Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?


  • Вкупно гласале
    722

InSides

lurker
21 февруари 2009
763
2.021
На царина бе брат, ме знаат со години идам, по име ме знаат све

Ах, добро, дека јас го читам ова...

Јас немав проблеми со тоа да пријават на полиција, нормално знаевме дека не пријавиле, пошто и они знаат дека не е за полиција работата, плус ме знаат таму секад сум бил фин

...и некако следствено ми е дека те знаеле во полиција и дека таму секогаш (секад веројатно тоа значи) си бил фин, и малку се загрижив и велам да се потврдам. Не е белки толку страшно за во полиција.

Ама среќа, лошо сум разбрал.
 

Gaming Pal Ollie

hello world
14 февруари 2024
162
135
@Gaming Pal Ollie, не навредувај и припази на јазикот, не ни отварај работа.
Добро не согледувате вие дека немора некој да користи навредливи зборови за да навредува? Јас цело време никого не навредувам ама реагирам на одреден тип на однос што е навредлив, подол и саркастичен без потреба.
Помини низ целиот топик и кажи кога некого сум навредил ако не бил со мене прво он пасивно агресивен, саркастичен или циничен?
Кога се нервирав за тоа што бараат рефундации со право се нервирав, ете го резултатот од таквите работи го постирав, така да и тука не сум реагирал не провоцирано.
Кого го навредив? Навреда е што дирекно кажувам да се збори а не да звучат како Хихирику од 82 на МРТ? Навреда е да кажам дека претеруваат со саркастичен и циничен однос? Не е.
Плус јас темава за царина си ја завршив, сега тој како и да беше последниот што го ставив на игноре, што ме буквално лажно прво праша со фино нештп, му одговорив па после даде саркастичен одговор ја буцка работата, епа неможам јас на секое саркастично и цинично понашање да преќутувам. Пошто ми е на игнор човекот и он сега, незнам дали и нему му го избришавте постот али мојот одговор сте го избришале, зашто? Пошто м у викам да не биде циничен и саркастичен без потреба.
InSides се викаше тој сеа ми текна, ако му се уште тука постовите, браво. Јас сум проблемот што јавно повикувам и отворено да не се користи толку сарказам и циничност цело време без потреба, а мене ме бришете што со право реагирам.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.055
7.727
Решение е да се бришат сите постови со ад хоминем напади како прва опомена. Втора да се блокира членот на извесен период... Дискусија за теми а не за луѓе.
 

Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Јас не знам дали има ефект да се пожалам пошто сум на игнор, ама две комбинирани пратки преку Узбекистан направија повеќе од 4 месеци од нарачка, нема ни трага ни глас да се појават во пошта. Последен статус во вреќа од прва половина на март. За поновите да не правам муабет.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.244
2.681
Јас не знам дали има ефект да се пожалам пошто сум на игнор, ама две комбинирани пратки преку Узбекистан направија повеќе од 4 месеци од нарачка, нема ни трага ни глас да се појават во пошта. Последен статус во вреќа од прва половина на март. За поновите да не правам муабет.

тие не ги обновуваат тракинзите додека не стигне на 1005 па во пошта кај тебе. Имав една таква од узбекистан.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.300
11.839
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro
Нарачувај батка само со Aliexpress Standard Shipping или она Choice што е, се друго касни со месеци или воопшто не стига, а овие што ги спомнав одат преку приватните пошти стигаат за помалку од еден месец. Малку е поскапо така ама бар сигурно ги добиваш пратките во разумен рок. Барем сега за сега е така.
 

Titanium

hello world
1 март 2024
360
196
Нарачувај батка само со Aliexpress Standard Shipping или она Choice што е, се друго касни со месеци или воопшто не стига, а овие што ги спомнав одат преку приватните пошти стигаат за помалку од еден месец. Малку е поскапо така ама бар сигурно ги добиваш пратките во разумен рок. Барем сега за сега е така.
Не се проблем поголемите работи. Ова ситнициве ги нарачувам во момент кога ќе ми притребаат поединечно. Искрено кога ќе видиш 10 продавачи со цена од неколку 100-ки со шипинг и еден што го продава за стотина денари...
Господ знае од кога нарачувам од Али, ама сега го претераа.
 

puscyfer

hello world
10 декември 2010
63
163
Изгледа конечно ке добијам пратка после 90+ дена маринирање во магацините на поштава. Интересно, декларацијата била угината, па ајде пратив на мејл. Па на раче. И кај тоа од 15 долара вкупна цена извадија 1200 денари давачки. Паушално ги вадат износиве?
 

Indigo44

read-only
3 февруари 2026
15
6
Изгледа конечно ке добијам пратка после 90+ дена маринирање во магацините на поштава. Интересно, декларацијата била угината, па ајде пратив на мејл. Па на раче. И кај тоа од 15 долара вкупна цена извадија 1200 денари давачки. Паушално ги вадат износиве?
Се што е неспособно го исповработија во администрација, а ти очекуваш да сработат нешто професионално, како ќе му дојди така си го царинат, ако прочиташ малку поназад ќе видиш дека имаше пратки декларирани по 50 долари си ги пропуштаа без никакви давачки .
 

Titanium

hello world
1 март 2024
360
196

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.534
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
После 2 месеци и 20 денови, порачката е спремна за преземање! Лошата вест е што имам давачки за прв пат иако се работи за ист производ кој го земав без дополнителни давачки претходно со години. За околу 4.800 денари вредност на производот треба да платам 1.100 денари.
 

Indigo44

read-only
3 февруари 2026
15
6
После 2 месеци и 20 денови, порачката е спремна за преземање! Лошата вест е што имам давачки за прв пат иако се работи за ист производ кој го земав без дополнителни давачки претходно со години. За околу 4.800 денари вредност на производот треба да платам 1.100 денари.
Тука негде е пресметката, 864 ден. (18% од вредноста) + за царински преглед = 1.100 денари. Треба да се внимава информатичка опрема и софтвер(компјутери, лаптопи, таблети, компјутерски компоненти - процесори, матични плочи, графички картички, RAM меморија, софтверски програми), книги и публикации, лекови, медицински помагала, ортопедски уреди и материјали за лица со посебни потреби, подлежат на 5% ДДВ.
 
15 септември 2012
1.161
1.300
Ова искуство морам да го поделам со вас.

Момци и девојчиња, колку и да јадеме фекалии против македонската пошта, сепак во некои области имаат поквалитетна и побрза услуга а и поевтина услуга од приватниве.
И тоа во доменот на тоа што го викате „карго“, макар да е далеку од значењето на изразот, повеќе би рекол дека се делумно способни за пакетска услуга...

Лани испраќав пакет со хартија со тежина од 3kg (еден топ хартија отпечатен и запакуван во картонска амбалажа) од Скопје до Велес и ми наплатија 500 денари во елс. Иако на веб страната пишува дека нивната услуга може да се плати со Visa платежна картичка со 15% попуст, услугата ми ја наплатија во пари па бев принуден да барам банкомат во кој има пари... Лажат за тоа Visa-та и сите се прават луди, демек никој не знае ништо, ниту пак нивниот комерцијален... Е, да... Пакетот патуваше од Скопје до Велес цели четири (4) дена. Се јавував седум-осум пати да откријам каде е заглавен пакетот.

Лани исто испраќав пакет до Штип со слична тежина преку елс. Исто 500 денари, транспортот траеше 8 дена (со вклучен викенд) и безброј телефонски јавувања за да го убрзам доставувањето на пакетот.

Пред две недели испраќав пакет со отпечатена хартија со тежина од 13 kg (пет топа хартија двострано печатени и запакувани во картонска амбалажа) преку Македонска пошта во Струмица. Плаќање исто со книжни пари (ама за разлика од претходниве - не лажат дека може да се плати со Visa платежна картичка). Цена на услугата 430 денари. Време за испорака на пакетот еден (1) ден: денес предадено - утре испорачано. Ниту јавување, ниту интервенции, ништо. Најнормално и културно.

Е сега споредете
3 kg - 4 дена - 500 денари до Велес (50 km) - елс - нервоза и телефонијада: бакшиш
3 kg - 4 дена - 500 денари до Штип (80 km) - елс - нервоза и телефонијада: бакшиш
13kg - 1 ден - 430 денари до Струмица (150 km) - Македонска пошта - без нервоза и телефонијада

Далеку се од професионалност приватниве.
Пред неколку години имав слично, многу непријатно искуство со карго експрес од Битола, за пратка од Битола до Скопје... Ја изгубија, ме лажеа две недели, овде е, онде е, за на крај да отидам кај нив и да ја најдат пратката кај референтот на врвот на бирото...
А имаше и друга случка со нив, симни се да ја земеш пратката, па каде си, па не те најдов, па сега сум во Бардовци, па во Капиштец, па пред шитимол, па се надлажувавме, додека да го откријам нивното комбето пред кафанче...
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
763
2.021
Лошата вест е што имам давачки за прв пат иако се работи за ист производ кој го земав без дополнителни давачки претходно со години.

Не би рекол лоша вест, не би рекол ни неочекувана вест - производ со вредност од 4,800 денари никогаш не бил формално ослободен од давачки.

Во најмала рака ќе требало да платиш ДДВ.

Треба да се прифати фактот дека ослободувањето од давачки на вредност која е над законските лимити е привилегија, а не обврска на царинска служба.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.534
3.133
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Па, што знам. Медицинско помагало е, a тука ми го понудија три пати поскапо во оптика. Океј не е многу царината или ДДВ-то, ама сепак подобро беше кога стигаше за три недели и не ми наплаќаа :)
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
763
2.021
Океј не е многу царината или ДДВ-то, ама сепак подобро беше кога стигаше за три недели и не ми наплаќаа :)

Ако не се произведува во Македонија, глупаво речиси незаконски е да ти наплаќаат царина. Но наплаќање на данок е обврска, без разлика на сумата (над ослободувањето).

Ослободувањето е наменето како олеснителна околност за ситни работи, но и како механизам против злоупотреба.

Не ми е целта да дебатирам дали и како се користат средствата собрани од даноците - само да напоменам дека данокот е граѓанска обврска под општествениот договор.

На толку хејтање што и удривме на пошта наспроти експресните служби, статистиката покажува дека на поголем број пратки преку Пошта сум бил ослободен од плаќање давачки, додека тоа не се случило ниту еднаш со експресни служби.

Има поента што е Пошта субвенционирана од буџетот. Само што ние често не знаеме да погледнеме подалеку од личните потреби, па се чувствуваме обесправени.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно