DelphiUser
user
Најчесто со зголемување на брзината на вентилаторот, се зголемува и работата на компресорот. Ова се случува постепено и не веднаш, а и варира во одредени рамки. Затоа можеби изгледа дека овие две работи не се поврзани, иако работат во спрега. Со тоа компресорот носи повеќе топлина што побрзиот вентилатор ја дува. Тоа значи дека ќе троши повеќе струја. Дали ќе работи поекономично (со поголем цоп) или не, зависи од многу фактори и различно е од модел до модел. Дури и ист уред, на различни температури може различно да се однесува.
На автоматски мод, обично дуваат со помала брзина со цел да имаат помала потрошувачка.
Сево ова важи кога се оддржува бараната температура. За греење, односно кога се бара повисока температура од собната, повторно зависи од модел до модел како е програмиран да работи.
Заради тоа нема универзален одговор на овие прашања, затоа што тоа што важи кај еден модел, кај друг модел може да е сосема различно.
Кај „посериозните“ модели, ова обично е опишано во корисничките упатства.
Кај Грее е обратно, колку појак вентилатор, толку помалку струја троши.