Никаде не спомнав на секои 6 месеци. Генералка се подразбира секоја година пред да почне грејна сезона.Вадење на перката на секои 6 месеци е непотребно ризикување. Климата е под 40 Bar притисок. Што помалку молкнење на испарителот толку подобро.
Одмастувач никако. Многу е агресивен на лимовите. Настрана што ќе ги поцрни на долг рок ќе ги разлабави од цевките.
Сакам да кажам, Арис и слично многу ретко и тоа под услов да се работи за пушачка просторија и да биде растворен.
Најдобра работа што човек може да ја има по дома е парочистач кој исфрла пареа под притисок.
Мој совет исто така е да внимавате со концентрациите на Дизентал. Тешко се плакни и е леплив.
Кога веќе цепидлачиме за одмастувач, обичен антибактериски течен сапун за раце растворен во жешка вода, пребришување на белите пластики и каналите околу перката, лимовите се пресмукуваат и ги прскам со пумпица.
Дизенталот е тој, ready to use.