1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мобилари во Македонија - искуства и мислења

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од NERD., 12 Февруари 2015.

  1. Uber-

    Uber-
    Gaining Experience

    88
    89
    23 Август 2017
    Машко
    Занаетчија
    Експерти од Универзитетот за Информатички Технологии при Ај Ти Форум во Свирипичино што имаат истакнат кадар со 5 нобелови награди во областа на комуникацииските технологии и интернето
     
  2. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,460
    1,889
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Муабетот дека Ледиком продава копии или чкарт телефони, беше актуелен до кај 2012 година. Скоро сме 2020.

    едит: Ледиком го ставам како пример пошто беше спомнат. Истото важи за сите поголеми мобилари.

    Sent from my SM-G973F using Tapatalk
     
    damil, psyside, Sherminator и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. darko_spiroski

    darko_spiroski
    Intern

    17
    10
    4 Август 2014
    За другарите што зборуваат за амерички/австралиски/свирипински верзии.
    Секој телефон што го купуваш има верзија на него, прво ја гледаш на кутијата, ако нема кутија ја гледаш во повеќето од случаите на самиот телефон (самсунг 100 посто од случаите) и на крај, кога ќе го уклучиш во about phone исто ја имаш.

    Фино лепо ја гуглаш и гледаш кои бендови ги подржува, споредуваш со телеком/вип и ако се поклопуваат, раат си. Во последниве години редок број на верзии на било која позната марка не ги подржуваат глобалните бендови, така да во 90 проценти си раат и на слепо да земеш.

    Конкретно, скоро сите верзии на последниве 3 генерации самсунг телефони (од с8 па навака) ги подржуваат сите глобални бендови ( кои игром случаја се користат и кај нас) така да со немаш мака. Ако зборуваме за самсунг, лично мислење поткрепено со тестирања на процесорите, многу повеќе корисникот ќе биде задоволен со америчката верзија ( со снапдрагон процесор) одколку со европската со ексинос, зборувам за најновава генерацика с10ки... За ноте 10 може да се смени бидејќи америчката верзија остана со снапдрагон 855, додека за европската додадоа нов ексинос кој за прв пат го претставија на пола година (се заради инфериорноста во однос на снапдрагон). Дополнително конкретните леќи за камерите што се користат во америчката верзија се на сони, а европскиот модел е со инхаус самсунгови леќи. Иако софтверски се исто/слично подесено, сепак хардверски сони леќите се подобри, иако тоа за секојдневен корисник не е видливо...


    Се надевам малку појаснето за стручњаците до телефоните од подрум во Авганистан муабет... Едно е фејк телефон, друго е различна верзија на телефон.

    Испратено од GM1910 преку IT.mk форум апликација
     
    На RoninMK, Sherminator, damil и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    988
    1,517
    13 Јануари 2014
    Машко
    Краен корисник не верувам дека би приметил разлика меѓу Exynos и Snapdragon на S10. Двата се страшно брзи, и иако на хартија и при тестирања Snapdragon-от е побрз, посебно кога се бара графика (читај гејминг), крајниот корисник ќе е задоволен со било кој од нив два.
     
    На Скоти и Oktar им се допаѓа ова.
  5. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,571
    26 oктомври 2012
    Машко
    Не е проблем тоа дали продаваат оригинални или неоригинални телефони.
    Туку купуваш телефон којшто доаѓа преку сомнителни канали и со сомнително потекло, уреди за кои ( пример) Самсунг не ти гарантира ( кај нас). Самиот уред не подлежи под царина, данок и слично, и затоа ниедна мобилара не дава фискална сметка за уредите, односно подржуваш сива економија и нелојална конкуренција кон оние компании кои работат како што треба. Купуваш нешто за кое од сам старт се откажуваш од било кое законско право како потрошувач, бидејќи немаш фискална сметка, и се откажуваш од самата оригинална гаранција на уредот. Производителот гарантира за уредот само ако е дојден преку официјален канал ( Сетек, Нептун, Телеком, А1 и Комтрејд за Самсунг), а не ти гарантира за никој друг уред, што значи било какви трошкови ги сносува самата мобилара а.к.а “којзнае што си му правел на телефонот, не ти важи гаранцијата“.
    И незнам што толку сите влади го толерираат ваквото нелегално работење, се тоа треба под клуч да иде.
    Нека го набават телефонот преку официјални канали, нека издаваат фискални сметки, па после нека се курчат со цените.
     
