Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Рецензија Lenovo IdeaPad Yoga 13 Ultrabook

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
На CES 2012 Lenovo за прв пат го претстави нивниот нов производ IdeaPad Yoga. Станува збор за „акробатски“ ултрабук-таблет со целосен екран на допир и windows 8 оперативен систем. Достапен во 2 глемини 13.3 и 11.6 инчни. Во Македонија конечно пристигна овој уред и го земавме да видиме што нуди, на тест го имаме поголемиот т.е Lenovo IdeaPad Yoga 13.
Yoga 13 е лаптоп со комплетен екран осетлив на допир 13,3 инчен 1600х900 пиксели, процесор Ivy Bridge (intel i5/i7), 8GB RAM, SSD од 256GB. Сето тоа спакувано во 17mm дебелина и тежина од 1,5 килограми.

bS5QV6X.jpg


Спецификации

Процесор: Intel Core i7 3667U
Оперативен систем: Windows 8 Pro х64
Чипсет: Intel ® HM77 Express чипсет
RAM меморија: DDR3 1600 MHz SDRAM, onboard меморија 8 GB
Екран: 13,3" 16:9 HD (1600x900) сјаен IPS, до 10 прсти.
Графичка: Intel HD Graphics 4000
Storage: SATA III SSD 256GB RPM
Камера: 3MP auto focus
Комуникации: Wi-Fi 802.11n Bluetooth 4.0
Интерфејси: 1xUSB 3,0 1xUSB 2.0, 1xHDMI, 1xкомбиниран аудио приклучок, читач на картички: SD
Звук: На два стерео звучници, High Definition аудио
Батерија: 58 Wh (3900 mAh, 14,8 V)
Димензии: 16,9 mm x 333,4 x 224,8
Тежина: 1,55 кг
Гаранција: 1 години
Цена: 71,290.00 ден.

Пакување

Yoga 13 се испорачува во тврда црна картонска кутија на која се наоќа само визуелна слика од самиот лап-топ и неговата можност на ротирање како и марка и модел.

QCzHNXH.jpg


Lenovo се многу скромни кога е во прашање дополнителни додатоци, па затоа освен самиот лаптоп, полнач и упатства за користење нема ништо друго.

s8WCkOx.jpg


Се напојува од батерија 58 Wh (3900 mAh, 14,8 V) која се полни со 220V 50-60Hz полнбач.

rsaIA28.jpg


Дизајн

Lenovo на својата Yoga има имплементирано интересен механизам на отварање кој може да дејстува и како лап-топ и како таблет. Горниот капак со интегриран екран може да се ротира до речиси 360степени. Како резултат на тоа туркајќи го до максимум агол, корисникот добива таблет, доколку го вратите во традиционалната положба ќе добиете лап-топ. манипулацијата со капакот не е лесна со една рака, па затоа ќе морате убаво да го движите со двете раце.

Капакот на лаптопто е направен од брусен мат алуминиум кој за разлика од конкурентните ulstrabook's делува некако помеко. На надворешниот поклопец стои само логот на производителот, и има заоблени агли од сите страни.

gAb2sPz.jpg


Долниот дел исто така е изработен од мат алуминиум кој е отпорен на гребење на кој се наоќаат 4-те гумички (во вид на пирамида) на кои легнува лап-топот. Отворите за топол воздух се наоќаат на горниот заден крај.

pi5BcYw.jpg


Во поглед на надоврешни интерфејс приклучоци е скромен. На десната страна се наоќаат Приклучокот за полнење, USB 2.0, SD card читач и копче за вклучување/исклучување на auto rotate на дисплејот.

g2TGtii.jpg


Од левата страна има 1 HDMI приклучок, 1 USB 3.0, комбиниран аудио приклучок и копчиња за контрола на звук.

fcqk2NB.jpg


Копчето за вклучување заедно со индикаторот за полнач и onekey копче кое служи за брз recovery се наоќаат на предната страна.

iiZDxY4.jpg


Квалтетот на звукот е потврден со High Definition D.D кој ги задоволува секојдневните потреби. Доколку сакате појак и почист звук ќе морате да поврзете дополнителни звучници.

Маската која се наоќа околу тастатурата и таџ падот е од црна пластика со мека текстура, која на допир дава чуство на скапа работа.

PrQcY4G.jpg


Тастатурата е изработена од црна пластика со заоблени рабови на копчињата. Лесна за користење. Проблем настанува кога ќе треба да работите на лап-топот при слаба осветленост бидејќи тастатурата нема позадинско осветлување.

hPoutb0.jpg


Придвижувањето на курсерот се врши со мултитач тачпадот кој е лесен за навигација и подржува до 10 прсти. Сместен на средина на предниот дел и е физички одвоен од куќиштето.

NupywwE.jpg


Функционалност

13,3 Инчи- можеби оптималната дијагонала за вистински мобилен компјутер. Резолувијата од 1600x900 пиксели е по-прифалтва од full Hd 1080p кај останатите модели со иста големина на екран. IPS матрица која дава широк агол на гледање покриен со комплетен тач сјаен екран. Негативното кај сјајните екрани е што се осетливи на отпечатоци и при работа на сонце лесно се приметуваат.

p0xOh1v.jpg


Боите што овој екран ги нуди се живи и живописини, па затоа нема потреба да се грижите за дисторзија на боја. Сензорот за допир е многу чуствителен и поддржува до 10 симултани допири што ја олеснува секојдневната работа како таблет. Екранот при полна осветленост достигнува (до 305 cd/m2) и добар контраст (околу 905:1). Теоретски овие бројки треба да ветуваат перфекција во гледањето, но во пракса овие параметри се немоќни против сјајниот екран кој дава ефект на огледало.

