Како што пишав порано Вивакс Аери беше 1 месец на поправка во Паком ставиле нов компресор ја донесоа ја монтираа климата и сега покажува P0 грешка. Климата се оклучува работи постигне темп и се гаси и после тоа за повторно да почне да работи компресорот почнува да работи и кога започнува да ја намалува работата климата како да издишува и покажува P0 на внатрешната и се така прави се додека не ја зголемам температурната разлика на пример собна да биде 22 а на клима зададена 25/26 за да може климата да почни да работи и се така кога е разликата собна 22 зададена 23 компресорот стартува со цела моќ и за рок од 10 секунди почнува да ја намалува својата работа и покажува P0. Тогаш ја гасев климата од штек на 5/10 мин но иста песна се повтараше, побараа да мерам напон ајде повикав електричар рече дека бил ок напонот. Се договорив со луѓето кај што ја купив и со луѓето од Паком истата да ја извадат одново но сега комплет и внатрешен и надворешен дел и да им се прати одново на сервис. Се ок тоа климата до вчера ја покажуваше грепката P0 и пошто ме нервираше страшно синоќа ја изгасив од штек цела вечер, утрово ја уклучив и сега климата работи и ја нема грешката P0, си работи како што треба. И сега некој да ми објасни што е маката со климата да им ја пуштам на сервис или не, незнам што да правам. Тие таму рекоа дека климата ја тестирале 1 недела немало никаков проблем кај мене 2 недели си играше запали/изгаси се до денеска каде работи без проблем, и сега незнам што да правам.



