Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Copper Hunter CS-S18FVX прв пат фатив дефрост, 10 минути, парапетна клима 5.5kwh. За потрошња неможам да кажам точни резултати чекам да ми стигне Shelly 1pm. Некој што има поставено shelly ако може да ми каже како ги има врзено жиците.
Најпросто вака. Внатре у сам штекер, го собира.
7f21bfcecc377e5663359704bd82be71.jpg

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
Bate Sase

Баниран/a
27 мај 2021
638
826
Недојдија
Само шо фатив дефрост, го мерев од исклучување до тополо дување 7 мин.

Gree G-Tech 3,5 kw, штотуку заврши со дефрост, траеше 12 минути.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Друже у право е @ROBERTOO .
Чукот и купување други клими :LOL:
Грее е, затоа работи и апликацијата на грее. Tosot Muse LCLH 12 треба да е многу слична со Gree Fairy LCLH 12

1. поврзи ги телефонот и климата на домашното wifi.
2. во апликацијата Gree+, горе десно на плусот додади клима
3. климата да биде исклучена.
4. притисни на даљинското wifi+mode; задржи некоја секунда, да титни.
5. од овде само next, ќе бара неколку пати првин мрежата, па телефонот, климата итн. се чека по неколку минути , кликај Next на телефонот.
Пробав 5 пати и на крајниот чекор отако ќе каже успешно поврзување сепак дава ерор некој. Утре ќе пробаме пак.
Edit: ја уклучувам апликацијата и оп климата реагира на командите. Веќе била поврзана, само било потребно рестарт на апликацијата. :)
 
Последна промена:

ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
А да си викнеш ти независен мајстор, саглам фирма некоја Енергија, Фриготехна ли како се викаа, слични. Дечки ќе си платам ај една дефектажа и мислење да кажете. Јас така би играл.

Sent from my Телефон using Tapatalk
Бев во Енергија уште летово и тие веднаш ме разбраа и кажаа оти климата не ок. и така не смее да работи и сеа како овие во хидро не разбираат,(не продаваат сливи на пазар,)Инаку по првата пријава ми нудеа пари,но јас ги одбив и барав сервис на ова клима или нов,затоа што единствено на овој начин јас ќе бидам во загуба а не тие, оти тие ќе ја намалат климата на 40-50% и ќе ја продадат во 30м2 и да пали и гасне ќе биде ок..
Единствено јас ќе бидам Оштетениот со монтажа,па нова монтажа,па 10-30посто се поскапени сите клими,
А тие пак ќе кажам немаат ни С од сервис оти монтажер на клими и Сервисер се разлика к Магаре и музика,
Реагирав и до Финутсу бара простор за каде можам да им го објаснам проблемот оти на нивната страна може само 1000чартери,ништо од нив,затоа ти велам,тиква фирма
Инаку за Фујитсу за Македонија доаѓа преку Грција,и тој е главен увозник за Балкан,
И сеа како една сериозна фирма може да дода ваков бренд да продава фирма во шупа,и без сервис...
Оваа го зборувам оти по 20год работа во трговија и сервис,со јапонски кинески и европски брендови,ѓи интересира само пари и ништо друго,а освен тоа повеќето јапонски брендови се продадени или се кинески,а европските се само фирми со 15луѓе како демек дизајн и инжинеринг али и тоа не се, туку се магацини со магационери и само брендираат кинески производи под нивно имее.. и вршат откуп на голема количина и дистрибуција во европа..
Со секоја чест на некои Искључици...
 
Премногу филозофии и тупење. Викни си сервисер. Нека направи дефектажа, и напише мислење. Ако може и нека ја средат. После со се тоа кај тие како ги рече. Повелете да покриете ова. Ако не додаток кон пријавата во инспекторат. Ем ти ќе си го решиш проблемот, ем они ќе мораат да ти платат. Останатите муабети се џабе.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
CBB_6

BBC
9 декември 2016
355
1.081
Ја фатив надворешната единица( долниот дел, коритото кај што се бери вода после дефрост) на климата и малце ме пецна струја. После некое време излегов пак на тераса и исто по малце пецка струја. Некој од поискусните да каже што може да биде?
Уфф, зезната работа, добра препорака ти даде Флегмата.

Типувам на заземјувањето, чим на металното куќиште на надворешната дрма..

Кај мене е врзана на штекер изведен на инсталација за сијалица (само фаза и нула, без земја) па затоа си пуштив жица од земја терминалот на надворешната и ја заземјив по старски за арматурата на куќата.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346

Веројатно е и кај мене заземјувањето, али, пред буквално пола саат бевме со еден електричар и немаше никакво пецкање, човекот вика можно е од влагата да било.
Исто и кај мене е врзана на штекер на терасата.
 
ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
Премногу филозофии и тупење. Викни си сервисер. Нека направи дефектажа, и напише мислење. Ако може и нека ја средат. После со се тоа кај тие како ги рече. Повелете да покриете ова. Ако не додаток кон пријавата во инспекторат. Ем ти ќе си го решиш проблемот, ем они ќе мораат да ти платат. Останатите муабети се џабе.

Sent from my Телефон using Tapatalk
Така и и ќе биде сеа чекам на одговор од државен пазарен инспекторат..
Инаку не ми беше намерата само мојот проблем него општо зборував за овие идолопоклониците на јапонски и кинески клими,кои воздигнуваат едни а омаловажуваат други, заборавајки оти тоа се прави врз основа на цената а не брендот
Тое е како да споредуваме Ipod телефон од 1000е и некој кинески од 100е но тој кинескиот во сооднос цена и перфоманси е многу подобар од Ipod ,и никогаш Ipod не би можел да извади телефон по таква цена и перфоманси..
А вие продолжете со вашето Идолопоклонство но ги заборавивте и корејските клими
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Веројатно е и кај мене заземјувањето, али, пред буквално пола саат бевме со еден електричар и немаше никакво пецкање, човекот вика можно е од влагата да било.
Исто и кај мене е врзана на штекер на терасата.
Пошто знам како изгледа капакот од терминалите на Mitsubishi влага дефинитивно нема стигнато до таму.

Но можно е да се направи превид па да не се достегнати или да нема ставено жица на заземјувањето или, уште покатастрофално, нула на заземјување (сум видел)

Штекерот на терасата добро да се провери и ако треба да се намести IP (со капаче)

Трета и многу честа варијанта е зезнато заземјување некаде по комшиите (не мора во истиот објект)

Истерај ја до крај работата да не ти ја зезне климата.
 
Што треба да направам? Да ги викнам монтерите да си видат?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Што треба да направам? Да ги викнам монтерите да си видат?
Електричар кој ќе мери, кој ќе го отштрафи штекерот да види што се случува внатре, да го отвори бочниот капак од климата (поклопецот од жиците) да види дали се добро стегнати.
Исто и на внатрешната единица.

Само со фазомер не се брка оваа работа.
 
Charlie00

read-only
11 август 2020
23
15
Така и и ќе биде сеа чекам на одговор од државен пазарен инспекторат..
Инаку не ми беше намерата само мојот проблем него општо зборував за овие идолопоклониците на јапонски и кинески клими,кои воздигнуваат едни а омаловажуваат други, заборавајки оти тоа се прави врз основа на цената а не брендот
Тое е како да споредуваме Ipod телефон од 1000е и некој кинески од 100е но тој кинескиот во сооднос цена и перфоманси е многу подобар од Ipod ,и никогаш Ipod не би можел да извади телефон по таква цена и перфоманси..
А вие продолжете со вашето Идолопоклонство но ги заборавивте и корејските клими

Ти си истиот роберто пд другиот форум што ги напаѓа кинезите?
 
Пак филозофии, најверојатно од твоето неубаво искуство, кое е само тоа лично искуство. Ретко. Анегдотално. Да не чинеа јапонските клими, па дури и други саглам брендови дури и кинески кои кај нас ги нема, ќе се вриштеше по форумиве, а не како во случајов што рече @FLEGMA, 2ца за толку илјади поста.
Инаку Ипод не е телефон

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
Пак филозофии, најверојатно од твоето неубаво искуство, кое е само тоа лично искуство. Ретко. Анегдотално. Да не чинеа јапонските клими, па дури и други саглам брендови дури и кинески кои кај нас ги нема, ќе се вриштеше по форумиве, а не како во случајов што рече @FLEGMA, 2ца за толку илјади поста.
Инаку Ипод не е телефон

Sent from my Телефон using Tapatalk
Несакав да идам детално во твоите глупости..
Како првоо
Да ти одговорам поубаво,
Се гледа оти врска немаш од темава кога велиш плати сервисер и потоа сметката во фирма и ќе ти платат,не плескај те молам кога и не ги познаваш работите како идат..
Секоја фирма мора да има сервис и сервисен центар за тестирање на производиве законскии доколку го нема треба да се казни, или забрани дејност..
-Доколку се дојде до спор се праќа уредот во друг сервисен центар и таму се тестира и тоа на трошок на увозникот..
-Каде јас реков оти Кинеските се подобри од Јапонските клими(А за што и баш ме заболе)
-Трето и последно форумов служи за маките и искуствата на корисниците на клими а се со цел да се даде добра насока во избор на добра клима а изборот на добра клима не зависи само брендот(Јапонско или Кинеско срање) туку
-Сервисот и достапноста на резервни делови и услугата
-Технички перфоманси
-Квалитетот на уредот
-Дизаин и естетика
П
Значи треба да се земаат сите овие искуства и параметри при изборот на клима,а јас само го дадов моето искуство со Сервисот на Фујитсу..
Мислењето е автоматски споено:

А кога некој ќе плати 75000 бона а кога може многу поефтино за некоја кинезарија,и башка да има и подобар сервис,услуга,па и перфоманси Е Јебига..
 
И на целото ова знаење ти се заебаваш година и кусур со некој си ми ти таму што немал сервис. Не знам дали нема види на гаранцијата итн... Моите имаат и да една он нив е јапонска, и да е Фуџи, и да има саглам сервис со сите нишани кој не ми затребал за неа. Истиот сервис сервисира и кинези за кој ми затребале. Инаку не реков дека ќе ти ја платат сметката по автоматизам, туку да им ја опнеш од глава да видат дека не ги бива, па како ќе терате даље ќе се види. Или со убаво или со суд.
И на твоето сезнаење (а мое демек незнаење) гледам дека ти се мучиш година и кусур, а другите си уживкаме. Ама мислам дека ти ќе продужиш вака едуцирано да се мучиш со нив, и да се објаснуваш по форуми.

Него де да видиме шо телефон е тој ипод?

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Електричар кој ќе мери, кој ќе го отштрафи штекерот да види што се случува внатре, да го отвори бочниот капак од климата (поклопецот од жиците) да види дали се добро стегнати.
Исто и на внатрешната единица.

Само со фазомер не се брка оваа работа.
Нема моментално никакво пецкање на надворешната. Пробав со фазомер не свети ништо, баш ќе почекам вечерва да видам дали ќе има промена.
 
ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
И на целото ова знаење ти се заебаваш година и кусур со некој си ми ти таму што немал сервис. Не знам дали нема види на гаранцијата итн... Моите имаат и да една он нив е јапонска, и да е Фуџи, и да има саглам сервис со сите нишани кој не ми затребал за неа. Истиот сервис сервисира и кинези за кој ми затребале. Инаку не реков дека ќе ти ја платат сметката по автоматизам, туку да им ја опнеш од глава да видат дека не ги бива, па како ќе терате даље ќе се види. Или со убаво или со суд.
И на твоето сезнаење (а мое демек незнаење) гледам дека ти се мучиш година и кусур, а другите си уживкаме. Ама мислам дека ти ќе продужиш вака едуцирано да се мучиш со нив, и да се објаснуваш по форуми.

Него де да видиме шо телефон е тој ипод?

Sent from my Телефон using Tapatalk
Сакаш да потенцираш оти јапонските не се расипуваат а кинеските да
-Па те молам кажи ми кој е тој бренд од било која марка или уред што не се расипува или нема дефект на 100продадении
-По 20години Продажба и сервис на електроника не сретнав некој бренд што не се расипува или фабрички сите се ок..
-Секој сервис си има сервисно упаство со технички вредности за секој производ..(сериозни брендови)
-Пр.колкава отпорност треба да покаже надворешниот сензор на климата при одредена температура и влажност,и така натака ..
А за чекањето е читај сите пистови брат
Само сакав да бидат внимателни сите што ќе избераат клима како основно средство за греење на лредупредувањето на горе изнесеново(сервис и човечки образ)
Понатака брат не сакам да се препирам,завршив се до одговорот на ДПИ..
Мислењето е автоматски споено:

Само да го додадам и оваа
-Кога јас работев и доколку ние не постапевме по налог на некој клиент или тој се жалеше за некој приговор веднаш реагираа до нас од Јапонската фирма како да постапиме и да решиме тој случај при што секогаш ни беше на располагање нивната стручна помош..
Но не кај сите брендовии
Оди пробај го тоа со брендот Фујитсу..
-Кога зимавме бренд(Јапонски) кој доаѓа преку Австрија за цела Европа за увоз од нашата фирма доагаше претставник од Австрија за да се увери дали ги исполнуваме условите,од продажба,сервис и човечки потенцијал,
Оди најди го сеа оваа кај некој бренд
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Сакаш да потенцираш оти јапонските не се расипуваат а кинеските да
-Па те молам кажи ми кој е тој бренд од било која марка или уред што не се расипува или нема дефект на 100продадении
Не. И никаде не го кажав тоа.
-По 20години Продажба и сервис на електроника не сретнав некој бренд што не се расипува или фабрички сите се ок..
Точно, и никаде не спорев или го кажав спротивното.
-Секој сервис си има сервисно упаство со технички вредности за секој производ..(сериозни брендови)
-Пр.колкава отпорност треба да покаже надворешниот сензор на климата при одредена температура и влажност,и така натака ..
Точно, секој саглам сервис го има тоа. Ги има дури и на интернет сам да си ги најдеш.
А за чекањето е читај сите пистови брат
Само сакав да бидат внимателни сите што ќе избераат клима како основно средство за греење на лредупредувањето на горе изнесеново(сервис и човечки образ)
Понатака брат не сакам да се препирам,завршив се до одговорот на ДПИ..
Читам, и не ми се верува, дека ради човечки образ и демек пријател или незнам што, ти се заебаваш година и кусур. Алал ти вера.
Само да го додадам и оваа
-Кога јас работев и доколку ние не постапевме по налог на некој клиент или тој се жалеше за некој приговор веднаш реагираа до нас од Јапонската фирма како да постапиме и да решиме тој случај при што секогаш ни беше на располагање нивната стручна помош..
И сега го има ова. Но, само кога има и директен увозник и застапник, а не прекупци со донесени производи по непознати канали кај нас.
Но не кај сите брендовии
Оди пробај го тоа со брендот Фујитсу..
-Кога зимавме бренд(Јапонски) кој доаѓа преку Австрија за цела Европа за увоз од нашата фирма доагаше претставник од Австрија за да се увери дали ги исполнуваме условите,од продажба,сервис и човечки потенцијал,
Оди најди го сеа оваа кај некој бренд
Пробај, не знам не сум ни имал потреба. Но сигурен сум дека ако најдеш соодветен контакт за наш пазар (европа, балкан, итн...) би требало да успееш да стапиш во контакт со нив. Иначе го има и денес тоа искуство кај одредени брендови, не се секирај.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Hidroset е означен како застапник на Fujitsu General во Македонија.

И не е стварта дали се расипуваат или не туку како се постапува кога ќе се расипе. Еден претставник на една јапонска марка во Македонија дава заменски уред за време на поправка (ако не може да се среди на лице место)

Од централата им пратија по еден модел од се и ги користат за тие намени. Во Битола се расипа топлотна пумпа од 6~7 илјади евра и фино лепо на човекот му наместија замена додека не стигне нова.

Овдека имаме реторика „абе пошто другар ми работи таму да не комплицирам да не го избркаат“

Ако знам дека сум во право има да гребам со раце и нозе и ќе истерам до крај.
Можел да им бара заменска електроника со друга ревизија (ако постои таква), можел да бара дијагностика на сите термистори, можел да бара се.

И што добиваме на крај? „Џабе се тупате во гради со тоа јапонските. Еднакво се лоши пошто ја имам проблем“

Пораснала цената за 30%
Ваљда не очекуваш да ти дадат по моментална цена за клима користена една година.
Помири се со фактот дека жестоко те превеслаа на почеток (во поглед на сервис)
 
Помири се со фактот дека жестоко те превеслаа на почеток (во поглед на сервис
Флегма секоја чест на твоето знаење но ..
Изгледа оти овде никој не чита ништо и имаат желба за препирање
Па јас барав да се заменат или испитаат термисторите,тие не сакаа им предложив ако не сакате да ги испитате извадете од нова клима и сменете ги со моите за да видиме дали тука е дефектот, и така натака.
Тие ми велеа оти така може така работи климата,Газдата
И сеа ти Флегма како ме разбираш а тие не.. не дали така треба да работи климата или не..?
Освен тоа оти 3пати дојдоа(и тоа на повисокки температури) и штраф не одвртеа туку работи ај дома
И незнам што изведувате,овде се само зависници од препирање,и сатанско лудило, јас само го кажав ставот околу целата ситуација документирано со документи,и ништо повеќе..
И што имам јас од Јапонски и кинески како вие во вашите глави,
Само посочив дека многу од тие јапонски брендови се исвиркани и посочив еден принцип на работа ..
Немам намера да си го губам времето со Суетни луѓе ..кои сакаат се да релативизираат само да биде по нивно..
И сеа ај овие од Грее ги разбирам си го бранат лебот ама вас какво лудило глумите ..
прочитај и види ги правата на една гаранција ,Јас барав само да се острани дефектот, илу во спротивно да ми се замени со нова..Али кој да чита
 
ROBERTOO

read-only
5 октомври 2016
32
8
Второ дај кажи ни во кој сервис си работел или со која јапонска фирма си контактирал а не само овде паушали да делиш од гуглее им дале оваа или онаа или во Битола замениле Т.Пумпа си имал ли искуство со Хидро сет и какво ..
Мислењето е автоматски споено:

За кој Јапонец да зборуваме
за
-Тошиба која носи Гмцц компресори на Мидеа и кои Мидеа ги купи сосе партали
Па кај им се Тошиба компресорите
-Фујитсу кои од јапoнски компресори реминаа на Кинески Гмцц во (09,12,14btu),и Лг коморесор во30000btu
18000бт Митсибуши компресор
-Хитачи пропадната фирма и купена од ? а сеа споена со Јорк и прават клими
-Санио пропадната фирма
-Шарп Пропадната фирма (па кај се шарп климите)
Остана Митсибуши,Даикин,и Панасоник кои до чред некое време се давеа во Јама
Па нели компресорит е срцето на климите,
Ебати јапинци кога
Грее,Мидеа,и Хаиер,па и Чико ги растурија во продажба,фабрики,вработени,моќ,знаење..
 
Да не беше смешно, од неразбирање како работат денес глобално сите брендови, ќе беше тажно.
Ебате телефоните и Самсунг, и Епл, и се друго кога користат исти компресори (упссс процесори) како и пола кинези. На Qualcomm или Медиатек, и им ги склапаат таму некој у некоја кинеска фабрикичка.
Оргинал како тој ИПОД телефонот фамозен што е исто со некој кинески.

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Ебати јапинци кога
Грее,Мидеа,и Хаиер,па и Чико ги растурија во продажба,фабрики,вработени,моќ,знаење..
Ех сеа не пртервај и во знаење ги растуриле....

Тоа што си ја имаш маката со сервисот и услугата од Фуџитцу-от малку ми се разјаснува сеа вака....
Некои 20 страни уназад имаше дискусија и една добра споредба за избор на најдобра 18ка на МК пазар.
Победник беше Фуџитцу 18KMTA според цена/перформанси.
Јас конкретно се осврнав на споредбата со Митцубиши AP50 и тогаш за тогаш Фуџитцу-то беше 300еур поевтина од Митцу-то иако носи ист компресор изработен од Митцу само во кинеската фабрика, за разлика AP50 си го носи тој што се изработува во Тајланд.
Епа во тие 300 еур може влегуваат и сервисот и услугата и други такви невидливи работи...

Еве мала помош за сите што планираат да купат клима 18-ка.
Податоците се извадени од Еуровент.
Мој фаворит е Fujitsu, цена/перфоманси

Одличен пописов!
Мој фаворит од овие што си ги попишал сепак е Мицу-то.

Fujitsu AOYG18KMTA носи Мицубишин компресор.... по спецификација ист како оној што го носи AP50.... само што тој што е ставен во AP50 е "Made in Thailand" (ист како тој од LN50)... а тој што им го продаваат на Fujitsu е "Made in China" што би значело дека тој во AP50 мора да е подобар.
Башка тоа и тежината на надворешните единици е во полза на Мицуто - 40кг кај AP50 спрема 36кг кај 18KMTA.
Дали тоа ја оправдува разликата од скоро 300еур не знам.... ама ако парите не се проблем јас би го зел Мицуто!
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв