Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Фала за бродлинков. Сега ќе прочитам. Не треба да ги променувам условите, јас уште на почеток многу културно прашав за 3 конкретни клима уреди. Само ме праша суми за ситуацијата, и јас се потрудив да подобјаснам. Условите се тие, цените се тие ако нема попуст. Секако пожелно е сугестија слична на 3те наведени клима уреди погоре ако има некоја подобра од нив.

Бродлинков ако е 13$ е многу фина работа.
 

alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Neo ACV-INV 12LED R410A
Прочитав као демек фрлени парите се за овој модел, но случајно влегов во еден маркет и гледам сега на -10 надвор си работи и топли многу убаво. 30м2 која нема изолација.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Еве го беко 7.5 кв на -6 во моментов. Не инвертер. Ни мраз ни бутур. Си грее внатре бања. Таман работа да мрзнеа сите клими на -6 степени. Грее 70 квадрати отворен салон висок 4 метри.


Хаиерот, тошибата и греето по некоја логика треба да се и потивки и подобри зошто се инвертори. ;)

Никој ли не користи од овие што ги барам?

df1b1e586900560d3da94b6b4ac1c09a.jpg
 
  • ми се допаѓа
Реакции: maci

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Еве го беко 7.5 кв на -6 во моментов. Не инвертер. Ни мраз ни бутур. Си грее внатре бања. Таман работа да мрзнеа сите клими на -6 степени. Грее 70 квадрати отворен салон висок 4 метри.
Секоја клима со моменталната надворешна температура и влажност во Скопје не замрзнува.

На графава можеш да видиш на кои температури најчесто се создава мраз.
defrost1.png
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Неможам баш да најдам доволно информации за ова Бродлинков. Што е разликата меѓу мини и про? Дали и минито има сензор за температура и може да прима таскови?

Јас сега имам ардуино со температурен сензор кој ми ја пали климата на одредени услови. Ама ова е исто добра опција со повеќе команди ако работи.
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Нема минито никакви сензори. Ако го комбинираш со овој уред, би требало да можеш да ги користиш тасковите во Android апликацијата. iOS апликацијата не подржува таскови. Минито освен што ти дава можност да го користиш телефонот како universal remote и контрола од далеку, има и една опција scenes, со која можеш со еден клик да укључиш повеќе уреди. И нешто понапредна опција за тајмери, споредено со тоа што обично го нудат климиве.

Про верзијата има плус сензор за температура, можност за контрола преку RF и таскови поврзани со сензорот за температура.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Го имаш некое од овие? Или некој?
Значи минито само за командање, нема автоматика.

А прото може иф ден да прави? Читам по форуми неможело наводно. Па треба на андроид со таскер да ставаш па кур се тресе. Ардуиново што го имам испаѓа поедноставно ако е така.

На пример ако падне под 22Ц да упали клима. Или во 6:00 да упали клима. Или во 00:00да исклучи клима. Може ова?
 

pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Го имам минито. Можност за таскови има во Android апликацијата, али не можам да тестирам пошто немам сензори.
Гледам на баткава му функционира таскерот од e-air уредот.


Или во 6:00 да упали клима. Или во 00:00да исклучи клима.
Ова можеш да го направиш преку timer опцијата што ја има и минито.


На пример ако падне под 22Ц да упали клима.
За ова ти треба таскерот.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Neo ACV-INV 12LED R410A
Прочитав као демек фрлени парите се за овој модел, но случајно влегов во еден маркет и гледам сега на -10 надвор си работи и топли многу убаво. 30м2 која нема изолација.
Скокни ги NEO, нема стандард таму, еднаш се ОК еднаш тотално ѓубре, NEO не прави клими, само ги брендира ( што не е толку страшна работа ) но они одат исклучиво на Најниска цена, ако се погоди погоди ако не цената ке ги оправда. За иста или мала разлика имаш други посигурни избори.


Фала за бродлинков. Сега ќе прочитам. Не треба да ги променувам условите, јас уште на почеток многу културно прашав за 3 конкретни клима уреди. Само ме праша суми за ситуацијата, и јас се потрудив да подобјаснам. Условите се тие, цените се тие ако нема попуст. Секако пожелно е сугестија слична на 3те наведени клима уреди погоре ако има некоја подобра од нив.

Бродлинков ако е 13$ е многу фина работа.
Вака за 60-70м2 тоа не се клими за тебе, со потенцијален исклучок за тошибата.

Барањата ти се малку контрадиктори, климите кој ги пиша се со одреден буџет и верувам не би одел над него, бидејќи барањта може да се исполнат АМА со многу поголем буџет за клима.