1Yo4iaF.jpg

V8avMVB.jpg


Перформанси и тестови

Кога станува збор за перформансите Lenovo Yoga има класични ultrabook компоненти. Моќен i7 3667U процесор подржан од HD 4000 интегрирана графичка картичка и дури 8GB рам меморија што е сосема доволно и за најпребирливите купувачи. Имате 256GB простор на SSD.

JTPEFB4.jpg


Lenovo Yoga доаќа со лиценциран Windows 8 Pro x64bit и без некој посебен софтвер.

6boZSii.jpg


Вредно да се спомене е убаво осмислениот и лесен за навигација менаџер на енергија, преку кој со два клика се штеди енергијата од батеријата.

FgR4uTN.jpg


Уредот е тестиран на препознатлив начин со веќе познати програми за тестирање.

  • As SSD
  • CristalDiskMark
  • 3DMark 11,7,6
  • Unigane Benchmark
  • Cinebench
  • HWinfo

Процесорот работеше со вклучен TurboBoost кој дистигнува и до 3.0GHz

bRQVMgp.jpg


Графичката работи на стандардни 350/800MHz и при тестирањето не е клокана.

40nC5OO.jpg

MDGORHJ.jpg


Кога се во прашање температурите можеме со право да кажеме дека се работи за ладен ултрабук. При минимална оптеретеност температурите се движат околу 35степени, а при максимална оптеретеност до 75степени, кулерот се вклучува ~53степен.

При Idle

B1uGNxC.jpg


При Load

f0Onvii.jpg


Времетраењето на батеријата е стандардна и не се разликува во ништо од конкурентните Ultrabook's. При мирување трае околу 6 часа и 30 минути, при користење на интернет приближно 4 часа и 35 минути, а при максимална оптеретеност 2 часа и 40 минути.

As SSD

Скалдирањето на податоците се врши на SSD Samsung од 256GB капацитет. Брзината на дискот не е на највисоко ниво, имаме видено и извонредни резултатит од овие типови на дискови.

kXcO93f.jpg


CristalDiskMark

И од вториот тест на диск преку кој се гледа време и брзина при запишување и читање на дискот го потврдуваме погоре кажаното.

sxUAp7y.jpg


3DMark

На 3DMark тестовите (најнов update) се гледа дека и на синтетичките тестови не се разликува многу од неговите колеги ultrabook's.

  • PCMark 7: 4396

  • 3DMark 6: 4368

  • 3DMark 11: 573

Unigane Benchmark

GMFITUB.jpg


Cinebench

af9xbxP.jpg


Заклучок

ReSWwML.jpg


Спред критериумите кои прецизно се зададени од наша страна можеме слободно да кажеме дека Lenovo Yoga високо котира. Уникатениот механизам на отварање кој од лап-топ се претвара во таблет е одлична новина. Екранот на допир ви овозможува лесно користење, искористувајќи ја предноста на новите функции на модерниот Windows 8. Цената е разумна кога е во прашање ваков вид на модерен уред.

Малиот број на недостатоци на Yoga-та се реваншираат со одличниот дизајн во кој секој љубител на модерни ултра тенки, повеќе финкциски уреди би се вљубил. МОжноста да Lenovo Yoga го имавме во рака беше голем предизвик а воедно и одлично искуство и дружба со она што LEnovo ни го подготви со 13 инчната верзија на Yoga-та.

Позитивно:

  • Добра осмисленост за механизам за трансформација
  • Одличен модерен дизајн
  • Убав избор на материјали од кој е изработен уредот
  • IPS екран на допир
  • Издржлива батерија
  • Тивок

Негативно:

  • Тежок кога е во прашање таблет
  • Тастатура без осветлување
  • Сјасниот екран брзо се замастува
  • Графичката е тесно грло на уредот

Огромна благодарност до НИКО компјутери кои ни овозможија први да го имаме уредот на тестирање.
 

Laik_sk

hello world
12 март 2010
179
59
мислам дека моментално овој ултрабук е bestbuy, зборам ако се зема од Америка, кај нас е друга приказна.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
За bestbuy незнам, али дека влегува во потесен круг кога се избира ултрабук тоа сигурно.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Одлича рецензија. Се уште не ми е јасно зошто како стандардна опција не почнат да прават тастатури со беклајт. Дали одат дека таа опција треба да биде само за високата класа на лаптопи или пак е некој мит.
Во секој случај. Вреди да влезе во потесен круг ако треба да се купи скапа играчка :)
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Дифинитвно позадинско светлување фали...бар мене ми фалеше додека го тестирав.
 

skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Одлична рецензија :D

от: Зошто на крајот не ставаш некој скор? (секогаш тоа се прашувам откако ке ги прочитам сите твои рецензии до крај ;D)
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.788
33.906
roka.mk
Пошто не ми текнало. Али еве од следен тест ќе пробам и нешто така, само морам да си направам критериум по кој ќе оценувам...али ќе биде;)
 

Нови мислења

Последни теми

На врв Дно