Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo

ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
Немам време да си го губам си вас бе
Ни вадам зборови ни ти извртувам.... ти коментирав за тоа што сум уверен дека не е како што го раскажуваш.
Ова твоиве постови никој не може да ги чита како целина пошто вртиш теми и ги апстрахираш до недоглед.... и на сите им замераваш оти не те читале и ти одговарале само на одредени контексти.
Скрати малце и биди поконцизен.

Сеа знаеш или не знаеш? За сојалот капа им симињаш?
btw. Ти си единствениот што фаворизира бренд/модел тука.... никој друг не изјави дека според него ХХ модел бил најдобар моментално.... а ти на сите покажуваш со прст вие вака вие така.
Работата отиде сосема во друг правац од првобитната..
За мене во дизаин и естетика е најубав климатизер, Фирмата се потрудила и тоа мора да им се честита и ништо повеќе..
а за добар производ има уште многу параметри и за тоа ќе зборуваат корисниците
Јас сум реален човек и секогаш реално и рационално гледам на работите,без разлика на предрасудите.
Мислењето е автоматски споено:

Ако не си чул и така увезуваме. И тоа троа поеќе. И споредбава ти е многу глупа, исто како тоа дека грее се топ фирма. Не фаворизирам и не сум досега ниедна клима, не сум кажувал имиња, за секој џеб си има. Ама секогаш кажувам што не, нарочно ако е за ГРЕЕње.

Него пиши им на брендовиве по светов да почнат се сами да си прават, дури и струја, инаку ништо од нив.

п.с. уште чекам да го видам тој ИПОД телефонот.

Sent from my Телефон using Tapatalk
Прво седни и проучи што е глобализација,и размислувај со своја глава оти од прочитано,научено и размислено (кон што води,кој ја води,зошто,кој и каде прв започнал) има голема разлика, Оти во Глобализација сите мислат оти се играчи али на крајот испаѓаат како робови..на некој..А за грее не ме интересира и за било која фирма,оти вие сте го изгубиле заборавиле значењето на форумот..и е претворено во препирања,и омаловажувања,навреди,
Пак овие од грее земаат плата,ама вие што..освен ако не сте повеќето дилери на клими,во спротивно глумите лудило ..
Веќе не се препирам,а понатака ќе ви ја кажам и правата улога на форумовв од која сте одстапиле
 
Последна промена:

Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Вентилатор на внатрешна единица сменил некој? Колку пари се движат и од каде се набавуваат?
Вентилатор = моторот шо ја врти перката или самата перка?
Сакам да го сменам моторот на Виваксот ама не знам кај да се обратам.. Паком?

Дино Јутуберот има детално видео:

Поправка на стариот:
 
Последна промена:

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Вентилатор = моторот шо ја врти перката или самата перка?
Сакам да го сменам моторот на Виваксот ама не знам кај да се обратам.. Паком?

Дино Јутуберот има детално видео:

Поправка на стариот:

Ахаха кој цар. Ето недам 100 марака решио сам.

Чујеш? Чујеш? К*рац мој чујеш - чика Куре.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Вентилатор на внатрешна единица сменил некој? Колку пари се движат и од каде се набавуваат?
Јас имам неколку пати менувано кај пријатели и постапката е вистински давеж. Ретки се моделите каде што не треба да се подига испарителот.
Ако се одлучите на ова ве советувам да бидете екстремно внимателни кога го подигате испарителот за да ја извадите перката.

Треба да се подигне точно колку да се провне. Испарителот е под притисок, затоа.

Ако моторот е „принцип“ како на сликата ви препорачувам да ги смените лагерите.

Иначе моторите се скапички и нема шанси да поминеш под 70 евра заедно со работна рака.

Поновиве кинески клими (уназад 3-4 години) ретко истеруваат повеќе од 3 години. И кинезиве го имаат намалено квалитетот. Ставаат евтини лагери.
Лагер кој се најдува во силно магнетно поле сепак треба даа биде поквалитетен од еквивалентите.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Според видеото на босанецот, голема глупост е што происзводителите на клими ставиле лагерчиња од 10 центи наместо од 15, и сега сите клими ќе паднат на лагери за 3-4 години а сервисот е големо малтретирање. Башка комфорот за тие 3-4 години со вентилатор кој е бучен е ужасен.