За буџетот кој го пиша и потребата на просторијата ке мораш барем делумно да се откажеш за некој од нив. Бидејќи муабетот е да се стоплеш без досадни и чести дефрост правење мој совет е да не бидеш толку строг кон бучноста. За поголема просторија потребен е поголем проток на воздх што значи поголема бучност. Таа поголема бучност не е драстична но сигурно не е 30db.
Воедно секаде е декларирана минималната бучност во најбавна брзина, 5.5kW клима за 60-70м2 салон СИГУРНО нема да работи на минимум и да постигне температура, така да освен тоа што на лист ке го пишува 30-35db во реалност ако сакаш да ти е топло нема скоро никогаш да го осетиш.

За 70м2 5.5kW може да биде и малку сепак зависи од клима и од изолација/загуба на топлина и слично.

Бидејќи примарна работа е добро да грее и со помалку правења на дефрост во буџетот кој го опиша јас ке ти предложам други два модели на клима уреди, пак ке кажам ке го игнорирам барањето за бучност бидејќи и да го има декларирано никоја клима нема да го испорача во реалноста ако сакаш да се стоплиш.

Прв избор би била:
GREE GEH18AA-K3DNA1C
https://klimi.mk/product.php?id=146

Ако немаш простор да ја монтираш ( би требало да имаш во салон од 60м2 )

Тогаш GREE LOMO GWH18QD-K3DNB4G
https://klimi.mk/product.php?id=107

Многу кратко ке објаснам зошто овие модели:

1. Влегуваат во буџетот кој го пиша. Поскапи од грее ломо еко со wifi и haier-от но поефрина од Тошибата
2. Греат до бесвест :) како што побара.
3. Ефективно грее до -20 така да сегашниве температури до -15 многу полесно ке ги поднесува и многу поретко влегуваат во дефрост ( јас го имам вискомонтажниот модел ја немам воопшто видено да направи дефрост )
4. Има греачи на надворешна единица
5. Може да се направат да се командаат одалеку со мала доплата.
6. Имаат најмногу гаранција, 5г.

Единствена негативна работа е што имаат повисока декларирана бучност што пак ке кажам во 60-70м2 во споредба со друг модел со ист буџет пак ке бидат слично бучни бидејќи потребен е проток на воздух за да одржуваат топло во толкава просторија.
 

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.833
Skopje
www.wemaxa.com
На минус 12 (а ноќта сигурно беше -20) кај мене Mitsubishi-то почна да оди често во defrost и го исклучив (МSZ-HJ-35VA/MUZ-HJ-35VA , до -10С, energosistem.com.mk) а Fujitsu-то (FUJITSU 24000 Btu/h (7.1/8.0 kW), Model: ASYG-24LFC / AOYG-24LFC / до -15С / hidroset.com.mk) почна да тече ко...ај да не кажувам.

Единствено сега фура на -29 наместено, Gree Hansol Nordic од gree.mk (https://klimi.mk/product.php?id=161) - говедо од клима, цел декември околу 2000 денари ме фати греењето, комшијата со иста квадратура околу 8000 ден плати користејќи електрично котле. Тоа е таа разлика 4 пати (COP 4) помеѓу топлинска пумпа и класичен греач (во било која варијанта, калорифер, ел. котле, улјени радијатори, термопечки итн).

Tопла препорака за било што од Gree палетата, особено Lomo/Hansol сериите. Гледајте само на следниве работи:
- EEV (електростатски вентил наместо капилара во надворешна)
- Двореден изменувач
- Што потешка надворешна единица (под услов да нема цигла :)
- Што поширока power регулација, т.е. да може на 150-250W да работи минимум
 

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
228
149
Непозната
Момци ајде малку помош, се размслувам за Gree клими за 20м2 соба, собата е релативно топла, со тоа што под неа има друга соба кој се загрева на дрва, па така да се загрева минимално со оџакот кој поминува низ едниот ѕид, не е изолирана и е се наоѓа на јужна страна, ме интересираат овие 2
http://gree.com.mk/index.php/produkti-uslugi/klima-uredi/dzidni-klimi/299-lomo
и
http://gree.com.mk/index.php/produkti-uslugi/klima-uredi/dzidni-klimi/297-amber

и оваа што им е на промоција
https://www.facebook.com/5673478267...7347826779846/642751502572811/?type=3&theater

дали е иста со првта ломо горе, и која е разликата во моделите
gwh12yc-k6dna1a/1 и gwh12yc-k6dna1a/0
 

Makedonec^

hello world
21 ноември 2012
169
123
Дечки ја имам оваа клима-инвертор VIVAX ACP-12CH35AEVI GOLD.
Веќе врти над 48часа, а надвор еве за некој саат ќе дојде -20c.

Моето прашање до вас поискусните е:
Дали на големи минусни температури е добро да се остава подолго да работи климата, или е подобро да се гаси во текот на ноќта?

п.с чисто како податок климата е пуштена на 23c да топли 20м2, и температурата нема паднато веќе 48 часа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.778
6.484
SK
Таман работа 12000 БТУ клима ако не може да загрее 20 квадратни метри. :)

Нема економска (ни било каква) логика климата да ја гаснеш ноќе ако планираш да ја пуштиш наутро. Не само тоа, туку и ако климата нема грејач на компресор - секогаш постојат шанси на ладен старт да се оштети компресорот во надворешната единица.
 

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.833
Skopje
www.wemaxa.com
Kaj воздух-воздух топлинска пумпа (клима) најважно е соодветно димензионирање, односно да се димензионира во однос на топлинските загуби со што никогаш компресорот не би изгаснал и би реботел нон-стоп. Предимензионирани инвертер клими знаат да се однесуваат исто како класични on/off. Поддимензионирани пак ќе работат на висока фреквенција т.е. ќе го оптеретуваат компресорот константно. Ниту едното ниту другото не е добро. Препорачливо е да работи 24/7 климата со тоа што во периодот кога просторијата не се користи да се намали температурата, на пример ако греете на 24-5 додека сте внатре да се симне на 20-1 кога не се користи. Доколку климата не е наменета за работа на поларни температури, ќе влегува во defrost режим цело време. Јас лично кога веќе падна под 10 ја исклучив мицата, на 15 го исклучив и фуџицуто. Hansol-от од Gree сега работи и планирам парното да го вклучам ако продолжи студениов бран.

На кајгана има тема од 700 страни, кој има нерви да чита меѓу редови, да филтрира дилери и застапници на одредени брендови (Gree се прилично напорни таму), може доста да научи.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.778
6.484
SK
Кај мене Тошиба и Gree работат, ама приметувам три работи. Прво ефикасноста е падната и потрошувачката е зголемена (Gree не се симнува под 1.2кв). Второ осетно се побучни надворешните единици. Трето Gree почесто влегува во дефрост.
 

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.833
Skopje
www.wemaxa.com
Кој модел од Gree?

Кај мене Тошиба и Gree работат, ама приметувам три работи. Прво ефикасноста е падната и потрошувачката е зголемена (Gree не се симнува под 1.2кв). Второ осетно се побучни надворешните единици. Трето Gree почесто влегува во дефрост.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.778
6.484
SK
Change 12ка.
Aма го слушам и Ломо на долниот спрат стана прилично бучен деновиве.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.778
6.484
SK
кога веќе падна под 10 ја исклучив мицата, на 15 го исклучив и фуџицуто. Hansol-от од Gree сега работи и планирам парното да го вклучам ако продолжи студениов бран.
Чекај, во иста просторија ти се монтирани трите клими?
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.049
1.135
Куманово
Доста ладно денеска, моментално е -22* надвор, внатре на излез со овој термометар :D покажува 44* (±1*) на 1,7кв потрошувачка, преку ноќ 100% има отидено и преку 2кв :(

IMG_0906.jpg

@Makedonec^ дедо ми има слична Вивакс 12ка али мислам дека неговата пишуваше до -15*, работи нон-стоп ама погрешка ја исклучиле и потоа молба пак да се вклучи :confused: незнам зошто.
 

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.833
Skopje
www.wemaxa.com
На температури под -7(-10 за скапите добри уреди), COP вредноста паѓа драстично, односно на околу 1.5-2. Со оглед дека топлинската пумпа нема акумулаторски капацитети (да складира енергија), на овие температури веќе е сеедно дали се греете со клима или имате термо печка која ја работите во ноќните саати (ефтина тарифа) и потоа таа акумулирана топлина се користи во текот на денот (+/- COP-от тука се изедначува). Ова не се однесува на калорифер или друг уред базиран на принцип греач+издув кој условно би се користел во текот на целиот ден т.е. на скапа тарифа.

Разгледајте термодинамика, доста интересна гранка е, можеме на долго и широко да разговараме на оваа проблематика што посебно денешно време се актуелизира со популаризација на обновливи извори на енергија, па здравје вака гиковски може ќе конципираме или изнајдеме некој поволен затворен систем за греење/ладење со комбинирање на сончева енергија (имаме 290 сончеви денови), ветер, геотермални извори итн.

Гикови+алиекспрес+тапа движење на поле ИТ = win-win.



Доста ладно денеска, моментално е -22* надвор, внатре на излез со овој термометар :D покажува 44* (±1*) на 1,7кв потрошувачка, преку ноќ 100% има отидено и преку 2кв :(

Погледнете го атачментот 51494

@Makedonec^ дедо ми има слична Вивакс 12ка али мислам дека неговата пишуваше до -15*, работи нон-стоп ама погрешка ја исклучиле и потоа молба пак да се вклучи :confused: незнам зошто.
 

xenon

░1+1=1░
15 јануари 2011
4.806
12.833
Skopje
www.wemaxa.com
Би било добро администрација да креира тема околу термодинамика/климатизација/обновливи извори на енергија. Тоа стана толку широк поим кој веќе комотно влегува во полето на интерес на ваков форум. Се користи софистицирана контролна електроника за контрола на притисок, движење на компресирани гасови, течности под притисок, има конверзија на видови на енергија, размена на енергија итн. за која на форумов имаме доста опасно стручни батки кои фино и калкулирано можат да движат една дискусија или да објаснат. Посебно интерес момент (од ИТ аспект) е што електрониката која се користи во овие уреди мора строго да содејствува со одредени стандарди, да функцинира под одредени услови без отстапки, затоа што температурите и притисоците кои се развиваат во овие системи се опасни по животот и здравјето на луѓето, и условна хаварија може да има катастрофални последици, како материјални така и по здравјето.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.390
977
Јас со обична он офф фаворит,на минус 15 или колку беше вчера,работеше цела ноќ.
fda006f8c8c3ed94cae639c0dd6acf95.jpg

69ca190fb0c69ab1a7d4c7ed5fca03ba.jpg

Не е изгасена два дена

Вчерашни слики
5584ddcc711d3fe6e91fd1bc281858d2.jpg
34c0616137618011f11fe0f0bd3f96b7.jpg

Да напоменам дека има митсубиши компресор,р22 фреон,3.5кв,и ја имам добро дополнително изолирано делот кај компресорот...
Максимална потрошувачка што ја имам измерено била 1250 вати.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.593
19.311
Вивакс он-офф 18-ка монтиран 2010 си грми на -20. Не гасни, претворен е во калорифер (падната ефикасност ) и ретко дефростира.
Панасониците инвертер дефростираат како луди. За да не дефростираат треба да ги местиш на 22 степени што на крај те носи до заклучок дека треба да имаш парно на струја како бекап.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046
Што е разликата меѓу климиве што тераат до -15, -20 и -30? Кои се со варијабилна компресија? Кои се најекономични? Зборат ЦОП 4, ЦОП 8, а во спецификации сите се 3.6 евентуално 4.4 ептен ретко. Што е работава? Грее хансол -30 зошто се поспецифични од другите Грее?
Тошиба даисекаи или сузуми? Што е подобро И ЗОШТО?

Кај мене Тошиба и Gree работат, ама приметувам три работи. Прво ефикасноста е падната и потрошувачката е зголемена (Gree не се симнува под 1.2кв). Второ осетно се побучни надворешните единици. Трето Gree почесто влегува во дефрост.
Ова е муабет убав! Реална споредба. Сподели повеќе за моделите на климите кога ќе можеш.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.778
6.484
SK
^
Gree Change, Тошиба Сузуми плус. 12к BTU се двата модели.


Доста ладно денеска, моментално е -22* надвор, внатре на излез со овој термометар :D покажува 44* (±1*) на 1,7кв потрошувачка, преку ноќ 100% има отидено и преку 2кв :(
Реално ова се веќе температури за т.н. арктик модели на клими. Но немаме доволно ладни денови под -10 во годината за да има економска логика купувањето на такви клими. Ќе се пушти некоја греалка, а кој има термо печка (како што кажа Ксенон) уште и евтино ќе ги помине деновиве.


Би било добро администрација да креира тема околу термодинамика/климатизација/обновливи извори на енергија. Тоа стана толку широк поим кој веќе комотно влегува во полето на интерес на ваков форум. Се користи софистицирана контролна електроника за...
Ова можеме и самите. Освен ако меѓу администраторите нема некој стручен за термодинамика, па да направи подобар уводен пост во таква една дискусија. Инаку да, тоа дефинитивно била интересна дискусија.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно