Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MJovanovski

read-only
20 мај 2020
2
0
Даикин нормално. Да беше на жолтиот форум ќе ти кажеа ништо од овие две, само Грее.
Gree не е во конкуренција со Јапонциве веке ми е простудирано тоа . Ме буни тоа што Daikin е појака малку ама и побучна клима е сега за 40 квадрати и двете вршат работа ама бучавата ја земам за минус кај Daikin. Фала за мислењето !
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Gree не е во конкуренција со Јапонциве веке ми е простудирано тоа . Ме буни тоа што Daikin е појака малку ама и побучна клима е сега за 40 квадрати и двете вршат работа ама бучавата ја земам за минус кај Daikin. Фала за мислењето !
Тошибата е добра ама Даикинот е подобар бар за толку колку што е поскап, ако не и повеќе, бучавата ќе се израмни кога Даикинот ќе работи полабаво од Тошибата заради својата поголема моќност.
 
tigar

hello world
28 јули 2011
165
139
Во план сум да земам клима за греење/ладење на дневна (~26-7м2) + отворени врати накај ходник, спална, детска (+30м2) колку е тоа можно...
Изолација 8см стиропор, пвц прозори, долу има стан што се грее, горе нема, 1 страна само надворешна, југо-западна ориентација.
upload_2020-5-21_10-32-44.png
Ја обележав локацијата каде би била за климата, претпоставувам дека таму е најдобро.
Е сега првата дилема е дали 3,5ка или 5,5ка, и тука мислам дека 5,5ка ќе биде подобра поради поголемиот проток на воздух?

Од она што гледав, се мислам помегу
Daikin Sensira FTXFA/B 5kw - 61500 ден. (swing compressor, 46kg, 0.9kg R32)
4.07kw -7, 2,71 COP
4.20kw -15, 2.06 COP

Fujitsu ASYG18KMTA 5.5kw - 68100 ден. (twin rotary compessor, 36kg, 1.02kg R32)
4,25kw -7, 2,86 COP
4,7kw -15, 2.47 COP

Или нешто поефтино - Хајер Тундра 38500 ден?
Други предлози?

Од она што успеав да видам, отприлика за -15°C надворешна и 25°C внатрешна ќе ми требаат 4,7kw, на -10°C би било 4,2kw на час.

Ви Благодарам.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.493
2.945
Gree не е во конкуренција со Јапонциве веке ми е простудирано тоа . Ме буни тоа што Daikin е појака малку ама и побучна клима е сега за 40 квадрати и двете вршат работа ама бучавата ја земам за минус кај Daikin. Фала за мислењето !
Јас би ти сугерирал Тошибата да ја земиш, стварно се тивки при работа (а дури и при поголема употребеност на капацитетот, бучавата е со подруг, поприфатлив звук во однос на другите. Ова е од моето лично искуство дома и споредба на Тошиба Сузуми плус и Кериер Инфинити-која иако требаше да е тивка, сепак не е баш поднослива на моменти).
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
Монтажа на клима прашање: Дали надворешната мора да биде пониско од внатрешната, и дали бакарните цевки можат да се извиткаат пример да одат хоризонтално 1.5 м па да се симнат 1метар надолу. Или да излагаат од внатрешна под мал агол нагоре, пример 1 метар па да се спуштат 1.5метар надолу. Ова прашувам, за да не ја монтирам веднаш на ѕидот кај што спијам, туку понастрана за да не ми смета евентуална бучава.

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Може. Само цревото за одвод да си смислиш како да оди. Треба да има пад.
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10

Neutral

read-only
20 мај 2020
1
0
За отворен простор како Г , дневна + кујна околу 32 м2, со добра изолација, што модел препорачувате? Имам изолација со 8 цм стиропор, пластична боја, дрвени прозорци словенски со добар дихтунг, и алуминиумски ролетни, куќа е, на втори спрат, првиот спрат се грее, има и трет спрат кој што не е се грее. Странично, од север, се граничи со друга соба, која што се грее само ноќе, а од јужна страна му е балконот (сонцето го фаќа предпладне)..

