Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Надувани цени на графичките заради mining

MartinPP

hello world
26 јуни 2017
133
122
/root
Прво се извинувам ако те навредив со тоа „проста маса“, требаше да пишам „проста маса со исклучоци“. Се однесува на големото мнозинство од луѓе кои поима немаат што е мајнинг, но слушнале за тоа дека преку ноќ се станува миљардер и сега бараат графички картички под дрво и под камен.

Не бе скраја да е да се навредам јас, за да се навредам јас треба да бидам во тие 10% :)
Само многу генерално ти беше пишано, а се согласувам дека премногу луѓе само заради FOMO за мининг изнакупија графички и по многу нереални цени - и сеуште купуваат.

За да ги претвориш крипто пари во реални пари (евра, долари, франци, јуани, денари и т.н.) на крај некој треба да плати за нив.

А да те прашам кој плаќа за создавањето на тие евра, долари, франци, јуани, денари ? :)

Со правењето трансакции и ни нивно валидирање не се создава никаков производ. На пример ако си пекар ќе произведуваш пециво потребно за прехрана на човештвото, ако си механичар ќе поправаш коли потребни за транспорт на човештвото. Ако си копач не правиш никаков производ, ниту правиш некоја услуга од која реален бенефит има општеството.

Не се создава производ - но се врши услуга. Услугата се наплаќа а минингот се смета како сервис. Целата поента е децентрализација и транспарентост на општиот систем - без разлика дали се работи за банкарство или логистика или сметководство или било што...

За полесно да сватиш еве ќе ти дадам прост пример со банка. Ако сакаш да пратиш ти 1000$ во странство, одиш во банка каде што пушташ пари и банката ти наплаќа провизија од да речеме 100$. Зошто ги зема банката тие 100$ ? Заради тоа што таја на другата банка каде што ги пушта парите и кажува и истовремено гарантира за тоа дека Кирил пуштил 1000$.

Истaтa трансакција можеш да ја направиш и на blockchain со биткоини или етериуми или било која друга валута - само што провизијата наместо 100$ ќе ти биде 5$ и наместо тие пари да ги земе банката тие се респределуваат помеѓу копачите/минерите во POW или помеѓу stakers во POS, и тие гарантираат / ја верифицираат твојата трансакција, и сето тоа е транспарентно и видливо - а со други зборови децентрализирано.

Тоа е реалниот бенефит за општеството.

И не е само тоа, blockchain технологијата како целина најдува примена и во многу други сфери во општеството од производство па се до продавање на електрична енергија, логистика,здравство и мн др. И самиот директор на SEC & CFTC го кажува тоа Bloomberg @business - од 38 минута па натаму, како и голем број на компании кои веќе имплементираат blockchain технологија како поефикисен начин на работа.
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Сега криво ти е што продаде ти 1050ti пред година дена, затоа збориш вака...
Имам 1050Ti, 1060 6Gb и RX570 4Gb Aorus..... имам и 520 и P2000

Ни на крај памет не ми паѓа да правам мајмунлаци како некои што прават. Времињата се тешки, енергијата треба да се чува за продуктивни работи, пари се печалат со алал а не со графички шпекулации. Циркузи и мајмунлаци се ова што се прави сега. 10 огласи има последниве 5 дена, да не беше трагедија ќе беше комедија ова што се случува.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Колку бараш за 1060 ми треба за "продуктивни работи"
Баш таа и јас ја користам за продуктивни работи, CUDA чуда прави. На пример RX570 ми е за мур-ташаќ, ја користам за математички операции, за number crunching. Ако ти треба за живеачка повели ќе ти ја дадам, само ти биди жив и здрав и живеј низ тешкиве времиња, за пари лесно ќе се договориме.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.630
19.390
Сите оние милијардери, магнати, шеици и мичке си патерине ќе дозволат да бидат надмудрени од Викторче од Свирипичино кој има "риг"

Ќе ве растурат ко бугарска скупштина.
10-ина твита ве делат од пропаст.

Ама најпрво да ви ги земат парињата па во енциклопедија под зборот глупост да има слика од Биткоин мајнер.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.832
6.532
SK
А да те прашам кој плаќа за создавањето на тие евра, долари, франци, јуани, денари ? :)

Прво, I stand corrected за отвореноста на кодот... Но тогаш работата е уште полоша, од аспект на ограниченоста на користењето на процесирачката моќ. Излегува дека целата платформа по дизајн е енергетски (и процесирачки) усложнета/интензивна заради заштита на блокчејнот од напади??

Сега проверувам, годишната потрошувачка на етереум мрежата севкупно е над ~23 терават часови електрична енергија!??!! :eek:
Една единствена трансакција чини над 50 киловат часови електрична енергија??? :eek::eek:

Како за споредба моето домаќинство се загрева на електрична енергија, и за загревање на целиот 70+м2 стан за целата грејна сезона се трошат 2340 kWh, или помалку од 47 етереум трансакции??

Јасно ми се бенефитите за поединци (профитот пред сѐ), но гледано од општествена гледна точка ова е... Крајно неодговорно трошење на енергија.
Замисли утре да направиме контанкт со вонземјани и некако успееме да комуницираме, како би им го објасниле таквото трошење на енергија... Ма остави го вонземјаните, како ќе им објасниме на идните генерации дека создаваме енергија во термоцентрали на јаглен (и матер и е*аваме на животната средина) и потоа добиената енергија ја трошиме на... Трансакции на дигитални валути?

Е сега за цитираното погоре... Нели идејата (или барем главниот selling poing) била создавање на независна валута која никој нема да ја контролира?
Како тогаш вредноста на криптовалутите, или ете конкретно Етерот, е целосно шпекулативна? Како може еден Елон Маск со само една изјава на твитер да ја подигне вредноста (ок на биткоин, ама и тоа е опен сорс платформа нели)... Откаде толкавите скокови во вредноста, горе, долу, горе, долу... Се зборува за отворен код, се продаваат некои бенефити итн, ама во реалност мапетите ги колат и од таквите обични луѓе се финансира нешто што во реалност се сведува на понзи шема.

Се навраќам на цитираното да ти одговорам на прашањето најгоре: Да ОК, и класичните фиат валути се понзи шема... Но какво добро тоа зборува за Етереумот?
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак

Екологијата за многумина е смешка, ама после пандемијава коа ќе не стегне глобалното затоплување кое го игнорираме како проблем веќе децении (а веќе е скоро прекасно за да го решаваме) - ќе биде рации и бонови за струја користење... и веројатно копање биткоинови на соларки.

Ќе се продаваат графички со интегрирани соларни панели тек тогаш.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.630
19.390
Пред неколку поста ви спомнав дека имам пријател кој има 10 до 12 Биткоини, така?

Е, сега ви пишувам за еден друг, исто така мој пријател, кој пред неколку години фукна непозната сума на пари (друштвово шпекулира со 5000~10.000 евра) во....One Coin!

Во One факинг Coin!

Никој и ништо на светов не може да го убеди дека One Coin е дубара. Он е богат, разбирате? Бо-гат!
Тој и Ружа само што не завладеале со светот и трулиот банкарски систем кој не експлоатира сите нас, прави сироти деца да бидат рудари на дијаманти, ја финансира фармако-мафијата и инвестира во „пет џи“ ќе биде конечно поразен.

Во меѓувреме Ружа се сунча на јахта од 10 милиони долари

Приметувате што сакам да кажам?

На сите ќе ви ги земат парињата, к*риња!!
Сите ќе висите! :giggle:
 
ljupce

hello world
8 ноември 2011
191
137
ljupce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4700MQ
Storage
1TB +8GB SSD Hybrid Disk
RAM
8GB DDR3
Video card
AMD Radeon R7 M265 2 GB DDR3
OS
Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
Јас имам идеја.. а да почнеме да копаме на конзоли?
 
xbl9k

hello world
10 декември 2017
134
189
Нубско прашање, овие што купуваат 580ки по 300-400е не размислуваат дека се вртени 2 години по којзнае колку ригови и дека може да цркнат во секој момент?

Не за џабе едно време се продаваа по 5500-6000..
 
psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.518
31.995
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Пред неколку поста ви спомнав дека имам пријател кој има 10 до 12 Биткоини, така?

Е, сега ви пишувам за еден друг, исто така мој пријател, кој пред неколку години фукна непозната сума на пари (друштвово шпекулира со 5000~10.000 евра) во....One Coin!

Во One факинг Coin!

Никој и ништо на светов не може да го убеди дека One Coin е дубара. Он е богат, разбирате? Бо-гат!
Тој и Ружа само што не завладеале со светот и трулиот банкарски систем кој не експлоатира сите нас, прави сироти деца да бидат рудари на дијаманти, ја финансира фармако-мафијата и инвестира во „пет џи“ ќе биде конечно поразен.

Во меѓувреме Ружа се сунча на јахта од 10 милиони долари

Приметувате што сакам да кажам?

На сите ќе ви ги земат парињата, к*риња!!
Сите ќе висите! :giggle:

Прво мислам дека неколку пати напишавме на темава дека луѓето кои влагаат касно со големи суми на пари, имаат многу поголема шанса да изгубат. За OneCoin одамна се збореше дека е скем.

Како што веќе реков, тие што копаат од времето, и што е НАЈВАЖНО, во нити ЕДЕН момент не се откажале, дури и кога биле со 0 профит, па дури и некоја блага загуба или нерешено (струја, амортизација) постигнаа големи успеси.

Сите имаме пристрасност, но овие работи се одамна добро познати на сите копачи и познавачите на истото.
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Нубско прашање, овие што купуваат 580ки по 300-400е не размислуваат дека се вртени 2 години по којзнае колку ригови и дека може да цркнат во секој момент?
Статистички многу малку картички умреа од мајнинг. Ако е чувана во добри услови (да не е во подрум, таван, штала и слично) и редовно чистена и подмачкувана со паста практино нема ризик дека ќе и се случи нешто.