    На bxxxn, toshex, Majestic и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    545
    237
    7 oктомври 2014
    Ти во било која мобилара можеш да добиеш фискална, плати си 18% данок и земи си го со фискална и гаранција самсунг , било која мобилара.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,072
    25,361
    4 Септември 2008
    1. Разлика во секојдневна употреба на 9820 vs 855, нема теорија да осетиш.

    2. Процесорот не е воопшто претставен заради инфериорност, него заради рифреш циклус и маркетинг.

    3. Леќите не се на Сони, нити на Самсунг, сензорите се, воедно истите се направени по исти спецификации, а разликата помеѓу нив е непостоечка од мај навака.

    4. Exynos добива апдејти драстично побрзо па така избалансирано е.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,460
    1,889
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Можеби се' држи вода, освен ова.

    Баш напротив, сум имал само еднаш проблем во мобилара со телефон, каде телефонот беше заменет без збор. Додека кај овие "официјалните" сум имал повеќе пати проблеми, што телефони, што други уреди, скоро секогаш правеле проблем за сервис и гледале доколку можат да ја поништат гаранцијата.

    Еве последен пример со телефон, Mi A1 купен од Анхоч (кои се едни од подобрите во овој сегмент), после недела дена користење, копчињата за volume почнаа да зезаат - кога работи само едното, кога другото, кога ниедно. Од сервис телефонот беше вратен со некоја глупа забелешка, а проблемот е well known шурим светот.

    Тогаш немав време да се позамарам со инспекции пошто бев на пат и така си остана.
    Но зашто би требало да се замарам со инспекции и кое е тука законското право како потрошувач...

    Исто, за ова немам лично искуство, но сум слушнал од повеќе луѓе.
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,322
    24,881
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ај да го споделам моето искуство со Mobelix. Денес им однесов телефон да ми сменат дисплеј (само проемна, мој дисплеј). Телефонот беше направем брзо и доста добро задоволен сум, АМА мора да има АМА. Типацот што работеше беше толку не услужлив и народски кажан „Умрен“ што не знам како воопшто не го мрзи да диши.
    Не ми беше дозолвено да платам со картичка туку само кеш, а фисклната си ја чуваат за нова, па затоа не издаваат сметки.

    Ако го сменат односот со клиентите, може да биде нешто од нив, голем салот, модерен со сите нишани...

    Едноставно ми дојде да му се извинам што сум му влегол во салон и што му го нарушив мирот, и ја идиот во сабота претпладне сакам дисплеј да мењам.

    Поздрав, се надевам дека читаат форумов па можеби и ќе има некакво влиание искуствово, во спротивно ме заболе што ќе прават.
     
    На null_ptr, marick14, DonFrozex и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,571
    26 oктомври 2012
    Машко
    Фискална на таков начин, да. Али оригинална гаранција мало морген. Ќе биде само еден убав украс, кој ќе биде невалиден. :)
    Самсунг признава само печат од Телеком, А1, Комтрејд, Сетек и Нептун. Тие гарантни листови, се за југоисточна европа, и е достапна на неколку локални јазици, меѓу кои и Македонски. Се останато што доаѓа од други пазари и гаранцијата е потполнета на страна каде што не пишува Македонија, и нема печат од овие горенаведени продавници, нема гаранција, зад која Самсунг ќе стои.
     
    Speedster, damil и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  11. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    545
    237
    7 oктомври 2014
    Ти мислиш ние живееме во европа, македонија е ова...





    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  12. marick14

    marick14
    Gaining Experience

    172
    58
    2 Март 2011
    Правач на ајвар
    А во Видео Дата како ги признаваат?
     
  13. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,214
    3,571
    26 oктомври 2012
    Машко
    Остави тоа Македонија. Самсунг си бара оригинална гаранција и фотокопија од фискална сметка на увид од Видео Дата, Мобико а тие го бараат тоа од тебе. ако купиш телефон од Телеком или било која друга овластена продавница и го изгубиш оригиналниот гарантен лист, не ти важи гаранцијата повеќе, макар и да ти дадат и прилог за гаранција од продавницата со имеи, или фотокопија од оригиналната гаранција, ништо не ти важи од тоа, гаранцијата нема да ти биде признаена. Само оригинален гарантен лист наменет за наш пазар. Самсунг се многу ригорозни за тоа кај нас. :)

    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
  14. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,272
    1,012
    2 Јануари 2012
    Машко
    Самсунг се дебили кај нас. Кажете како почитуваат гаранции мобиларите, има ли некој искуство?
     
  15. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    545
    237
    7 oктомври 2014
    Сите поголеми што работат повеќе време на пазарот, никој проблем нема да ти направи.




    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  16. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,272
    1,012
    2 Јануари 2012
    Машко
    Значи веќе нема поента земање телефон од телеком? :)
     
  17. deni.mitev

    deni.mitev
    Gaining Experience

    545
    237
    7 oктомври 2014
    освен на 24 рати.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На Enis-Phantom му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bakidota

    bakidota
    Intern

    74
    26
    21 Март 2017
    Машко
    Денес купив хиоми ми а3 од Ледиком. Чудно ми падна кога ми го дадоа телефонот немаше никаква фолија врз него ( ниту пак напелница која прво треба со нож да ја поминеш за да може да го отвориш пакувањето). Кога стигнав дома гледав доста јутјуб видеа и кај сите или има прозирна фолија околу цела паковка или пак мали налепници одпозади. Дајте ми совет, доколку е потребно би го вратил телефонот и така е не чепнат сеуште.
     
  19. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    216
    163
    21 Мај 2017
    Обично кинезите ги вадат од фолија за да флешнат глобал ром, барем кога купуваш на алиекпрес е така, имаш опција со кинески ром и не чепната кутија или отворен со глобал ром
     
    На bakidota му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,052
    1,282
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ledikom и нормални, неотворени телефони неодат во иста реченица. Кујзнае од кај им е донесен, по кои канали, може е одма правен старо за ново од некој наш оператор се е можно.
    МИ А3 и кинески ром исто неидат во иста реченица. А3 по дифолт е со глобал ром.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    Speedster, bakidota и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  21. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,656
    3,673
    1 Септември 2011
    Машко
    Тешко дека ке го вратиш искрено,што ке им кажеш кога ке го однесеш?дека не ти продале нов телефон?дека нема налепници?Во Ледиком тоа тешко ке ти пројде се,осве ако немаш некој човек што работи кај нив,или познаник кој добро стои со некој од вработените,па да ти направи ваква услуга.Јас имав тешко минато со нив,скоро еден цел ден со нив се натегав,се инатев,дури за малце до вербално расправање ке дојдеше,ама реков ке си ги земам парите па макар и во Чаир ме наполнат со олово,до толку ми пукна филм.

    И незнам по кој пат веќе пишуваме во темава за Ледиком,и сите знаете какви телефони носат,каналите не им ги знаеме нормално,ама знаеме со какви се превари се бави таа фирма,и пак бе упорно за 20-30 евра помалце идете и ризикувате да купите телефон,кој не е оргинал,кој не е нов и ред други работи правени на телефоните.Плус што кај нив не важи никаков Закон.Берете памет од каде и што купувате,да не нае*ете јако,па да ве чеша гзот цел живот.
     
    zdravkovskii, Rac58, Speedster и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,072
    25,361
    4 Септември 2008
    Kако тоа не се оргинал?
     
    На RagingDemon и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  23. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,656
    3,673
    1 Септември 2011
    Машко
    Мислев на неоргинал пакувања,полначи,и итн што следуваат фабрички од брендот.мислам дека ме разбра,телефоните им се оргинал,но паковањата не секогаш им се оргинал,имам приметено на доста телефони.
     
    На Speedster и psyside им се допаѓа ова.
  24. Viziano

    Viziano
    Intern

    18
    10
    9 Јули 2014
    Машко
    Имам неколку телефони од Ледиком, без фолија.
    Еве 2 години веќе и си работат ко што треба. Оригинален полнач, слушачки итн...

    Мој совет, да уживаш :carefree:
     
    Sherminator, bakidota, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. despotovikj

    despotovikj
    Gaining Experience

    988
    464
    7 Март 2014
    Машко
    +1
     
    Sherminator, Viziano и на Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...