Е сега, ова ми е само прво решение, оти во иднина планирам и другите две соби да ги покријам со инвертери..евентуално, уште од сега ...на пример во дневна и спална да ставам два инвертери, и со отворени врати да го покријат и детската соба...дали може едно Грее фаирѕ од 30.000 мкд во дневна, па некое поевтино во спална...или првин да ставам Даикин од 5.5 кв (некој рече во предходните страници дека за 58.000 мкд може да се купи од Сити мал, па да почекам догодина и за друго во спална...или ако имате некој друг предлог, би ви бил благодарен...
Јас планирав да ги ставам со црвено климите, оти тој дел ми е целосно ѕид...
Во првиот спрат имам едно ГРее Фаири 5.5кв (50.000 мкд кошташе пред две години и иста цена уште држи ???)), во иста консталација за дневна соба, и многу брзо ја грее просторијата, ама многу некако ми е бучен, и некако не се координира со реалната температура на собата...знае да се исклучува и да не работи, иако температурата е поладна од тоа што стои во самиот уред)
Inverter options.png
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Во план сум да земам клима за греење/ладење на дневна (~26-7м2) + отворени врати накај ходник, спална, детска (+30м2) колку е тоа можно...
Изолација 8см стиропор, пвц прозори, долу има стан што се грее, горе нема, 1 страна само надворешна, југо-западна ориентација.
Погледнете го атачментот 87799
Ја обележав локацијата каде би била за климата, претпоставувам дека таму е најдобро.
Е сега првата дилема е дали 3,5ка или 5,5ка, и тука мислам дека 5,5ка ќе биде подобра поради поголемиот проток на воздух?

Од она што гледав, се мислам помегу
Daikin Sensira FTXFA/B 5kw - 61500 ден. (swing compressor, 46kg, 0.9kg R32)
4.07kw -7, 2,71 COP
4.20kw -15, 2.06 COP

Fujitsu ASYG18KMTA 5.5kw - 68100 ден. (twin rotary compessor, 36kg, 1.02kg R32)
4,25kw -7, 2,86 COP
4,7kw -15, 2.47 COP

Или нешто поефтино - Хајер Тундра 38500 ден?
Други предлози?

Од она што успеав да видам, отприлика за -15°C надворешна и 25°C внатрешна ќе ми требаат 4,7kw, на -10°C би било 4,2kw на час.

Ви Благодарам.

Не сум сигурен точно каков ти е целиот план за греење, али од искуство да ти кажам дека не можеш со клима монтирана во дневна, да ги грееш спалните кои ти се одделени со ходник. Ќе имаш и по неколку степени разлика меѓу дневна и спална, особено во периоди со температури под нула. Или треба да ставиш по една клима и во спалните, или да ги догреваш со панелки.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Во план сум да земам клима за греење/ладење на дневна (~26-7м2) + отворени врати накај ходник, спална, детска (+30м2) колку е тоа можно...
Изолација 8см стиропор, пвц прозори, долу има стан што се грее, горе нема, 1 страна само надворешна, југо-западна ориентација.
Погледнете го атачментот 87799
Ја обележав локацијата каде би била за климата, претпоставувам дека таму е најдобро.
Е сега првата дилема е дали 3,5ка или 5,5ка, и тука мислам дека 5,5ка ќе биде подобра поради поголемиот проток на воздух?

Од она што гледав, се мислам помегу
Daikin Sensira FTXFA/B 5kw - 61500 ден. (swing compressor, 46kg, 0.9kg R32)
4.07kw -7, 2,71 COP
4.20kw -15, 2.06 COP

Fujitsu ASYG18KMTA 5.5kw - 68100 ден. (twin rotary compessor, 36kg, 1.02kg R32)
4,25kw -7, 2,86 COP
4,7kw -15, 2.47 COP

Или нешто поефтино - Хајер Тундра 38500 ден?
Други предлози?

Од она што успеав да видам, отприлика за -15°C надворешна и 25°C внатрешна ќе ми требаат 4,7kw, на -10°C би било 4,2kw на час.

Ви Благодарам.

Прво за поедноставниот дел. Позицијата на климата (внатрешната единица) гледај да биде насочена така за најмалку да смета на луѓето, да не дува директно таму каде најчесто седат луѓе. Не е толку важно климата да дува накај ходникот со другите соби, најчесто дувањето нема да биде толку силно за тоа да прави разлика. Мешањето на воздухот секако ќе се одвива по природен пат, следејќи ги физичките закони за термодинамика.
Зависно од изолацијата и термалните загуби, ќе имаш во просек 3-5 степени пониска температура од дневната соба. Ова делува многу но во пракса излегува изненадувачки прифатливо.

Е сега за другото.
„3,5ка или 5,5ка“ е незгодниот дел. Мене вака од интуиција ми делува дека 3.5кв модел веројатно би бил доволен. Ова зависи од тоа колкави термални загуби има станот. Онака од око ако можеш да заклучиш дека во станот не е ладно и без греење, тогаш добра 3,5-ка веројатно би била доволна.

Од истото размислување 5,5-ка веројатно би била предимензионирана, што си носи свои проблеми. Станот не е мал, но волуменот од дневната соба ќе се загрее многу пред ходникот и другите соби и климата ќе намалува моќност, веројатно и до исклучување.

Трета опција би ти била некој модел што е меѓу 3,5-ка и 5,5-ка по моќност. Постојат такви.

Што и да се решиш, гледај климата да има мала минимална моќност. Конкретно да може да се намалува на некои ~200 вати без да исклучува, ова не значи дека и клима со ~400 (или повеќе) вати минимална моќност не би вршела работа. Само дека е можно таквата клима почесто да застанува со работата што може да смета затоа што често климите таквите паузи ги искористуваат за кратку дефрост цилкуси. Кои може да бидат бучни, зависи од климата.
Ова е помалку веројатно да се дешава случаите како твојов, затоа што од ходникот постојано ќе доаѓа нов поладен воздух. Но се 5,5-ка не би се обложил дека ќе биде така.

Помеѓу двете наведени клими, мене лично некако Фуџитсуто повеќе ми фаќа око. Ова го кажувам произволно, немам истражувано ниедна од тие клими... И да, што имаш достапен буџет - Хајер Тундра-та ич не ја гледај.
 
sostius

hello world
16 јануари 2017
339
796
Кочани
sostius's setup  
Processor & Cooler
Intel 13700K
Motherboard
Gigabyte Z790 Aero G
Storage
2x2TB kingston KC3000 2x 8TB WD Red
PSU
Corsair H850i
RAM
64GB ddr5 Corsair Vengance
Video card
3070 rtx
Case
Fractal North wh
Mouse
G305, MX master 3
Keyboard
FL ESPORTS FL750
Audio
Focusrite Solo MK2, B&W LM1 on Nobsound amp, Langsdom FA890 and Samson SR850
Monitor
Asus PG279q
OS
Win 10
Го монтиравме и вториот инвертер, овој пат во спална од 14м2. Се работи за Митсубиши СФ25. Мислам дека монтерите коректно си ја завршија работата: Цевки 3 метри посебно изолирани, кабел за струја 3х1.5 од внатрешна до надворешна, кабел 3х2.5 од надворешна до напојување. Вакумираа пола саат, па чекаа 10 мин да видат дали ќе падне притисокот. Дупките затворени со стиропор и гипс. И внатрешната и надворешната се под либела наместени. Гумици на држачите на надворешна (не ми изгледаат дека ќе траат долго). Зад надворешната цевките се замотани околу 2 круга, бидејќи е многу блиску внатрешната. Едина замерка ми е просторот меѓу надворешната и ѕидот. Точно 10цм.
Како што гледам на држачите толку е максимумот што може да се заштрафи.
Дали ова е доволно простор или ќе мора да барам чаре некако да ја оддалечам повеќе?
Планирам да направам кадичка под нејзе со одвод од еден цол или поширок и во изолирана пвц цевка да оди до градината зад куќа. (таа цевката на сликите е проба дали ќе има доволен пад водата). И кабелот за струја надворешен да го ставам во бел силиконски грклан за заштита од сонце. Лулето секако ќе го извадам.
Првични импресии: многу тивка и внатре и надвор. Воопшто не дува директно под неа освен ако не се свртени перките најдолу.
Благодарност до @FLEGMA за препораките за монтажа и локација.
IMG_20200522_150606.jpeg IMG_20200522_150614.jpeg IMG_20200523_154044__01.jpeg IMG_20200523_171205.jpeg IMG_20200522_165852.jpeg IMG_20200523_171356__01__01.jpeg

Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дали ова е доволно простор или ќе мора да барам чаре некако да ја оддалечам повеќе?
Доволно е. Лево и десно има простор.

Гумиците следи ги во текот на годинава. Ако приметиш дека се смачкуваар на страната на компресорот извади ги и стави шајбни.

АКО го правиш тоа тогаш гумица по гумица. За да не се искоси и да не добие оптеретување на холендарите (приклучоците на цевките на надворешна)
Ама мислам дека нема да има потреба од тоа затоа што тоа е лесна надворешна единица.

Требало да се сетат да стават држачи за поголема клима за да имате фора за штелување но и вака е добро.

Уште еден совет.
Извади го лулето за кондензат од под неа и со pvc колена и цевки под него направи олук за да не ти мрзне в зима.
Сега тоа се прави. Додека си размрда :)

И уште нешто
Стави парче изолација на местото каде што се допира жицата од струја со држачот за да не се оштети изолацијата од вибрации.
Или стави силиконски грклан. За ова ќе мора да се вадат жици од терминалите.
 
draganamon

lurker
24 јануари 2016
700
906
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-12700H
Storage
2 x 1TB SSD
RAM
32gb DDR5
Case
XPS 17
Mouse
Logitech 502
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 11
Здраво дечки.
Ако може малце помош да се оладам дома.
Дали може да се монтира некој мулти сплит во станот (слично на ова)
Станот и посакувани локации
Погледнете го атачментот 87705
Сам ке си одговорам. Се изненадив дека мулти сплит системите се многу поскапи од обичниве клими. Добив понуди околу 150.000 ден.
Побарав на старо, не најдов ништо, па си порачав нова Daikin 2.5-ка за малата соба.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Правилно. Јас прво се чудев на тие што даваат толку повеќе пари за исти перформанси како одделни клими и тоа со намалена редундантност (ако отиде нешто со надворешната единица на мултисплитот, не работи ниту една од внатрешните единици). И сето тоа заради „бенефит“ од „поубава“ фасада без неколку надворешни единици туку само со една надворешна единица.

Сега веќе не се ни обзирнувам, едноставно има луѓе што не мора многу да мислат на парите.
 
Поентата е кај системи со 10тина единици, или се разбира кај конверзии на парното во топлинска пумпа и подно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Уфф... Конверзија на мултисплит во подно греење би бил супер интересен проект. Само искрено не гледам зошто мултисплит? За да се искористи само надворешната единица?

Нели тука би вршела работа и било која друга доволно силна надворешна единица, дури и од он-оф клима (ако не гледаме на СОР факторот)... Најголемата работа би била во изведбата на изменувачот на местото од внатрешната единица, и контролата/електорониката на сето тоа (веројатно некој ретрофит од постоечката).

Имам гледано на нет некои постари проекти, фасцинантно. :)
 
HEKOJ

read-only
20 декември 2016
15
5
Здраво, имам еден проблем па доколку некој веќе се сретнал со истото би бил благодарен за информациите.
(повикан е монтер, но додека дојде било каков совет би бил добредојден)
Се работи за клима која е кон крај на втората година од гаранцијата (Тундра 18). Последниве денови залади па решив малку да се загреам но забележувам дека некако има изгубено од моќноста (надворешна температура од 14-16 степени, внатрешна 22-23).

1. На вклучување доаѓа до 900W потрошувачка и исклучува, се вклучува дефрост мод кој трае 1-2 мин (во зима никогаш до сега не правеше вакви рандом дефрости, секогаш нормални и траеа > 7 мин додека убаво да одмрзни). Забележувам дека надвор тече вода иако е надворешна 15 степени иако воопшто нема мраз на изменувачот.