Не за џабе едно време се продаваа по 5500-6000..
Цените на половните графички во Македонија за време кога криптовалутите имаа ниска вредност беа девалвирани затоа што одредени таленти во финансиска криза си ги продаваа риговите пошто-зашто, а други „стручњаци“ почнаа да ги растураат тие ригови и да продаваат картички на парче со мала заработка и доста пониско од реалната цена(за 25-30% од цената на нова). Никаде, ама никаде, ниту во околните држави ниту подалеку не се продава графички картички по толку ниски цени како овде.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.889
34.191
roka.mk
Ве молам држете се до темата, во спортивно ќе бидеме принудени да ве лишиме од правото на комуникација во неа.
Патем @xenon те молам упадни во темава и објасни некои работи со свои зборови :)
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.601
3.212
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Цените на половните графички во Македонија за време кога криптовалутите имаа ниска вредност беа девалвирани затоа што одредени таленти во финансиска криза си ги продаваа риговите пошто-зашто, а други „стручњаци“ почнаа да ги растураат тие ригови и да продаваат картички на парче со мала заработка и доста пониско од реалната цена(за 25-30% од цената на нова). Никаде, ама никаде, ниту во околните држави ниту подалеку не се продава графички картички по толку ниски цени како овде.

Пазарот овде, како и секаде во светов го определува понудата и побарувачката, ова кај нас е пресудно.
Разликата овде е во тоа што поради катастрофални економски услови и поради ефтина струја, копањето беше (е) многу атрактивно, тоа влијае на огромна побарувачка кога се копа, што резултира со огромна цена.
Кога се копа се бара карта повеќе и од искусни мајнери и од комшијата Петре што слушнал дека се правеле пари со седење, како и стандардно од гејмерите.
Кога не се копа единствена побарувачка се гејмерите а тоа не се многу луѓе а малкумина од нив можат да се дозволат графичка од 20-30к, што резултира со ниски цени.
,,Стручњаците" не се будали едноствано ги следат пазарните услови.
Овој балон V.3 ќе пукне, како и двата балони претходно, прашање е на време, мое предвидување 5-6 месеци активино ќе трае (со мали падови и успони), уште 2-3 месеца, зашто надежта последна умира, при крај на Q3, ќе се појави и лагер во продавниците и повторно ќе имаме преплавен пазар со графички, некој од нив ветерани од двата копачки циклуси.
 
Deksa

user
9 февруари 2012
1.001
905
Статистички многу малку картички умреа од мајнинг. Ако е чувана во добри услови (да не е во подрум, таван, штала и слично) и редовно чистена и подмачкувана со паста практино нема ризик дека ќе и се случи нешто.

Цените на половните графички во Македонија за време кога криптовалутите имаа ниска вредност беа девалвирани затоа што одредени таленти во финансиска криза си ги продаваа риговите пошто-зашто, а други „стручњаци“ почнаа да ги растураат тие ригови и да продаваат картички на парче со мала заработка и доста пониско од реалната цена(за 25-30% од цената на нова). Никаде, ама никаде, ниту во околните држави ниту подалеку не се продава графички картички по толку ниски цени како овде.

Gojdo brat used gpus od polaris serijata sekade bea po $70 koga cryptoto bese so mala vrednost, ednostavno modelot e 2017 da bideme realni ova sega sto se slucuva e cirkuz, 20k za toa kjumbe so MSRP $230 vo 2017 :) pa 1060 3gb e 6k....

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Последна промена:

Allen

hello world
27 февруари 2015
55
59
Јас земав Asus RX580 4gb за 4500 денарА пред месец дена... многу надувани за кратко време, последен воз сум фатил излгеда :)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Јас земав Asus RX580 4gb за 4500 денарА пред месец дена... многу надувани за кратко време, последен воз сум фатил излгеда :)
Сега продај ја за 43.000, после две недели со тие пари ќе си купиш 9 такви 580-ки и ќе ти останат 50 евра за ССД
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385
Пиши шо си купи со парите :LOL:

Ги дадов на гладните деца во Африка и некои региони во Јужна Америка.

Купи сега 0,5% биткоин, во април ќе го конвертираш назад и тесла ќе земеш.

Тесла.... тоа е за педери. Моторизирано нешто ќе земам, мотокултиватор или моторна мешалка за бетон :ROFLMAO:
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Ги дадов на гладните деца во Африка и некои региони во Јужна Америка.

Тесла.... тоа е за педери. Моторизирано нешто ќе земам, мотокултиватор или моторна мешалка за бетон :ROFLMAO:
Не мислев на Тесла кола, вложи 43.000 сега во биткоин, таман во Април ќе имаш за тесла телевизор од Нептун за 12-13к.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно