнозинство од луѓе кои поима немаат што е мајнинг, но слушнале за тоа дека преку ноќ се станува миљардер и сега бараат графички картички под дрво и под камен.
Само многу генерално ти беше пишано, а се согласувам дека премногу луѓе само заради FOMO за мининг изнакупија графички и по многу нереални цени - и сеуште купуваат.
А да те прашам кој плаќа за создавањето на тие евра, долари, франци, јуани, денари ?За да ги претвориш крипто пари во реални пари (евра, долари, франци, јуани, денари и т.н.) на крај некој треба да плати за нив.
Не се создава производ - но се врши услуга. Услугата се наплаќа а минингот се смета како сервис. Целата поента е децентрализација и транспарентост на општиот систем - без разлика дали се работи за банкарство или логистика или сметководство или било што...Со правењето трансакции и ни нивно валидирање не се создава никаков производ. На пример ако си пекар ќе произведуваш пециво потребно за прехрана на човештвото, ако си механичар ќе поправаш коли потребни за транспорт на човештвото. Ако си копач не правиш никаков производ, ниту правиш некоја услуга од која реален бенефит има општеството.
За полесно да сватиш еве ќе ти дадам прост пример со банка. Ако сакаш да пратиш ти 1000$ во странство, одиш во банка каде што пушташ пари и банката ти наплаќа провизија од да речеме 100$. Зошто ги зема банката тие 100$ ? Заради тоа што таја на другата банка каде што ги пушта парите и кажува и истовремено гарантира за тоа дека Кирил пуштил 1000$.
Истaтa трансакција можеш да ја направиш и на blockchain со биткоини или етериуми или било која друга валута - само што провизијата наместо 100$ ќе ти биде 5$ и наместо тие пари да ги земе банката тие се респределуваат помеѓу копачите/минерите во POW или помеѓу stakers во POS, и тие гарантираат / ја верифицираат твојата трансакција, и сето тоа е транспарентно и видливо - а со други зборови децентрализирано.
Тоа е реалниот бенефит за општеството.
И не е само тоа, blockchain технологијата како целина најдува примена и во многу други сфери во општеството од производство па се до продавање на електрична енергија, логистика,здравство и мн др. И самиот директор на SEC & CFTC го кажува тоа Bloomberg @business - од 38 минута па натаму, како и голем број на компании кои веќе имплементираат blockchain технологија како поефикисен начин на работа.