2. Откако ќе се вклучи повторно, потрошувачката многу слабо започнува да се покачува и никако не може да се покачи повеќе од 1100W, а температурата на издув дури и при ваква потрошувачка не е повеќе од 40 степени. Претходно кога работеше нормално, секогаш на вклучување потрошувачката за некоја минута доаѓаше до 1800W, а температурата на издув беше > 50 степени, без разлика дали надворешната е -, 7 или 15 степени. Секогаш го имаше истиот начин на работа.

3. Доколку тргни со работа по одредено време повторно влегува во мод на дефрост, делува како компресорот да прегрева па му треба одредено време за ладење.

4. Ја наместив на 30 степени, почна да дува до 350W и не можеше да постигне температура поголема од 22 степени. Претходно никогаш не можеше да спушта до толку многу и работеше он офф на овие високи температури.

5. Пробано е рестарт, исклучување од штеќер, ладење на соба и слично, сепак овие неколку денови работи на истиот начин.

6. Пробав во мод ладење да ја пробам, собата беше 24 степени и успеа за 1 сат да ја спушти до 22.5. Сепак при надворешна температура од 15 степени ова не треба да биде меродавно.

7. Сето ова се случува последниве денови откако е заладено. Претходно неколку недели правеше пауза додека беше жешко, а пред тоа воопшто не правеше вакви глупости.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Делува на недостаток на фреон штом нема капацитет, а прави дефрости.
 
metro

read-only
26 мај 2020
4
1
Доколку ги исклучиме Daikin Ururu Sarara и Fujitsu Nokria од повисоката класа и се одлучиме за Mitsubishi која клима од дадените подолу би ја препорачале:
Mitsubishi MSZ FH-35VE/MUZ FH35VE или MSZ LN 35VGV/MUZ LN35VG ?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Доколку ги исклучиме Daikin Ururu Sarara и Fujitsu Nokria од повисоката класа и се одлучиме за Mitsubishi која клима од дадените подолу би ја препорачале:
Mitsubishi MSZ FH-35VE/MUZ FH35VE или MSZ LN 35VGV/MUZ LN35VG ?
Едниот модел е замена на стариот. Ако се има можност би одел на поефтината од овие две затоа што перформансите се слични.
 
metro

read-only
26 мај 2020
4
1
Едниот модел е замена на стариот. Ако се има можност би одел на поефтината од овие две затоа што перформансите се слични.

Blagodaram. Da sme vo moznost da si dozvolime pameten izbor.
Imame uste edna dilema? Lokacija:Bitola

Zaradi klimatskite uslovi dali da se izbere?
Mitsubishi MSZ FH-35VE/MUZ FH35VEHZ Zubadan vs MSZ LN 35VGV/MUZ LN35VGHZ Zubadan do -25C

ili e dovolno da se odi so standardnata varijanta do -15C
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Зубадан е наменет за повеќе малтретирање, но и помала ефикасност има заради греачите. Тоа зависи од просторот и неговите загуби како и распоредот.

Досега ако сте се грееле на струја на пример и сте имале загуби до 3KW во тој простор на -10 надвор тогаш треба да е океј обичната. Ако се работи поголеми потреби од над 3KW тогаш зубадан моделот. Намерно оставам резерва од 600w бидејќи се работи за Битола.
 
-Се работи за новоградба во која скоро се вселивме, перфектно изолирана со 12см стирудур/PVC дограма 3 стакла, енергетски ефикасна градба од 65м2, 30м2 дневен простор, 4м2 ходник, 3спални х9м2=27м2, wc 4m2.
Оваа прва зима иако не беше некоја зима за репер, го греевме цел овој простор со комоција со десет години стара 12-ка LG која си го отслужи своето.

Дискутираме за тоа дека тука надворешните температури знаат во одредени зимски периоди да паднат под -10С , не би сакале да догреваме.
На друга локација имаме позитивно искуство со Fujitsu ASYG12LTC , но сега сакаме да пробаме со Mitsubishi со дилема стандардана FH/LN до -15 или Zubadan до -25.
 
undergrounde

lurker
11 декември 2009
534
404
Да ми каже некој дали е нормално да се слуша силно прпорење од компресорот на надворешната единица при греење, се работи за евтина клима, Ст 12 инвертер Сибериа.
Прилично нова е, 2-3 месеци како е монтирана
 
Нови мислења

Последни теми

ит маркет

На врв