Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

klima fan

lurker
14 јуни 2021
614
342
Совет околу купување на клима за мало собче од 10 м².
Собчето е на јужна страна и е целосно осветлено со сонце. Изолирано е сосема океј, освен едниот ѕид кој е надворешен и има врата + двокрилен прозор, дрвени.

Буџетот е ограничен и гледам да поминам што е можно поевтино.

Ги гледав овие две опции, иако читав дека Вивакс и Мидеа се "сестрински" брендови.
Дали би биле доволно за греење?
Може и препорака за нешто друго.

Овој модел за 10м2

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.497
2.948
Во случајот, поради малите димензии на собичката, подобро е помал инвертер (ако е голем и наддимензиониран, ќе се изгуби комфорот со честите он-оф палења и гаснења). Затоа е предложен тој.
Е сега, тоа што е поскап, а помал...ако го нема на друго место за поефтино, го земаш од таму кај што го има, по цената што ја има.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
614
342
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
А ако биде климата 3.5KW со солидна модулација (да знае да спушти до 200W), има проблем што собата е мала (10-15m2) и со сите нишани (дограма, изолација)?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.497
2.948
А акоиде климата 3.5KW со солидна модулација (да знае да спушти до 200W), има проблем што собата е мала (10-15m2) и со сите нишани (дограма, изолација)?
Тоа е веќе некој граничен случај, во смисла на идеален инвертер, плус од високата класа, во превод најскап.
Ако буџетот не е проблем, јапонец кој многу ниско модулира, теоретски ќе работи комфорно и во тие просторно-изолациски услови.
Ама, тоа би бил скап експеримент, па не би сакале некому да му ги трошиме парите, а не сме сигурни во исходот.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.562
19.245
А ако биде климата 3.5KW со солидна модулација (да знае да спушти до 200W), има проблем што собата е мала (10-15m2) и со сите нишани (дограма, изолација)?
Тие услови ги исполнува Mitsubishi LN35 @zlatko_ti412 многу пати го има потврдено ова.
Потоа, но не ставам рака во оган, Toshiba знаат да спуштат прилично ниско.

Ова се клими од преку 1000 евра така да..

Кај кинеските клими (мислам дека не само кај нив) често се работи за софтверски ограничен модел (компресор од 3,5-ка во 2,5 модел)
Или пак компресор од 3,5-ка со искасапен надворешен изменувач итн.
Од таму и сличните цени (околу 1000 денари разлика до 3,5-ка. Тоа што нашите трговци се алчни створења тоа е друга работа)
 
Propeller

hello world
5 февруари 2015
214
205
Фала ви многу на советите. Пошто не се разбирам, а гледам дека 2.5 е поскапа од 3.5, кој би бил бенифитот да се земе помалата?

Дали потрошувачката ќе е помала? Ќе топли повеќе?
 
Тошиба Еџ 7KW во 45 квадрати работи моментално на 200W, ја има видено и на 160, можеби привремено.

Треба 2 клими да земам за 2х16м2 и најверојатно треба да одам со јапонски за да не работат он/оф, имам Гри Ломо 3.5, таа не спушта под 400-450W.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005

Е тоа сподели! Шораи еџ 18ка? Со двојниот компресор?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Фала ви многу на советите. Пошто не се разбирам, а гледам дека 2.5 е поскапа од 3.5, кој би бил бенифитот да се земе помалата?

Дали потрошувачката ќе е помала? Ќе топли повеќе?
Ако ти е само за греење, да размислиш за некоја панелна греалка? 4-5000 ќе те чини, 10 квадрати веднаш ќе ги згрее. Со разликата до цената на клима ќе плаќаш струја за греење со години.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
А дува дур е вака 200? За 22јка ова е ненормално ниско, ако воопшто е вклучен компресорот. Ова да не се вентилаторите само?

Како и да е очигледно Тошибите се бест бај кај нас, само да не се основните. Еџ 18ка ми е мене фаворит. 22 не сум ни гледал, ама ако имаат волку ниско модулирање стварно вреди човек да се замисли и за 22, зошто да не. Барем кога ќе е лето и треба брзо ладење - ќе си имаш грч за брзо.
 
Дува нежно, млакичко, кога е потопло, ако не е ~200W тогаш е 300-330W. Ќе проверам со термометар.

Е малку појака од што треба ама Ресен се (беа) малку позаебани зимите па за секој случај.
 
Propeller

hello world
5 февруари 2015
214
205
Ако ти е само за греење, да размислиш за некоја панелна греалка? 4-5000 ќе те чини, 10 квадрати веднаш ќе ги згрее. Со разликата до цената на клима ќе плаќаш струја за греење со години.

Не е само за греење, ќе се користи и за ладење. До сега беше на панелка и не ми се исплатеше, реално.

Моите ја имаат таа најефтината од Вивакс, 18 000 што е. Слаба е за греење, иако они секако не ја користат. Па затоа ми беше првично дали оваа што е малку подобра би била океј за 10 квадрати.
По потреба ќе се отвора и врата, ќе топли/лади и во ходник доколку условите се океј.

Ме замисливте само за 2.5, не знам која е предноста, но, најверојатно ќе идам на Вивакс, таа од 20к. Не ми се доплаќа уште 50 евра за Мидеата, кога исто ќе ми бркаат работа.
 
Пишавме погоре, ама се изгубил советот од многу совети :)

Испратено од телефоно
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.071
6.005
Да, прениско е тоа модулирање. Сме зборувале многу пати дека при греење под 350w и под 38ц не треба да паѓа температурата на издувот.

Ама како и да е ова е добра клима за генерална препорака и ќе врши работа за многу подрачја.
 
28 јануари 2017
2.062
4.725
Ресен
Не му дадов време да се стабилизира и измери убаво, веднаш сликав кога го ставив термометарот.

200W, 33C.
 
Атачменти

  • 20240323_104845.jpg
    20240323_104845.jpg
    75,5 KB · Прегледи: 35

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Не му дадов време да се стабилизира и измери убаво, веднаш сликав кога го ставив термометарот.

200W, 33C.

Таман е тоа.... посекако нема да стоиш ти со главата веднаш под неа па да осетиш поладно....
А таа ќе си дувка тивко и ќе си одржува удобно по дома во преодниве периоди со трошок колку 2 сијалции.

Еве од Мицубиши LN35 кај мене... вчера сликнав да споделам ама не сум стиснал пост...

Screenshot 2024-03-23 at 09.00.08.png
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв