Rufflesaurus
hello world
Има само еден корисен одговор во целиот муабет а тоа е дека сепак има дефицит на квалитетен кадар во ИТ светот.
Само затоа што има еден тон програмери или пак бркања по фирмите, не значи дека тие програмери (или било која друга ИТ професија) се квалитетни.
Знам дека звучи лошо ама за жал, поголем дел од тие програмери не знаат да градат продукти и да решаваат проблеми, да комуницираат. Едноставно лимитирани се со вештини.
Луѓе што никогаш не граделе продукт, не знаат колку е тешко и комплексно да се одржава големи системи. Не е исто со градење продукти од нула без корисници. Различен контекст и различни проблеми се, а сите се фокусираат на тоа дека за нови продукти немало да ти требаат програмери и помалку луѓе ќе работеле, помали ќе биле платите.
Кој колку сака нека има од AI алатки ама сепак секогаш ќе има работа и потреба од програмери да ти одржаваат сире тие комплексни системи.
Така што нема потреба младите да се плашат од губење на работа или дека нешто драстично се има сменето.
Начинот на работа е сменет минимално ама сепак проблемите и целиот процес на размислување планирање и пишување и одржување на системи се секогаш тешки и така ќе остане така уште долго време.