@FLEGMA од каде ги купуваш моторчињата за вентилаторите? Дали се универзални, неколку димензии кои се фаќаат за повеќето клими?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
@FLEGMA од каде ги купуваш моторчињата за вентилаторите? Дали се универзални, неколку димензии кои се фаќаат за повеќето клими?
Ништо јас не купувам. Пријателите каде што им помагав си имаа купено.

Кај кинеските е полесно бидејќи во 90% случаи се исти моторите но сепак треба да се провери.

Не може рандом затоа што сепак се работи за софистициран мотор кој комуницира со климата.

Лагери во SKF претставништво. Трајно решавање на проблемот се прави со местење на керамички лагери. Ги има на ebay но треба нурање затоа што има многу дубара лагери.

Ги местат по заболекарски машини, точаци, скејтборди и сл.

Јапонските клими се подобро решени во поглед на овој проблем но некои, како Panasonic на пример, се ноторни по откажување на лагерите.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Сакам да ставам изолација надворешна(има куќата веќе фасада од оние што може со вода да ја миеш веќе 10+ год.) Ме интересире од овде некој кој веќе има што има ставено 5ка,8ца,10ка стиропор или стиродур, што е подобро да се стави или некој се има распрашувано по фирми но на крај се има одкажано сакам да слушнам каквк мислење имате и позитивно и негативно по тоа прашање зошто сум во дилема дали да ставам или не?
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.492
2.941
Сакам да ставам изолација надворешна(има куќата веќе фасада од оние што може со вода да ја миеш веќе 10+ год.) Ме интересире од овде некој кој веќе има што има ставено 5ка,8ца,10ка стиропор или стиродур, што е подобро да се стави или некој се има распрашувано по фирми но на крај се има одкажано сакам да слушнам каквк мислење имате и позитивно и негативно по тоа прашање зошто сум во дилема дали да ставам или не?
Изолацијата е секогаш добредојдена. Ако имаш пари за истата, не се мисли, купвај и изолирај. Во поглед на тоа дали 5ка, 8ка или 10 (дебелина на стирипоро), оди со најдебелата што можиш да си ја дозволиш. Според муабетите, од 8ка до 10ка, разликата во цените била многу мала (само за материјалот зборуваме). А после за монтажата на фасадата, цената си е по квадрат, па не влијае врз претходниот твој трошок за која дебелина панели ќе одбериш. За стиродур...шознам, оди со стиропор. Се разбира, има разлика во цена и за финишот на фасадата, односно дали и какво ќе било тоа ситното шо го малтарат на крајо, за убоо да изгледа ѕидо и да трај поќе.
Да скратам: клавај изолација, ќе ти вреди и во лето и во зимо.

П.С. Убоо шо си почнал да пишваш и кирилица :)
Испратено од телефоно.
 
Последна промена:

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Сакам да ставам изолација надворешна(има куќата веќе фасада од оние што може со вода да ја миеш веќе 10+ год.) Ме интересире од овде некој кој веќе има што има ставено 5ка,8ца,10ка стиропор или стиродур, што е подобро да се стави или некој се има распрашувано по фирми но на крај се има одкажано сакам да слушнам каквк мислење имате и позитивно и негативно по тоа прашање зошто сум во дилема дали да ставам или не?
Ќе згрешиш кога веќе ставаш фасада ако не ставиш 10 см стиропор. Мала разликата ти е само во цената на стиропорот, останатото (УВ врска, лепак, мрежа, абрихт, фасадна боја, мајстор по м2) ти е иста цена. Но голема е разликата на изолацијата од 5, 8 и 10 см.
 
alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Ќе згрешиш кога веќе ставаш фасада ако не ставиш 10 см стиропор. Мала разликата ти е само во цената на стиропорот, останатото (УВ врска, лепак, мрежа, абрихт, фасадна боја, мајстор по м2) ти е иста цена. Но голема е разликата на изолацијата од 5, 8 и 10 см.
Не е мала разликата во цена.
Фасада со УВ врска, фасадна боја и мајстор е околу 3 евра за м2. Толку платив оваа есен.
За со стрипор е 15-20 евра.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Разликата во изолација меѓу 0 и 5цм е непоимливо огромна. Разликата меѓу 5 и 10 е мала, ако воопшто може да се забележи.

Ако веќе имаш 3 слојни стакла и барем 3 гуми на прозорите, изолиран кров со барем 15цм може да се гледаат 10цм изолација. Во спротивно нема да има ефект.
 
Riku

lurker
27 ноември 2021
576
253
Разликата во изолација меѓу 0 и 5цм е непоимливо огромна. Разликата меѓу 5 и 10 е мала, ако воопшто може да се забележи.

Ако веќе имаш 3 слојни стакла и барем 3 гуми на прозорите, изолиран кров со барем 15цм може да се гледаат 10цм изолација. Во спротивно нема да има ефект.
Може да појасниш малку подетално на незналици како мене?
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Разликата во изолација меѓу 0 и 5цм е непоимливо огромна. Разликата меѓу 5 и 10 е мала, ако воопшто може да се забележи.

Ако веќе имаш 3 слојни стакла и барем 3 гуми на прозорите, изолиран кров со барем 15цм може да се гледаат 10цм изолација. Во спротивно нема да има ефект.
Разликата од 5 до 10 см е двојна во делот на изолацијата на ѕидот. Друга работа е изолацијата на таванот, а трета работа се прозорите, итн...
Се вкупно ја дава енергетската ефикасност односно топлинските загуби.
Еве вака сликовито... излегуваш надвор и ти е ладно. Облекуваш џемпер не ти е ладно, облекуваш врз него уште еден таков џемпер веќе ти е топло, ставаш капа, не ти стиди на главата, облекуваш чизми не ти студи на нозете, ставаш нараквици не ти студи на рацете.... Итн...
Исто ти е и со изолацијата... Стиропор на ѕид - џемпери, не е истo дали е еден или два, 5 или 10.
Изолација на таван - капа
Изолација на под - чизми
Прозори, врати, стакла - нараквици...
Итн...
Се надевам дека ја свати поентата...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Може да појасниш малку подетално на незналици како мене?
Ти да си побараш стручен совет затоа што совети за ова не се учат од форум.
Друго
Не е само стиропор во игра, туку и камена волна па рачунај и на ова. „Стиропор“ има 100 врсти па исто така рачунај на ова

И најбитно!
Фирмата која ќе го изведува ова треба да биде стручна во изработка на ваков вид фасади за да не се случи да ти ја откорне првиот посилен ветер.
 
Bi li ja izgubila ona kondenzaciona vlaga koja mi se pojavuva na kosinjata na nadvoresniot dzid vo spalnata so postavuvanje na stiropor izolacija e prasanje na koe nemozam da dobijam odgovor nikade. Trwba da frlam 3000 evra a istata moze dase pojavi i posle hm?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Bi li ja izgubila ona kondenzaciona vlaga koja mi se pojavuva na kosinjata na nadvoresniot dzid vo spalnata so postavuvanje na stiropor izolacija e prasanje na koe nemozam da dobijam odgovor nikade. Trwba da frlam 3000 evra a istata moze dase pojavi i posle hm?
Ако не се изведи стручно, ќе се засили.
Постојат паропропусни, водонепропусни фолии, мачини на лепење итн.
Затоа барај стручно лице.

На еркери, северни ѕидови и сл. ќе треба да се обрати поголемо внимание.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Нова ЕУ налепница. Press corner

Bi li ja izgubila ona kondenzaciona vlaga koja mi se pojavuva na kosinjata na nadvoresniot dzid vo spalnata so postavuvanje na stiropor izolacija e prasanje na koe nemozam da dobijam odgovor nikade. Trwba da frlam 3000 evra a istata moze dase pojavi i posle hm?
Не мораш 3000 евра. Со 3 табли стиропор можеш да пробаш само на тоа ќоше.

А најдобро ќе увидиш со термометар инфрацрвен и кога има влага и кога е надвор ладен ден да измериш колкава е температурата каде што е влажно. И ќе заклучиме дали влагата доаѓа заради температура на ѕидот пониска од точката на оросување на собата или нешто друго.
 
Последна промена:

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно